Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

3. “МАКЕДОНСКАТА БОРБА”

Од Димитар Мирчев · Дел 33 од 50 · Околу 7 минути

Читај на English

3. “МАКЕДОНСКАТА БОРБА”

По создавањето на Бугарската егзархија во 1870 година, дојде до судири меѓу Грците и Бугарите. Основната цел на Грците беше да ги спречат бугарските обиди за контрола на славофонското население кое живееше во зоната меѓу линијата Костур-Птолемаида-Ениxе-Серес, и меѓу Охрид-Прилеп-Струмица-Мелник-Неврокоп.

По војната од 1870, поразувачка за Грција, Бугарите успеаја да принудат голем дел од славофонското население од тој регион да се приклучи кон бугарските идеали. Тоа доведе до Илинденското востание во 1903, на денот на Св. Илија, кое турската војска го задуши во крв.

Востанието предизвика уништување на бројни грчки села и гратчиња, меѓу кои и Крушево. Вандализмот и прогоните на грчкото население доведоа до општа грчка мобилизација и во 1904 година започна вооружената “македонска борба” која траеше се до 1908. Во текот на сите тие години, доброволците регрутирани од целата слободна грчка држава, на Крит, во Епир, во Тесалија и во други региони од земајата што сеуште беа потчинети, кои се бореа рамо до рамо со Македонците, успеаја да го совладаат ширењето на бугарскиот прозелитизам и да ѝ го зачуваат на Централна и Јужна Македонија нејзиониот грчки карактер. Грчките трупи во најголем дел беа составени од славофонски и од влахофонски приврзаници, кои се бореа за грчката кауза. Таа приврзаност кон грчката нација кај Бугарите им го донесе име “гркомани”, т.е. фанатични Грци. Потомци на тие борци сe уште живеат во областа околу Битола.

Во јули 1908, Младотурската револуција ѝ стави крај на вооружената борба: Младотурците го урнаа феудалниот режим на султанот и објавија општа амнестија, ветувајќи им во исто време на сите етнички групи еднакви политички права.

Македонската борба, започната под многу неповолни звезди која траеше четири години, заврши со многу среќен крај за Грците. Таквиот успех може да му се припише на фактот дека во таа борба, Грците од слободната држава, од Крит и од другите провинции кои сe уште беа под ропство, дојдоа да се борат заедно со Македонците. Но, тоа е така и затоа што Грците

се бореа во регион во кој живееше пријателско и сродно население што го покренуваа истите идеали и истата верност кон екуменската патријаршија, кон националната грчка кауза, дури и ако тоа не зборува секогаш грчки.

4. ФАБРИКУВАЊЕ НА ЕДНА НАЦИОНАЛНОСТ

Турскиот пораз во Првата балканска војна беше крај на отоманското ропство во Македонија. Македонија беше повторно поделена, со тоа што 51% ѝ припадна на Грција, 39% на Србија и 10% на Бугарија. Масовниот егзодус на населението кое се најде на странска почва и којшто одеше заедно со размената и преселувањето, во корен го промени етничкиот состав на цела Македонија, посебно во грчкиот дел.

Постојаните порази на Бугарија во Втората балканска војна и во текот на Првата светска војна придонесоа во бугарската Македонија да се развие многу жесток бугарско-македонски национализам; национализам чии што иредентистички тенденции се обиде да ги искористи Коминтерната проповедајќи “обединета и независна Македонија”, во рамките на “Комунистичка балканска федерација”.

Во југословенска Македонија, политиката на србизација што ја применуваше Белград даде просечни резултати. За да ги избегне малтретирањата, еден дел од населението не ги изразуваше своите пробугарски чувства и се откажа дури и од бугарското име, претпочитајќи го политички неутралниот назив Македонец.

Други делови од населението избраа отворено да се интегрираа во српската национална заедница.

Во грчка Македонија, поради размената на населението, имаше уште 100 до 150 илјади славофони, поделени во две групи: една бројно поголема група која, под турско име, ја прифати грчката националност, а една помала група се приклучи кон бугарската националност и остана неопределена. За време на Втората светска војна, навлегувањето на бугарската армија во словенска Македонија беше поздравено од дел од населението како прв

чекор кон толку очекуваната слобода и кон интеграција со бугарската држава. Сличен феномен, макар што од помал обем, се случи и во грчка Македонија.

