Дел II НОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941-1949) - Part 01
Дел II НОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941-1949)
Учеството на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија во одбраната на Грција од фашистичките агресорски сили (1940-1941)
На 28 октомври 1940 година италијанските армиски сили на територијата на Албанија, без знаење на Германија, започнале инвазија на Грција. (На 7 април 1939 год., италијанската војска извршила инвазија и ја окупирала Албанија, на 12 април било официјализирано нејзиното присоединување кон Италија. Во Албанија биле стационирани силни армиски единици за проектираната инвазија и окупација на Грција.) Бугарија се воздржала од влегување во војна против Грција, официјално останувала на декларираната неутралност. (По предупредувањето од Турција со закана за воена интервенција против Бугарија. Таа позиција Бугарија ја задржала до февруари 1941 година кога Владата на Богдан Филов постигнала и потпишала договор со владата на Турција за ненапаѓање.
Македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, неочекувано за владата на Бугарија и врховистите, зела масовно учество во одбранбената војна на Грција и покрај денацинализаторската и асимилаторската политика на грчката држава, особено за време на владеењето на диктаторскиот режим на генералот Јоанис Метаксас. (Метаксас со мандат од кралот Георгиос II формирал влада во април 1936 год., а веќе на 4 август воспоставил диктатура. Починал во јануари 1941 година.) По еден месец жестоки борби, со воздушна поддршка од Велика Британија, (Првите борбени дејствија британските воздухопловни сили против италијанската флота ги извршиле на 11 ноември 1940 година.) италијанските армиски единици биле потиснати преку граничната линија спрема Албанија, каде продолжиле воените дејствија. Во составот на грчката војска околу 20.000 Македонци се бореле против италијанските и германцките воени сили, (Германскиот напад на Грција бил потврден уште на 13 декември 1940 година со директивата на Адолф Хитлер за подготовки за спроведување на операцијата “Марита”. Во декември, претходницата на германските сили била стационирана во Бугарија да ја подготви инвазијата на Грција. Стационирањето на британските армиски ефективи од
58.000 војници и борбени авиони во Грција во февруари 1941 година, ја забрзало операционализацијата на планот “Марита”.
По брзата окупација на Југославија, во април 1941 година, германските сили извршиле инвазија на Грција.) од 28 октомври 1940 до 15 април 1941 година. (М. Фотев, За контрачетниците, 3.)
Капитулацијата на Грција, окупацијата и поделбата на егејскиот дел на Македонија од страна на фашистичките држави:
Германија, Италија и Бугарија, 1941 година По капитулацијата на Грција (На 20 април 1941 година.)
Германија на сојузничка Бугарија и ги отстапила да ги запоседне и анектира Западна Тракија и источниот егејски дел на Македонија со Кавала, согласно со договорот Бугарија да добие излез на Егејското Море, постигнат при нејзиното пристапување во Тројниот пакт. (На 1 март 1941 година, Бугарија го потпишала актот за пристапување во Пактот.) По влегувањето на војската таму била воспоставена бугарска власт, Германија го задржала централниот, а Италија го окупирала западниот егејски дел на Македонија. На дел од Епир и од западниот егејски дел од Македонија (регионот Пинд-Грамос со побројно влашко население) Италија во договор со владата на Романија, а со содејство на романската амбасада во Атина, прогласила создавање на слободно Кнежевство Пинд. (М.
Фотев, За контрачетниците, 12.)
Во германската и италијанската окупирана зона била организирана грчка квислиншка власт.
