The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
ИЗВОРИ
ИЗВОРИ
1. Види индикација во - Wells, The Outline of History, Pandit Јawaharlal Nehru, Glimpses of World History, A. Vakalopoulos, Contemporary Problems of the Balkans, and Will Durant, World History оf Culture.
2. Polybious, Historiae, Leipzig 1898.
3. A. Vakalopoulos, op. cit., pp. 84ff, G. Rousos, Recent History of the Greek Nation.
4. Brief History of the Orthodox Churces of Bulgaria, Serbia and Romania, Moscow 1871.
5. See- Ekdotike Athinon, Macedonia
6. E. Kofos, Nationalism and Communism in Macedonia, Thessaloniki 1964, pp. 185ff.
7. Douglas Dakin, The Greek Struggle in Macedonia 1897-1915, Thessaloniki 1966, and Dakin with K. Mazarakis-Ainian, E. Kofos and I. Diamantouros, The Macedonian Struggle, Athens 1985.
8. L'improglio Macedonien, Paris 1907, pp. 50-51.
9. Op.cit., p.176.
10. Hellenism, 1903, p.717
С. СФЕТАС – К. КЕНТРОТИС
СКОПЈЕ ВО ПОТРАГА ПО ИДЕНТИТЕТ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ
-Критички осврт на изданието на МАНУ “Macedonia and its Relations with Greece”, Скопје 1993
257 – ИНСТИТУТ ЗА БАЛКАНСКИ СТУДИИ, СОЛУН, 1994
(ИЗВАДОЦИ, ПОСЛЕДНИТЕ 23 СТРАНИЦИ ОД БРОШУРАТА)
Во април 1945 година, Југословените ја искористија нестабилната политичка ситуација во Грција, и по декемвриските настани ја создадоа организацијата НОФ, како континуитет на СНОФ, која со започнувањето на граѓанската војна во Грција, се приклучи кон грчкото комунистичко движење. Но, набрзо групата на Гоце (Илијас Димакис), Керамиџиев (Михалис Керамиѕис) и Паскал Митревски (Паскалис Митрополус), започна со пропагирање на тезата за обединување на грчка Македонија со југословенска Македонија, предизвикувајќи сериозни тешкотии кај раководството на Комунистичката партија на Грција, која ги вршеше воените операции главно со југословенска помош. (До денешен ден не е најден никаков документ кој би потврдил дека КПГ се согласила официјално со отстапување на грчка Македонија на Тито како размена за југословенската помош. Сепак југословенското раководство изгледа дека очекуваше КПГ во замена за помошта, да ги задоволи аспирациите врз делови на грчка Македонија. Оваа процедура веќе беше започната во правна бугарска Македонија. Договорот од 14 октомври 1946, што беше потпишан од ЈоанидисРанковиќ-Караиванов (види:Е.Кофос, THE IMPACT OF THE MACEDONIAN QUESTION ON CIVIL CONFLICT IN GREECE 1943-1949 ATHENS 1989, P.42), просто ги регулираше односите помеѓу НОФ и КПГ. По ова прашање Захариадис на 7-от пленум се изрази вака:.. Зборувајќи за значението што го имаше југословенскиот фактор за нас, не треба да го заборавиме следново: кликата на Тито со години водеше против нас една
подмолна, поткопувачка војна, главно меѓу славомакедонското население. Спогодување со Југословените тогаш значеше и дека таа војна ќе запре и дека Славомакедонците ќе се борат заедно со нас. Навистина во договорот што го постигнавме со Тито, беше опфатена и таа точка... Види: 7-иот Пленум на КПГ, како и погоре, стр.173.)
Се разбира, по одлуката на Комунистичката интернационала за постоењето “македонската нација” (1934 г.), КПГ ги признаваше Славофоните теоретски, како “славомакедонско малцинство”. Но од 1935, ја имаше напуштено паролата “Обединета и независна Македонија” што ја наложи Комунистичката интернационала во 1924, предизвикувајќи внатрешен расцеп во партијата, и ја поддржуваше полната рамноправност на малцинствата во рамките на грчката држава. По судирот на Тито со Коминформ (1948), раководството на КПГ се изедначи со Советскиот Сојуз во нападите против Тито и на 5-иот Пленум (јануари 1949) ја прифати паролата “национална рехабилитација и самоопределување на македонскиот народ”, за да се оттргне југословенска Македонија од владеењето на Тито.