Под Тито, југословенските партизани веднаш сфатија дека по секоја цена треба да ги раскинат врските меѓу населението од југословенска Македонија. Тие, значи, го искористија растечкото незадоволство кај населението против бугарските окупаторски сили: бугарската реакција беше жестока, а репресалиите масовни.

Приврзаниците на Тито велеа дека Македонците - т.е. Словените од југословенска Македонија - во повоена Југославија ќе ги уживаат истите права како и другите националности и дури ќе бидат рамноправни со Србите. Тие, сепак, инсистираа на фактот дека Словените во Македонија немаат ништо заедничко со Србите и со Бугарите, туку претставуваат посебна “македонска нација”. Таквата идеја за “македонска нација” беше многу добро примена од голем дел од населението на југословенска Македонија. Политичкиот и социјалниот контекст беше зрел да ја прифати таа нова теза: всушност, Бугарија беше победена, Тито ја доби согласноста на Сталин за ставање во оптек нова македонска политика, а населението беше изморено од обидите правени во текот на половина век од страна на Србите и Бугарите за наметнување на нивниот идентитет.

По победата на Отечествениот фронт во Бугарија (со кој раководеше Бугарската комунистичка партија), во септември 1944 година, меѓу комунистичките партии на Југославија и на Бугарија започнаа преговори околу иднината на Македонија и на Балканскиот Полуостров.

На 2 август 1944 година, во манастирот “Прохор Пчински”, во рамките на новата Југословенска федерација, беше прогласена “Социјалистичка Република Македонија”. Во септември 1944 година, една југословенска делегација на чело со генерал Темпо и Лазар Колишевски, генерален секретар на Комунистичката партија на Македонија, ја посети Софија, и од новата бугарска влада доби ветување дека се обврзува да им даде автономија на

жителите на Пирин (Бугарска Македонија), што претставуваше прв чекор кон обединувањето со “Федерална Република Македонија” во Титова Југославија.

Во април 1945 година, Тито ѝ го наметна на Југославија својот федерален систем и воспостави влади на федералните држави Србија, Хрватска, Босна , Словенија , Црна Гора и Скопје, со тоа што последнава беше основана на 30 април 1945.

Во меѓувреме, со оглед на тоа што исходот од Граѓанската војна која избувна во Грција беше неизвесен, Југословените вршеа неподнослив притисок врз нивните бугарски другари да ги принудат да ѝ ја отстапат бугарска Македонија на Југославија. Од крајот на 1946 година, Бугарите им направија извесен број отстапки на Југословените по однос на Македонија. Во август 1946 година, за време на 10-тиот Пленум, Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија одлучи “да работи на културното приближување на жителите на Пиринска Македонија и Република Македонија”. Одлука што беше проследена со широка програма за културна размена, која што жителите на Пиринска Македонија ја сметаа како можност да изберат помеѓу бугарската и “македонската” националност.

Намамени од одделни поттикнувања што им се нудеа, повеќето од нив се определија за “македонска” националност. По долги консултации, Тито и Димитров, раководителите на Југославија и Бугарија, се сретнаа на Блед, во Југославија на 2 август 1947 година, за да ги потпишат Бледските спогодби, врз основа на кои Бугарија прифати, за мали компензации, да ги признае жителите на бугарска Македонија (Пирин) како “Македонци” и да го подготви теренот за интеграција на провинцијата Пирин кон “Социјалистичка Република Македонија”. Во замена, Бугарија побара само да и бидат вратени “западните делови” окупирани од Србите кон крајот на Првата светска војна. Сепак, грандиозните планови на Тито чии амбиции беа создавање “федерација на Јужните Словени”, под негова доминација, наскоро беа спречени од Сталин. Во текот на летото 1948, дојде до прекин, а со тоа и до уништување на хегемонистичките калкулации врз Балканот што ги правеше Тито, меѓу кои “македонското прашање” беше основната отскочна штица.

Бугарија го искористи тоа за да се врати на концесиите што ѝ ги направи на Југославија. Таа ја одби тезата за “македонска нација” и ги истера комесарите што Скопје ги беше испратило на нејзината територија. Потоа таа ќе се обиде да ги искористи тешкотиите со кои се соочуваше Југославија со цел повторно да ја исфрли предвоената парола : “Обединета и независна Македонија”.