Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

ПОЛОЖБАТА НА СРБИЈА И НА СРПСКИОТ НАРОД - Part 02

Од Димитар Мирчев · Дел 44 од 50 · Околу 18 минути

Читај на English

Загреб е одржан Првиот конгрес на Србите во Хрватска, на кој над 30.000 учесници го формираа Главниот одбор на Србите во Хрватска како “широка политичка организација на единствениот српски народ во хрватска” во составот на Народниот фронт. Со непосредно ангажирање на овие политички тела Србите потоа ги основаа своите културни установи и почнаа да работат на обезбедување на националната просвета. Така, на 22 октомври 1944 година врз урнатините на глинската црква, во која се извршени страотни усташки колежи, е основано српското пејачко друштво “Обилиќ”, а неполн месец подоцна, на 18 ноември, повторно во Глина, формирано е српското културно-просветно друштво “Просвета”. Покрај “Просвета”, во чии рамки се развиваше и издавачка дејност со сопствена печатница, на 4 јануари 1948 година во Загреб се основани Централна српска библиотека и Музеј на Србите во Хрватска. Покрај сето тоа, од 10 септември 1943 година па натаму, НОП на српскиот народ во Хрватска му се обраќаше со посебно гласило, печатено на кирилица, кое се викаше “Српска реч”. Во повоените години “Српска реч” го смени името и така настана “Просвета”. Веќе во текот на школската 1944/45 година НОП на српските деца во Хрватска им обезбеди кириличен буквар, а Претседателството на ЗАВНОХ, со своја одлука од 18 јули 1944 година, на кирилицата ѝ гарантираше целосна рамноправност со латиницата и истовремено првенство во училиштата со српско мнозинство на подрачјето на Хрватска.

Сето ова за српскиот народ во Хрватска имаше поголемо и подлабоко значење од обично признание за неговата улога во НОБ. Со посебниот проглас “На српскиот народ во Хрватска” од 12 јануари 1944 година, Српскиот клуб на советниците на ЗАВНОХ им го обраложи сопственото појавување како “знак на рамноправност на Србите и Хрватите” и како “гаранција дека интересите на српскиот народ ќе бидат правилно застапувани во слободна Хрватска”. За време на основањето Главниот одбор на Србите во Хрватска е означен како “политичка организација на единствениот српски народ во Хрватска”, чија задача е да овозможи “развивање на слободната мисла”, и дека е “доволна гаранција дека Србите во Хрватска и натаму ќе ги уживаат благодетите на рамноправен народ”. Самите Срби овие свои, со крв стекнати придобивки, ги чувствуваа како “значајни белези

на рамноправноста меѓу спскиот и хрватскиот народ во Хрватска”.

Таквата состојба траеше во војната и непосредно по војната, а потоа сe се смени. Не е познато дека Србите кога било оцениле дека некоја од овие установи им е непотребна, дека треба да биде укината, или да се замени со некоја поинаква која повеќе би одговарала на духот на времето. Сепак, сите тие установи по ред се укинувани во текот на педесеттите години со одлуки на надлежните републички органи на Хрватска. Последно во низата е укинато Српското културно друштво “Просвета” со одлука на РСУП на Хрватска од 23 мај 1980 година. За оправдување на тој завршен чин се ангажираше Републичката конференција на ССРНХ. Заклучоците од нејзиното советување, одржано на 2 октомври 1980 година, зборуваат за радикалното свртување во однос на военото и повоеното време.

Тие заклучоци во суштина не оставаат место за какви било барања за основање посебни установи на српскиот народ во Хрватска: “грижата за комплексот прашања од културата, историјата, од животот и од творештвото на хрватската или на српската нација во СРХ не може да биде препуштена на никакви посебни национални друштва или организации”. Таквиот став е образложен со следното толкување: “Додека е оправдано нашите народности самостојно да развиваат културни установи и клубови, не е оправдано таквите институции да ги отвораат припадниците на народите и тоа каде било во Југославија, а посебно не Србите во Хрватска или Хрватите во Хрватска”. На крајот е речено ова:

“Треба да се бориме Србите во Хрватска не бидат премолчени како народ, да не се нарекуваат, како во некои учебници, дека се небаре доселеници. Заедничка ни е историјата, културата и јазикот, но специфичностите треба да се уважуваат”. На советувањето се слушна и тоа дека треба да се работи на тоа во Хрватска повеќе да се учи кирилицата.

