БЕЛЕШКА ЗА ПИСАТЕЛОТ
БЕЛЕШКА ЗА ПИСАТЕЛОТ
Стојан Кочов е роден во 1930 година во селото Турје, Леринско. Во годините на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) е активен учесник во единиците на ДАГ. Од 1950 до 1957 година живее и се школува во СССР, се до своето враќање во Р. Македонија во 1957 година.
Дипломирал на белградскиот универзитет. Живее во Скопје.
Автор е на делата:
1. СРЕДБА раскази “Студентски збор” - Скопје, 1989; 2. ЕДНА МРТВА ВОЈСКА - поезија “Македонска книга” -Скпје,1992; 3. (САМО) ЖРТВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОД ГРЦИЈА - критички огледи “Матица македонска” -Скопје, 1994; 4. МРТВОТО ЛИЦЕ НА ВОЈНАТА - ПОЕЗИЈА “Македонско сонце” - Скопје, 1996; 5. ЃОРЃИ ПЕЈКОВ - МАКЕДОНСКИ ВОИН НИЗ ИСТОРИЈАТА НА ДАГ (1945-1949) - Монографија – “Академик” - Скопје, 1996; 6. ТАЛКАЧИ - роман, “Матица македонска”, Скопје, 1997; 7. НОВА ГОДИНА ВО ЗЕМЈАНКИТЕ НА ГРАМОС - роман “Матица македонска”, Скопје, 1998; 8. КАЗНА БЕЗ ВИНА - роман “Матица македонска”, Скопје, 2001; 9. ВО ПРЕСРЕТ НА СУДБИНАТА - раскази “Огледало”, Скопје, 1998; 10. ИДЕОЛОШКИОТ АКТИВИЗАМ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА -критички огледи, “Матица македонска”, Скопје, 2000; 11. ЕСЕИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТОЛКУВАЊА - критички огледи, “Матица македонска”, Скопје, 2002; 12. КОБА И ГНЕВ - Раскази “Менора”, Скпје, 2010; 13. ГРОБАРОТ ОД ЛЕРИН - роман “Детска радост”, Скопје, 2001; 14. БАЛКАНСКА САГА - роман “Макавеј” - Скопје, 2004;
15. БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ - Историски критички огледи “Матица македонска”, Скопје, 2004; 16. ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ НА ТАЛКАЧИТЕ - роман “Современост”, Скопје, 2006; 17. МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ПЕКОЛОТ НА ЦРВЕНОТО ГУБИЛИШТЕ - Историски критички огледи “Матица македонска”, Скопје, 2007; 18. ВОИНОТ И МАРГАРИТА - Роман “Матица македонска”, 2008; 19. ЈАМКА - роман “Матица македонска”, Скопје, 2009; 20. ВРАЌАЊЕТО НА ПОТОМЦИТЕ - роман “Менора”, Скопје, 2009; 21. ГЛАСОТ НА ТАЛКАЧИТЕ - Поезија, 2009; 22. ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ - роман, 2011; 23 ТАЛКАЧИ (НОВЕЛА ЗА ПУСТИНАТА КОЈА ВЛАДЕЕ СЕГА ВО РОДНИОТ ЕГЕЈ И ЗА ИЗГУБЕНИТЕ ИЛУЗИИ НА ТАЛКАЧИТЕ НИЗ ВИОРОТ НА СУДБИНАТАВО ГОДИНИТЕ НА Г.ВОЈНА (1945-1949)).
ПРИЛОГ - СВЕДОШТВА
Каков бил човекот што се издагнал од сиромашко македонско момче до револуционер раскажува:
Уранија Раковска, сопруга на “сталинистот” Павле Сакам да се знаат имињата на тие што ни го уништија животот
Од Грција избегале зашто се бореле во Граѓанската војна, “скапале” во затвори во Сибир и во Kазахстан како титовисти, дошле дома во Скопје за да ги прогласат за сталинисти и националисти. Поради тоа што ги жигосале УДБА и некои луѓе за личен интерес, никогаш не можеле да бидат тоа за што сонувале – Македонци. Ова е животната приказна на Павле Раковски и на неговото семејство, еден од водачите на Граѓанската војна во Грција во воденскиот реон. Тој никогаш не ја дочекал судбината да ја види самостојна Македонија, ниту, пак, да го види тоа за што бил кодошен. Сега неговото досие е пред комисијата за лустрација која преку објавувањето на имињата на соработниците постхумно ќе го рехабилитира Раковски.
Приказната за неговата трагична судбина, како тајните служби и личните интереси на некои тогашни и сегашни функционери ни ја раскажува неговата сопруга – Уранија Раковска. Сега веќе 85-годишната старица во својот дом во скопски Чаир не пречека со досието в раце. Самиот поглед кон огромниот куп хартија службени белешки од УДБА, KОС и од други служби доволно е да наежи. Нема потреба некој да раскажува што се има во тие страници за да добие претстава што им направил системот на ова семејството во изминатите 50-ина години.
