Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Wanderers

ПРИТАЕНОТО ЗЛО ИМАЛО ЛИЦЕ И ИМЕ А СЕ ПРИТАЈУВАШЕ ЦЕЛИ 70 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНСКАТ

Par Стојан Кочов · Partie 42 sur 46 · Environ 13 minutes

Lire en English Lire en English Lire en Македонски

ПРИТАЕНОТО ЗЛО ИМАЛО ЛИЦЕ И ИМЕ А СЕ ПРИТАЈУВАШЕ ЦЕЛИ 70 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈАВТОРАТА АКСИОМА

Како и зошто Македонската приказна остана во сенка. Од октомври 1946 година кога Тито им ги отстапува (1946 г) егејските Македонци (како робовите - моја забелешка) на Захаријадис до 27 август 1949 година (кога заврши војната под раководство на КПГ).

Но да не заборавиме дека Втората внатрешна стратешка пречка за револуција на Македонцте за обединета Македонија беше истотака промената на етничкиот состав на населението во Ег. Македонија со донесувањето на новородното население од колу 660 илјади, кое беше донесено по поделата на Македонија 1913 година. (Тоа население беше со христијанска вера, но не беа исти по етничка основа. Тие беа од разни националности-Ерменци, Туркофони и др.)

Како можеше да се заборави дека во Грција над Македонците е вршено етничкото чистење, токму во годините од (1913 - 1940) година? Многу познати се фактите кога преку дипломатски трампи исчезнаа неброени Македонци, токму од Македонија под Грција. Душите им ги сомле историјата по потпишаните конвенции и нивното иселување.

Грција, по освојувањето на “новите предели”, наместо почитување на правата на Македонците, таа почна со етничко чистење. Тоа го правеше со конвенциите:

А/ Нејскиот мировен договор потпишан на 27 ноември 1919 година по меѓу Грција и Бугарија. Грчките власти до 1925 година по силата на оваа конвенција речиси 86. 571 Македонци беа принудени од своите родни огништа да заминат за Бугарија.

Б/ Потоа уследи и Лозанскиот мировен договор потпишан во 1923 година за задолжителната размена на населението меѓу Грција и Турција. Турско - Грчката војна (1919 - 1922) беше последен историски обид на малото, но амбициозно грчко кралство да наметне и да реализира една дамнешна

великодржавничка политика за “Мегали” и чиста национална Елада. Со Лозанскиот мировен договор од Македонија под Грција се иселија 354.000 македонски муслимани.

Последиците од тие “легални” договори се неописив и е направен невиден геноцид и сето тоа падна на грбот на Македонците, бидејќи на нивно место беа донесени колонисти (само во Македонија) повеќе од 660.000 т.н Просфиги -Маџири, односно Пондии од Средна Азија (кои имаа свој посебен јазик и го зборуваа во Македонија, дури и за време на војните 1940 - 1949, а сесрдно беа прифатени од Македонците, кои денеска официјалната политика на Грција - ги преставува како автоктоно население од 2,5 милиони луѓе и дека тие денес се сметаат за Македонци меѓу кои е и премиерот Караманлис.

Ако наследството е идентитет, тогаш колонистите, како можат да градат идентитет на нашето староседелско вековно македонско наследство?! Но, како самата држава, така и комунистите, упорно градеа идентите на нашето наследство, оти нивното го оставија во Мала Азија - Пондија. Сега најголеми гласоговорници се токму тие пред светот кажуваат дека тие се Македонци!

Тие денес се преставуваат како современи Грци, но и претендираат да бидат Спартакијци и Тракијци, и Византијци и Епирци, и Македонци и антички Грци, и што уштен не! Само современите Македонци не можат да имаат свој идентитет. Но и од статистиката се знае дека токму во тој дел на Македонија (некои живееле) сега живеат голем дел Турци, Ерменци, Власи, се разбира и ние Македонците.

Ова ни покажува дека Грците успеаја да внесат контрадикторност во многу заемно исклучиви дефиниции и да исконструираат свои “научни” одговори, согласно на одамна воспоставените версајски гледишта кон Македонија и кон македонскиот народ. Тие отидоа до таму што посакаа да извршат дури и “трансплантација на душата” за во Македонецот постепено да почне да се губи здравото татковинско чувство.