Со ваквиот став на Репуличката конференција на ССРНХ, против кој не застана ниту едно политичко тело во Хрватска, а ни надвор од неа, дефинитивно и јавно престанаа да постојат

сите видови на националниот живот на српскиот народ во Хрватска, кои беа стекната во текот на долгата историја и во НОБ. Радикално беа ревидирани погледите за меѓунационалните односи кои ги формулираше НОД, а беа доведени во прашање и уставните гаранции на националните права и слободи, како и правата на граѓаните. Практичното значење на изјавите: “мораме да се грижиме”, “треба да се бориме”, “треба повеќе да се учи кирилица” и така натаму, може да се оценува само во нивното соочување со вистинската јазична политика која се води во СРХ. Високата ревност која има за цел конституирање посебен хрватски јазик што се изградува во противставот кон секоја идеја за заеднички јазик на Хрватите и на Србите, долгорочно не му остава многу изгледи на српскиот народ во Хрватска да го сочува својот национален идентитет.

Исклучувајќи го периодот на постоењето на НДХ, Србите во Хрватска никогаш во минатото не биле толку загрозени колку што се денес. Решавањето на нивната национална положба се наметнува како првостепено политичко прашање. Доколку не се пронајде решение, последиците можат да бидат повеќепати штетни, не само по односите во Хрватска туку и за цела Југославија.

Битна тежина за прашањето за положбата на српскиот народ дава околноста дека надвор од Србија, а особено надвор од потесна Србија, живеат голем број Срби, поголем од вкупниот број припадници на одделни други народи. Според пописот од 1981 година, надвор од територијата на СР Србија живеат 24 проценти, односно 1.958.000 Срби, што е значително повеќе отколку што во Југославија има Словенци, Албанци, Македонци, земени одделно, а речиси исто колку и Муслимани. Надвор од потесното подрачје на Србија живеат 3.285.000 Срби или 40,3 проценти од нивниот вкупен број. Во општиот дезинтегративен процес што ја зафати Југославија, со најтешка дезинтеграција се погодени Србите. Сегашниот тек по кој се движи нашето општество во Југославија целосно е обратен од оној според кој тоа се движеше со децении и со векови, додека не се создаде заедничка татковина. Тој процес е насочен кон целосно разбивање на националното единство на српскиот

народ. Како најдобра илустрација колку сe е подредено на таквите цели може да послужи денешна Војводина со својата автономија.

На Војводина ѝ е дадена автономија, меѓу другите причини, и затоа што српскиот народ во Хабзбуршката монархија кон неа тежнееше веќе од крајот на XVII век. Србите во Австрија, и во подоцнежната Австро-Унгарија, тежнееја за создавање автономна област (кон деспотство или војводство кое, меѓутоа, го нарекуваа Србија) за да, обиколени со побројните и надмоќните Унгарци и Германци, ја сочуваат својата национална индивидуалност и својата верско-православна припадност. Со создавањето посебна автономна област на туѓа државна територија, Србите работеа на слабеењето на таа држава, а сe со цел во вистински момент што полесно да се одвојат од неа и да се соединат со своите собраќа од Сава и Дунав.

Така беше во минатото со Српска војводина, чие што создавање во револуцијата 1848/49 со својата крв ја помагаа и Србите од Србија. Денес е обратно. Политичките раководители на АП Војводина не работат на зближување и спојување, туку на што поголемо осамостојување и одвојување од СР Србија. Независно колку е тој процес неприроден, спротивен на историската логика, тој дава очигледни резултати, моќно придонесувајќи на дезинтеграцијата на српскиот народ.

9. Носејќи го повеќе од половина век врз себе печатот и оптоварувањето дека бил затворски чувар на другите југословенски народи, српскиот народ не беше во можност потпората да ја побара во сопствената историја. Во многу свои видови и самата таа историја беше доведена во прашање. Демократската граѓанска традиција, за која Србија се бореше и се избори во деветнаесеттиот век, поради тесноградоста и необјективноста на официјалната историографија сe до неодамна остана целосно во сенката на српското социјалистичко и работничко движење. Со тоа историската слика на вистинските правни, културни и државнички придонеси на Србија како граѓанското општество е толку осиромашена и стеснета што така извртена никому не можеше

да му послужи како духовна и морална поткрепа или како потпора за зачувување и обнова на историската самосвест. Достоинствените и храбри ослободителни напори на босанскохерцеговските Срби и на целата југословенска младина, на која ѝ припаѓаше и Млада Босна, доживеаја слична судбина и пред историјата беа потиснати во втор план со придонесите на класната идеологија чии носители и автори беа австромарксистите како осведочени противници на националните ослободителни движења.

