Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

2. ПЛАН ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Од Димитар Мирчев · Дел 28 од 50 · Околу 9 минути

Читај на English

2. ПЛАН ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ

2.1. Рамка

Практичната реализација на новата бугарска политика во однос на Република Македонија бара разработување и прифаќање план за дејство со јасно дефинирана рамка, која треба да опфати:

2.1.1 Инструменти за применување на бугарската политика (институции - министерства, државни агенции, општини, амбасади, исто како и научни установи, лобисти, политичари и др.);

2.1.2. Конкретни чекори кои ќе бидат преземени за достигнување на поставените цели;

2.1.3. Форма под која бугарските државници и политичари би требало јавно да ги изложуваат штетите што произлегуваат од политиката на Република Македонија, а во текот на своите

тамошни посети или на меѓународни форуми да ги повторуваат барањата на Бугарија за одржување на добрососедски односи;

2.1.4. Неопходен политички и финансиски ресурси, кои ќе треба да се инвестираат за лобирање на меѓународната подршка и за спроведување отворена и активна кампања спроти негативната пропаганда во Република Македонија.

2.1.5. Издвојување на приоритетните цели во согласност со ресурсите неопходни за нивно постигнување и нивното значење за промена на негативните ставови присутни меѓу повеќе граѓани на Република Македонија.

2.2. Дејности

Предложените основни елементи на бугарската политика спрема Република Македонија дефинираат едно битно преосмислување на целиот спектар на бугарските надворешно-политички односи, при што проблематиката “Бугарија -Република Македонија” да го има предвид значењето на овој нацрт:

2.2.1. На прво место, неопходна е солидна внатрешно-бугарска подготовка на еден пакет од историски, културни, политички, географски, етнографски, економски и други аргументи во корист на горенаведените тези, пакет кој би станал база за надворешнополитичката позиција на земјата. За оваа цел постојат искуства и од пред 1989 година, и од поново време. Пакетот, главно, да го нагласува позитивниот однос кон Република Македонија, да се потпира на разбирањето дека една млада држава има перспектива за развој врз основа на конструктивни активности и достигнувања по своето создавање, без да бара поткрепа во некакво измислено минато.

2.2.2. Овој бугарски пакет треба да биде добро балансиран со конзистентната политика на Атина за заштита на грчките интереси од недобрососедската политика на Република Македонија, така што општото применување да биде кооперативно спрема Скопје, а по можност - кумулативно и координирано. По однос на Грција треба да се истакне долгиот

и тежок бугарски период на транзиција при која националниот политички ресурс беше приоритетно ориентиран кон постигнување целосно членство на земјата во НАТО и во ЕУ, како причина на досегашната бугарска пасивност кон недобрососедската политика на Република Македонија. Не е неопходно да се бара некаква посебна база за соработка со Грција освен регионалната одговорност на двете земји како членки на ЕУ и НАТО и примената на европските стандарди кон Скопје. Сепак, ако во даден момент се случи грчките претензии кон Скопје да се противречни со европските стандарди, Бугарија да ја поткрепи позицијата на Република Македонија со што да се покаже дека бугарската позиција кон Република Македонија е принципиелна и силна. Не треба меѓународната јавност, а и јавноста во трите земји, да останат со впечаток дека бугарскиот надворешнополитички инструментариум по однос на Република Македонија е реплика, имитација на грчкиот.

2.2.3. Шеснаесет години после признавањето на суверенитетот на Република Македонија веќе е време конечно да се надживее патерналистичкото третирање на помалата соседна држава, како и да се потврди категоричната позиција на Бугарија дека не се можни територијални претензии од страна на Софија, која е член на НАТО и на ЕУ.

2.2.4. Клучната дипломатска концепција треба да биде интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и во НАТО како повод за приопштувањето на Бугарите од Република Македонија, од Србија, Албанија и од Косово кон бугарската нација, со достигање на бараниот стандард за национални и етнички малцинства во рамките на ЕУ.

2.2.5. Новата бугарска активност треба претходно да биде подготвена врз основа на критичка анализа на Декларацијата од 1999 година и нејзината примена, со образложение, за нас самите, на една целосна концепција за иднината на нашите односи со народот и со државата Република Македонија, сето тоа гледано преку очекувањата за коректни и позитивни односи со Република Македонија како идна членка на НАТО и на ЕУ. Ова наметнува целосно и спокојно координирање на бугарските

позиции со САД и со другите сојузници од НАТО и од ЕУ, започнувајќи од најважните меѓу нив, а потоа по позитивните реакции - и со поспецијалните случаи какви што се Грција и другите релевантни балкански земји: Романија, Кипар, Словенија и Турција. Соодветно внимание треба да им се обрне на земјите како Полска, Словачка и Чешка (а донекаде и Русија), чии политичари и научници им давале некаква подршка на југословенските разбирања за македонското прашање. Конечно, неопходно е разработувањето специфичен приод за секоја држава со која имаме дипломатски односи за нејзиното привлекување кон бугарската теза.

2.2.6. Неопходно е максимално широко популаризирање на нашата верзија во европскиот медиумски простор, вклучително со користење примери познати за просечниот граѓанин на ЕУ, како Германија и Австрија, или Романија и Молдавија, каде изградувањето нови нации врз база на самостојно државно постоење не е придружено со негативизам од македонски тип.

2.2.7. Неопходен е постојан притисок по конкретни поводи во меѓународните правобранителски институции, вклучително преку невладини организации, кои се ангажирани со прашањето.

