Пити и тесто
Пирошки
Пржени полумесечини од кисело тесто, полнети со кашкавал, мортадела и кечап. Се јадат топли или ладни.
Рецепт од Дијана Веселиновска · Etobicoke, ON
- Подготовка
- 2 ч
- Готвење
- 25 мин
- Вкупно
- 2 ч 25 мин
- Пост
- Мрсно
Потребни продукти 14 состојки
Начин на приготвување
- Растворете го квасецот во 3 лажици топло млеко со малку сол и малку шеќер и оставете го да стаса — треба да се крене пена одозгора.
- Изматете ги двете жолчки со едно лажиче шеќер, додајте го стасаниот квасец, растопениот маргарин, па млакото млеко и брашното.
- Мешајте со лажица додека не се појават меурчиња на површината, потоа продолжете со раце. Оставете го тестото на топло да скисне, околу еден саат, додека не се удвои.
- Измешајте ги состојките за филот во една чинија. Филот треба да е густ, не течен — премногу кечап го натопува тестото и пирошките се отвораат во маслото.
- На маса попрскана со брашно истурете го тестото, премесете го кратко и рашрете го со сукало на дебелина од околу половина сантиметар.
- Сечете со чаша или со калапче за пирошки. Ставете по една голема, но не преполна лажица фил на секој круг, преклопете во полумесечина и притиснете ги рабовите со вилушка.
- Пржете во врело масло, толку колку што би ставиле за пржење компири, од двете страни додека не заруменат.
- Вадете ги на решетка или на хартија да се исцедат од маслото. Се сервираат топли или ладни.
Ако не можете да го најдете
Замени што работат надвор од Македонија.
- Мортадела
- Варена шунка, суџук или пушено пилешко, сечено на ситни коцки.
- Кашкавал
- Млад гауда или едам — треба сирење што се топи, а не се разлева.
- Свеж квасец
- 15 г сув квасец наместо 50 г свеж.