ФАКТ ТИТО РЕКОЛ
ФАКТ: ТИТО РЕКОЛ
Во историските записи историчарите го имаат забележано Титовито обраќање во драматичната 1940 година како генерален секретар на КПЈ, кој во тоа време упатува антологиско предупредување до соседите на Македонија: “Таа угнетена земја, натопена со крв, не е тука да служи како украс на кралската круна на некого, ниту да биде мираз на српската, бугарската или грчката буржуазија. Македонците не се Срби, ни бугари, ни Грци. Тие се Македонци и како посебен народ имаат право на своја слобода и самостојност”, истакнал Тито во своето обраќање.
Македонците под надгледност на Британската мисија и грчка комунистичка партија, ЕЛАС и ЕАМ:
Под притисок на состојбата во Грција и целта за ликвидирање на Костурските и другите комити, есента 1943 година создадена е СНОФ (Славо - македонски народноослободителен фронт) и партизански еденици СНОВ (Славомакедонска народноослободителна војска).
Основачката конференција на СНОФ за Костурско се одржала на 24 декември, а за Леринско на 26 и 27 декември 1943 година.
На основачката конференција СНОФ се придржувале на упатствата и белешките од Темпо и на основа тоа ја граделе платформата за заедничката борба на македонскиот и грчки народ. Како основни поставки на платформата биле:
1. Борбеното единство на македонскиот и грчкиот народ во егејскиот дел на Македонија како услов за победоносната борба против фашистичкиот окупатор;
2. Мобилизација на македонските маси во единиците на ЕЛАС за оружена борба и разгром на окупаторите;
3. Политичка и оружена борба против:комитите, Калчев, Михајлов и гестапо, кои со својата автономистичка пропаганда
сакале да го насочат македонскиот народ против грчкиот и обратно;
4. Борејќи се заедно со грчкиот народ, во рамките на ЕАМ против окупаторот, македонскиот народ можел со помош на грчкиот народ да ги реализира своите национални стремежи и правото на самоопределување врз основа на принципите во Атланската повелба и сите други резолуции на големите сојузници. Со тоа се вели дека окружниот комитет на СНОФ и официјално го постави македонското национално прашање за прв пат пред Комунистичката партија на Грција.
Раководството на КПГ, меѓутоа, уште во зачетокот ги имаше ограничено секакви иницијативи и ги имаше насочено против комитите. Затоа што во програмските начела на ЕАМ и на ПЕЕА и при спогодбата со избеганата влада и англиската мисија не ги признаваше правата на Македонците, ниту пак им помагаа на Македонците да создадат такви сили, туку ова се беше со умисла против формирањето на комитите со македонските барања.
Историски факт е: Раководствата на КПГ и ЕАМ, се до април 1944 година, го користеле СНОФ за свои политички и воени цели, пред се во пресметка со комитското движење.
Тоа за нас Македонците беше чисто по моделот на познатиот: Балкански синдром на предавнвици и патриоти, а сега: МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ НА ПРЕДАВНИЦИ И ПАТРИОТИ.
Ете зошто: Прогласуванието за предавници комитите беше пресметка со политички противник, односно највулгарен облик. - Македонец-против Македонец.
По не успехот, обврските што ги презел Сјантос, лидерот на КПГ за уништување на комитите, побарал помош од КПЈ за КПГ и се сретнал со Црногорецот Темпо.
Во разговорите на Сјантос со Темпо, во август 1943 година, Сјантос го прифатил барањето на Темпо во Егејска Македонија да се создадат специјални единици кои својата агитациона пропагандна работа ќе ја водат на македонски јазик.
Ете како била измислена првата мамка: Конкретно СНОФ беше организиран, но не од нас Македонците.
Силно зачкрипи креветот и се јави еден од наседнатите жители на прифатилиштето и рече:
- Неодамна читав една историска книга, која ме предизвика од насловот, односно поднасловот кој гласи: “Македонската националноослободителна платформа во Егејскиотдел на Македонија (јануари-1944 година)” од д-р Литовски Александар. (Скопје 2008). Тој пишува (стр.233): “...во третманот на македонското национално прашање во Егејскиот дел на веќе институционизиранизираното македонско ослободително движење од Егејскиот дел на Македонија преку СНОФ.” На стр. 236 пишува: “Всушност, при разгледувањето на политичко-пропагандното дејствување на СНОФ може сосема јасно да се забележат две доминантни насоки на дејствување. Првото, дејствување во насока на привлекување на македонското население во ЕАМ и КПГ, и второ, дејствување во насока на зацврстување на одделниот македонски национален идентитет во Егејскиот дел на Македонија.”
Сувогорски замолче, онеме само главата ја нишаше.
А Божин Рисуичин на повисок тон со прашање кон сите вели: -“Секоја замисла е лесна кога не се зема предвид суштината-стварноста.”
Овој наш човек доктор на наука д-р Литовски, зарем не знае дека СНОФ-”Славомакедонци” претставвува племенски атрибут? Нема потешко за Македонецот, кога македонската наука и по толку години (половина век) го тера да им ги слави измамите на туѓинците Сјантос и Темпо како претставници на левите сили, КПГ и КПЈ. Тие со право гледаа на нас Македонците како на “Корисни идиоти”.