Грците со својата стратегија се покажаа најжестоки во стилот: “Треба да се создаде таков принуден механизам, кон оваа специфична нова усвоена (1913) територија, бидејќи беа длабоко уверени дека македонското јадро како посебен етникум, никогаш нема да биде лојално кон грчката држава и настојуваа да ги озаконат сите геноцидни зафати како што се:

а) Доселувањето на инородно население.

б) Преименување на имињата и презимињата, на топонимите и на се: што е македонско на грчки јазик исклучиво само во тој дел на Македонија под Грција со закон (“Ефимерис тис Кивернисеос” бр. 332 од 21 ноември 1926 година). Во цивилизираниот свет се знае дека никој не смее да има монопол над именувањето и над имињата: тука спаѓаат името ма територијата, на луѓето, на предметите, на јазикот и на секој поим што со векови го употребувале староседелците. Тоа во Европа го направи само Грција.

Станува збор за промена на топографијата, на душата на македонскиот народ во Грција. Со таквата сурова стратегија, се тераше македонскиот народ на заборав на сопствениот културен идентитет. Целта на окупаторите им беше: да го изменат гравитационото јадро на македонското самостојување и вековното самопотврдување и да се напуштат тајнствените алгоритми запишани во вековниот егзистенцијален код и на сето тоад а им се даде грчки код. Да се избрише целокупната македонска цивилизација која со векови беше обликувана врз иманентни аксиолошки стандарди, изградени врз основа на определени функции на културата, без кои не би била можна егзистенцијата на човечкиот род. Со таа топографија ние Македонците, (токму од тој дел на Македонија), било кај да сме по светот и ден - денес се идентификуваме и се бараме по светот.

в) Метаксовата диктатура - позната од 4 звгуст 1936 година, кога генералот Јоанис Метаксас прогласи диктатура во Грција. Режимот посебно остро се спротиставуваше и го казнуваше македонизмот, изразуван било како опстествена дејност или само преку говорење на мајчин јазик. Многу локални жители на

Македонија под Грција завршија во суровите затвори и по островите.

По иронијата на судбината, се случи обратно НОФ и АФЖ стануваат најсервилни и најпонижени како организационо движење што македонскиот човек го познава. Во почетокот на пропагирањето и дејствувањето многу Македонци веруваа дека НОФ и АФЖ е судбински да станат продолжуватели на Илинденците, но за жал, за таа грешка мораше да се плати со огромна цена од 20.000 жртви и најголемо етничко чистење, а живите да не можат вечно да се вратат на своите огништа.

Тито со таквиот трансфер - ставањето на македонското ослободително (кое барем така се викаше во периодот на 1945 година) движење во Егејскиот дел на Македонија под команда и во состав на грчкото комунистичко движење, значи радикална промена на стратешки македонски цели а тоа значеше повеќе од безморален чин, бидејќи за тој период на време од 14 октомври 1946 година македонските организации НОФ и АФЖ под раководството на инструкторите на ЦК на КПМ го имале мобилизирано повеќе од 80% токму на тие програмски цели. Сега по овој идеолшки трансфер од борбата за правата на самоопределување, се турка во борба за Социјализам во Грција, во која ќе уживаат рамноправност и рамннограѓанство како национално малцинство. Тоа значеше дека програмските цели и задачи на НОФ кој му ги соопшти Цветко Узунов - Абас не важат.

Македонските организации (НОФ и АФЖ) со ничкосан углед пред новиот господар Захаријадис - КПГ почнаа уште една однапред изгубена битка во еден типичен на тоа време -деклариран демократски централизам и тоталитаризам. Ете, како македонскиот народ, сега со новите препораките од оние кои до вчера што му пропагираа “Обединета Македонија” треба сега да продолжи да ги брани изгубените битки.

Што ова значеше за Македонците кои до вчера членуваа во НОФ, АФЖ и НОМС, кои од “бранители на национални борци -за македонската нација” по нечија наредба се трансформираа -

преминале во “војници на ДАГ” - борци за социјализам во Грција.

И, што се случи? Зошто не се остварени суштинските стремежи на Македонците, а на фронтовите погинаа повеќе од 20 илјади Македонци? Кој е виновен за изневерените надежи? Како се пишуваше мрачното историското досие. Каков интерес имавме ние Македонците од Граѓанската војна?!

