The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
БАЛКАНСКИОТ МЕГАЕТНИКУМ НАЦИОНАЛНИТЕ ДОКТРИНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ
БАЛКАНСКИОТ МЕГАЕТНИКУМ НАЦИОНАЛНИТЕ ДОКТРИНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ
Димитар Мирчев
БАЛКАНСКИОТ МЕГАЕТНИКУМ НАЦИОНАЛНИТЕ ДОКТРИНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ
January 7, 2015
БАЛКАНСКИОТ МЕГАЕТНИКУМ - НАЦИОНАЛНИТЕ ДОКТРИНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ
БЕЛЕШКА
На почетокот, кога се зафатив со овој труд, посакав неговиот предмет да го нема, едноставно националните доктрини на нашите соседи да не биле напишани. Колку овие, што се поместени во збиркава толку и оние од постарата генерација доктрини. Помислив, Балканот и, особено, Македонија, би биле многу посреќни без вакви доктрини. Па сепак, реалистично, тие беа изнедрени од објективните позиции на македонските соседи и тие беа, сакале или не - оформени. И не можеме да ги негираме. Колку и да се субјективистички, национално и етнички пристрасни - тие постојат, влијаат на политиката и на односите на Балканот, сe уште не се надминати, сe уште се актуелни во односите во соседството и во регионот; најверојатно и натаму ќе бидат актуелни.
И така, се зафатив со овој труд за да ги претставам, да ги обработам и критички да се осврнам на нив. Напросто, не можев да му одолеам на искушението тоа да не го направам. Во прилог е тој резултат. Неговата смисла е - да се разбере дека односите на Балканот и во соседството на Македонија, не настануваат случајно и спонтано, дека имаат своја генеза, социоисторија, социјална и развојна подлога, дека имаат свои мотиви, актери, поттикнувачи и подржувачи и свои формулации. И дека разбирањето на сиот тој комплекс, може да помогне во кристализирањето на односите, во постапките и во политиките меѓу земјите во регионот, меѓу Македонија и нејзините соседи, па и внатре, во поредокот на државите. И потем, да не се мисли во соседството, дека овде кај нас не се смета на тие доктрини, дека не се бележат, внимателно проучуваат, дека не се анализираат, дека нивната реалност и влијание - се премолчуваат или се игнорираат. Многу верувам во тоа дека овој народ и нација, и оваа држава, без оглед на доктрините и моменталните политики и предизвици - ќе опстојат и ќе се одржат, дека нема да потклекнат на искушенијата на кои се изложени и со кои реално – се
соочуваат. Како што велеше нашиот голем поет, Гане Тодоровски- Колку сме, толку сме, токму сме!
Мнозина соработници, пријатели и колеги, ме охрабрија и ми помогнаа во овој потфат. Да го споменам пред сe, уредникот издавач на оваа книга, мојот пријател Глигор Стојковски, кој толку долго време истраја во производството и во мотивирањето, но и во уредувањето на трудот. Исто така да споменам дека многу драгоцени ми беа сугестиите и насоките од моите колеги и рецензенти - д-р Бранислав Саркањац и д-р Далибор Јовановски, како и од мојот пријател д-р Златко Крамариќ, на кои искрено им благодарам, исто како и на м-р инж. Мелита Јанчевска, за техничкото уредување.
Најмногу благодарност, сепак, ѝ должам на својата сопруга, д-р Анета Мирчева, која не само што ме храбреше, туку и ме трпеше во сите мои беневоленции додека ја подготвував книгата.
Авторот
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/balkanskiot-megaetnikum/1 на 29 октомври 2026