Под дејство на владејачката идеологија, културните придобивки на српскиот народ се отуѓуваат, се присвојуваат или се обезвреднуваат, се занемаруваат или пропаѓаат, јазикот се потиснува, а кирилското писмо постепено се губи. Областа на книжевноста во таа смисла служи како главен полигон на самоволие и беззаконие. На ниту еден друг југословенски народ толку грубо не му е оспорен културниот и духовниот интегритет како на српскиот. Ниедно книжевно и уметничко наследство не е толку раскопано, растурено и ограбено како српското наследство. Политичките мерила на владејачката идеологија ѝ се наметнуваат на српската култура како повредни и посилни од научните и историските. Додека денес се интегрираат словенечката, хрватската, македонската и црногорската култура и книжевност, српската е единствена што се дезинтегрира. Идеолошки е легитимно и самоуправно слободно да се врши подвојување и растурање на српската книжевност на војводински, црногорски и босанско-херцеговски писатели. Од српската книжевност се откинуваат нејзините најдобри писатели и најзначајни дела за вештачки да се востановат нови регионални книжевности. Присвојувањето и распарчувањето на српското културно наследство оди толку далеку што во училиштата се учи дека Његош не е српски писател, дека Лаза Костиќ и Вељко Петровиќ се војводински, а Петар Кочиќ и Јован Дучиќ босанскохерцеговски писатели. На Меша Селимовиќ не му беше дозволено да се изјасни за српски писател, а ни сега не се почитува неговата волја да се води во српската книжевност. Српската култура има повеќе неподобни, забранети, премолчени и непожелни писатели и интелектуални творци, отколку која било друга југословенска книжевност, а

многумина се дури и сосема избришани од книжевното сеќавање.

Угледни српски писатели се единствените на црните листи на сите југословенски масовни медиуми. Во задолжителната школска лектира српската литература е тешко оштетена бидејќи е механички подредена на административното мерило на републичкопокраинскиот реципротитет, а не на мерилото на количество или вредност. Во школските програми на некои републики и покраини историското минато на српскиот народ не само што е грубо редуцирано, туку е изложено и на шовинистички толкувања. На тој начин српското културно и духовно наследство се чини помало од што е, а на српскиот народ му се истргнува важната потпора на моралната и историската самосвест.

Импозантниот и, навистина, со револуционерни размери културен елан од првите повоени децении, изразен и во формирањето широка мрежа на просветни установи, од основното образование до високото школство, спласна кон крајот на шеесетите години.

Настапи фаза на стагнација и на сe поизразена регресија, па денес нашето образование и воспитување со постојниот школски и просветен систем, е многу екстензивно и примитивно и со тешко надоместливо заостанување зад потребите и целите на современото општество и цивилизацијата во која живееме. Школскиот систем заснован на таканареченото насочено образование, со низок квалитет на настава, доживеа целосен крах. Неколку генерации се духовно осакатени и осиромашени; добивме хиперпродукција на примитивни полустручњаци, неспособни квалификувано да се вклучат во стопанството и општествените дејности, неподготвени за творечки и интелектуален развој. Нема земја на светот која своето образование го средила со поразгранета правна регулатива.

Во Југославија вкупно има сто и десет сојузни, републички и покраински закони, кои се занимаваат со разните видови школство и од кои многу се повеќепати изменети, така што

понекогаш е потребна истражувачка работа за да се дојде до пречистениот текст на некој закон.

И покрај тоа, во Југославија школството никогаш не било толку екстензивно, раздробено, со низок квалитет како денес.

Законодавната практика законски создава осум просветни системи кои сe повеќе се оддалечуваат еден од друг и никакво договарање за заедничките јадра не може да ја запре таквата насока на развојот кој е законски втемелен. Заседавањето и договарањето за заедништво зачестено во последно време, по петнаесет години систематско разединување на југословенската заедница личи на бесплодна утопија. Потребно е најнапред да се тргнат законите кои доведуваат до разединување за да може да се продолжи онаа линија на заедништво и единство која на овој простор е влечена повеќе од сто и педесет години. Во спротивно, ние ќе создаваме, и создаваме, генерации кои сe помалку ќе бидат Југословени, а во сe поголема мера ќе бидат незадоволни национални романтичари и саможиви националисти. Земја која нема единствен просветен систем не може да смета дека ќе биде единствена во иднината.

