“НАПРЕД ВО БЛИСКОТО МИНАТОТО! ЗА ‘ГОЛЕМИТЕ ВАЗАЛСКИ ПОЛИТИКИ’ И ‘УСПЕСИ’ ВО ГР
“НАПРЕД ВО БЛИСКОТО МИНАТОТО! ЗА ‘ГОЛЕМИТЕ ВАЗАЛСКИ ПОЛИТИКИ’ И ‘УСПЕСИ’ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА!!?”
Таква беше психологијата на секојдневниот живот. Живеевме во еден хаос на поединечна и на колективна параноја. Нашето трагично разидување не имаше доведено до многу далеку од реалноста. Таквата прегратка, со авторитетот, беше прегратка на самоуништување. Таквата послушност беше акција со крајна политичка цел и тоа со нас Македонците се случи.
Останува горливиот факт: дали ова сурова Титова добрина, стана причина за една македонска трагедија?
Таквата мамка Македонците ја доживеаја како најзастрашувачка и како таква ја паметат. Но и сега, по оваа реалност што се обелоденува по 70 години е шок за здравоумниот човек. Читателот е принуден по неколку пати да го прочита и да се запрашува: Зошто тоа ни го направија Тито (КПЈ) и Колишевски (КПМ)? Зошто!? Секој прогонет надвор од татковото огниште се опитва и бара одговор... Но, да ги проследиме настаните, трагајќи по вистината...
“Кога вистината ќе почне да се движи, ништо не може да ја запре.” Емил Зола (1840 - 1902)
Како можеле КПМ и членовите ЦК на Македонија да дозволат и да го намамат македонскиот народ од Егејска Македонија кога се знаеле следните ставови на Тито по прашањето за Обединувањето Македонија и по македонското прашање биле спротивни:
- Јосип Броз - Тито во текот на втората светска војна упорно се залагаше за задржување на предвоените граници со цел да се сочува Версајска Југослвија.
Акцијата на една поголема група Македонци борци и активисти од Костурско и Леринско во мај 1944 година намамени да се отцепат од ЕЛАС и да се вклучат во Титовата армија ја оквалификува како екстремна и штетна и отцепените им ги врати на Еласитите во Грција. Но, Тито, добро знаел дека овие луѓе го отворија конфликтот и пребегаа во Југославија, а конфликтот остана не решен.
Не сомнено е дека кај овие Македонци патриотизмот и националната определба им беше изразена на највисок степен, но во политиката нормално, се прават грешки. Но, кога суксесивно се повторуваат истите грешки, тогаш станува збор за елементарно незнаење, политичко слизнување и глупост. Сите конфронтации, расправи, земања - давања, инаетење на релација Македонци - Грци завршуваше секогаш во полза на Грција. Зошто? Затоа што тоа го бараа западните сили на чело со Тито.
Каква била дипломатската игра на Тито (КПЈ/КПМ) за иднината на Македонците под Грција, токму по завршувањето на Втората светска војна на почетокот на 1945 година? Никакваа! Македонците под Грција станаа и едни од најголемите жртви (20.000) на комунизмот и митот на југословенството. Токму Македонците (викани Егејци), на КПЈ/КПМ - Тито му послужија како монета за поткусурување на Титовите амбиции за владење со балканот?!
Додека во текот на војната Ј. Броз - Тито го застапуваше ставот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе ги остварат
своите аспирации во рамките на грчката држава, по договорот во Варкиза од 12 февруари 1945 година забележуваме радикална промена на ставот.
Положбата во Н. Р. Македонија и Ставот на КП на Југославија. Паролата и националниот став.
- Зошто на Срем, а не на Солун? (на кратко: поопширон следи).
Ете, како се случи: бунтот на скопското кале и штип: Недела претпладне, 7 јануари 1945 година - Божик. Во офицерскиот дом на плоштадот во Скопје се одржува Вториот Конгрес на Народната младина на Македонија. Стотици војници, вооружени, се симнуваат од калето и преку Камениот мост доагаат пред Офицерскиот дом. Со транспаренти, извикувања, мешаница, пароли “Не сакаме на Срем, сакаме на Солун” и “Не на Берлин, туку на Солун”. ОЗНА почнува да ги апси. (Види: Фокус, стр, 24, Мај 2009 година).
