Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Слатко

Баклава

Баклава со ореви, суво грозје натопено во рум и шербет што се прелива врз врела баклава. Мора да преноќи.

Рецепт од Дијана Веселиновска · Etobicoke, ON

Баклава
Подготовка
50 мин
Готвење
45 мин
Вкупно
1 ч 35 мин
Пост
Мрсно

Потребни продукти 17 состојки

Начин на приготвување

  1. Натопете го сувото грозје во румот и оставете го настрана додека ги подготвувате останатите состојки.
  2. Со миксер избијте ги јајцата и шеќерот додека убаво не згуснат, па додајте го маргаринот и бијте пак за да се разреди.
  3. Мешајќи, додајте ги гризот, мелените и кршените ореви, брашното од рогушки ако го имате, ренданата кора од лимон, ванилиниот шеќер и на крај сувото грозје со румот. Измешајте добро.
  4. Корите редете ги во подмачкана правоаголна тава со големина на корите: ред кора, па попрскајте ред масло. Така наизменично додека не потрошите половина од корите.
  5. Ставете го филот и разредете го рамномерно насекаде, па повторете ја истата постапка со останатите кори. Најгоре мора повторно да се попрска масло.
  6. Исечете ја баклавата по должина на тавата на 3 еднакви дела, па напречно на 6, за да добиете коцки. Потоа секоја коцка пресечете ја уште еднаш дијагонално ако сакате триаголници. Сечењето мора да биде пред печењето и мора да оди до дното.
  7. Печете во претходно загреана рерна на 240 °C додека не зарумени одозгора, околу 40–45 минути.
  8. Во меѓувреме подгответе го шербетот: шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во 900 мл вода и варете мешајќи додека не почне да врие и да се згуснува. Оставете да поврие уште околу 4 минути, па тргнете го настрана да се излади дотолку што со малиот прст да можете да издржите десетина секунди.
  9. Прелијте ја врелата баклава со подготвениот шербет и оставете ја да преноќи. Не се сече и не се служи истиот ден — шербетот му треба ноќ да навлезе низ сите слоеви.

Ако не можете да го најдете

Замени што работат надвор од Македонија.

Брашно од рогушки
Изостави го — рецептот и самиот вели дека не е неопходно. Ако сакате слична боја, лажица какао.
Рум
Сок од портокал со неколку капки ванилин екстракт, ако не сакате алкохол.
Тенки кори
Фило кори №4; извадете ги од фрижидер еден саат порано за да не се кршат.

Уште од овој вид

Готвите нешто што го нема овде?

Испратете ни го рецептот онака како што го правите дома. Го читаме секој.

Испратете ни рецепт

Испратете ни рецепт

Напишете го како што би му го кажале на пријател. Некој ќе го прочита и ќе ви одговори пред нешто да се објави.

Се користи само за да ве прашаме за рецептот. Никогаш не се објавува ниту се споделува.

Секој рецепт на оваа страница се објавува на сите три јазика. Напишете го вашиот на оној на кој готвите — за другите два ќе се погрижиме ние.

Дали е посно?

Посно значи без месо, без млечни производи и без јајца. Рибата се смета за дозволена.

Еден по ред, со количината.

Оставете празен ред меѓу чекорите.

Не е задолжително. Еден по ред, како „Ајвар — печена црвена пиперка“.

JPG, PNG или WebP, до 5 MB.