The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
В О В Е Д
В О В Е Д
Меѓу народите на Европа, најголемо територијално распарчување претрпеа Албанците. Денес нивните простори се наоѓаат поделени меѓу пет држави на Балканскиот Полуостров, од кои само половина е во нивната национална држава. Надвор од границите на Албанија, најголемиот дел од албанските етнички простори, страдаат под српска окупација. Меѓу нив е и Покраината Косово, каде што Албанците претставуваат околу 90 % на населението кое е малку повеќе од два милиона жители. Другите албански региони се наоѓаат во државите Македонија, Црна Гора и Грција.
Територијалното распарчување постојано било извор на загриженост на целата албанска нација, внатре и надвор од границите на Албанија. Поради српскиот полициски терор, безредијата на Косово во последно време добија драматични размери. Тврдоглавоста на Белград да не им ги признава на косовските Албанци универзално прокламираните национални права, создаде опасност од проширување на конфликтот надвор од нивните граници – на Балканскиот Полуостров, па дури и подалеку. Невидените злосторства што српскиот полициски апарат ги врши врз косовските Албанци, како и опасноста од проширување на конфликтот надвор од нивните граници, ги стави во движење не само големите канцеларии (кабинети), туку и меѓународните организации. Во дипломатската мрежа и во светските публицистички кругови се дадени разни идеи за решавање на прашањето на Косово. Меѓународниот фактор најверојатно го третира решавањето на “кризата” на Косово само заради спречување на ширењето на оружениот конфликт надвор од границите на Косово. Како последица на оваа ограничена цел, во оптек се ставени сугерирања да му се даде на Косово една неодредена автономија - за некои во рамките на Србија, а за други во рамките на Сојузна Република Југославија.
Но, овие сугерирања не наидоа на прифаќање од страна на албанската јавност и од албанските политички сили внатре и надвор од границите на Албанија. Сепак, и тие своето внимание го насочија само на решавањето на статусот на Косово, а не на решавањето на националното прашање во целина.
Академијата на науките на Албанија, загрижена не само за статусот на Косово, туку и за иднината на целата албанска нација, ја подготви оваа Платформа за решавање на албанското национално прашање во целина. Во Платформата се опишани историските, политичките, дипломатските и правните аргументи на албанската национална драма и се поставени тези за нејзино постепено решавање во согласност со денешните меѓународни околности и со политичките процеси што го водат Балканот кон интегрирање во Европската Заедница.
Платформата, во нејзина првична верзија, беше поставена за дискусија на Собранието на Академијата. Потоа беа изнесени забелешките и сугерирањата на некои албански интелектуалци од Албанија, Косово и од Македонија, кои се занимаваат со проблемите на нашето национално прашање. Откако беа вградени оправданите забелешки и сугерирања, платформата беше донесена од Собранието на Академијата на науките на Албанија во сегашнава верзија.
Поднесувајќи ја платформава, Академијата на науките на Албанија мисли да организира Национално собрание, каде што ќе учествуваат интелектуалци од сите етнички простори, како и кругови на албанската дијаспора, со надеж дека тие ќе ја усвојат. Потоа ќе се обидеме сите заедно да ја оствариме.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/balkanskiot-megaetnikum/11 на 29 октомври 2026