Аспирациите на Бугарија, врховизмот и бугарската пропаганда во Егејскиот дел на Македонија (1941-1944)
Владата на фашистичка Бугарија не се откажувала од претензиите на целиот егејски дел на Македонија. Ја засилила големобугарската пропаганда со активирање на
“врховистичките агенти” (Фотев: “Бугарската влада преку врховистите, како и за време на Илинденското востание 1903 година, така и во периодот на народно-ослободителната борба т.е. во времето на Втората светска војна 1940-1945 година, со сите можни фашистички средства, со организирана и интензивна великобугарска пропаганда, со закани, насилства и жесток терор, во соработка со германско-италијанската окупаторска власт се обидуваше и упорно настојуваше да организира во Егејска Македонија пробугарско контрареволуцонерно движење”. (М. Фотев, За контрачетниците (машинопис), Скопје, 1969, 1.) во германската италијанската окупирана зона за подготвување на терен за издејствување на согласност за проширување на бугарската власт на целата територија во егејскиот дел на Македонија. Таа сакала тоа да го постигне со создавање на пробугарско движење, па затоа ги активирала “своите платеници -врховистичките агенти” (На истото место, 2.) на теренот и од редот на македонската емиграција во Бугарија, организирани и раководени од бугарската разузнавачка служба.
Организираните акции во егејскиот дел на Македонија ги започнале пред почетокот на Втората светска војна на Балканот.
Во 1939 год., по италијанската окупација на Албанија, дејствувањето на моќниот бугарски разузнавачкоизвестителен центар во Тирана, Албанија било пренасочено спрема Грција во егејскиот дел на Македонија. Во пропагандната и разузнавачка дејност на петте пункта; два во Тирана, Корча, Билиште и во крајграничното село Врбник (населено само со македонско население), биле ангажирани заврбувани тамошни Македонци кои преку тајни канали се инфилтрирале во егејскиот дел на Македонија, каде била создадена мрежа на бугарска агентура.” (На истото место, 2-3.)
Врховистичките агенти освен разузнавачко-известителната извршувале и друга активност во службата на бугарскиот фашистички режим. Непосредно пред нападот на италијанските и германските армиски сили на Грција, на теренот ја засилиле антигрчката пропаганда за попречување на мобилизацијата на Македонците во грчката војска. Со нивното одвраќање да учествуваат во одбраната на грчката држава, Бугарија пред фашистичка Италија демонстрирала своја лојалност, дека дава свој придонес за заедничката кауза. Вистинската намера и била преку пропаганда да покаже дека Бугарија го контролира “македонобугарското” население очекувајќи да биде призната како единствен претендент за владеењето со егејскиот дел на Македонија по ликвидирањето на грчката држава.
Софија сакала да ја искористи трагичната положба на македонскиот народ, подложен на економско упропастување и денационализација со систематски прогони и жестоки терори од страна на грчкиот монархистички режим. При таква состојба, со силна пропаганда сакале да создадат убедување кај македонскиот народ за ослободителна мисија на Бугарија;
окупацијата и воспоставувањето на бугарската власт да се претстави како ослободителна и соединувачка. Тоа требало да го одработат врховистите (Фотев: “Врховистичките агенти користејќи ја тешката општествено политичка, економска и национална положба на Македонците во Егејска Македонија (национално угнетување, забраната да се говори на мајчиниот јазик, суровата економска експлоатација, политичките прогонства, полициските репресии и малтретирањето на македонските патриоти) што систематски и плански ги спроведуваше грчката држава за да го асимилираат или физички да го истребат македонското население, настојуваа со засилена пропаганда да ја бојкотираат мобилизацијата на Македонците и нивното учество во војната против италијанските и германските агресори”. (М. Фотев, За контрачетниците, 3.) пристигнати од Бугарија со тие од теренот од егејскиот дел на Македонија, под непосредно раководство на бугарската државна агентура.
Со ангажирањето на големи средства и специјализирани кадри, бугарската пропаганда успеала да придобие приврзаници и подржувачи. Сепак, за време на војната со Италија, бугарската агентура и врховистичката пропаганда успеале да заврбуваат и да дезертираат од грчката армија околу 250 Македонци.
(М.Фотев, За контрачетниците, 4.) Сите тие дезертери италијанските власти од Албанија преку Италија и ги предале Бугарија. (Италијанските воени власти “ги концентрирале во Корча, а оттаму преку Елбасан и Ферари, ги префрлија во Италија во гр. Парма. На барање од Бугарската амбасада во Рим сите тие Македонци дезертери биле предавани на бугарските власти и преку Риека ги префрлиле во Софија”. (М. Фотев, За контрачетниците, 4.) Нив во Бугарија им биле дадени бугарски униформи и биле упатени во единиците на бугарската војска на фронтот.
