Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

ВОВЕД - Part 01

Од Димитар Мирчев · Дел 30 од 50 · Околу 3 минути

Читај на English

ВОВЕД

“МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ” ДЕНЕС

“Македонското прашање” може да се разбере само ако се разгледува во неговиот историски развој. Развој поврзан со настаните во регионот воопшто, којшто овозможува подобро да се сфатат големите опасности што би ги создало, во една зона која уште еднаш ја заслужува дефиницијата - “балканско буре барут”, признавањето на држава која што го носи името “Македонија” од страна на меѓународната заедница.

Користејќи географско име (Македонија), скопските експанзионисти отсекогаш се стремеле да ѝ дадат национално прифаќање со цел на тој начин да определат една словенска нација. Тоа исто така значи обид грчкиот народ да се лиши од голем дел од културното наследство што со право му припаѓа. Во текот на 45 години, името Македонија за Скопје беше основен инструмент на неговата територијална и културна експанзија на штета на Грција.

Денес, Грција има бројни сериозни мотиви да го одбие признавањето на таканаречената “Социјалистичка Република Македонија”, од кои најзначајни се следните:

Прво, во текот на 40 години Скопје беше оружје на експанзионистичката политика на Тито, политика која се базираше врз симплистичка и погрешна визија на историјата на регионот. А тоа е она што со право остава да се претпостави постоењето на експанзионистички претензии на штета на Грција.

Второ, наводите на Скопје според кои “целокупниот дел на Македонија никогаш не бил ослободен”, туку “само делот што го контролира Скопје е слободен” јасно го доведува во прашање суверенитетот на Грција.

Трето, користењето на името Македонија од страна на Скопје, заедно со неговото упорно одбивање да ги признае топонимите што се на сила во регионот од Балканските војни наваму, исто така, претставува доведување во прашање на суверенитетот на Грција.

Четврто и последно: користејќи го името Македонија, Скопје сака да ги истакне културните претензии по однос на Грција во онаа мера во која нејзе ѝ припаѓа географскиот ентитет Македонија, за да направи од тоа национален ентитет. Освен тоа, секакво признавање на една независна југословенска република која би се крстила “Република Македонија”, би претставувало постојана закана за мирот и безбедноста на Југоисточна Европа.

Познато е дека Бугарија во регионот Скопје и во словенската фракција на неговото население, бара историски врски и етничка блискост и дека таа веќе ја призна “Република Македонија”.

Составот на населението во регионот Скопје ризикува да доведе до појава на националистички конфликти на Балканот. Албанците, кои сочинуваат една третина од вкупното население на Република Скопје, веќе го искажаа своето несогласување со Владата во Скопје и бараат самоопределување.

Во случај на признавање, непостоењето хомогено население во Република Скопје (составено од Албанци, Турци, Власи, Цигани, Бугари, Срби и други) би можело да доведе до доминација на едно од тие малцинства врз другите, што во крајна линија би довело до апсолутно непредвидливи последици.

Конечно, јасно е дека Република Скопје денес претставува ентитет кој економски не може да опстане, кој е плен на меѓуетнички те антагонизми и кој, освен тоа, е обиколен од ривалски “претенденти” и “заштитници”. Тоа ја отвора вратата за интервенција на најголемите сили, кои сакаат да го зголемат своето влијание во регионот.

Да додадеме дека врз основа на меѓународното право, признавањето на Република Скопје како независна држава е незамисливо доколку таа не ги исполнува условите што беа

определени за признавање (било да се мисли на концептот “народ” или на “организирана власт”), и тоа од следните причини:

- Историскиот идентитет на, таканаречениот, “македонски народ”, сосем соодвествува на историските, етнолошките и на социолошките критериуми.

- Условот наречен “организирана власт” не е исполнет: всушнот, историски е докажано дека таканаречената “Република Македонија”, чие што создавање од страна на Тито имаше во основа цел да ја ограничи српската моќ, датира од формирањето на Федеративна Република Југославија, со тоа што првата цел на Скопје беше излегување на Егејското Море.