Од времето на хуманизмот од XV до XVI век, трае мислата дека училиштето треба да служи за остварувањето на целата животна мера на секој поединец, за остварување на сите антрополошки и умни можности што човекот ги носи со своето влегување во животот. Погубна е идејата за тоа дека училиштето треба да служи им само на работата и на струката и да биде условено со нив. Таа е последица на ненадминати пролеткултурни седименти, кои, во крајна линија, водат кон создавање ропска примитивна свест. Насочувањето на момчето и девојчето од нивната 14 година кон еден интерес за создавање е фундаментална неслобода.

Идеолошката битка против “елитизмот” вроди со несреќен плод: ние најмалку две децении, на сите општествени подрачја и во просветата, ѝ угодувавме на просечноста. Ниедно општество не се бори против елитата на знаењето и умеењето, на науката и иноваторството. Со борбата против таквата елита, ние создадовме елита на добростоечки поединци кои се

способни на своите просечни деца да им создадат можности за стекнување поголеми знаења, кои основното и средното училиште повеќе не ги даваат.

Материјалната положба на школството ја обезвредни неговата општествена положба, а одредницата “морално-политичка подобност”, особено на универзитетите, страотно го поттикна моралниот и политичкиот конформизам и кариеризам, па универзитетите, а особено некои хуманистички факултети, се лишени од најдобрите интелектуални кадри на нашата генерација. Ниту во една европска земја просветата не е доведена во ваква стагнантна материјална и општествена положба.

Токму во времето кога безмилосно се трошеа средствата на додатната акумулација, беше водена рестриктивна политика спрема универзитетите, кои добиваа сe помалку средства. Деценија и половина факултетите немаа можност за бирање нови асистенти, така што најстарите југословенски универзитети, главно белградските, никогаш немаа толку висок старосен просек на наставнонаучниот кадар. Тоа што во сите земји е основниот двигател на развојот во време на технолошко-компјутерска револуција, универзитетот и науката, кај нас е целосно запоставено. “Реформите” на универзитетите, најчесто наметнувани со политичка сила, а не со научна причина (тристепена настава, “озетеизација” на факултетите и слично) беа промашени. Особено голема штета нанесе одвојувањето на науката од универзитетот, создавањето прегради, систематски и административни, меѓу “институтската” и “универзитетската” наука: универзитетот ја загуби лабораториската база, се создаваа паралелни програми, науката кадровски се разедини, оневозможен е нормалниот проток на научните работници од универзитетите во институтите и од институтите на факултетите.

Според тоа: треба да се менуваат школскиот систем, просветните закони, да се модернизираат и да се хуманизираат школските програми, да се отвораат специјализирани школи, посебно да се помагаат талентираните ученици, во целост да се измени неповолната материјална положба на школството, да се

обрне посебно внимание на духовниот, а не само на идеолошкиот профил на наставникот, на универзитетите да се привлечат најсилните научни и интелектуални сили и со закон да се оствари единство на просветниот систем во СР Србија.

Во овој тежок кризен момент мораме уште денес да почнеме да размислуваме и за утрешнината, за XXI век, иако општественоекономските околности не ни се наклонети, да се создава визија за утрешниот свет во кој цивилизацијата ќе биде заснована на микро-електрониката, на артифициелната интелигенција, на роботиката, на информатиката, на вештачкото оплодување, на манипулацијата со гените. Поради сето тоа Српската академија на науките и уметностите предлага веднаш и без какви било догматси идеолошки оптоварувања и “самоуправна” инерција, да се пристапи кон студиозна и темелна реорганизација на општествената, институционална основа на нашата наука во насока на модернизација и ефикасност, со поголеми материјални вложувања, со поголема грижа за научниот подмладок, со пошироки слободи и самостојност на творечките личности во креирањето на научните и истражувачките програми. Со еден збор, потребно е што побрзо и со сиот научен потенцијал да се вклучиме во современите движења на светската наука.

10. По драматичните меѓунационални судири во текот на Втората светска војна изгледаше дека национализмот нагло спласнал, дека беше на пат целосно да исчезне. Таквиот впечаток се покажа лажлив. Не потраја долго, а национализмот го започна својот подем, за да се надополнуваат институционалните претпоставки за негово буење со секоја уставна промена. Национализмот е создаван од горе, неговите главни иницијатори беа политичките луѓе. Основната причина за повеќедимензионалната криза лежи во идејниот пораз кој национализмот му го нанесе на социјализмот. Дезинтеграциските процеси од сите видови, кои југословенската заедница ја доведоа на работ на пропаста, заедно со распаѓањето на системот на вредности, се последица на тој пораз.