Пробугарското политичко движење во западниот и централниот дел на Егејска Македонија По капитулацијата на Грција и окупацијата на егејскиот дел на Македонија во април 1941 година, Бугарија го добила источниот дел и таму воспоставила своја власт. Во другите два дела (централниот и западниот) под окупација на сојузничките сили на Германија и Италија, организирала легална дејност за создавање пробугарски комитети и организации, за организирање пробугарско политичко движење. За тоа биле ангажирани Македонците во Бугарија по потекло од егејскиот дел на Македонија кои се приопштиле кон бугарската нација и се декларирале како Бугари.
Во западниот дел на Егејска Македонија под окупација на Италија првите пропагандисти на бугаризмот: Андон Калчев, (Роден во с. Жужулце, Костурско.) Спиро Василев, (Роден во с.
Загоричани, Костурско.) Лазар Киселинчев, (Роден во с.
Косинец, Костурско.) Васил Стумбов, (Роден во с. Блаца, Костурско.) Кирјазо Шкуртов, (Роден во с. Старичени, Костурско.) Томе Бакрачев (Роден во с. Вишени, Костурско.) и др., допатувале од Софија уште во почетокот на мај 1941 година во мисија да основаат пробугарски организации, со крајна цел создавање масовно пробугарско движење. (М. Фотев, За Контрачетниците, 4.) За да се засили позицијата на бугарската пропаганда во јули 1941 година владина делегација од Софија, во придружба на претставници на германската Врховна команда во Грција, ги посетила затворите и логорите со политички затвореници Македонци. На нејзино барање “сите тие биле ослободени (Непосредно пред почетокот на војната со Италија, грчките власти извршиле нови апсења на Македонци, комунисти и антифашисти, со обвинение дека биле “антигрчки елементи, бугарофили”, по што во грчките затвори и логори имало повеќе од 2.000 македонски патриоти, комунисти и други антифашисти. (М. Фотев за контрачетниците, 6.) за да се вклчат во ширењето на бугарската пропаганда за придобивање на македонското население за бугарската кауза”. (Меѓутоа, големото мнозинство од нив биле македонски патриоти.
Антифашисти и комунисти. Така од концентрациониот логор “Акронавплион” биле ослободени: Лазо Трповски, Андреа Чипов, Анастас Караџа, Зисо Делевски, Трпе Калимановски и други “раководители на КП на Грција” (М. Фотев, За контрачетниците, 6.)
Организирањето на бугарската пропаганда се вршело со одобрување и ефективна поддршка од италијанските воено-окупаторски власти. Пропагандна дејност била организирана во Костурско, Леринско и Воденско. Во Леринско и Костурско бил формиран врховистички “Македонобугарски комитет” со месни (градски и селски) комитети, а во Воденско пробугарска организација “Охрана”. (М. Фотев, За контрачетниците, 4.)
Месните комитети ги формирале тамошните бугарски агенти и соработници на италијанските и германските воено-окупаторски власти: Христо Руков, (Од с. Косинец.) Васил Маниолов, (Од с. Старичани.) Паскал и Васил Јанакиеви, (Од с.
Манјак.) Пандо Макриев, (Од с. Четирок.) Паскал Калимановски, (Од. с. Добролишта.) Кузе Глигоров, (Од с.
Желево.) Филе Беќаров, (Од с.Желево.) Минела Гелев, (Од гр.
Лерин, адвокат.) Мино Јани, (Од с. Сетомо.) Ристо Насковски, (Од с. Езерец.) Лука Дамјанов (Од с. Дреновени.) и др. (М.
Фотев, За контрачетниците, 4.) Сите тие биле познати соработници на грчката полиција на диктаторскиот режим на Метаксас, соработници на германските и италијанските воено-окупаторски власти и бугарски агенти. (На истото место.)