По овој чин, во т.н “Слободната територија” од која беше поголемиот дел во Македонија и дел во Епир, генерал Маркос почна со масовни мобилизации. Мобилизираните, се распоредуваа во воените единици дури и 10 до 20 во иста единица од исто село и во битките имаше случај да погинат повеќе борци од исто село, па дури од поблиски по род. Генерало Маркос, се понашаше како господар.

Битките на мојата генерација, со нови илузии низ идеолошкиот активизам.

По отстапувањето на Тито, македонските лидери на НОФ и АФЖ беа со намера инсталирани во штабовите како “одговорни за Македонците во Штабовите на ДАГ - беа најголемите сејачи на илузии”, само за да не уверуваат дека само со жртви македонскиот народ ќе дојде до слобода.

Сега, НОФ и АФЖ на генерал Маркос, му служеа како сервис, а тоа не важеше за цела Грција. Последица на таквите мобилизации доведоа до жалосна положба и секој се прашуваше: зарем било можно само од едно село да загинат толку луѓе. Ние Македонците во ДАГ сега требаше да се бориме за демократски вредности, но тоа по наредбите на новите господари кои никогаш не сме го правеле со демократски методи, посебно спрема македонскиот селанец и целокупното цивилно население се однесуваме со брутални и диктаторски методи. Луѓето беа масовно регрутирани постари мажи и жени, децаде одземени и сите ние гиневме за демократска и социјакистичка Грција.

Која е вистината? Што се случи со Македонците кои беа намамени од НОФ и АФЖ за “Обединета Македонија”? Дали навистина има некакво “ПРИЗНАВАЊЕТО ОД КПГ” и е договарено со Македонците? Или е договорено со тие на кои до вчера манипулираа со нас и им станавме слуги? Сега на НОФ и АФЖ по “братството и единството” им недостигаше политички идентитет. Тие и така хронично страдаа од недостиг на принципи: принцип е основна вистина или појдовна позиција која служи како темел за изградба на систем, уверувања и однесување спрема сопствениот народ. Ако тие како политичка партија (која го кренала народот во востание) отстапила од принципите (темелните вредности) на кои ја заснова политичкта идеологија и сега ги жртвувала за дневни потреби и интереси, таа во очите на македонскиот човек станува не одговорна - шкарт.

Македонците, спрема договореното Тито и Захаријадис ќе треба да ја измени програмската цел на НОФ во која сега ќе гласи: “НОФ и АФЖ ќе се бори во сојузот со грчкиот народ за спасување на македонскиот народ од физичкото истребување”.

Идеолошка офанзива со својот космополитизам (против македонската национална свест) страшно го разниша македонскиот староседелски корен.

Состојбите беа уште пострашни, бидејќи тие потекнуваа од највисоките политичари (на НОФ, АФЖ и КПГ). Политичарите, дури и во Граѓанскат војна, негуваа опасни анахронзми во нашето национално опстојување и живеење, напаѓајќи ги своие политички противници - комитите и сите тие Македонци кои не гледаа никаква корист од таквата војна. Дали (НОФ и АФЖ) беа свесни колку со тоа го оптоваруваа и го навредуваа својот сопствен народ, а посебно младите македонски поколенија (деца на комити и деца на партизани-комунисти). Дали беа свесни колку им ја заматуваа младата душа и нивната национална свест.

Во заклетвата на борецот во редовите на ДАГ во основа се вели: Јас син на грчкиот народ борец на ДАГ (Демократската армија на Грција) ќе се борам за да го одбранам интегритетот и

безбедноста на државните граници на татковината-Грција... и.т.н.).

Нови (слепи) патишта на слободата низ големиот идеолошки систем - “Братство и единство”. Македонците се најдоа пред тупаницата на омразата и им се нудеше само лажна надеж.

Парадоксално, но човековите права по “Братството и единството” од октомври 1946 година, Македонците се најдоа на листата на ДАГ (Демократска Армија на Грција), која по заповебед на своите политички лидери (Тито и Захаријадис) и Македонците војуваа во нивно име. Потоа, не се видоа ни човечки права и ниту биле ценети како човечки суштества. Семејствата на сите се раслоија и разделија што скоро ни по полавек на можеа да се приберат. Не во своите прадедови домови насопствената земја, туку низ целиот свет стана жртви на поданството. Тоа беше цената која требаше да ја платат Македонците.