- Е ова ни го направија. Целиот живот ни го претворија во хартија - покажува Уранија. Потоа лист по лист ги врти белешките и почнува да плаче. Голготата на Раковски ја поминала и таа, како и нивните син и ќерка. Уранија е “обработувана” од службите во досието на мажот, исто по идеолошка природа. Синот и ќерката, пак, секогаш биле обележани како деца на Павле и на Уранија, па и за нив не се
наоѓало работа. Поради тоа, ќерката заминала да живее во Kанада. Страдале дури и нивни пријатели.
- Напати во досието се споменуваат луѓе што влегле во домот на Раковски, со препорака од соработникот и напомена од службените лица и тие да се проверат од службите. Така луѓе, комшии по потекло од Буф, село во близина на селото од кое потекнува Павле, ги повикавме на кафе оти Павле немаше никој од своето село во близина. Тие луѓе се најдоа во неговото досие само затоа што доаѓаа кај нас на гости - ни вели Уранија.
Досието на Раковски е цврст доказ за тоа што им се случувало на илјадници граѓани кои само поради различното мислење од политичкиот естаблишмент, идејата за самостојна Македонија, но и поради лични интереси на поединци. Семејството на Раковски не се откажува од тоа да ја дочека правдата за ваквиот речиси маченички живот во “куќен притвор”. Уранија веднаш откако се донесе законот за пристап до досиејата на претходниот режим во 2001 година, побарала од Министерството за внатрешни работи дали има досие за Павле и за нејзе водено од службите. Првичниот одговор бил дека нема. Но Уранија била упорна.
- Знаев дека тој одговор не може да биде точен. По толку мачен живот очигледно поради некои луѓе не е можно да нема досие за нас. Поднесов ново барање, поединечно за Павле Раковски и поединечно за мене. Ми договорија дека за Павле има, а за мене не. Тогаш ги добивме овие десет килограми хартија – раскажува старицата.
Од партизан во Воден до титовист во Алма Ата
Раковски е родум од Kлештина, село во близина на Лерин. Израснал во Лерин, каде што завршил и грчка гимназија за да стане даскал. Со почетокот на Втората светска војна се приклучува во редот на партизаните и притоа го организирал македонскиот отпор во Воденско, а неговото партизанско име е Гоце или Гоче. Во 1944 година сакал да оформи македонски баталјон, но неговата идеја наскоро била откриена и морал да пребегне за кратко во вардарскиот дел на Македонија. Се враќа
за време на Граѓанската војна, кога е издадена наредба од Грците да го убијат. Во 1949 година е уапсен во Албанија и со брод за затвореници некако го транспортираат до одредена непозната дестинација, за на крајот да заврши во самица во Москва. Во самицата е затворен 2,5 години. Грчките службеници ја известуваат Уранија дека е мртов, а нејзе ја депортираат во Полска.
- По 2,5 години на Раковски му кажуваат дека неговите пријатели кажале оти е титовист и како таков е осуден на робија во Сибир каде што треба да пренесува вреќи со камења. Таму е држен некаде до 1955/56 година. По смртта на Сталин неговата казна е ублажена и тој е префрлен на куќен притвор со ограничено движење во Алма Ата, Kазахстан. Јас од Полска, веднаш штом ми јавија дека е таму заминав да го видам. Но откако ми истече визата за престој, Русите не ме пуштија да излезам, односно и мене ме ставија со Павле – се потсетува Уранија.
По неколку години Павле испраќа писмо до Хрушчов дека не е виновен за делото за кое е обвинет, и така на 1 март 1960 година, веќе со две деца, Павле и Уранија добиваат виза да заминат за Скопје - Македонија.
- Бевме пресреќни дека најпосле стигаме во Македонија – нашиот сон. Но возот застана некако многу порано од очекуваното. Се качија две неуниформирани лица и не зедоа со нив. Бевме во Белград. Попусти беа забелешките на Павле “ова е Белград, ние одиме за Скопје, за дома”. Не држеа неколку дена, со децата, затворени во полициска станица во Панчево. Постојано не испрашуваа што сме мислеле за режимот, за која Македонија зборуваме. За на крајот да не пуштат да си дојдеме за Скопје - вели Уранија.
Во Скопје првично, како осомничени за сталинизам со месеци биле држени во хотелот “Бристол” со ограничено движење, за потоа да се сместат во стан во Kисела Вода.
