Дел III ПРИЛОЗИ (Составени од Минчо Фотев) - Part 06
(За) судирот помеѓу Михајло Керамитчиев - претседател и Паскал Митревски - секретар на Централниот совет на НОФ Кирјазовски заклучува (с. 223): “Од изјавите на раководителите на НОФ и другите документи се гледа дека судирот во редовите на македонското раководство се должи на различните ставови во однос на крајната стратешка цел на македонското ослободително движење. Михајло Керамитчиев, Вангел Ајановски-Оче и другите стари раководители на НОФ, сметаа дека како резултат на победата на револуцијата Македонците можат и треба да добијаат право на самоопределување, додека Митревски го бранеше ставот за полна рамноправност во рамките на грчката држава.” Ваквата констатација е многу површна и наивна. Во виорот на Граѓанската војна, за време на вооружената борба на живот и смрт во текот на 1948 година, по отстапувањето на ДАГ од планината Грамос, кога со несигурност се гледаше на победата на револуцијата, кога основната преокупација на Привремената демократска влада, на КПГ, на ДАГ и на НОФ беше до максимум да се мобилизира сиот борбен потенцијал на македонскиот и грчкиот народ, би било апсурд и криминал да се води расправа во организацијата на НОФ како и на кој начин ќе се решава македонското национално прашање. По победата на револуцијата во Грција јасна беше перспективата од страна на НОФ како ќе биде решено македонското национално прашање. Би било илузорно да се верува дека решавањето на македонското национално прашање зависеше од ставот на Михајло Керамитчиев, Вангел Ајановски-Оче итн. Судирот беше предизвикан од малубројната сепаратистичка група предводена од Михајло Керамитчиев. Причините беа во тоа што тие со својата секташка политика ги губеа раководните позиции и влијанието во НОФ, а поттикнати од дисидентите на македонското НОД, се впуштија во безумно напаѓање и го разбиваа единството во редовите на НОФ. Ваквиот однос на сепаратистите најпосле ги доведе самоволно да ја напуштат борбата на ДАГ во најтешките моменти на Граѓанската војна во 1948 година, и да го напуштат теренот на Егејска Македонија. Говорењето за правилното решавање (на македонското прашање), односно за правото на Македонците на самоопределување им служеше како параван да ги сокријат вистинските причини за нивниот секташки и разбивачки однос. Во секој случај тенденцијата е јасна. Имам впечаток дека се работи за свесен обид да ги заштити носителите на негативните појави во организацијата НОФ предизвикани од сепаратистите и дисидентите во Македонското НОД.
Авторот пишува (стр. 253): “На 25 септември и 3 октомври 1948 година, Секретаријатот на Извршниот одбор на НОФ одржа седница на која се расправаше за распоредувањето на работата на суспендираните раководители на НОФ Паскал Митревски, М. Керамитчиев, Илија Димовски-Гоче и Вангел Ајановски- Оче. Решено е М. Керамитчиев, Илија Димовски-Гоче и Вангел Ајановски-Оче да заминат во Југославија со задача да регрутираат борци за ДАГ од редовите на македонската емиграција во Југославија. Оваа одлука донесена од Секретаријатот на НОФ, всушност диктирана од самиот Захаријадис, беше спроведена.” Тврдењата не се вистинити.
Првиот Пленум на НОФ е одржан на 8 август 1948 година. По одлуката на Пленумот, односно на Политбирото на ЦК на КП на Грција, од раководството на НОФ беа суспендирани Паскал Митревски и Михајло Керамитчиев. За распоредување на Паскал Митревски и на Михајло Керамитчиев на нови должности по нивното суспендирање од раководството на НОФ, лично одлучија, Никос Захаријадис и Василис Барџотас.
За Паскал Митревски беше одлучено да стапи во редовите на ДАГ, како обичен борец. Тоа ја прифати одлуката изјавувајќи:
“Јас сум комунист, каде ќе ме распореди партијата, таму ќе одам". Истото решение важеше и за Михајло Керамитчиев но, тој одби да го прифати решението изјавувајќи дека на него опасно влијаат авионите и топовските гранати. Тоа го потврди со изјавата дека има и епилептични напади. Во врска со Гоче и Оче, не е вистина дека беа суспендирани на Првиот пленум на НОФ, никаква расправа не се водеше за нивно распоредување на нова работа. Не е вистина дека Михајло Керамитчиев и Вангел Ајановски-Оче беа испратени во Југославија од Захаријадис за да регрутираат нови борци за ДАГ од редовите на македонската емиграција.