Анализирајќи го овој проблем и познавајќи ја ситуацијата во Грција, мојот став е: Паролата : “Не на Берлин - туку на Солун” значеше акција против конечната пресметка со фашизмот и окупацијата. И нешто пострашно бидејќи поголеми воени силни на Велика Британија беа стационирани во Солун и за Македонија значеше катастрофа. Значи требаше да почне војна против англиските трупи кои веќе беа стационирани во Солун, а силите на ЕЛАС влегоа многу покасно и најверојатно Черчил тоа го направи со умисла за голема и сигурна безбедност за Грција, да биде токму така. (Следи по поопширно во следните поглавија).
Така, тоа не беше само манипулација со светите чувства на Македонците за обединета Македонија, ами растурање на тукушто создадената и единствената македонска држава. Но, сега проблемот е: Зошто Тито (КПЈ/КПМ) ги создават македонските организации по непол два месеца со цел да ја присоедината Ег. Македонија кон Југославија?
Сега ги има доволно фактите кои ни овозможуваат да го обелоденине нашето минато. Ако фактите се света работа, уште
на почетокот треба да се каже дека низ петогодишниот период на Граѓанската војна немавме национални нишани со кои можеме да ја наречеме МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИЈА (Со ниеден национален симбол знамето кое за војникот претставува амајлија и други битни национални елементи), како што тоа го правеше историчарот Кирјазовски во досегашните негови книги со искривените факти. Но тој, и сега во својот епилог на оваа книга, внесува стари и неодржливи заклучоци и пишува: “...направен е обид да се даде почит на величествената борба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, која имаше длабок национален и прогресивен карактер...?” И понатака пишува: “Оружената борба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во периодот 1945 - 1949 година преставува продолжение, односно континуитет на поранешните борби за опстанок, и за политичка и национална рамноправност и слободи.” (215, 216)
Дали Граѓанската војна имаше елементи да се нарекува “Македонска револуција?” или 60 години, само ги залажуваме генарациите? Колку што јас знам (како учесник во таа војна) низ сите тие сурови борби, не видов македонски белег (отсем “одговорни за Македонците” поставени од КПГ и ги користеше за свои цели), а на боиштата дадени се повеќе од 20. 000 жртви. Но, јас сакам да прокоментирам за само еден национален значај што важи кај сите народи - знамето.
Ние Македонците, го немавме нашето знаме, а во светот е познато: Занмето на државата што го олицетворува духот на општеството. Под него се тргнува во напад, бидејќи се смета режиси за олицетворение на татковината: војниците му се колнат на верност, а неговата загуба е срам за секоја војска. Но, освен тоа, знамето ја остварува врската меѓу народот, земјата и управувачите. На борбеното поле, во старите времиња, под него стои кнезот - војводата, токму по него се ориентираат воините за време на битките. А во мирно време стои до тронот, грижливо чувано до новите борби.
Ме потсеќаат кадрите од “Парадата на победата” во 1945 година: Во Москва по црвениот плоштад Германците носат
наведнати германски знамиња и со биење на барабаните ги фрлаат под ѕидиштата на Кремељ.
Тоа беше некаде во 1950 година, кога по ликвидацијата на ДАГ (за грчката држава бевме нарекувани бандити и долго време не ја признаваше како Граѓанска војна) и бевме емигрирани во СССР и од тогаш се уверив дека со нас Македонците нешто недостојно се случува и несме никакви македонски револуционери, туку нечии обични жртви. Тоа ми се потврди и најтешко ми стана кога со голема радост се вратив во Н. Р. Македонија, и сите ние борци во редовите на ДАГ поминавме низ Удбашките испитувања во КПД “Идризово” и потоа сместени по прифатилишта, а сите функционери на НОФ и АФЖ беа пречекани со државни почести и сместени во удобни станови и на државни функции.