Неговите корени се наоѓаат во идеологијата на Коминтерната и на националната политика на КПЈ пред војната. Во таа политика е вграден реваншизмот кон српскиот народ како кон “угнетувачка” нација што имаше далекусежни последици во меѓунационалните односи, во општественото уредување, во стопанскиот систем, во судбината на моралните и на културните вредности по Втората светска војна. На српскиот народ му е наметнато чувството на историска вина, а единствено тој не го реши националното прашање, ниту доби држава како другите нации. Поради тоа, како прво и основно, потребно е да се симне хипотеката на историска вина од српскиот народ, официјално да се симне тврдењето дека тој имал економски привилегирана положба меѓу двете војни, да не се порекнува неговата ослободителна историја и придонесот во создавањето на Југославија.

Воспоставувањето на целосниот национален и културен интегритет на српскиот народ, независно од тоа во која република или покраина се наоѓа, е негово историско и демократско право. Стекнувањето рамноправност и самостоен развој за српскиот народ имаат подлабока историска смисла. За помалку од педесет години, во две една по друга генерации, двапати изложуван на физичко уништување, на принудна асимилација, на покрстување, на културен геноцид, на идеолошка индоктринација, на обезвреднување и одрекување од сопствената традиција под наметнат комплекс на вина, интелектуално и политички разоружан, српскиот народ беше изложен на претешки искушенија што остава длабоки траги во духовната состојба која на крајот на ова столетие на големи технолошки подеми на човечкиот ум не би смеело да се занемари. Доколку смета на своја иднина во семејството на културни и цивилизирани народи на светот, српскиот народ мора да добие можност повторно да се пронајде себеси и да стане историски субјект, повторно да стекне свест за своето историско и духовно битие, јасно да ги согледа своите економски и културни интереси, да дојде до современа општествена и национална програма со која ќе ги вдахнови сегашните и идните генерации.

Постојната депресивна состојба на српскиот народ, со сe пожестоко искажување на шовинизмот и србофобијата во некои средини, му погодува на оживувањето, на сe подрастичното искажување на националната чувствителност на српскиот народ и на реагирањата кои можат да бидат запаливи, па и опасни. Должност ни е ниеден момент и ни во еден случај да не ја превидиме и да не ја потцениме таа опасност. Но, притоа, во принципиелната борба против српскиот национализам, не може да се прифати владејачката идеолошка и политичка симетрија во историските вини.

Отфрлањето на таа симетрија, погубна по духот и моралот, со стари неправди и невистини, е условот за мобилноста и делотворноста на демократската, југословенската, хуманистичката свест во современата српска култура.

Тоа што граѓаните и работничката класа не се застапени во соодветните собори не може да му се препише само на фаворизирањето на националното, туку и тежнението Србија да се доведе во нерамноправна положба и на тој начин да ослабе нејзиното политичко влијание. Но, најголемата несреќа е тоа што српскиот народ нема држава како што имаат сите други народи. Навистина, во првиот член на Уставот на СР Србија е содржана одредбата дека Србија е држава, но неизбежно се поставува прашањето каква е таа држава која се прогласува за ненадлежна на сопствената територија и која нема на располагање средства за да заведе ред на еден дел од своето подрачје, да обезбеди лична и имотна сигурност на своите граѓани, да застане на патот на геноцидот на Косово и да го запре иселувањето на Србите од вековните огништа. Таквата положба покажува политичка дискриминација кон Србија, особено ако се има предвид дека Уставот на СФРЈ ѝ наметнал внатрешна федерализација како траен извор на конфликти меѓу потесна Србија и покраината. Агресивниот албански национализам на Косово не може да се сузбива ако Србија не престане да биде единстената република чии внатрешни односи ги уредуваат други.

Со Уставот на СФРЈ формално утврдената рамноправност на сите републики во реалноста е обезвреднета со наметнувањето

на Република Србија да се откаже од добар дел од своите права и овластувања во полза на автономните покраини, чиј статус во најголема мера е регулиран со Уставот на Федерацијата. Србија мора отворено да каже дека тоа уредување ѝ е наметнато. Тоа особено се однесува на положбата на покраините, реално промовирани во републики кои се чувствуваат неспоредливо повеќе како конститутивен елемент на Федерацијата, отколку како дел од Република Србија. Покрај тоа што не водеше сметка за државата на српскиот народ, Уставот на СФРЈ создаваше и ненадминливи тешкотии на нејзиното конституирање. Заради задоволување на легитимните интереси на Србија, неизбежно се наметнува ревизија на тој Устав. Автономните покраини би морале да станат вистински составни делови на Република Србија, така што би им се дал оној степен на автономија кој не го нарушува интегритетот на Републиката и обезбедува остварување на општите интереси на пошироката заедница.