За тврдењето дека “најновата акција Ha КШГ (се однесува Ha промената на раководстивото на НОФ - 6. М.Ф.) предизвика нов револт и уште посилна недоверба кон КИТ што се манифештираше со напуштањето на редовите на НОФ и ДАГ од Македонците". Исто така КИТ по резолуцијата на Информбирото против КПЈ и ФНР Југославија, определувајќи се за резолуцијата, отворено почна да ја напаѓа Југославија и да презема ригорозни мерки против НОФ. А погоре беше наведено дека Михајло Керамитчиев, Гоче и Оче биле испратени во Југославија со задача од Захаријадис да регрутираат борци за ДАТ од редовите на македонската емиграција. Како е можно, од една страна, според тврдењето на Кирјазовски, Македонците да ја напуштаат организацијата на НОФ и ДАГ, од друга страна, суспендираните раководители на НОФ како фракционери на КПГ да ги испраќаат во Југославија со задача да ги регрутираат македонските емигранти како нови борци на ДАГ? Како е можно да се спроведува таква задача за регрутација во Југославија кога КП на Грција остро ја напаѓа Југославија од позицијата на Информбирото? Тоа е апсурд!
Во врска со евакуирањето на малолетните деца во народнодемократските земји, авторот заклучува дека “предизвикала контраакција на атинскиот режим, беше образложена со мотивот за спасување од ужасите на војната.
Но, (и дека) тоа не беше единствениот мотив. Со оваа акција раководството на КПГ имаше за цел да ги поврзе родителите на евакуираните деца со ДАГ, да ги ослободи од грижата спрема децата за да може да ги мобилизира во регуларните единици и во помошните служби на ДАГ, што уследи веднаш по евакуирањето на децата”. Нереален и наивен заклучок. Имено, евакуацијата на децата се изврши на барање на самите родители, Тие загрижени за животот и опстанокот на своите деца поради тешката положба во која се наоѓаа, бараа излез и начин за да ги спасат од ужасите на војната и од варваризмот на монархофашистите. Родителите и без тоа беа тесно поврзани со ДАГ. Голем број од родителите и нивните постари синови веќе беа борци на ДАГ. Некои од евакуираните деца беа сирачиња, нивните татковци беа загинати како борци на ДАГ или беа стрелани од монархофашистите. Меѓу евакуираните деца имаше и такви чии родители беа во затворите или интернирани, поради нивното учество во НОД. Според тоа, за какво поврзување на родителите со ДАГ мисли авторот?
Познато е дека монархофашистичката армија го евакуираше населението од оние села што не можеше целосно да ги контролира и народот го собираше во градовите каде условите за живот беа крајно тешки и мизерни. Монархофашистите тоа го правеа со цел да ги прекинат врските на народот со ДАГ и помошта што и ја даваше. Единиците на ДАГ преземаа оружени акции да ги одземат од валканите раце на монархофашистите кои мислеа да ги претворат во јаничари. Евакуацијата на децата во услови на Граѓанската војна беше голема хумана работа, илјадници деца се спасија од ужасите на војната.
Организацијата на НОФ, особено АФЖ, беа најактивни во организирањето и во спроведувањето на таа благородна хумана акција. НОФ и АФЖ ги преземаа сите можни мерки за нивно прифаќање, сместување, воспитување итн. За секоја група од 10 деца беше одредена посебна негувателка, беа одредени македонски учители, ја следеа нивната работа и се грижеа за условите под кои децата живееја, организираа посети од нивните мајки итн. Ете таа е вистината за евакуацијата на децата.
За работата и решенијата на Вториот конгрес на НОФ. На измислени работи и претпоставки, изразито тенденциозно, како секогаш така и во овој случај (авторот) ја изопачува вистината и дава погрешен третман на работата и целите на конгресот на НОФ, со неоправдани тешки обвинувања. Не му е познато дури и местото каде е одржан Вториот конгрес на НОФ. Тврди (с.
287) дека бил одржан во с. Пепле Леринско. Тоа не е вистина.