“Во северна Грција, македонскиот (славомакедонскиот) народ даде сé за борбата и тој се бори со целосен хероизам и самопожртвување што предизвикуваат восхит. Не треба да има никакво сомневање дека како резултат на победата на ДАГ и народната револуција, македонскиот народ ќе ја најде својата полна национална рехабилитација, така како што самиот ја посакува, давајќи ја денес својата крв за да ја придобие. Македонските комунисти стојат секогаш на чело во борбата на својот народ. Истовремено, македонските комунисти треба да внимаваат на расцепувачките и растурувачки дејствија што ги равиваат туѓи шовинистички и реакционерни елементи за да го расцепат единството меѓу македонскиот (славомакедонскиот) и грчкиот народ, расцеп кој ќе му користи само на нивниот заеднички непријател, монархофашизмот и американскиот империјализам...” (Види: 5-ти пленум на ЦК КПГ (30-31 јануари 1949 г.) Извештаи-говориодлуки. Издание ЦК КПГ, јуни 1949, стр.16.)
На 7-иот Пленум на ЦК КПГ (10-18 мај 1950) Захаријадис објасни дека оваа одлука била насочена “и против Тито кој исто така како и монархофашизмот го угнетува македонскиот народ. Перспективата наша беше ослободување не само од монархофашизмот, туку и од Тито, кој што Македонија повторно ја фрли под империјалистичкиот јарем и империјалистичката експлоатација”. (Види: 7-от Пленум на ЦК КПГ, како погоре, стр.175. По судирот Тито-Сталин и застанувањето на КПГ на исти позиции со Коминформ, групата на Паскал Митревски организираше дезертирања на славофоните од Демократската армија кон Југославија и пропагираше дух на пораз, истакнуваќи дека КПГ ја предаде борбата на “македонскиот” народ и напразно се лее неговата крв. Тоа е основната причина поради која Захаријадис -согласно со неговите тврдења – македонското прашање го постави на 5-от пленум и унапредувајќи славофони на министерски места во привремената влада. Тој сакаше да предизвика пречки за титофилските кругови во НОФ и обезбеди поддршка од славофоните во предвечерјето на претстојната битка за заземањето на Лерин, каде што требаше да се настамени партизанската влада. По ова прашање Захаријадис вака се изрази: “...Второ, наспроти фактот дека можевме да го одложиме прогласувањето на таа работа, која во основа беше исправна, ние ја поставивме на 5-от пленум, затоа што се наоѓавме под притисок. Јас велам во својата статија, дека наспроти тоа што не одговараше на пошироките интереси, ние ја истакнавме паролата. Зошто ја истакнавме? Јас така ја разбирам оваа работа и ќе ви го дадам ова објаснение, како што јас тоа го сфаќам. Пошироките интереси беа дека во поопширни рамки таа работа тогаш не им служеше на нашите интереси. Но, како приоритетна задача пред нас тогаш се поставуваше дека битката за Вич требаше да ја добиеме. Сe друго тогаш беше секундарно. Таа мисла ме водеше и кога го предложив и кога го напишав и кога го објаснив тоа. Ние требаше да ги активираме сите сили на славомакедонскиот народ, да ги запреме дезертирањата, дејствијата за поткопување и распаѓање што ги вршеа агентите на Тито, ставајќи им пред нив една политичка пречка, и таа политичка пречка ние ја поставивме и ја отсранивме непосредната опасност од таа работа. Ја запревме тогашната непосредна опасност...” Види: 7-иот пленум на ЦК
КПГ, како и погоре, стр.175. По отстранувањето на Захаријадис (1956) од раководството на КПГ, 7-от во поширок состав пленум на ЦК на КПГ (18-24 февруари 1957) ја оквалификуваа политиката на Захаријадис како погрешна и ја врати старата парола за “правото за рамноправност на Славомакедонците... во едно нераскинливо единство со грчкиот народ”. Види за тоа: 7-ми пленум во поширок состав на ЦК КПГ (18-24 февруари 1957), Извештаи-резолуции-говори-записници.Издание на ЦК на КПГ, февруари 1957 г., стр.21.)