Значи, не била случајно туку така пишувана “историјата за егејците” и таа била пишувана со цел и затоа не треба да имаме никакви илузии, туку макотрпно, објективно и аналитички со историските факти кои ќе ни овозможат да ја согледаме трагедијата на Македонците од Егејска Македонија, а не да ги оправдуваме потезите на сите оние кои го донесоа злото и го измамија народот.
Историчарот да зборува за македонска стратегија, дека е одредена од нас Македонците под Грција е надвор од контролата на разумот. Глупоста е вечна, но е неморална велеше Сократ, ќе ја сватиме како дел од човечкото постоење, на која сепак би требало да се спротивставиме.
Не знам зошто, се криеме зад прстот и немаме смелост докрај да ја кажеме вистината на македонската трагедија за која сите аргументи зборуваат дека тоа беше ЗАГОВОР.
Останува некоја идна генерација на историчари да го почне одново процесот на подетално истражување што ќе беше одамна неопходно на националната историја на македнскиот народ од Ег. Македонија. Зошто? Затоа што времето од 70 годишен период, ни потврдува дека оние Македонци кои не го чувствуваат извршениот геноцид над Македонците од Ег.
Македонија, тие не ќе можат да ја сфатат македонската трагедија, што ни се случи токму во таа војна (1945 - 1949) и се што ни се случува денес со името и идентитетот наш. Можеби има сили кои сакат сето тоад а остани: ТАЈНА НА СТОЛЕТИЕТО.
Во студијата, истражувања од областа на историографијата на Македонците под Грција за големите преселби на Македонците од егејска Македонија во судбоносните идеолошки години на поданство (1945 - 1949), покажува дека уште не ја свативме стогодишната борба што ја водат Грците низ историјата на идеолошката фашисоидна политика со геноцидни цели.
Во таа уништувачка војна; омразата, алчноста, амбицијата и повредените чувства биле движечка сила во невиденото (дури и меѓубратојадско) истребување на Македонци - комити и комунисти. Во таа идеолошка војна, се уништи македонското семејство, како што вели Џовани Манцини: “Семејството е татковина на срцето”.
Се прогонија и уништија илјадници семејства, а во одредени региони се уништие еден голем дел од македонската вековна култура, јазик и се што беше македонско. Така остана само во мислите на прогонетите; запишано; со крв, солзи и плач. Значи, тоа беше време на универзална измама...
И како што вели англискиот новинар и писател Џорџ Орвел: “Во нашето време не постои нешто како ‘незанимавање со политика’. Сите теми се политички, а самата политика е збир од лаги, избегнувања, будалаштини, омраза и шизофренија.”
Студијата преставува изворно сведошто од тајните архивски документи од повеќе држави во светот и автентично се проследени грозоморните процеси на извршениот геноцид врз Македонците во Грција. Истражувањата на воено историското -политичката студија, се правени темелни анализи од: Стогодишната борба на Македонците под Грција низ историјата на идеолошката фашизоидна политика. Гледано од денешна перспектива ороводец во желбите да ги снема Македонците од Грција не би можел да биде некој друг освен самите Грци кои
владееле со Грција. Тие настапуваа со геноцидни цели и од таквите зафати се извлекувани релевантни оценки од повеќе аспекти засновани врз изворни и провери материјали. Со Факти и аргументи се обелодени ЗАГОВОРОТ: кои и како ја режирале (по Втората светска војна) стратегијата за геноцидот над Македонците во Грција?
Граѓанската војна заврши со 20.000 жртви, масовно прогонството кое продолжува и не решено македонското прашање во Грција, ние останавме класични заложници на минатото.
Од како војната заврши, ние учесниците на ДАГ (Демократската Армија на Грција) бевме третирани како збунета генерација (посебно по враќањето во матицата Република Македонија кога сите обични војници поминавме по ситото на ОЗНА, а раководителите на НОФ и АФЖ, беа пречекани со почести и заслуги). Така збунети ние борците на ДАГ, бевме препуштени на времето; полека, полека да го завршиме животниот циклус. Преставувавме уплашена генерација, без кредибилитет да проговориме за тие историски настани, небаре сме биле виновни како борци за неуспехот на Граѓанската војна.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/40 le 29 octobre 2026