Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)

Front Matter - Part 09

Par Riste Bunteski — Bunte · Partie 9 sur 21 · Environ 20 minutes

Lire en English

Насилието је многу поголемо од колку во стара Бугарија, а за права и слобода да не се говори. Од војната наваму сет истепани околу 3 илјади најнапредни, најверни синови на македонскиот народ, само зато зошто нејкеја да бидат

108 Исто, стр. 3.

поробени, некеа да бидат експлотирани колонијално, а сакаја слобода и равноправије.

Длабоко можи да се разбери оти можи да биди само оној народ

. 109 носител Ha слободата, који сам се ослободил".

Со изнесеното во овој напис [IK го повикува македонскиот народ во борба сам да си ja избори слободата и да не чека никого, го повикува во борбата против српската и бугарската монархија, односно во борба против бугарското и српското колонијално ропство, а се подразбира со тоа и против грчкото.

5. Народи на Југославија! Проглас на ЦК КПЈ по повод априлската војна 1941 година Во овој документ најголемо внимание му е посветено на хрватскиот народ, иако го носи горниот наслов. Во него се истакнува: “Знај, хрватски народе, дека историјата со презир ќе ги осуди тие што твојата божемна независност ja градат co Јудини талири и врз ропството на своите крвни браќа-српскиот, словенечкиот и другите народи". Македонскиот народ не се спомнува на ова место. Понатаму по подолго објаснување за положбата на хрватскиот народ, стои: “Народи на Југославија — на Србија, Слобенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Војводина! Вие, кои се борите и гинете во борбата за својата независност, знајте дека таа борба ќе биде крунисана со успех, па макар вие сега и да подлегнете во таа борба против надмоќниот непријател". !!“ Во телеграмата на Георги Димитров до Јосип Броз Тито од 22.111.1941 г. се вели: “Препорачуваме да се заземе решителен став против капитулацијата пре Германија. Да се поддржува движењето за сенароден отпор спрема на воена наезда. Да се бара пријателство со Советскиот Сојуз.

Не е потребна сега општобалканска декларација и нема потреба да се истакнува специјално македонското прашање. Да се 9 Билтен на ПК КПМ од септември 1940 год. бр. 3, стр. 1-3.

Ho Собрани дела Ha Тито, кн. 6, стр. 243-245.

истакне паролата за борба против националното угнетување и за ослободување на национално потиснатите народи". Hi Bo телеграмата испратена од Димитров до Tuto од 222.111.1941 година, само по пет дена, стои: “Изрично советуваме на оваа стапа да се ограничите на интензивно и умесно објаснување на масите за ставот што сте го зазеле, но откажувајќи се од улични демонстрации и на секој начин избегнувајќи оружени судири на масите со властите... Вниманието насочетего на објаснување на нашите принципи и пароли, на нашата комунистичка политика;

на зацврстување на Партијата, на збивање и организирање на силите на работничката класа. Не истрчувајте се. Не ставајте ја под удар и не фрлајте ja предвремено во оган авангардата на народот... Уште ни оддалеку не настапил моментот за решителен судир со непријателот". He Поради овие становишта покасно ќе дојде до недоразбирање помеѓу ПИК на КПМ и LIK на КПЈ по прашањето за одбрана на постојните граници на Југославија.

ЦК на КПЈ во првата половина на март 1941 година издава леток под наслов “ПРОТИВ КАПИТУЛАЦИЈА" - ПАКТ 3A ЗАЕМНА ПОМОШ СО СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ" со кој повикува: “Работници, селани, граѓани, војници, подофицери и офицери на Југославија! Против империјалистичките разбојници од двата војувачки табори, како англискиот, така и германско-италијанскиот кој го пренесоа своето крваво воено оро на Балканот". Објаснувајќи ја состојбата и положбата на народите, се предлага: “Денес треба погласно од секогаш сиот народ да го крене својот глас на протест секој обид на капитулација пред барањата на германско-италијанските империјалисти, како и против секој обид готовноста на народите на Југославија да ја бранат својата слобода и независност да се спрегне во колата на англискиот империјализам. Пред нас сите денес неумоливо се поставуваат само две можности: или народите и работните маси на Југославија ќе успеат во дванаесеттиот час да извојуваат пакт за заемна помош со Советскиот Сојуз и со тоа ќе ја спасат својата

"Hero, стр. 277.

