ГЛАВА СЕДМА - Part 02
ГЛАВА СЕДМА
Идеолошка караница за “кој повеќе ја сака Македонија и кои со кого да ја обедини” или со кого да го реши “македонското прашање”.
Сувогорски, ги зеде в раце куп од белешки на кој од првиот лист пишуваше: Лични белешки од историјата на Македонците во Гражанската војна (1945-1949) година и погледна во сликите на Тито и Захаријадис. Изгледаше како да го притиска некоја огромна сила, и рече: - Што мислите кој посака да не разбие нас Македонците?
Состојбите катаден стануваа се по страшни, бидејки тие сега потекнуваа од највисоките политичара на НОФ, АФЖ и КПГ. Тие потекнуваа од минатото кога беа најмногу манипулирани директно од раководствата на КПЈ и КПГ, кога на средбата за 2 април 1946 година Тито и Захаријадис во Белград без присуство на Македонците решија: Македонците од Егејскиот дел на Македонија предводени од НОФ, а раководени од КПЈ/КПМ, да се измени програмската цел и НОФ да се стави под раководството на КПГ во која ќе гласи: НОФ и АФЖ ќе се бори во сојуз со грчкиот народ за спасување на македонскиот народ од физичко истребување.
И токму тогаш идеолошката офанзива со својот космополитизам (против македонската национална свест) страшно го разниша староседелскиот македонски корен.
Македонските НОФити и АФЖити, со различни ставови и секој со својот став (партиската палка) се вдаде масовно да присобере доволен број преживени борци или бегалци со цел да формира вистински борци или иднината на Македонија и Македонците од Егејска Македонија да ја решава со Захаријадис или со Тито.Тие што беа со Захаријадис остана во единиците на ДАГ, а тие што беа со Тито масовно пребегнуваа во Југославија, се оправдуваа со “Бегајте не излагаа Грците!”
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/31 le 29 octobre 2026