Истовремено 5-от Пленум изврши остра критика и на раководителите на НОФ кои беа органи на Југославија и кои беа симнати од своите лидерски места. (Види: 5-ти пленум на ЦК на КПГ, како и погоре, стр.38.)
Вториот конгрес на НОФ (25-26 март 1949) ја усвои старата парола “Обединета и независна Македонија во рамките на една Балканска комунистичка федерација”. (На 15 февруари 1949, во централниот орган на НОФ "Непокорен" беше објавена одлуката на 2-от пленум на ЦК на НОФ во која меѓу другото се вели: “...Вториот конгрес на НОФ ќе биде конгрес на декларирање на новите програмски начела на НОФ, начела кои се вековната желба на нашиот народ, ќе го прогласи обединувањето на Македонија во една обединета, независна, рамноправна македонска држава во народно-демократската Федерација на балканските народи што е оправдување на неговите долгогодишни крвави борби..." Види: говор на Мицос Парцалидис на 7-от пленум на ЦК КПГ, 7-ми пленум на ЦК на КПГ, како погоре, стр.37-38. За 2-от конгрес на НОФ, види: В.Којцев “Заклучоци од 2-от конгрес на НОФ”; Димократикос Стратос, месечен воено-политички орган на Гл.штаб на Демократксата армија на Грција, мај 1949/т.5/ стр.316-318.)
Оваа одлука беше насочена против Југославија која се стремеше кон создавање обединета Македонија во југословенската федерација. Овој пресврт имаше сериозни последици и во секторот на воените операции. Југословените во одбрана на својата заднина, ја затворија границата која до тогаш беше главниот пат за снабдување на грчките комунисти. Еден дел од славофоните следбеници на НОФ побегна и се
настамени во југословенска Македонија. По поразот на грчките комунисти во август 1949, останатите следбеници на НОФ го следеа раководството на КПГ и се настаменија во земјите на Источна Европа. Следствено, судбината на славофоните кои учествуваа во грчкото комунистичко движење во граѓанската војна, беше слична со судбина на грчките комунисти. Спрема сите оние кои се настаменија во Федералната Социјалистичка Република “Македонија”, се натурализираа во “Македонци” и започнаа да се занимаваат со антигрчки поход, беше природно и очекувано, грчката држава да биде крајно претпазлива. Но тоа што го премолчуваат историчарите од Скопје е дека меѓу славофоните во текот на окупацијата и на Граѓанската војна имаше многу кои останаа цврсто присоединети со грцизмот и дури зедоа оружје и се бореа против НОФ.
Во дванаесетата глава (THE IDEA OF MACEDONIAN LIBERATION BETWEEN THE TWO WАRS, p. 87-90) се говори за “македонските национални сили” кои се борат за независна македонска држава во периодот помеѓу двете светски војни: ВМРО и Извршен комитет на Македонските братства, Федералисти, ВМРО (Обединета). Се истакнува особено напорот за обединување на “македонските” сили во мај 1924, а пак одлуката на Коминтерната од 1934, за постоењето “македонската нација” се смета како прво меѓународно признание на “македонскиот национален идентитет” (стр. 89).
Но сепак, вистинските историски факти се поинакви. По Првата светска војна, главно, бугарската организација ВМРО под водство на Тодор Александров и на Александар Протогеров се стреми кон автономизација на српската и на грчката Македонија со понатамошна цел, присоединување кон Бугарија. Додека во врска со грчка Македонија се обидува (безуспешно) за осуетување на примената на грчко-бугарскиот договор за размена на населението, во српскиот дел на Македонија, каде што значителен дел од населението имаше бугарофилски чувства, ја применува тактиката на партизанска војна (1920-1924) и на убиства на државни раководители на југословенската држава (1926-1933), како рекација на политиката на посрбување на регионот што го унапредуваше Белград. (S.SVETAS, MAKEDONIEN UND INTERBALKANISCHEN BE
ZIEHUNGEN (1920-1924). VEROFFENTLICHUNGEN DES INSTITUTS FUR GESCHICHTE OSTEUROPAS UND SUDOSTEUROPAS DER UNIVERSITAT MUNCHEN 1992, p.51-61, 89-127, 145-150, 187-197, 209-224, 240-241. S.TROEBST, MUSSOLINI, MAKEDONIEN UND DIE MACHTE 1922-1930, KOLN-WIEN 1987.)