"2 Исто, стр. 277.

независност и мирот; или режимот Цветковиќ-Мачек ќе ги одведе народите на Југославија по патот на војна" !!" Се повикува на организирање на протесни собранија и митинзи со цел да му се објасни на народот дека секое распарчувае на земјата на народите на Југославија може да им користи само на империјалистичките воени експлоататори и освојувачи, а дека треба да се борат за полна слобода и равноправност на угнетените народи и национални малцинства на Југославија.

Против пристапувањето на Југославија кон Тројниот пакт или кон англискиот империјалистички блок. За неодложно склчување пакт за заемна помош на Југославија и Сојузот на СОР. За овој леток стои дека е пишуван во почетокот на март месец, а дека е објавен и растурен во средината на истиот месец. Но, имајќи ја предвид телеграмата на Димитров до Тито испратена Ha 22.Ш1.1941 година, по се изгледа, е пишуван по добивањето на телеграмата.

На 30 март 1941 година ЦК на КПЈ издава леток под наслов “НАРОДИ НА ЈУГОСЛАВИЈА" во кој се вели: “Овие денови бевме сведоци на нечуеното предавство над народите на Југославија од страна на минатата влада на Цветковиќ-Мачек...

и пристапи кон Тројниот пакт на Оската. Под силниот притисок на народниот револт на чело со КПЈ, таа против народна предавничка влада заедно со Павле Караѓорѓевиќ беше урната и ja замени новата влада на Душан Симиќ, од која народот има да очекува дека ќе ги изврши негоите барања кои за народните маси преставуваат прашање за нивните слободи, за нивната независност, нивниот опстанок, нивниот живот, за нивниот спас од војните стравотии, барања што значат мир, леб и слобода".

Понатаму се вели: “Дојде до промена на владата, но се уште не се гледа Јасна промена на досегашната внатрешна и надворешна политика. Новата влада уште не се изјаснила за тоа како ќе се однесува спрема Советскиот Сојуз, дали ќе го раскине предавничкиот и капитулантскиот договор за пристапување кон Тројниот пакт кој претставува срамота и понижување на нашите народи". На крајот се извлекува заклучок: “Не сакаме империјалистичка војна, не сакаме да бидиме оружје во рацете

"3 Исто, стр. 233.

на англиските империјалисти, како што не сакаме да бидеме робови на германските империјалистички освојувачи и крвници на многубројните поробени народи! Сакаме мирен, слободен и достоен живот кој во овој момент можеме да го осигуриме само ако се потпреме на Советскиот Сојуз, ако им се дадат на народите на Југославија демократски и национални права и слободи". !“ Во овој леток поголем простор е издвоен за проблемите на хрватскиот народ и посебно се повикуваат работниците, селаните-граѓаните на Хрватска. За другите народи во Југославија нема ништо посебно, а македонскиот народ воопшто и не се спомнува. Се зборува за соборување на претходната влада и на Павле Караѓорѓевиќ, а не се кажува дека новата влада дојде и го зазеде престолот Петар Караѓорѓевиќ и се прогласи за полнолетен крал на СХС кој бил во тој момент на англофилска линија. Зар можело да се очекува од една ваква влада на чело со монархот да ги задоволи интересите на народот? Во овој однос се поставува, пред се, прашањето на одбраната на земјата од страна на народот кога не е формирана народна влада, туку влада на монархија која стои на страната на англискиот империјализам. Во телеграмата испратена од Димитров до Тито од 29 март 1941 година стои: “Изрично советуваме на оваа етапа да се ограничите а интензивно и умесно објаснување на масите за ставот што сте го зазеле, но откажувајќи се од улични демонстрации и на секој начин избегнувајќи оружени судири а масите со властите... Не истрчувајте се... Не ставајте ја под удар и не фрлајте ја предвремено во оган авангардата на народот. Уште ни оддалеку не настапил моментот за решавачки судир со непријателот". !!?

