ГЛАВА ПЕТТА - Part 02
ГЛАВА ПЕТТА
Невидени манипулации-Самоопределување на Македонците.
Во армискиот весник на ДАГ “Прос ти ники” (кон победата) на 10.3.1949 година беше објавена паролата “Создавање на независна македонска држава во рамките на Блакаска демографска федерација” беше напуштена.
Четиригодишната Граѓанска војна ја промени својата природа. Поточно, причините (целта им беше да се тотално изврши мобилизација на Македонците) поради кои се води војната го променија својот редослед по важност. Мотивите за паролата беа политички и според таквата положба се бараше од Македонците да прифатат тотална мабилизација на целокупното население.
Сувогорски не можеше да издржи,небаре чувствуваше како да му гори оган во стомакот. Си ги поднамести очилата на носот, воздивна и рече:
“Со векови, ние Македонците или некому пречеле или соседите на присвојувале, или меќусебе се убивале, како што е познатот, на II конгрес на НОФ (25-26 март, 1949 г.) работите се одвиваа едноставно во духот на V-от пленум на ЦК на КПГ за самоопределување на независна македонска држава.
Основната цел на очувот Захаријадис му беше на II конгрес на НОФ да го прокламира општонародното востание на македонскиот народ и да изврши ТОТАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА И ЧИСТКА.
МАКЕДОНЦИТЕ ПО ВТОРИОТ КОНГРЕС НА НОФ СЕ ВРАЌААТ НА ПОЗИИТЕ Н БУКОРЕШКИОТ ДОГОВОР (1913).
Јас сакам за последно да изјавам:
Барем за тоа што се уште што е сочувано, да градиме политика на долгорочно самоодржување и развој. А тоа е, само мал дел од македонзмот. Поголемиот дел е загубен и асимилиран преку сурово и неказнето уништување, со користење на геноцид. Да не се прашуваме повеќе што сторила македонската држава туку што сме направиле ние, самите, за македонизмот.
На 27 март таа 1949 година беше основањето на КОЕМ. Тоа се случи по завршувањето на II конгрес на НОФ: и КОЕМ. Веднаш беше акцијата со која се повлекуваше посебноста на македонскиот народ и се јавуваше како прв чекор во примената на правото на самоопределувањето. Со тоа, практично, требаше да се повлијае за успехот на спроведуваната “Тотална мобилизација” на македонското население и планираното испразнувањето на македонските села од пограничната зона.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/29 le 29 octobre 2026