Настапувале како дејци на бугаризмот во Македонија. (За тоа Фотев пишуваше: “Спиро Василев - бугарски емисар, еден од протагонистите на Осовинскиот македоно-бугарски комитет во Костурско за сите тие гореспоменати бугарски агенти и соработници на германско-италијанските окупатори јавно се произнесе дека се знаменосци на бугарштината во Егејска Македонија”. (М. Фотев, За Контрачетниците, 4).) Во почетокот приврзаници придобивале од редовите на своите роднини.
Нивен главен интерес бил да придобијат преживеани учесници од Илинденското востание и од семејствата на загинатите илинденци. Презеле организирана пропагандна дејност Македонија да ја претстават како бугарска земја; Македонците како Бугари, Илинденското востание бугарско, Илинденскопреображенско востание. Себе си се претставувале како револуционери продолжувачи на големото бугарско ослободително дело на Македонија. Пропагирале дека со победата на Германија, Италија и Бугарија во војната на Балканот настапил историскиот момент и повикувале на создавање масовно силно македонобугарско движење за “слободна и целокупна Македонија обединета со Бугарија”. (На истото место, 4.) Бугарската влада за засилување на своите позиции и за поефикасно дејствување во спроведувањето на пропагандата, во летото 1941 година, со одобрување од Германија и со согласност од квислиншката влада на Грција, во Солун отворила репрезантативен Бугарски клуб со многуброен персонал. Со иста цел владата на Бугарија во градот отворила и неколку други бугарски институции: црква, (Со богослужба на бугарски јазик.) основно училиште, (Училиштето за време на окупацијата 1941-1944 год., го посетувале околу 250 ученици, наставата била изведувана на бугарски јазик. (На истото место, 8).) интернат и болница. (На истото место, 7.)
Клубот официјално го претставувал Шанев од Кукуш како номинален претседател, за да ги придобие со давање погодности, да се зачленат што поголем број Македонци, во прв ред студенти и средношколци. На сите зачленети им се овозможувало како Бугари да студираат во Бугарија со средства од државата, а учениците во бутарските средни училишта во Македонија под бугарска власт. (Во периодот на окупацијата од 1941-1944 година од Костурско, Леринско и Воденско во гимназијата во Битола се школувале околу 150 ученици и ученички, со средства од бугарски добротворни друштва, раководени од комитети составени од Македонци лојални на бугарската окупаторска власт; Петро Аспровски од с. Ошчима, Ламбро Богоев од с. Коломнати и др. Тие подоцна “по формирањето на Првата Егејска ударна бригада стапија во нејзините редови”. (На истото место, 8).)
Бугарскиот клуб во Солун бил главен разузнавачко-известителен и пропаганден центар, раководен од генералот Жилков, офицер за врска при германската команда во градот.
Со разузнавачко-известителната и пропагандната дејност непосредно раководел Митков, мајор на Бугарската армија. (На истото место, 7.) За активно следење на внатрешните состојби, посебно за раководењето со бугарската пропаганда, во согласност со германската Главна команда во Солун, клубот разместил бугарски офицери при германските воени команди во Лерин и Воден. На таа должност биле упатени: Андон Калчев, Младенов и Георги Димчев. (На истото место, 8.)
“Осовинскиот македонобугарски комитет” и организацијата “ Охрана” со интензивната пропаганда на осуда на антимакедонската политика на грчките влади, жестоките прогони и теророт од грчката полиција и жандармеријата и со ветувањата за заштита од Бугарија, успеале да придобијат приврзаници и да формираат месни комитети во градовите Костур, Лерин, Воден и во повеќе села: Добриништа, Четирок, Тиквени, Манјак, Изглеби, Косинец, Жупаништа, Старичени, Габреш, Поздивишта, Кономлади, Загоричани, Прокопана, Горенци, Желино, Герман, Баница, Ексисо, Желиник, Мокрени, Шиштено, Черешница, Бомбоки, Сетомо и други, околу 40 села.