Вториот конгрес на НОФ се одржа во Преспа, во селото Нивици, Леринско. Коментирајќи за работата и решенијата на Вториот конгрес тврди дека “една од целите на свикувањето беше да ја поттикне антијугословенската кампања”, крајно субјективно и тенденциозно тврдење. Вториот конгрес на НОФ беше свикан во многу тешко време и мошне сложени услови.
Монархофашистичката армија интензивно се спремаше за уништувачки удар на ДАГ. Информбировската кампања во најшироки размери и во најостра форма ја напаѓаше Југославија, најсигурниот пријател и најголем помагач на ДАГ, а КПГ на најразлични начини вршеше притисоци против НОФ да ги прекине национално-моралните и духовните врски со НР Македонија, односно со Југославија. Конгресот не беше свикан за да прокламира нов став за македонското прашање, ниту да покрене антијугословенска кампања (како што тврди на стр.
291), ниту беше прекинат револуционерниот националноослободителниот процес на НОФ. И покрај тешките искушенија што ги трпеше од КПГ, организацијата на НОФ до крајот на своето постоење остана доследна на своите изворни принципи, на националноослободителните идеали и самопрегорно се бореше и раководеше со борбата на македонскиот народ на живот и смрт до последниот можен момент. Инсинуациите, разните шпекулации и подметнувањата на Никос Захаријадис за македонското национално прашање и за организацијата на НОФ, авторот на недостоен начин и ги припишува на Организацијата, ја напаѓа и обвинува. Често пати ја поистоветува политиката на КПГ, односно нејзините ставови со ставовите на НОФ. Тоа не е правилно.
Вториот конгрес на НОФ беше свикан да ги консолидира своите редови, да ја зголеми и да ја интензивира својата акциона способност, да даде нов поттик и елан на борбениот македонски народ во борбата против монархофашистичката армија за конечна победа. Организацијата на НОФ со својата самопрегорна борба, со масовното учество на македонскиот народ во вооружената борба на ДАГ итн., успеа да ги прошири и да ги зацврсти своите позиции во народнодемократското оружено движење на Грција и да се афирмира како важен воено-политички фактор во земјата. НОФ учествуваше рамноправно во Привремената демократска влада на Грција, имаше свој министерски ресор - раководеше со Дирекцијата за националните малцинства. Имаше и свој претставник во Воениот совет на ДАГ, свој одговорен претставник во Главниот штаб на ДАГ со статус на помошен политички комесар итн.
Претседателите на Костурскиот и Леринскиот Народноослободителен одбор (Народен совет) беа членови на Централниот совет на НОФ, а добар дел од членовите на ЦС заземаа одговорни воено-политички функции во ДАГ. Ристо Кирјазовски на сето тоа гледа како на тактички потези на Никос Захаријадис. Јасно е дека доследно ги брани мислењата на сепаратистите и на дисидентите на НОФ.
Со конгресната резолуција (стр. 291) не беа наречени предавници, разбивачи итн., оние раководители на НОФ кои не се согласија со Резолуцијата на ИБ туку оние борци кои самоволно ја напуштија организацијата на НОФ, оружената борба на ДАГ и територијата на Егејска Македонија.
Иницијативата за тој став беше од 400-те делегати на Конгресот, од единиците на ДАГ од кои многумина од нив, по Конгресот, херојски загинаа во борбите против монархофашистичката армија на легендарните планини Вичо и Грамос. Во врска со Вториот конгрес на НОФ сакам уште да нагласам дека по барање од раководството на НОФ, НОФ на НР Македонија ги достави сите потребни материјали за нормално одвивање на конгресната работа, испрати голем број афиши кои го симболизираа братството и единството, односно заедничката борба на македонскиот и грчкиот народ против монархизмот.
Прашањето на организацијата на НОМС во врска со нејзиното расформирање. Тврдењето дека со Спогодбата за обединување беше решено да се расформира младинската организација на НОМС не е вистинито. Напротив, Спогодбата предвидуваше изрично НОМС да постои. Во тоа време јас бев секретар на НОМС за Егејска Македонија и лично бев запознат од договорачите на Спогодбата со условите во неа. Како секретар на НОМС бев овластен за спроведувањето на Спогодбата по однос на НОМС. Тврдењето дека раководството на КПГ успеало организацијата да ја стави под своја контрола (стр.