Од 1933, ВМРО под водство на Иван Михајлов ја пропагира тезата “Обединета и независна Македонија” вклучувајќи го и бугарскиот дел на Македонија. За ВМРО политичка етикета “Македонец” беше апсолутно компромисна со националниот идентитет Бугарин. Една “Обединета и независна Македонија” би претставувала втора бугарска држава. Федералистите (Т. Паница, Ф. Атанасов, Н. Јуруков) кои се отцепија во 1920/1921 г. од ВМРО, пропагираа создавање федерација на Јужните Словени како начин за решавање на македонското прашање. Тие го употребија терминот “Македонец” со неговото географско значење.
Спротивноста со ВМРО се должеше делумно на идеолошки и лични, а делумно на тактички причини. Кон обединување на овие две организации главно се стремеше советската дипломатија во 1924, така што обединетите бугарско-македонските организации, во соработка со комунистичката партија на Бугарите и со припадниците на Земјоделската партија на Бугарија се зафатија да ја соберат владата на Цанков и да воспостават работничко-земјоделска влада во Бугарија. Советската дипломатија и Комунистичката интернационала се обидуваа да ги отстранат од бугарскиот национализам бугарко-македонските организации, се повикуваше на постоењето на “македонски народ”, распарчен помеѓу Грција, Србија и Бугарија и пропагираа создавање на “Обединета и независна Македонија во рамките на една Балканска федерација”, за да ги разјадат балканските држави. Манифестот од 6 мај 1924 (Манифестот беше објавен во првиот број на списанието LA FEDERATION BALKANIQUE (15.7.1924)) што го потпишаа Федералистите и ВМРО и што ја прокламираше прикриено соработката на бугарско-македонските организации со Советска Русија и започнувањето борба против “империјалистичките” балкански држави во името на
“македонизмот” и на независна Македонија, беше творба на советската дипломатија. (Со преговорите меѓу ВМРО, Федералистите и Бугарската комунистичка партија кои се водеа во Виена за создавање “Обединет народен фронт” против владата на Цанков, раководеше советскиот агент на Комунистчката интернационала во Виена д-р. EFRAIM GOLDSTEIN. За неговиот идентитет види: F.LITTEN “DIE GOLDSTAЈN/GOLDSTEIN- VERWECHSLUNG,. EINE BIOGRAPHISCHE NORIZ ZUR KOMINTERN- AKTIVITAT AUF DEM BALKAN”, SUDOST-EORS CHUNGEN, BD.L (1991), p.245-250.)
Во истиот дух е и одлуката на 5-от Конгрес на комунистичката интернационала (17 јуни-8 јули 1924) за македонското прашање.
“...Поделбата на Македонија меѓу Југославија, Грција и Бугарија уште повеќе го зајакна стремежот на македонскиот народ во самите делови на неговата распарчена татковина за обединување и за создавање единствена и независна Македонија... Конгресот ги смета париолите на 6-та Конференција на Балканската комунистичка Федерација (СТС: декември 1923 во Москва) - “Обединета и независна Македонија”, “Обединета и независна Тракија”, како сосема исправни и навистина револуционерни. Паролите за автономија на деловите од Македонија и Тракија во границите на вештачки создадените буржуазни држави со спогодбите во Севр итн. треба да се отфрлат како опортунистички. Тие се рамносилни на договор меѓу богатите слоеви на македонското и тракиското население и на владејачките класи на содветните држави. Конгресот истакнува истовремено дека револуционерната борба на македонскиот и на тракискиот народ за своето национално и социјално ослободување ќе биде успешна ако се води заеднички со револуционерните работници и селани од секоја балканска држава...” (RESOLUTION ZU DEN NATIONALEN FRAGEN IN MITTELEUROPA UND AUF BALKAN-MAZEDONISCHE UND THRAZISCHE, INTERNATIONALE PRESSE-KORRESPONDENZ (BERLIN 1921- ноември 1923 и Виена декември 1923- март 1926), Номер 134, 15.10 1924, стр.1272-1273).