6. Писмо од Методија Шаторов од мај 1941 година до “Стојана" Во ова писмо Шаторов, секретар на ПК на KIIM, ги искажува оценките и ставовите по окупацијата на Југославија од страна на фашистичка Германија и Италија. Во него стои: “Последниве недели, две големи империјалистички држави: Германија и Италија нападнаја две балкански држави (Југославија и Грција)

" Hero, стр. 239.

5 Исто, стр. 278.

и со млненосни удари разбија армиите и ги окупираја".

Изнесувајќи свои гледања за причините, за брзото распаѓање на Југословенската армија, за состојбите во Македонија констатира: “Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски. Овај факт нас не интересуе како Македонци, кои половина век сме се бореле како Македонци, за национално и политическо ослобождение, како последователи на водачите и основателите на македонската внатрешната организација на чело со Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев и Димо Хаџи Димов". И понатаму во своето искажување следи: “Јасно е како бел ден, оти Македонците не се борат само за да имат свој попови и даскали... Македонците се борат за своја национална и политичка слобода. Некој Македонци-врховистите сакајат да кажат, оти борбата на македонците е свршена со окупацијата на Македонија от страна на гермаснки, италијански и бугарски војски. Дали това е истина. Но, ни не може да биде, зато што Македонија не доби ни национална и политическа слобода. Денеска не само Македонија, ами целиот Балкански Полуостров (без турска Тракија) е окупиран од армиите на Германија и Италија, со прилепените бугарски војски". Изнесувајќи се за постапките на бугарската окупаторска администрација, која од друга страна се прикажува како ослободител, Шаторов констатира: “Со право се праша секој честен Македонец: Каква ли е оваја слобода, штом Шумадинците се заместени со Бугари, а Македонците се држат под карантина". Анализирајќи ги состојбите во Македонија по окупацијата, во ова писмо Шаторов за излезното решение за решавање на ова писмо Шаторов за излезното решение за решавање на македонското прашање заклучува: “Праша се што да се чини. Одговор е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепење на македонската земја и македонскио народ. За таја своја слобода и равноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грцијте и Црногорците на Балканскио Полуостров, зато судбината денеска им е еднаква...

Балканските народи денеска изгубија својата слобода и независноста и сите сет окупирани од тугји војски, затова и борбата за слободата треба да биде општа... Како што слушам не си бил задоволен од “ слободата". Ти си во правото, зато што во Македонија се променија само управниците, а не и системот... Се што е наше ни с прететавуе како да е било

11 бугарско". !!“

7. Проглас на ПК по повод нападот на СССР Во прогласот на ПК на КПМ по повод 22 јуни 1941 година, под наслов “МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ, HA ШТРЕК!" стои: “Зафати се војна од страна на фашистичките иммперијалистички сили Германија и Италија против великата земја на советските социјалистички републики". Оценувајќи Ја состојбата на почетокот на војната, помеѓу СССР и Германија, како и положбата на Балканот во ова време, за Македонија во овој проглас стои: “Работници, еснафи и интелигенцијо... Вие сами се убедивте на вешите плекји, оти Немците и нифните ортаци, Бугарите, дојдоа не да донесат слобода на Македонија, а да ја оплјачкајат и поново поробат. Сите македонски богатства, сиот труд на Македонецот што беше собран од српските великани во монополите, складовите и амбарите беја оплјачкани и кренати во Германија... От горе на сето това на Македонците е забранено да се викаат Македонци, а македонската култура и целата македонска 50-годипна борба за слобода и равноправие от страна на бугарските завоеватели се претставуе не како македонска, а како бугарска. Насилието против Македонците от страна на бугарските власти зафати... Има тепани без причина само за това што се викаат Македонци... Готват се големи насилија и арести над Македонците".

Во овој проглас се повикуваат и македонските селани: “Вие, који бефте експлоатирани от големосрбите, вашите тутуни, афиони, оризи и жита земени на најниски цени а земјата ваша беше разделена на четници, офицери и национални герои, не се чувствувате ни економски ни национално политички слободни.

Заробената ваша земја от великани и колонисти се зима от бугарската држава. На таја земја от населениците, бугарското правителство готви насилно да дотера и пресели од северна Бугарија селјаци, за да можело да претопи Македонците.