(На истото место, 9.) Комитетите биле задолжени за бугаризација на македонското население. Дејствувале според утврдена програма:
1. Да создаваат месни организации за организирање на масовно пробугарско движење;
2. Да бараат од окупаторските (германски и италијански) власти отворање на училишта со настава на бугарски јазик;
3. Да бараат во црквите да се воведе бугарскиот јазик во богослужба;
4. Да ги провалуваат и разбиваат комунистичките и другите антифашистички организации. (На истото место, 9.)
5. За придобивање на приврзаници во селата кои најмногу страдале од грчкиот терор и насилства. со учество на Македонци предавници, соработници на грчката полиција, преземале акции за нивно ликвидирање.
Во 1941 година Осовинскиот комитет го организирал и извршил убиството на озлогласениот Никола Дајлаки, познат како капетан Лаки. (На истото место, 9-11.)
Најсилна пропаганда воделе против македонското револуционерно националноослободително движење предводено од македонските комунисти и грчкото движење на отпорот на ЕАМ-ЕЛАС. Со развојот и масовизирањето на македонското НОД нивната пропагандна дејност добила жесток антикомунистички и, пред се, антимакедонски карактер.
Одржувале постојана непосредна соработка и содејствувале со Гестапо и италијанските карабинери, со грчката квислиншка власт; со грчката полиција, жандармеријата и агентурата, Предводени од офицери на италијанските и германските воено-окупаторски сили, припадниците на пробугарските комитети, активно учествувале во казнените акции во населените места и жестоки прогони на комунистите и активистите на македонското националноослободително движење (НОД) во егејскиот дел на Македонија за негово разбивање и ликвидирање. (За тоа Фотев пишува: “Како што беше установено, членовите на тие злосторнички комитети солидно беа платени од бугарската влада и од германските и италијанските окупатори како надоместок односно награда за нивните услоги”. (На истото место, 11.)) Притоа не се работело само за лоуалноста на Бугарија. Во прашање било остварувањето на максималистичките аспирации на Бугарија.
На дело да им се покаже и докаже на сојузничките сили на Германија и Италија дека во нивните армиски сили содејствувало бугарското движење кое се борело за соединување на егејскиот дел на Македонија со бугарската држава. (М. Фотев, За контрачетниците, 11.)
Македонските комунисти со својата дејност ја разобличиле бугарската пропаганда. Претставувајќи ги завојувачките цели на Бугарија (“Тие намери на бугарските агенти не им успеаја.
На Македонците, благодрение на комунистите, им беше јасно какви беа бугарските намери. Беа свесни и немаа никакви илузии за нивната судбина, што ги очекуваше по окупирањето на земјата од германските, италијанските и бугарските фашисти. Им беше јасно дека едното ропство ќе го заменат со друго, уште потешко и помрачно”. (М. Фотев, За контрачетниците, 3.)) успеале да го ограничат, но не и да го спречат нејзиното дејствување.
Колаборационистичките движења во егејскиот дел на Македонија Со развојот на грчкото комунистичко-антифашистичко движење и НОД на македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија, италијанските и германските воено-окупаторски власти, по проценката дека грчката квислиншка власт не била во состојба ефикасно да се пресмета, ги активирале монархистичките и антимакедонските грчки организации на ПАО и ЕКА, влашките колаборационисти и бугарската агентура за создавање вооружени формации на содејство за нивно разбивање и ликвидирање.
Колаборационистичките движења со своето појавување и дејствување требало да ги засилат спротивностите помеѓу Македонците, Грците и Власите, внатрешните поделби и заострување на идеолошките конфронтирања за меѓусебно истребување. (На истото место, 14.)