Плановите на Комунистичката интернационала да ја направат Бугарија комунистичка и за дестабилизација на Балканот во 1924 година претрпеа неуспех. (За критички пристап на овие прашања, види: Сфетас, како погоре, стр.302-337, 362-372.)
Сепак, советското мешање во македонското прашање резултираше со политичко-идеолошка поларизација на бугарско-македонското движење. Владата на Цанков започна со расчистување на ВМРО од сите оние кадри кои се изјаснија за соработка со комунистите. Оние што преживеа, во октомври 1925 ја создадоа ВМРО (Обединета), главно со активности на Комунистичкта интернационала како идеолошки и политички антипод на ВМРО на Михајлов со главен лозунг “Обединета и независна Македонија во рамките на една Балканска федерација”. Политичкото влијание на ВМРО (Обединета) на балканскиот простор беше незначително, бидејќи нејзиното седиште беше во Виена и од балканските држави се сметаше како комунистичка организација, која имаше развиено, главно, пропагандистичка активност со своите публицистички органи LA FEDERATION BALKANIQUE и “Македонското дело”, и која беше под влијание на бугарските комунисти. ВМРО (Обединета) се изјасни за национално ослободување на сите угнетени националности во Македонија. Под поимот “македонски народ” се подразбираа сите националности во Македонија, но главно Бугарите. Во однос на грчката и на српската Македонија, ВМРО (Обединета) главно го осуди националното угнетување на Бугарите, во однос на Македонија, пак, политичкото угнетување и економската експлоатација на бугарското население.
“Ако го разгледаме бугарскиот дел на Македонија, ќе забележиме дека и тука ситуацијата е слична со српскиот и со бугарскиот (Забелешка од преведувачот: “бугарскиот”- така е напишано во оргиналот, треба да стои: грчкиот дел.) дел. Македонските Грци и Турците кои порано живееја тука, се протерани. Населението што живее во тој дел на Македонија, бидејќи е од бугарска националност, ги ужива културните права, има училишта, цркви итн. и таа разлика е единствената меѓу положбата на Македонците во Бугарија и онаа во Грција и
во Србија”. (Види Меморандум на ВМРО (Обединета) од 10.09.1927 г. до Претседателот на Конгресот на национални малцинства во Женева за положбата на угнетените народи на Балканот, ВМРО (Обединета), Документи и материјали, Книга 1, Институт за национална историја, Скопје, 1991, стр.129-135 (овде стр.134))
Слично се изрази и Димитров кој имаше значајно влијание врз ВМРО (Обединета): “...бугарската буржоазија ја држи околијата на Петрич (Бугарска Македонија) под еден строг и жесток режим во однос со останатиот дел на Бугарија, наспроти тоа што ги смета Македонците од тој регион како чисто бугарско население, и го третира економски и политички како завојуван регион. Поради тоа што јазикот и културата тука се еднакви, националното угнетување доаѓа до израз главно преку економско осиромашување и политичко угнетување на македонското, население...” (Г.Димитров, AUSGEWAHLTE SCHRIFTEN, BD.2, 1921-1935, BERLIN (“OST”) 1958, p.398-399).
ВМРО (Обединета) до 1934, го негираа постоењето на “македонската националност”. “Во Македонија немаше и нема посебна македонска националност, како што немаше и нема, на пример, швајцарска националност. Постоеа и постојат одделни националности кои во помала или поголема аналогија живеат во Македонија, како што постојат француска, германска, италијанска и романска националност кои живеат во Швајцарија, и како што овие четири главни националности составуваат едно географско, политичко и економско единство и го носат заедничкото име швајцарски народ, така и Бугарите, Грците, Турците Власите, Албанците и Србите, сите што постојат, кои се родени и живеат во Македонија, составуваат еден многунационален мозаик што го носи заедничкото име македонски народ” (Балканска Федерација, Бр.131, 20.3.1930, стр. 2869-2870 во К.Палешутски: Македонскиот впрос в буржоазна Југославија 1918-1941, Софија 1983, стр.197).
