Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Wanderers

ГЛАВА ПЕТНАЕСЕТТА

Par Стојан Кочов · Partie 19 sur 46 · Environ 6 minutes

Lire en English Lire en English Lire en Македонски

ГЛАВА ПЕТНАЕСЕТТА

Алма -Ата, град во Казахстан каде што привремено беа донесени сите осудени членови на НОФ по издржување, односно анулирањето на казната од сибирските логори. Сувогорски , кога се врати во Југославија, беше прогласен за “руски шпион”.

Не знам. Не разбирам ништо од таа наша несреќа. Велат да бидеш распнат на крст или жив закопан, не е толку страшна смрт, како што ја величат. А, можеш ли да си замислиш како можело да биде осудено на смрт цело едно семејство од своите истомисленици комунисти и соборци?

Обично се погубуваат оние што паднале во тие нивни “гревови”, бидејќи малкумина биле оние што со голема тешкотија станувале лојални Југословени. Тие знаеа дека казнетите ќе бараат одмазда - комунистичка правда и сето тоа во “името на народот”.

Тоа се случило уште во Алма-Ата.

Алма -Ата, град во Казахстан каде што привремено беа донесени сите осудени членови на НОФ по издржување, односно анулирањето на казната од сибирските логори. Таму настана несогласувањето бидејќи имаше предлог да побараат да ги вратат во Ташкент; во средината каде што живееја многу Македонци - борци на ДАГ, за да им докажат на грчките комунисти дека тие не се виновни за неуспехот на Граѓанската војна. Но, во тоа време помеѓу СССР и Југославија односите беа “топло-ладно” и речиси сите посакаа да се вратат во Југославија и остана само еден од нив кој подоцна, кога се врати во Југославија, беше прогласен за “руски шпион”.

Што се случило со нас?!

Откако дојде погубниот крај, на татко ми и мајка ми, јас за нив не знам ништо, и никој не дозна што се случи, освен за татко ми дека е закопан во туѓ гроб и ако некој побара да ја опишам вистината за нив, не ќе можам. Слабо и површно си спомнувам

на нив, но сетики се сеќавам на она: “Ти Делјане, молчи! Оти ништо не знаеш и не треба да знаеш за овие партиски работи...” и се така бев укоруван по прифатилиштата.

Јас сега тоа го сфатив, што тие не го сфаќаа.

Мајка ми имаше писклив глас, особено кога викаше по нас со татко ми, но сите понекогаш тагувавме-тагата, како и незадоволството, беше вообичаен наш придружник во животот. Дури и времето ни пречеше, кога секој не одминуваше и се криеше од нас...

Мајка ми велеше: “Егејците наши (поранешни комунисти на КПГ) сега југословенски комунисти, казнувале немилосрдно, полошо и од Светиот Дух...”

Ударот на судбината и мајка ми ја пречека зад аголот, во вид на страшната Алцхајмерова болест од која умре. Поради болеста таа не можеше да оди, забораваше се и сешто, малку по малку болеста и ги уништуваше мозочните клетки.

Никогаш не сум се занимавал со историја и не сум упатен во конкретното прашање, зашто така се случило со моите родители, со Добрина и Румена. Добрин се до смртта велеше: “Јас сум македонски комунист и го исполнувам својот долг...” а, Румена, секогаш со својата иронична насмевка го кажуваше достоинството поинаку и велеше “Храброста е способност на душата со која непоколебливо ги исполнува должнстите и решително се бори со тешкотиите и премрежијата на животот против дрските лажговци...”

Таа позната жена, со надуени клепки, крвави белоочници, чија кожа на лицето и на вратот беше сивкава, избледена, како кај луѓе кои што се малку на воздух и коишто лошо спијат, а рацете и беа немирни, со немирен поглед шеташе по лицето на луѓето менувајќи го изразот де предизвикувачки и со потценување, де одеднаш несигурно, збунето и недоверливо. Еднаш кога и се приближи еден претставник од боречката организација, вознемирен, растреперен како човек којшто нешто важно

заборавил и дури не се сеќава сосем точно што всушност заборавил, мајка ми добродушно се насмевна, но се воздржа кога забележа покрај него постара жена, стежната со црвено неубаво лице, затегната во фустан со боја на изгоретина. Таа се вртеше, се извиваше пред гробот на татко ми, пристискајќи врз градите букет цвеќе, спечено од сонцето и свенато, така што посака да го положи свечено заедно со човекот кој се претстави дека е претставник на Сојузот на борците на Македонија и рече дека татко ми е рехабилитиран. И сетики посака да каже со неколку напишани зборови:

“...Ти покрај активноста како организатор и борец на национални права и слободи, создаде и македонска азбука од 24 букви за духовен процут на својот народ во виорот на војната во Егејска Македонија.

Твоите национални чувства и љубов кон својот народ дојдоа до полн израз во летото 1944 година, со формирањето на Воденскиот македонски батаљон.

Ти покрај својата активност во формирањето на македонската војска, ја создаде азбуката со која се напишани прогласот до македонскиот народ во Воденско, повеќе песни, Маршот на Воденскиот баталјон.

Ти, беше и остана борец и културен деец, на македонскиот народ. Во сибирските затвори те обвинуваа за “Титов агент”, но и тоа беше само заблуда на КПГ.

Ти животот го посвети на татковината и за сите нас, твоите соборци не си ни “Титов агент”, ниту “Руски шпион”, туку од денес си

РЕХАБИЛИТИРАН!

По овие искази, нешто ем тажно ем радосно ја пронижа мајка ми. Охрабрена и осилена од средбата со овие луѓе, го изостри погледот и почна заинтересирано да загледува во овенатото цвеќе. И се сети. Се сети на закопот на татко ми по цели десет години. Тогаш бевме, јас, гробарите и мама...

Сега се насмевна со сила, срцето и тупкаше и јадежот и гореше в грло, ја тераше да си ги голтне плункта. Зазеде став на говорник и рече:

- Што да речам за гревот и покајанието. Се рехабилитира злосторникот, нему треба да му се врати угледот, добриот глас, честа. Злосторници се неговите соборци кои со својата партиска моќ преку институциите го уништија мојот маж, нарекувајќи го “Руски шпион” и за да биде уште построго казнет го обезличија како Македонец и го “унапредија “ во неподобен Југословен. Стотици луѓе како него настрадаа единствено виновни што сакаа да ја видат и да ја доживеат Македонија како слободна обединета и самостојна. Многу од нив не се вратија меѓу своите, ги изедоа ќелиите на туѓите зандани.

Тие сите никогаш не го загубија угледот пред својот народ, инаку беа судени во “негово име” не ја загубија својата чест, ами ја воздигна во височините на убавината!

Ништо од ова немав сетено, а сега не сме унижени, стоиме простум со луѓето што го рехабилитираа татко ми во тага и очај, останавме меѓу запустените гробови.

Одеднаш сосема јасно сите ја почувствуваме безначајноста на сопствените несреќи и страдања.

Можеби отсега некој ќе ги препознава во мене Румена и Добрина Сувогорски од леринските села во Македонија каде сега владее пустината во родниот крај...

II дел ***