Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Пити и тесто

Пирошки

Пржени полумесечини од кисело тесто, полнети со кашкавал, мортадела и кечап. Се јадат топли или ладни.

Рецепт од Дијана Веселиновска · Etobicoke, ON

Пирошки
Подготовка
2 ч
Готвење
25 мин
Вкупно
2 ч 25 мин
Пост
Мрсно

Потребни продукти 14 состојки

Начин на приготвување

  1. Растворете го квасецот во 3 лажици топло млеко со малку сол и малку шеќер и оставете го да стаса — треба да се крене пена одозгора.
  2. Изматете ги двете жолчки со едно лажиче шеќер, додајте го стасаниот квасец, растопениот маргарин, па млакото млеко и брашното.
  3. Мешајте со лажица додека не се појават меурчиња на површината, потоа продолжете со раце. Оставете го тестото на топло да скисне, околу еден саат, додека не се удвои.
  4. Измешајте ги состојките за филот во една чинија. Филот треба да е густ, не течен — премногу кечап го натопува тестото и пирошките се отвораат во маслото.
  5. На маса попрскана со брашно истурете го тестото, премесете го кратко и рашрете го со сукало на дебелина од околу половина сантиметар.
  6. Сечете со чаша или со калапче за пирошки. Ставете по една голема, но не преполна лажица фил на секој круг, преклопете во полумесечина и притиснете ги рабовите со вилушка.
  7. Пржете во врело масло, толку колку што би ставиле за пржење компири, од двете страни додека не заруменат.
  8. Вадете ги на решетка или на хартија да се исцедат од маслото. Се сервираат топли или ладни.

Ако не можете да го најдете

Замени што работат надвор од Македонија.

Мортадела
Варена шунка, суџук или пушено пилешко, сечено на ситни коцки.
Кашкавал
Млад гауда или едам — треба сирење што се топи, а не се разлева.
Свеж квасец
15 г сув квасец наместо 50 г свеж.

Уште од овој вид

Готвите нешто што го нема овде?

Испратете ни го рецептот онака како што го правите дома. Го читаме секој.

Испратете ни рецепт

Испратете ни рецепт

Напишете го како што би му го кажале на пријател. Некој ќе го прочита и ќе ви одговори пред нешто да се објави.

Се користи само за да ве прашаме за рецептот. Никогаш не се објавува ниту се споделува.

Секој рецепт на оваа страница се објавува на сите три јазика. Напишете го вашиот на оној на кој готвите — за другите два ќе се погрижиме ние.

Дали е посно?

Посно значи без месо, без млечни производи и без јајца. Рибата се смета за дозволена.

Еден по ред, со количината.

Оставете празен ред меѓу чекорите.

Не е задолжително. Еден по ред, како „Ајвар — печена црвена пиперка“.

JPG, PNG или WebP, до 5 MB.