327), е погрешно. КПГ во тоа никогаш не успеа и затоа инсистираше таа да се расформира. За расформирањето на НОМС согласност беше постигната меѓу Михајло Керамитчиев и Георгиос Еретријадис-Петрис, член на секретаријатот на Покраинскиот комитет (Македонско биро) на КПГ за Егејска Македонија и Тракија и член на ЦК. Таа согласност за расформирање на НОМС ја потврди и Активот на НОФ, на 20 мај 1947 година.
Тврдењето дека со одлука на Активот на НОФ “Тодор Ковачев-Виктор и Ташко Хаџијанев беа делегирани за членови во Обласното биро на младинската организација на ЕПОН за Македонија”, е измислица, Активот го потврди условот во Спогодбата кој гласи: “Минчо Фотев, секретар на НОМС се поставува за член на Покраинскиот комитет на ЕПОН за Македонија” (види: Вангел Ајановски, Егејски бури, стр. 242), а во јули 1947 година, по расформирањето на НОМС, односно по разрашувањето на Минчо Фотев, тој беше заменет од Тодор Кочев-Виктор. Ташко Хаџијанев никогаш не беше делегиран од НОФ за член на Обласното раководство на ЕПОН. Наведеното дека во Централниот совет на ЕПОН биле избрани: Минчо Фотев, за секретар, Пандо Вајна, Ташко Хаџијанев и други (с.
329) е погрешно. Во Централниот совет беа избрани Минчо Фотев за секретар, Пандо Вајна и Тодор Кочев-Виктор итн.
КПГ, односно нејзиниот генерален секретар Никос Захаријадис, откако се послужи со разни средства и го употреби својот личен авторитет, не успеа организацијата на НОФ да ја сврти кон своите грчки политички хоризонти за македонското прашање, и да ја вклучи во антијугословенската кампања од позициите на ИБ. Тоа се должи пред се на цврстата приврзаност на македонските комунисти и борци, воопшто на македонскиот народ и на националноослободителните цели и идеали на организацијата на НОФ. Се должи и на морално-политичката, националната и духовната приврзаност на Македонците од егејскиот дел на Македонија кон НР Македонија. Тврдењето дека Захаријадис ја зел под своја контрола организацијата на НОФ е негова претпоставка. Захаријадис ја следеше работата на НОФ, а никогаш не ја зеде во своите раце. Имено, тој неуспех го натера генералниот секретар на КПГ да ја формира организацијата КОЕМ за да ги оствари политичките цели во однос на македонското прашање. Еве како Захаријадис го мотивираше формирањето на КОЕМ: “НОФ го претставуваше македонското ослободително движење. Всушност ги изразуваше стремежите на македонскиот народ да се борат и да извојуваат ослободување и национално востановување. Но, во историјата на народноослободителната борба на македонскиот народ постоеше една основна празнина со тоа што во народнореволуционерното движење не дејствуваше раководното јадро. Таа празнина беше причина да се создадат сериозни опасности во движењето. КОЕМ ќе ја пополни таа празнина и доследно ќе се бори за правата на македонскиот народ, за неговата слобода.” Тоа беа празни фрази, чиста демагогија на Захаријадис со цел да ги доведе во заблуда македонските комунисти, да ги привлече, односно, да ги вовлече во водите на својата политика, во прв ред против НОФ.
Ако КПГ на чело со Захаријадис навистина му мислеше добро и му беше наклонета на македонското националноослободително движење, ако беше принципиелна и како комунистичка партија доследна на интернационалистичките комунистички обврски, уште во 1941 година, веднаш по окупирањето на земјата од германските, италијанските и бугарските фашисти ќе му дадеше можност на македонскиот народ да формира свои македонски национални ослободителни организации, ќе ја афирмираше македонската нација, неговата борба за своите национални права и слободи, ќе го актуелизираше македонското национално прашање и ќе се залагаше за негово правилно и целосно решавање. КПГ, спротивно на тоа, ги растури македонските организации како што беше случајот со СНОФ во Костурско и Леринско, остро ја напаѓаше организацијата на НОФ при нејзиното формирање, со цел да ја дискредитира и да ја дисквалификува итн, итн. Во врска со организацијата на КОЕМ ќе кажам неколку зборови. Главната цел и намера на КПГ, и лично на Никос Захаријадис беше со нејзиното формирање да создаде нов политички субјект, нов таканаречен македонски раководен центар сообразен со идеолошко-политичките принципи на КПГ за македонското прашање и со јасна антијугословенска тенденција. КПГ се стремеше организацијата на НОФ да ја исфрли на последниот колосек, да ја дисквалификува. Тоа на КПГ и на Захаријадис лично не им успеа. Македонските комунисти не ја прифатија организацијата на КОЕМ, затоа таа не уживаше никаков авторитет кај македонските народни маси.