16 Извори, Tom I, кн. 1, стр. 13-18.

Бугарите врват по стапалата от Србите... Страшна експлоатација и грабеж ве чека. Се ке се носи во Германија и Бугарија, а македонскио народ ке гладува и не ке можи со пиперки и лук да се најади".

Во поднасловот до МАКЕДОНЦИ, ТУРЦИ, АРНАУТИ и ДР. се повикуваат со овие зборови: “Bo овија решителни сатови за целото човечество, кога се решава судбината на народите за вечни времина - должност е на македонскиот народ, заедно со другите народи, да ја покажи својата солидарност, своите симпатии спрема великио советски народ, зато што таму е изградено братството и равенството на народите за који братство, равенство и слобода нашио македонски народ даде илјади крвави жертви... Борбата на СССР против Хитлера е и ваша борба, за слобода, за правда и равноправие против фашистката диктатура, против империјализмо и колонијалното ропство... Хитлер треба да биде тепан! Треба да се спасат от напаста не само СССР, но и сите потиснати народи во Европа.

Дошол е саатот сите мали народи вклучително и македонскиот да се ослободат от Јаремо на Немците и Италијанците. Треба да бидат тепани и бугарските фашисти, који се спремаат заедно со Хитлера да се борат против CCCP”. !!!

По нападот на фашистичка Германија на СССР, покрај прогласот на [IK на КПМ, проглас објавува и LIK на КПЈ. Тука потребна е компарација на овие прогласи затоа што покасно е предизвикано одредено несогласување (и обвинување), а за тоа ќе стане збор покасно во овој текст.

Во прогласот до РАБОТНИЦИТЕ, СЕЛАНИТЕ И ГРАЃАНИТЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА! се вели следново: “Во раното утро на 22 Јуни разузданите германски фашистички бандити ја нападнаа големата и мироњубива држава на работниците и селаните, Советскиот Сојуз... Не дозволувајте да се пролева драгоцената крв на херојските советски народи без ваше учество. Ваши пароли мораат да бидат: ниеден работник или работничка не смее да појде во фашистичка Германија, со својот труд да ги јакне силите на фашистичките бандитие. Ниеден топ, ниедна

"Hero, стр. 19-22.

пушка, ниедно ѓЃуле, ниедно зрно жито итн. не смее во ваша помош да дојде во рацете на фашистичките злосторници". Во поднасловот “Срби, Словенци, Црногорци, Македонци и сите други пробени народи на Југослација!" стои: “Вие што стенкате под окупаторската чизма, сите вие што ја сакате слободата и независноста, кои не го сакате фашистичкото ропство, знајте дека удри часот на вашето скорешно ослободување од фашистичкиот освојувач... Борбата на Советскиот Сојуз е и ваша борба, зошто тој се бори против вашиот непријател под чиј јарем вие стенкате... Комунисти на Југославија! Не двоумете се ни момент, туку итно подгответе се за таа тешка борба. Веднаш приспособете ги своите организации и нивната работа за тој последен бој. Преземете се што подобро да ги обезбедите нашите драгоцени кадри кои денеска ни се потребни во таа борба повеќе од кога и да е... Застанете на чело на работниците и национално угнетените маси и водете ги во борба против фашистичките угнетувачи на нашите народи...

Напред во последниот и решавачки бој за слобода и среќа на човештвото".

Прогласот, објавен од ПК на КПМ по повод 22 јуни 1941 година, кога СССР е нападната од Германија, според податоците е самостоен акт на ИПК, односно го нема добиено прогласот кој го издава ЦК на КПЈ, но го добива покасно, а тоа може да се види од податокот дека Л. Колишевски, испратен од LIK во Македонија, се вратил во Белград на 23 јуни 1941 година, кој поднесол извештај за состојбите Bo ПК, кога на крајот на Јуни тито одржува состанок со членовите на Политбирото, и мора да е по 27 јуни, зашто на овој ден имало седница Политбирото, ова прашање не е поставено. Во овој однос, значи, крајот на Јуни, ако имало седница, зашто записник досега не е објавен, не се знае кој се присуствувал на истиот и што е решено. Било одлучено Л. Колишевски повторно да дојде во Македонија и тука да ја спроведе одлуката на ЦК КПЈ и да го однесе Прогласот на ЦК по повод нападот од Германија врз ССОР. Од ова можи да се заклучи ПК не знаел за прогласот на LIK КПЈ по овој повод. !!" "8 (Собрани дела на Тито, кн. 7, стр.55-59.