Во февруари 1934, Комунистичката интернационала поради политички причини ја донесе познатата одлука за постоењето “(славо) македонската нација”. По доаѓањето на власт на
Хитлер и поради тесните врски на бугарската националистичка ВМРО на Михајлов со хитлеристичките кругови, СССР сакаше да ја оттргне употребата на македонското прашање од нацистичка Германија во корист на бугарските фашистички кругови. ВМРО (Обединета) и балканските комунистички партии беа повикани да започнат не само една идеолошка и политичка, туку една јасна, веќе национална борба во корист на македонизмот. Вреди да се обрне внимание на тоа дека во соодветната одлука на Комунистичката интернационала за постоењето на македонската нација, Македонија се карактеризира како воено средиште во претстојаната империјалистичка војна, а на Бугарија ѝ се оспорува и правото на владеење на регионот Петрич, и претензиите врз поопширниот македонски простор. Влахов во своите мемоари остава јасно да се подразбере дека одлуката на Извршниот комитет на Комунистичката интернационала да ја унапреди идејата за македонската нација непосредно е поврзана со доаѓањето на нацизмот во Германија. Извршниот Комитет на Комунистичката интернационала им даде налог на челниците на Балканскиот секретаријат на Комунистичката интернационала, Полјакот Велецки и Чехот Шмерал, да ја состават соодветната одлука. Но, бидејќи тие не беа запознати со македонското прашање, текстот на одлуката го состави главно Влахов, водечка фигура на ВМРО (Обединета). Влахов се повикува исто така на негативните реакции предизвикани од одлуката на Извршниот комитет на Комунистичката интернационала за истакнување на идејата за македонската нација и во Бугарската комунистичка Партија (Коларов, Станке Димитров, В.Червенков) и меѓу кадри на ВМРО (Обединета), кои изразија сомневања дека теоријата за македонската нација може да биде бумеранг за Организацијата. Во соодветните подготвителни дискусии учествуваа и претставници на балканските комунистички партии кои студираа на комунистичкиот универзитет на националните малцинства во Москва. (Види за ова: Д. Влахов, Мемоари, Скопје 1970 г., стр.356-358. Одлуката ја објавил весникот “Катимерини”, 13.12.1992 г.).
ВМРО (Обединета) беше принудена да ја следи таа нова политичка линија до 1936 година, кога таа се расформира.
Одлуката на Комунистичката интернационала за постоењето “македонската нација” беше главно поволна за Комунистичката партија на Југославија која во “македонизмот” виде можност за победа на бугарските претензии кон српска Македонија.
Само по себе се подразбира зошто скопската историографија до 1990 година имаше негативен став како за ВМРО на Александров и Протогеров, така и за ВМРО (Обединета). Првата се сметаше како бугарско-шовинистичка организација, која имаше за цел соединувањето на Македонија кон Бугарија, а пак, втората како бугарофилска со организациски, идеолошки и политички слабости. Не е случајно што врвни раководители на ВМРО (Обединета), како Влахов, кои по 1944 го прифатија “македонизмот” и зазедоа водечки места во Федерална Социјалистичка Република “Македонија”, набрзо беа обвинети за бугарофилство и беа отстранети. Во својот говор на Првиот конгрес на Комунистичката партија на “Македонија” (19.12.1948) Лазар Колишевски истакна дека “ставот на ВМРО (Обединета) не беше идентичен по националното прашање со правилниот став на Комунистичката партија на Југославија” (Л.Колишевски, Аспекти на македонското прашање, 3-то издание, Скопје 1980, стр.39). Во две писма до Колишевски, едното од 05.12.1948, и уште едно од 1951 година, Влахов го изрази своето противење за основање на македонската националност врз антибугарска основа. Обвинението на Колишевски за бугарофилскиот карактер на ВМРО (Обединета) го отфрли и со аргументот дека литературниот јазик на "Македонците" меѓу двете светски војни бил бугарскиот. Види во врска со тоа: S.TROEBST, DIE BULGARISCH-ЈUGOSLAWISCHE KONTROVERSE UM MAKEDONIEN 1967-1982, MUNICHEN 1983, p.49 и од истиот,, MIT IVAN KATARDZIEV- AUT DEN GIPFELPFADEN DER MAKEDONISCHEN GESCHICHTE”, CUDOST-FORSCHUNGEN, 47/1988, S.255.)
Одлуката на Комунистичката интернационала за “македонската нација” остана еден теоретски проглас на комунистичките партии на Балканот без одѕив во населението.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/balkanskiot-megaetnikum/38 на 29 октомври 2026