Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Пити и тесто

Кифлички со сирење

Кисело тесто разделено на 12 топчиња, секое исечено на 12 триаголници. Сто и четириесет и четири кифлички од едно месење.

Рецепт од Дијана Веселиновска · Etobicoke, ON

Кифлички со сирење
Подготовка
2 ч 30 мин
Готвење
30 мин
Вкупно
3 ч
Пост
Мрсно

Потребни продукти 10 состојки

Начин на приготвување

  1. Изронете ги двата квасци во тенџере, додајте 3 лажички шеќер, 2 лажички сол и малку млако млеко од половината килограм за да се растворат. Потоа додајте 8 лажици брашно и остатокот од млакото млеко.
  2. Покријте со капак и крпа или ќебе и оставете да кисне додека тестото не збувне.
  3. Кога ќе збувне, додајте ги трите избиени јајца, 3 финџали масло и брашно колку што прима за да биде тестото меко. Оставете го повторно да кисне.
  4. Кога ќе збувне по вторпат, размешајте го и поделете го на 2 еднакви дела, а секој дел на по 6 — така добивате 12 пупалиња. Оставете ги покриени да киснат додека не се исуши површината.
  5. Од секое пупале рашрете тркалезна кора колку чинија. Исечете ја прво накрст на 4 дела, па секој дел на уште 3 — вкупно 12 триаголници.
  6. На секој триаголник ставете дробено бело сирење со јајце и завиткајте од поширокиот дел кон врвот. Врвот мора да легне надолу врз тавата, инаку кифличките се отвораат при печењето.
  7. Наредете ги на тава, премачкајте ги со четка со две избиени жолчки и по желба посипете сусам или ким.
  8. Од маргаринот со ноже одделете мали деланчиња и ставете по едно врз секоја кифличка. Ако имате две тави, поделете го маргаринот на два дела за да стигне насекаде.
  9. Печете во загреана рерна на 200 °C додека убаво не заруменат, околу 25–30 минути. Кога ќе се оладат, можете да ги замрзнете во добро затворена кутија.

Ако не можете да го најдете

Замени што работат надвор од Македонија.

Пресен квасец
14 г сув квасец за двете коцки; растворете го во млакото млеко на истиот начин.
Бело сирење
Фета исплакната и исцедена, измешана со едно јајце за да се врзе.
Маргарин
Ладен путер, исто така на мали деланчиња.

Уште од овој вид

Готвите нешто што го нема овде?

Испратете ни го рецептот онака како што го правите дома. Го читаме секој.

Испратете ни рецепт

Испратете ни рецепт

Напишете го како што би му го кажале на пријател. Некој ќе го прочита и ќе ви одговори пред нешто да се објави.

Се користи само за да ве прашаме за рецептот. Никогаш не се објавува ниту се споделува.

Секој рецепт на оваа страница се објавува на сите три јазика. Напишете го вашиот на оној на кој готвите — за другите два ќе се погрижиме ние.

Дали е посно?

Посно значи без месо, без млечни производи и без јајца. Рибата се смета за дозволена.

Еден по ред, со количината.

Оставете празен ред меѓу чекорите.

Не е задолжително. Еден по ред, како „Ајвар — печена црвена пиперка“.

JPG, PNG или WebP, до 5 MB.