Оружените терористички формации на грчките антимакедонски легални и тајни организации Грчките организации ИВЕ (Заштита на Северна Грција), подоцна присоединета со ПАО (Сегрчка ослободителна организација), ЕКА (Национална општествена одбрана) и др., пристапиле кон создавање на тајни вооружени терористички чети. Во повеќето градови на централниот и западниот дел на Егејска Македонија; во Костур, Лерин, Воден, Кожани, Каљари и други места биле формирани грчки вооружени банди предводени од офицери соработници на окупаторите. Во Анаселичката околија, пролетта 1943 година имало грчки тајни терористички групи на организацијата ПАО. (М. Фотев, За контрачетниците, 38.) Во Каљарската околија вооружените банди биле формирани од Грци доселени од Мала Азија. Во Ениџе-Вардарската околија германските военоокупаторски власти формирале грчки одред од околу 500 припадници составени од криминалци, насилници и убијци, под команда на нивниот агент грчиот потполковник Пуљос. (М. Фотев, За контрачетниците, 26.) Нив им била дадена потполна слобода во дејствувањето, самостојно и заедно со грчката квислингшка полиција и жандармерија да спроведуваат блокади во населените места и да го тероризираат населението за пронаоѓање соработници и симпатизери на НОД. (М. Фотев, За контрачетниците, 30.) Во населените места каде што биле стационирани завеле траен полициски час; строго го контролирале движењето на жителите, излегувањето и влегувањето било можно само со посебно одобрување.
(Одобрение им било потребно за да излезат да ги за обработуваат нивите, како и за носење на болните на лекар. (На истото место, 30-31.) Вооружените чети на ПАО и квислиншката полиција систематски и жестоко го тероризирале населението од западниот дел на егејска Македонија. Пролетта 1944 година, оружени формации на квислингшките власти и организации ПАО, ЕДЕС, Влашкиот легион и полицијата преземале координирани оружени акции за тероризирање на населението и против единиците на партизанското движење.
Влашкиот легион Италијанската воена команда со влашко население на својата окупирана територија формирала оружена формација - влашки легион за борба против грчкото антифашистичко и македонско оружено НОД. (На истото место, 12.)
Појавата и дејствувањето на вооружените чети на пробугарското комитаџиско движење (Минчо Фотев пишува дека припадниците на вооружените колаборационистички движења македонскиот народ ги викал
“комитаџии”.)
Развојот на македонското НОД, го забрзало организирањето и дејствувањето на вооружените чети на пробугарското политичко движење во егејскиот дел на Македонија под германска и италијанска окупација. Во средината на февруари 1943 година, во Костур пристигнала буграрска тричлена воена делегација предводена од командантот на гр. Битола (во нејзиниот состав бил и поручникот Андон Калчев) која со италијанската воена команда предводена од генерал-мајорот де Луиџи се договориле за формирање на вооружени чети за создавање пробугарско комитаџиско движење за борба против НОД. (Фотев: “На 16 февруари 1943 околу 11 часот во Костур пристигна воена бугарска делегација составена од тројца бугарски офицери: еден полковник, еден капетан со презиме Димитров и и злосторничкиот поручник Андон Калчев. Како што подоцна беше информиран партизанскиот штаб во Костурско, бугарскиот полковник беше командант на бугарската дивизија во окупираниот гр. Битола. Истиот ден се одржа состанок во кабинетот на италијанската команда со генерал-мајорот де Луиџи. Состанокот траеше околу три часа.
Предмет беше: ситуацијата во западниот дел на Егејска Македонија по исфрлувањето на партизанските одреди и можностите за формирање на контрачети од македонското население за разбивање на партизанското движење”. (На истото место, 26.)) Се согласиле вооружените чети да ги формира Осовинскиот македоно-бугарски комитет. (На истото место, 26.) Веднаш потоа се пристапило кон операционализација на договореното.
На состанокот на делегациите на 18 февруари 1943 год., под раководство на командантот Луиџи (придружуван од штабните офицери: Џовани Раванели - шеф на контраизвестителната служба, поручникот Мариети и началникот на карабинеријата за Костурско - Џона) учествувале и водечките личности на Осовинскиот македоно-бугарски комитет: Христо Руков, Пандо Макриев, Васил Маноилов, браќата Васил и Паскал Јанакиеви, Лука Дамјанов, Христо Насковски, Јани Мино, Паскал Калимановски, Борис Шекров, Апостол Гамброла, Кољо Шистеваров (бај Кољо), неговиот брат Кузе Шистеваров и др.
Нив им била соопштена донесената одлука. (Водачот на бугарската воена делегација пред претставниците на
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/mincho-fotev-e-book-macedonian/3 на 29 октомври 2026