2.2.8. Детално “досие” треба да ги опише долгогодишните опструкциски дејства на Скопје, кои го спречуваат развојот на конструктивните врски и покрај добронамерноста на Бугарија.

2.2.9. Посебно да се истакнат и конкретните дејства и настани, кои ја поттикнале Бугарија да ја активира својата критичка позиција спрема Република Македонија.

2.2.10. Добро е да се разјаснат и врските на истакнати претставници на елитата на Република Македонија, кои работат за влошување на односите со Бугарија, кои оддржуваат контакти и врски со специјалните служби на Милошевиќ од блиското минато, како и со антидемократските кругови во Србија денес.

2.2.11. Како земја донор за милениумските цели за равојот на ООН, Бугарија реши да сосредоточи одредени напори и ресурси во неколку приоритени земји бенефициенти, меѓу кои е вклучена и Република Македонија. Во рамките на оваа помош (за која ќе се оддели 0,17% од бруто домашниот производ во 2010 до 0,33% до 2015), Бугарија да разработи посебна програма со која да ѝ даде на Република Македонија корисно искуство, потпомагање и партнерство во реформите и евроатлантската интеграција. Дотолку повеќе дека граѓанскиот сектор во земјата, локалната власт, администрацијата и бизнисот натрупаа уникатно искуство во подготовката за присоединување кон ЕУ, искуство кое е апсолутно релевантно за условите и за почетната положба и позиција на земја како Република Македонија (и некои други земји од Западниот Балкан). Една ваква помош е стратешка инвестиција за добрососедските односи и неразбирлив би бил пропустот да се остави тоа на други.

2.2.12. Во рамките на општата практика за издавање визи на ЕУ да се откријат сите можни олеснувања за пристап во Бугарија на граѓаните на Република Македонија, при што бугарскиот визен режим за нив како минимум да биде не помалку либерален од грчкиот. Олеснување на прекуграничните врски и соработка со отворање повеќе гранични премини.

2.2.13. Да се создадат услови за зачувување и проширување на опсегот за школување студенти од Република Македонија во бугарски колеџи и универзитети; да се создадат соодветни форми за оддржување натамошни контакти со нив, како природно бугарско лоби во нивната земја, и како пожелни потенцијални учесници во сe попривлечниот бугарски пазар на трудот.

2.2.14. Да се изгради административен капацитет за полесно и забрзано добивање бугарско државјанство, а времетраењето на процедурата да се скуси од години на месеци. Бугарија е на прагот на нова етапа од својот социјално-економски и демографски развој, чија битна карактеристика ќе биде масовната имиграција во земјата, предизвикана од потребите на бугарскиот бизнис – спонтана или управувана преку

проактивна политика на привлекување и интеграција на имигрантите. Бугарските државјани во Република Македонија се битен природен ресурс во тој поглед. И, се разбира, бугарското државјанство на веќе значителен и зголемен број жители на Република Македонија гарантира врз сите меѓународно-правни основи, Бугарија да интервенира и да се грижи за нивните права и интереси.

2.2.15. Да се активира дејноста на Бугарскиот културноинформативен центар во Скопје за популаризирање на бугарската култура и политика во Република Македонија, со инвестирање на неопходните ресурси. Да се создадат бугарски културно-информативни центри во Тирана и во Приштина.

2.2.16. Да се поттикне бугарскиот невладин сектор и бизнисот да бидат партнери на жители на Република Македонија во нивните локални иницијативи за бугарска културно-просветна дејност (создавање бугарски читалишта, клубови и др.) во различни населени места на соседната земја.

2.2.17. Поткрепа на истакнати културни, политички и медиумски лидери на бугарската заедница во Република Македонија, потпомагање на популаризирањето на нивното дело и во двете земји.

2.2.18. Да се побара помошта на Бугарската православна црква, во духот на нејзините историски традиции и можности, за придонес во зближувањето на двата народа.

2.2.19. Нема сомневање дека во последните години еден од најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи е прашањето за регистрација на ОМО Илинден. И Скопје и правобранителски организации како Хелсиншкиот комитет ја ставија оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија нема корист. Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе станува се потешко одбранлива теза, посебно после евентуелното членство на Република Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, причината е, пред сe, правна, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би биле посилни ако се најде побрзо решение за овој проблем.

2.2.20. Независно каква политика спроведуваат владите на Бугарија и на Република Македонија, и во двете земји имало и ќе има слободни интелектуалци, медиуми и граѓански групи, кои заштитуваат идеи кои немаат ништо општо со добрососедството.

Овие локални фактори ја имаат способноста да влијаат врз јавното мислење, да формираат ставови кон соседот, а понекогаш да применуваат и политичко влијание. Силата на најкрајните меѓу нив е во тоа што во национален контекст тие обично немаат опонент. Нивните идеи се монологични, нема дијалог, полемика, судир на факти, аргументи и интерпретации. Најлошото во оваа ситуација е дека широката јавност во Бугарија и во Република Македонија не ги познава причините, историјата и аргументите на другата страна. Со оглед на една отвореност, добронамерност и подобро запознавање на другиот, бугарската страна да иницира одржување јавни форуми и дебати во Бугарија и во Република нија, со широк одглас во медиумите, по сите спорни културно-историски теми.

За да ја изгради својата политика спрема Република Македонија на нивото на денешните предизвици – а би било национална неодговорност да се пропушти сегашната историска можност – неопходна е соодветна добра подготовка на бугарската јавност, на медиумите и на официјалните институции, со цел да се обезбедат поволните услови за успех.

Испратено до надлежните бугарски институции на 24 јануари 2008 година