По подолгиот молк Сувогорски продолжи: Да тоа беше време кое во историјата се памети како “Балкански Синдром на предавници и патриоти” Така и ние Македонците се поделивме...
Грижа? Или!?
Нели и ние Македонците прекрстени во Славомакедонци е искористена од Комунистите Грци и Македонци манипулација, која ја плаќавме и ние борците во Граѓанската војна 1946-1949 година?
Дали навистина КПГ (грчките комунисти) отстапуваа и беа против расистичките и асимилаторски закони, донесени од грчката, а тоа се гледа дек на почетокот на мај 1944 година ги расформираа македонските организации СНОФ и СОВ, бидејќи преставувале основна пречка во преговорите на КПГ со грчката владата во бегство и со граѓанските партии за формирање на коалициона владамза што била закажана средба во половината на мај 1944 година.
Раководствата на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, загрижени за ситуацијата, што се создаде во Македонија под Грција (со оформувањето на Комитите) и посебно во Костурско, Леринско и Воденско, се најдоа принудени да формираат македонска организација СНОФ. Тоа со умисла организирано го сторија луѓе од Обласниот комитет на КПГ во Западна Македонија, и тоа Грците: Христос Калфас (Андреас) и секретарот на Окружниот комитет за Костурско Андонис Андонопулос (Периклис) и секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис.
Расформирањето на СНОФ
За шест месеци од своето постоење организацијата СНОФ во Костурско со помош на ЕЛАС, успеа да ги разбијат а осакатените да ги придобијат.
Комитите беа омасовени во своите редови повеќе од 4.770 членови, што значи Македонците поверуваа дека “СНОФ е единствената народноослободителна организација што ќе ги исполни националните и социјалните барања на македонскиот народ под Грција”, види: “Словеномакедонски Глас” број. 3 април 1944 година. Се пропагира: дека “СНОФ е новата ВМРО на Македонците, што ќе го доведе до крај делото на Илинден...”
Решението на КПГ за расформирањето на македонската организација СНОФ (која си ја изврши функцијата, со придобивање на Комитите во своите редови , не само што се покажа како најгруба манипулација, туку и совршено политичко и физичко ликвидирање на Македонците и елиминирање од светската политичка сцена во Грција-практички се оствари, тоа што го бараше грчката влада во бегство), сега за грчкото раководство на отпорот (КПГ, ЕАМ и ЕЛАС) претставуваше непотребна, бидејќи пред грчката реакција за да се постигне по секоја цена “национално единство” со грчките буржуаски партии и со власта во бегство, со коишто КПГ на 20 мај 1944 година го потпиша познатиот капитулнски договор со кој се запечатуваше судбината на НОБ.
На 26 септември 1944 година во италијанскиот град Казерта беше потпишан уште еден договор меѓу КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и грчката влада во бегство на чело со Георгиос Папандреу и Британскиот Штаб за Среден Исток. Со овој договор беше постигната согласност грчките герилски сили да влезат под команда на грчката влада во бегство. Меѓутоа, своето право грчката влада во бегство му го пренесе на англискиот генерал Скоби. Се разбира и овој договор преставува уште една отстапка на грчкото раководство на отпорот во корист на грчката влада во бегство.
Сувогорски продолжи и рече: - На 5 мај 1944 година почнаа преговорите за поделба на Балканот на сфери на влијанија. Велика Британија стекна превласт во Грција, а Советскиот сојуз во Романија. Под притисок на Британците, на 20 мај 1944
година во Либан, КПГ, ЕАМ и ЕЛАС имаа потпишано спогодба со кралската влада по што се расформира коалиционата влада.
Комунистите на Македонија на својата конференција одржана на 25 јуни 1944 година еднодушно се определија за откажување на договорот во Либан, како и за тоа: НОД да примени револуционерна тактика што ќе ја потпре врз сопствените сили и врз НОВ на југословенскате народи. Во раководството на КПГ се издифернцираа две групи: едната беше за прифаќање на договорот, а другата, за негово откажување.
Групата која што се залагаше за прифаќање на Договорот надвладеа. За таквата определба многу придонесе и ставот на Советската воена мисија на чело со полковникот Григори Попов која на 28 јуни 1944 година пристигна на слободната територија. Тој, познавајќи ја тоталитарната организацијата и начинот на кој Сталин ја имаше сменето руската еднопартиска диктатура во тоталитарен режим, а револуционерните комунистички партии по целиот свет во тоталитарни движења, беше преку ликвидирање на фракциите, напуштање на внатрешно партискта демократија и трасформирањето на националните партии во ограноци на Коминтерната раководени од Москва. Москва, беше апсолутна цетрализација на управувањето, кај сите комунистички партии.
Советскиот граѓанин Григори Попов, сега висок претставник и ополномоштен од советската партиска власт, му преостануваше само да рече:
“Ето директива... Так сказал товариш Сталин!”
Конечно на 17 август 1944 година ЦК на КПГ донесе решение да го прифати Договорот и да учествува во коалиционата влада на чело со Гергиос Папандреу.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/23 le 29 octobre 2026