Човечкото во Македонецот, кои сакаше да живее и божественото во него што живееше со векови и неизмерно си го сакаше прадедовото, за жал, мора да признаеме дека ни беше уништено, токму од нашето неконтролирано поданство: да не разменуваат како робови.

Се покажа дека нашето македонско простумение, не го сакаше ни Тито, а најмалку Захаријадис и тие добро знаеја дека таа војна нема никогаш да победи.

Раководствата на македонските организации НОФ и АФЖ, поразени од страотното сознание дека ништо нема од она што им го кажал при нивното формирание во Скопје Македонските доброволци и сиот македонски народ кои беше организиран за таквата цел, не можеа лесно да се оттргна од чувството дека некој зад нивниот грб во војната се договорал за таквата измама. Тие Беа посрамени пред македонскиот народ, бедни, базрадосни, очајни живееа со страв од клетва.

Многу од нив се прашуваа: “Треба ли да тргнам и да продолжам, по овој пат? Или треба да му објаснам на мојот народ дека сме лошо намамени...”

Но, ние борците (и обичниот македонски селанец), тоа не го знаевме и редно е да си признаеме дека добро соработувавме како жртви во секој поглед на политиката што ја водеа овие лидери спроведувајќи ја преку НОФ и АФЖ, но и по војната со презентираната секторска историја.

По “братството и единството”, македонските организации НОФ и АФЖ, беше повеќе од јасно дека битката за “Обединета Македонија” беше изгубена, тогаш зошто токму овие организации го повикуваа македонскиот народ да ги следи!

По овој чин: поразена беше во македонските организации НОФ и АФЖ, моралот, радоста, надежтаи самодовербата на Македонците под Грција!

Значи: Историските фактите кажуваат дека: Врз основа на одлуката меѓу Тито (КПЈ) - Захаријадис (КПГ) од 14 октомври 1946 година, набрзо пристигнаа претставени: Караиванов од КПЈ и Јоанидис од КПГ и ја прогласија следната спогодба: “Македонските организации НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзините раководства поминуваат во целост под КПГ, а вооружените мали македонски единици во единиците на ДАГ под раководство на генерал Маркос”.

Значи , се е договорено на рамниште на државност: Југославија и Грција (КПЈ и КПГ). Тоа значи, строго се придржуваа спрема Букорешкиот договор 1913 година и распутањето на организација ВМРО (об), настапува уште еден тежок удар на македонскиот народ во Ег. Македонија.

Сето тоа ме потсетува на макотрпното наше признавање и не признавање од КПГ Грција и КПЈ Југославија во далечниот период кога КОМИНТЕРНАТА (Комунистичката интернационала) по поделата на Македонија имала погрешна политика во однос на Македонија и македонското национално прашање во периодот од 1919 - 1923 година. Таквата политика

била заснована тезата дека во Македонија живееле преставници на сите балкански народи и ниту еден од нив не преставувал апсолутно мнозинство и затоа македонското прашање било третирано како географско македонско прашање, не како македонско национално прашање.

Комунистичката интернационала, признавањето на македонската нација како етничка реалност ја призна по разговорите водени помеѓу Коминтерната и ВМРО, кои интензивно се воделе во Виена во 1923 година. Во декември истата година бил потпишан еден “проект за спогодба меѓу ВМРО и руската советска република”.

Исто така, во Декларацијата на ЦК ВМРО од 29. 11. 1924 година, ВМРО се обврзувала дека ќе се бори за ослободување и обединување на Македонија во една самостојна држава во своите природни, етнички и географски граници.

И во резолуцијата на Петиот конгрес на Коминтерната (Москва, 1924), се вели: “македонското прашање се поставува како национално прашање” и Македонците ќе се борат за “обединета и независна Македонија.”

Во манифестот на ЦК КПГ, кој бил донесен веднаш по освојувањето на политиката за “обединета и независна Македонија” на Третиот вонреден конгрес во 1924 година.

А што да речеме ние Македонците под Грција, за мамката во Граѓанската војна, што била проектирана од КПЈ и КПГ и доживеавме ископачување од многу вековните огништа!?