Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

4. БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТEРЕСИ

Од Димитар Мирчев · Дел 23 од 50 · Околу 3 минути

Читај на English

4. БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТEРЕСИ

Националните интереси се функција на националниот идеал. Тие претставуваат една динамичка категорија кој што може да се моделира со време. Националните интереси можат да бидат насочени кон решавање на:

- надворешно-државни проблеми; - внатрешно-државни проблеми.

Во зависност од предметот на дејност, националните интереси можат да бидат: - политички; економски; културни; етнодемографски; геополитички.

Националните интереси од дамнина до наши дни, ги определуваат односите меѓу државите во еден регион, или во поглобални размери - во светот. Тие стојат во основата на спротивностите што никнуваат меѓу државите, од кои некои доведуваат до војни.

Тоа е важен индикатор за тешкотиите и одговорностите што се појавуваат при определувањето на националните интереси.

Според Повелбата на ООН, стапена во сила на 24 10 1945 година, сите земји-членки на Организацијата се рамноправни и еднакви, независно од тоа дали се големи или мали според населението и територијата. Меѓутоа, во практиката големите и развиените земји ги објавуваат своите национални интереси и ги заштитуваат со сите можни средства, често далеку од своите национални граници.

Од ослободувањето на Бугарија (1878 ) до денес, бугарските национални интереси не се разработувани систематски, ниту во однос на нивното формулирање ниту во однос на нивното остварување.

Во научното разработување и формулирање на националните интереси, неопходно е да се води сметка за историјата на проблемот, неговата потребност во моментот и ефектите за нацијата што треба да се добијат по нивното остварување. Неопходно е да се извлече и поука, не од успесите и постигнувањата, туку главно од насобраното неповолно искуство. Историјата на Третата бугарска држава е богата со такво неповолно искуство. Во него спаѓаат оние грешки и гревови кои што ја повредувале бугарската национална кауза. Многу од тие грешки денес можат да се проценат како политички апсурди, кои во извесни историски моменти ја доведуваа бугарската држава до национална катастрофа.

Националните интереси на Бугарија треба да ги одразуваат најсуштествените и долготрајни потреби на нацијата, поставени во основата на внатрешната и надворешна политика на државата.

Во Бугарската национална доктрина неопходно е да се маркираат само стратешките национални интереси. Нивната детална разработка треба да биде предмет на “национални програми”.

Во нив треба да се претстават доволно факти и тврдења, што ќе се моделираат и ќе се користат од владата, во зависност од потребите и реалностите на дадениот момент.

Стратешките национални интереси можат да се структурираат на следниот начин:

1. На внатрешно-државен план.

1.1. Јакнење и утврдување на еднонационалната бугарска држава и претворање на бугарската нација во социо-културна (политичка) нација; 1.2. Решавање на демографскиот проблем на Бугарија; 1.3. Развој на човечкиот потенцијал во Бугарија; 1.4. Ефективно користење и развој на економските и природните ресурси на Бугарија; 1.5. Осигурување на националниот суверенитет, независност и безбедност на Бугарија;

2. На надворешно-политички план.

2.1. Бугарските национални интереси што произлегуваат од гео-стратешката положба на Бугарија; 2.1.1. На Балканот; 2.1.2. Во Европа; 2.1.3. Во светот; 2.2. Присоединување на Бугарија како рамноправен член, кон европските политички, економски и воени структури.

(Следуваат уште неколку страници во кои се назначуваат бугарските национални интереси во сферата на демографијата, образованието, човечките ресурси, безбедноста, социјалата и сл).

БУГАРСКА НАЦИОНАЛНА ДОКТРИНА. Втор дел

НАЦИОНАЛНИ СТРАТЕШКИ ПРОГРАМИ. Програма № 1