- И тогаш почна уште поголем ужас за нас. Доаѓаа луѓе пријатели на Павле од Егејска Македонија и од времето на
партизанството, тогаш веќе функционери во овој систем. Павле не се откажуваше од идејата дека на Македонија треба поинаков систем и поради тоа не можеше никако да најде работа, а постојано имавме и проблеми. Еднаш дури го натепаа непознати лица. Случајот го пријавивме во полиција, но никој не сакаше да не слуша. Наместо тоа, нас почнаа да не испрашуваат. Така, од Грција избегавме оти н мачеа, скапавме во затвори во Сибир како титовисти, дојдовме дома во Скопје за да не прогласат за сталинисти и националисти. Поради тоа што не жигосаа УДБА и некои луѓе за личен интерес, никогаш не можевме да бидеме тоа за што се боревме - Македонци -вели Уранија низ солзи.
Според обемот, досието на Раковски, под кодно име “Повратник”, е едно од најобемните досиеја воопшто. Следен е по неколку линии, на крајот го следеле по линија на “анархолиберализам”. Документот има над 3.000 страници и е искодошен речиси секој негов ден од моментот кога стапнал на македонска почва до неговата смрт во 1988 година. Дека не бил “случаен лик” како што наведувале некои негови соборци од Егејска Македонија, а потоа соработници на службите и функционери во минатиот систем говорат токму илјадниците страници. Чуму толку ангажман на службите за некој сосема случаен? Дека бил истакнат водач говори и тоа што имал личен контакт и со Лазар Kолишевски, но потоа се разишле поради идеолошката определба на Павле за самостојна Македонија, како и за тоа дека “режимот на Тито не бил добар за македонските национални интереси”. Имињата на главните соработници во верзијата на Уранија се покриени со црно, сепак некои имиња во неколку наврати се провлекле. Според тоа што таа можела да процени, заедно со нејзините деца додека го анализирале досието е дека се споменуваат повеќе десетици кодоши. Меѓу нив се и оние 11 лица кои со Павле биле експедитирани од Грција, преку Албанија до Сибир. Меѓу нив се наоѓа еден починат поранешен директор на издавачка куќа, двајца поранешни функционери од судството чии внуци денеска се дел од “борбата за човекови права” како истакнати членови на невладиниот сектор, но и други препознатливи имиња од јавниот живот.
- Не ни се верува дека таму си ги најдовме првите комшии, многу блиски роднини, речиси сите пријатели...многу, многу ги има. Некои од нив беа сомнителни уште додека доаѓаа дома оти беа упорни да се дружат со нас иако ги одбивавме – вели Уранија.
Откако го добила досието, го дала на еден нивен пријател за да го објави, заедно со неколку дела на Раковски. Четири книги, меѓу кои и неговата автобиографија била отпечатена, постхумно, досието никогаш. Уранија го искористила сега новиот Закон за лустрацијата и побара од Kомисијата за верификација на фактите да ги објави имињата на неговите кодоши имајќи пред вид дека некои од нив се познати поранешни функционери.
- Сакам имињата да бидат објавени. Тие што ни го зедоа животот ќе мора да се знаат кои се, а не со црно да бидат прикриени – вели Уранија.
Раковски успеал само еднаш посериозно да се вработи во својот живот, како директор на училиште во Kисела Вода во 70-тите, но тоа траело кратко. Потоа никогаш и никаде не се нашло работа за него. Одвреме-навреме публикувал по некој текст, главно за граѓанската војна и македонското прашање во Егејска Македонија. Но, дури и текстовите му биле под силна цензура и контрола.
Имено во неговото досие, голем дел од извештаите на соработниците се однесуваат на неговите текстови. Често во нив соработникот давал мислење дали делото е “погодно” за системот и дали треба да се објави. На пример, во Извештајот од соработник од 29 октомври 1983 година се коментира едно од делата на Раковски, притоа соработникот нагласува дека “неговиот текст за борбите во Егејска Македонија добил позитивно мислење од уредникот, но препораката од мене (н.з. соработникот) е дека делото не треба да се печати бидејќи Раковски сака да добие незаслужно политичка рехабилитација”. Соработникот го опишал делото како текст во кој се зборува дека Југославија и Грција правеле договори за македонскиот
народ, жртвувајќи ги македонските интереси во името на интересите на соседните држави.
Семејството Раковски ги испратило документите до комисијата за лустрација. За изненадување на Уранија, документите веднаш биле примени од Kомисијата, но она што уште повеќе ја зачудило е одговорот. Имено, пред два месеца, на 5 јули стигнал допис од Kомисијата дека “државните органи ја известиле Kомисијата дека не располагаат со податоци, списи и писма што се однесуваат на Раковски”.
- Тоа не разочара. Kаде е оригиналот. Kако може ние да имаме копија заврена со печат од МВР со службени белешки од Белград до Скопје и тоа добиена во 2001 година, а сега да ги нема. Каде се? – вели старицата.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/44 le 29 octobre 2026