" Hero, стр. 335.

Во прогласот на ЦК на КПЈ од 22 Јуни уште не се повикува на вооружено востание, но само на подготовки за востание, а тоа го прави и [1K на КПМ во својот проглас. Ова се потврдува и од извештајот на Тито до ИК на КИ кон крајот на јуни 1941 година, со кој се известува за донесениот проглас по повод нападот врз СССР. Но стои и ова: “Ние подготвуваме народно востание против окупаторот, зашто народот е подготвен за борба. Јавете ни го вашето мислење за тоа. Оружје имаме доста малку. - Има ли можност наскоро да го добиваме?" !““ На 2 јули 1941 година ПК издава проглас до македонскиот народ во кој се известува за одредени состојби: “Десет дни се води крвава борба мегје два света - старио свет на фашизмо-империализмо и новио свет, револјуциониот светот на социјализмо". Во основа со овој проглас се разобличува германскиот фашизам, а се популаризира борбата на СССР. Во тој однос стои: “Да е Хитлер империалист, грабач, заробител и потисник, вие сами се убедивте от неговата политика во Македонија и от политиката на неговите бугарски вазали -фашистичката клика во Бугарија на чело со Министрите. СССР денеска, после Хитлеровското нападение, пролева крвта за заштита на својата земја, за заштита на Социалистичката татковина, за ослобождението на народите от фашискио Јарем, за слободата на балканските народи и за слободата на нашата многуизмачена Македонија. СССР се бори не за да се дај Македонија на Англичаните и на Петра Карагоргиевичи (Српските империалисти), а да биди Македонија Советска! Това е истината!" Таја истина сакајат от вас да ја скријат, за да сте врагови на СССР, за да можат германските завоеватели да ве јаваат, да ви дерат кожата, да ве оголат и држат во ропство".

Што се однесува за бугарската власт во Македонија во прогласот стои: “Бугарската фашистка власт, заедно со македонските врховисти-фашисти, секој ден преджвакат хитлеровските лаги".

ПК, завршувајќи го овој проглас до македонскиот народ, убедливо во своите ставови, и решително, тврди: “Вие требе да знаете, оти Црвената армија и СССР нема да бидат победени, а

50 Исто, стр. 61.

та ке биде победителка на фашизмо. Борбата ке биде тешка со многу жртви, али СССР ке победи, зато што тој е носач на новото, револуционото, против какпитало и спекулантите - за

: 121 слобода и социјализам".

Проглас од ПК на КПМ до македонскиот народ, размножен во Jymu 1941 година, под насловот “Пријатели на Советскио Сојуз!" Во него се истакнува: “Сите знајте оти гермаските империалисти нападнаја народите на Советскио Сојуз...

Народот во Македонија покажува како виновен (кривец)

Хитлера. Али на това неодобрение, недоволство от политиката на фашизмо сред македонските маси-бугарските империалисти и поробители, заедно со германските агенти на гестапо преследујат и апсат пријателите и симпатизерите на Советскио Сојуз. Страшен терор се врши. Бугарските полицајци и германските Гестаповци, верни на своите методи за потискане и мучене на бугарскио и германскио народвршат истото и во Македонија. Има случај у скопската полиција на млади македонски синови да се врши ужасно насилие... Бугарската и гермаската полиција прибегнујат кај методите на српските потисници, а от друга страна како за мајтап говорат “ослободифме ве поробени бракја от Србите". Во продолжение на овој проглас под наслов “ДРАГИ BPAKJA”, се констатира:

“Вие сами осетифте на вашио грв “ слободата", која донесоја Германците и Бугарите. Вашето положение е лошо. Вие сте страшно ограбени от власта и от спекулантите. Слободата, за која сте се бориле цели 50 години не е добиена. Вие добивте ново ропство, ово насилие, нов терор. Вашите децасинови от Скопје и Битола лежат уште по занданите на Косовска Митровица и другите апсани под власта на германските фашисти... Нифната кривица беше и е, оти се бореја против српските поробители и империјалисти за слободна Македонија... Каква разлика има измегу бугарските и српските потисници?