во кратките податоци за поважните личности има многу неправилности.
Пандо Шиперков во Првата ударна бригада од Македонија под Грција беше комесар на баталјон, а не командир на чета. Тој беше во чин капетан на ЈHА, во ДАГ беше командант на баталјон и унапреден во чин потполковник.
Крсто Мангов не беше само секретар на скружниот одбор на НОФ и претседател на Народноослободителниот одбор за Костурско туку беше и член на Извршниот одбор на ЦС на НОФ и повереник (владин претставник) во ПДВ на Грција за прашањата на локалната народна власт.
Ѓорѓи Урдов-Џоџо по директива од КПГ ја формира организацијата МАО, а не Вангел Ајановски-Оче.
Евдокија Николова-Балева-Вера не беше само секретар на АФЖ за Егејска Македонија туку беше и потпретседател на ЦС на НОФ, прв потпретседател на Сегрчкиот сојуз на демократските жени на Грција (ПДЕГ), кандидат-член на Секретаријатот на Меѓународната демократска федерација на жените.
Минчо Фотев не беше само раководител на НОМС. Тој беше еден од основоположниците на НОФ во Егејска Македонија, член на Организационото раководство (Главен одбор) на НОФ, член на Партиското поверенство на КПМ за Егејска Македонија, член на Извршниот комитет на ЦС на НОФ и помошник политички комесар на Главнот штаб на ДАГ.
Ташко Хаџијанев претставен како член на Обласниот комитет на ЕПОН делегиран со решение на Активот на НОФ и член на Извршниот одбор на Централниот совет на НОФ. Тоа не е точно. Тие функции тој никогаш не ги заземаше.
Лазо Поплазаров е претставен како инструктор, како секретар на Главниот одбор на НОФ од Егејска Македонија. Тој тие функции никогаш не ги извршуваше. Беше секретар на НОФ за Леринскиот и Воденскиот округ и член на ЦС на НОФ.
Наум Пејов е претставен како директен учесник во НОБ од Егејска Македонија од 1941 година. Тоа не е вистина. Тој од есента 1941 до септември 1943 година беше во Бугарија, редовен ученик во Битолската бугарска гимназија.
Михајло Керамитчиев е претставен како командант на една партизанска единица на Славомакедонската ослободителна војска уште од 1943 година. Тоа не е вистина. Во 1943 година во Егејска Македонија не постоеше посебна македонска војска.
Михајло Керамитчиев во НОБ во Егејска Македонија е од февруари 1944 година. Тој од 1941 до октомври 1943 година, студираше во Софија.
Васко Караџа е претставен како директен учесник во НОБ уште од 1941 година. Не е вистина. Тој од 1942 до 1943 година, беше редовен ученик во Битолската бугарска гимназија Николаос Коларис е претставен како соработник на окупаторот, воен злосторник и предводник на вооружената монархофашистичка банда. Тоа е невистина и е голема неправда. Коларис е од град Хрушишта каде што јас сум роден
(Минчо Фотев). Тој е мирен и поштен човек, нема никаква врска со тоа што е напишано. Соработник на окупаторот, опасен злосторник и џелат, предводник на вооружената монархофашистичка банда беше Францискос Коларис-Цевос, доселеник од Мала Азија во с. Горенци, и долги години живееше во градот Хрупишта.
Скопје, ноември 1986 година Минчо Фотев, ул. “Мито Хаџивасилев-Јасмин” бр. 6, влез III, стан 2, Скопје ЗА МИХАИЛО МИНОСКИ Михајло Миноски е роден во с. Долгаец, Прилепско, на 18 октомври 1938 година. Магистрира на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Митодиј” во Скопје (1975), додека со звањето д-р по историски науки се стекнува на Филозофскиот факултет во Белград (1981). Од 1986 год, па се до пензионирањето работи како наставник на Институтот по истрорија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Објавил над 200 научни трудови (книги, статии, соопштенија рецензии и др.) од областа на историските науки. Негови позначајни објавени книги се: Ослободителните движења и востанија во Македонија (1564-1615), 1972 (212 с.); Политиката на Австро-Унгарија спрема Македонија и македонското прашање (1878-1903), Скопје, 1982, (376 с.); Федеративната идеја во македонската политичка мисла (1887-1919), Скопје, 1983 (372 с.);САД и Македонија (1869-1919), Скопје, 1994 (227 с.); Авнојска Југославија и македонското национално прашање (1943-1946), Скопје, 2000 (398 с.); Македонија во меѓународните договори, I, (1913-1940), 2006 (618 с.), Македонија и Бугарија, историски соочувања, Скопје, 2008 и др.