121 Извори, том И, кн. 1, стр. 23-25.

Насилието и теророт што се вршат денеска над македонскио народ нема да скрши вашата волја, вашио стремеж за слободата и поарен живот... Македонскиот народ многу е видел, многу е пренесол, многу е страдал, ке понеси и овија нови мученија.

Сатот з македонската слобода брго, многу брго ке удри. До тогај, до како удри тоја сат, долг е на сите Македоници, на сите пријатели на СССР, који следат со задржан дуф во градите великата борба на Советските народи против фашизмо, - да помогнат кој со што може на жртвите за слободата на Македонија.

“Собирајте и предавајте пари, алишта и храна за македонските мученици и славни синови!" Овој проглас ќе биди завршен со паролите: “ДОЛУ ТЕРОРО И НАСИЛИЕТО НАД МАКЕДОНЦИТЕ! ДОЛУ ВАРВАРИТЕ ОТ ГЕСТАПО И БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА! ДА ЖИВЕЈ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!" !“

8. Проглас на ПК за прославување на Илинденското востание Пред 2 август 1941 година Покраинскиот комитет на КПМ издава проглас до македонскиот народ под наслов: “До Македонците, Турците, Арнаутите и Власите! Оваја година се навршујат 38 години от великото и славно Илинденско востание". Објаснувајќи го значението и целта на Илинденското востание од 1903 година, како и неговото традиционално празнување секоја година се повикува неговото прославување да продолжи и оваа година. Меѓу другото во прогласот стои: “Илинден е денот на македонската револуција, прва во новата веке освестена историја на македонскиот народ, кои не сакаше веке да поднесуе срамното ропство, не сакаше да се мири со судбината си, со насилијата, убиствата, грабежо, рушвето и скотската експлоатација от страна на чифлик-сајбите и турската гнила администрација".

Во продолжение стои: “Илинденското востание и Крушевската република беја дело на македонскио народ, али не дело како

22 Исто, стр. 26-28.

што сакајат да го престават врховистите-денешни македонски фашисти, нито дело на бугарската држава. Бугарските фашисти-сакајат да украдат Илинденското знаме от рацете на истинските македонци, сакајат да фалшифицират македонската историа...

Македонскио народ се бореше не за монархија, не за султан и цар, но се едно каков било тој, дали Турчин или Немец, а за СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА, како равноправна членка мегју сите комшијски балкански држави. Зад секој цар, па и зад бугарскиот цар Борис се крие бесправие, диктатура, терор, насилие и ропство... Ce што е убаво македонско BO македонската борба и македонската историја, - бугарските фашисти го зедоја и представија како бугарско: Св. Кирил и Методија, Гоцета Делчев, македонските револуционерни борби, македонскиот јазик (јазикот ни бил: “кршен и звучен блгарски език") Македонската култура и традиции се представујат како бугарски, а от друга страна ве терајат да учите нифниот бугарски език... Bue видофте со вашите очи што за - “слобода" ви донесоја Хитлер и бугарските фашисти. Па и вашето право кое било закердено во најцрното турско време цели 500 години

- да избирате сами кметови - денеска това право от

“ослободителите" ви е земено. Вие сте истински робови!" Во прогласот, исто така, се истакнува дека оваа година празнувањето на Илинден е под исклучителни околности и услови, под фашистичката окупација. Објаснувајќи ги воените состојби, се истакнува: “Борбата е тешка, борбата е голема, али ќе заврши со моќната победа на СССР над Хитлера. Во това вие бидете уверени! Ке ИЗГРЕЈ ЗОРАТА НА СЛОБОДАТА ЗА СИТЕ ПОРОБЕНИ НАРОДИ BO EBPOIIA - ВОВА ЧИСЛО И ЗА МАКЕДОНСКИО НАРОД. Должност ваша е да помогнете со вашите сили таја борба на советските народи против фашизма, зато што та е едновремено и ваша борба".