Михајло Миноски е член на Советот на Центарот за стратегиски истражувања (ЦСИ) при МАНУ. Тој е добитник на државната награда “11 Октомври” за 2008 година за животно дело во областа на науката.
ЗА МИНЧО ФОТЕВ Минчо Фотев (1922-1987) е роден во Хрупишта, Костурско.
Потекнува од истакнато работничко револуционерно семејство.
Уште како младинец се приклучува на Сојузот на комунистичката младина на Грција, а подоцна и КПГ. А својата дејност неколкупати издржува и затворски казни. Веднаш по италијанската окупација на западниот дел на Егејска Македонија активно се вклучува во движењето на отпорот и е еден од неговите водечки личности – меѓу другото бил и офицер во обавештајната служба на ЕЛАС. Подоцна, за време на Граѓанската војна (1946-1949), тој е еден од основачите на македонскиот НОФ и член на неговиот Главен одбор, претседател на НОМС од неговото основање, помошник комесар на Главниот штаб на ДАГ, член на Главниот одбор на КОЕМ. Во септември 1949 година водечките македонски раководители, меѓу кои и Минчо Фотев, се обвинети од страна на КПГ и прогласени за главни виновници за поразот на ДАГ, а подоцна и интернирани во СССР. Минчо Фотев поминува две години во московскиот истражен затвор “Љубљанка” за да конечно биде осуден на 10 години робија во Сибир (Варкута).
Во 1956 година, по нормализирањето на односите меѓу КП на СССР и КПЈ, тој заедно со другите раководители на НОД од егејскиот дел на Македонија се ослободени и репатрирани во НР Македонија. Умира 1987 година во Скопје.
КРАТЕНКИ АФЖ АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ГШ ГЛАВЕН ШТАБ ДАГ ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРАЦИЈА ЕАМ НАЦИОНАЛЕН ОСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ЕДА ГРЧКА ДЕМОКРАТСКА ЛЕВИЦА ЕЛАС ГРЧКАНАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА АРМИЈА ЕОN НАЦИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ЕПОН НАЦИОНАЛНА СЕГРЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ПГ ЗЕМЈОДЕЛСКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА ИБ ИНФОРМБИРО ЕППЕ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ БЕГАЛЦИ ОД ГРЦИЈА КЗ КРИВИЧЕН ЗАКОН КNОЈ КОМАНДА НА НАРОДНАТА ОДБРАНА НА ЈУГОСЛАВИЈА КОЕМ КОМУНИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕ ДОНЦИТЕОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА КПГ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА КПЈ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА КПМ КОМУНИСТИЧКАПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА МАИ ЕДИНИЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ВНАТРЕШНОСТА НРМ НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НОБ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА НОВ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА НОД НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ НОМС НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НОФ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ОК ОКРУЖЕН КОМИТЕТ / ОКОЛИСКИ КОМИТЕТ ОКНЕ КОМУНИСТИЧКА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГРЦИЈА ООН ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПБ ПОЛИТБИРО ПДВ ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА ФОРМИРАНА 1947 ГОДИНА НА ГРАМОС, КОЈА НИКОЈ ДРУГ НЕ ПРИЗНАВА ОСВЕН ТАА САМАТА СЕБЕСИ.
ПЕЕА ПОЛИТИЧКИ КОМИТЕТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ПЗ ПРИНУДЕН ЗАКОН ПДЕГ СЕГРЧКИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА ЖЕНИТЕ ПО ПАРТИСАНСКИ ОДРЕД ПОЈ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА НА ПАРИСАНСКИ ОДРЕДИ НА ЈУГОСЛАВИЈА СНОФ СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИНАРОДНООСЛОБО ДИТЕЛЕН ФРОНТ УДБ УПРАВА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ ЦК ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ ЦС ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/mincho-fotev-e-book-macedonian/21 на 29 октомври 2026