Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)
“ЗА ДЕДО - Part 02
4. 4. Перо Ивановски.
5. ЦК на BPII(k).
Не ја признаваат исто така својата неактивност и грешките на “стариот Бугарин" (6). Сметаат дека одлуката Ha “Таткото" е донесена врз основа на клеветите и лагите на еден човек.
Им соопштив дека во името Ha “Таткото" ги суспендирам. Се разбира дека и тоа не го признаа. Зазедоа мошне непријателски и зајадлив став спрема “ Таткото". Особено “стариот Бугарин насекаде говори дека е “Таткото" англофилски, за диктатура на поединци, како човек со златен прстен(7) итн. Во врска со исклучувањето вели дека е тоа нечиста работа и дека тука е замешан Интелиџенс сервис(8). Мене и другарите што поведоа најостра борба против ПК, не нарекуваат фракционаши и саботери и ги провалуваат имињата (другарката од ПК и уште некои).
Веќе во овие денови разговарав со некои другари. Тие наполно се согласуваат со одлуката Ha “Таткото, само сакаат што поскоро да се реши прашањето за тоа, на која партија и припаѓа Македонската организација, зашто сега сите сметаат дека и припаѓаат на Бугарија(9) и дека многу добри другари само дисциплина ќе одат по [1K и ќе го сметаат патот по кој одиме во борба против ПК е направилен и фракционашки. Ове се покажа како наполно точно. Затоа веднаш испратив еден другар во Софија, другарот Л.(10) кој co мене дојде во Македонија. Исто така испратив и еден другар(11) во провинција, за да дојде во контакт и да разговара со месните организации.
Појаснување:
Со бројките се означуваат следните лица:
6. Методија Шаторов
7. Се однесува на Јосип Броз-Тито.
8. Британска известителна служба.
9. Се однесува на Бугарската работничка партија.
ТО. Лазар Колишевски.
11 Страшо Пинџур.
Напишав и уреден циркулар(12) за сите организации и членови на партијата. Во циркуларот го изнесувам ова: денешната ситуација, т.е. нападот на Советскиот Сојуз и задачите што во врска со тоа се поставуваат пред сите комунистички организации. Борба во сите окупирани земји, како и во сите покраини на Југославија. Единствено никаква активност во Македонија. Вината е до ПК. Одлука на “Таткото" за исклучување на одговорниот човек во ПК(13). Ставот на ПК по таа одлука. Прашањето на која партија ќе и се приклучи Македонската организација не е централно и битно и дека братски ќе го решат двајцата “Татковци". Битна е неактивноста на ПК, неговите грешки и саботерскиот и контрареволуционерниот став. Завршувам со повик веднаш да поминат на подготовки и на извршување на задачите.
Некои организации во потполност ја примија одлуката, додека еден дел се колебаше или сосема ја одби.
За 17 август ПК свика покраинска конференција. Дојде и делегат од “Таткото" од Бугарија(14). Ми беше оневозможено да се видам со него пред конференцијата. Дури потоа можев да разговарам со него, и тоа само 45 минути, зашто веднаш се враќаше назад. Му го изложив целиот случај, подвлекувајќи ја особено злосторничката неактивност во овој момент. Тој прво ми рече дека постои одобрение од другарот Димитров(15) за приклучување на Македонската организација кон Бугарската партија.
Појаснување:
Со бројките се означуваат следните лица:
12. Редакцијата не располага со циркуларот.
13. Се однесува на секретарот на ПК на КПЈ за Македонија Методија Шаторов.
14. Петар Богданов.
15 Ѓеорги.
Потоа, на мое големо изненадување смета дека немало неактивности и грешки (освен одлуката за предавањето на оружјето, а и тоа изгледа не го смета за големата грешка). Вели дека “Таткото" од Бугарија и “Дедото (16) многу добро го познаваат “стариот Бугарин" и имаат доверба во него.
Раководството останува старото. Смета дека одлуките на ““Гаткото" се преостри и се донесени без никакво проверување.
Поради ваквиот негов став бев принуден да се согласам да се прекине борбата на теренот и решението на целиот случај да се пренесе на “татковците" и на “дедото". По три дена дојде и другарот од Софија(17). Таму се видел co “Таткото (18), му ro рекле отприлика истото она што ми го рекоа и мене.
Под такви околности морав да ја напуштам Македонија.
Сметам дека прашањето треба што побрзо да се расчисти директно меѓу “ татковците" од Бугарија и Југославија, инаку се бара состанок за извесни прашања во врска со ситуацијата на Балканот и сесловенскиот конгрес. Овој состанок би можел да се уреди во Македонија(19).
Другарот Лазар е исклучен. Ќе бидат веројатно исклучени уште 2-3 другара, а можеби и другарката од ЦК. Другарот Лазар и другарката молат што носкоро да им се одговори дали да дојдат во Србија или да останат во Македонија.
Напоменувам дека три дена по доаѓањето испратив преку Врање извештај(20), но поради ненадејното големо апсење во Врање и прекинување на врската со Лесковац, извештајот не стигна, кое го разбрав дури во Лесковац.
Појаснување:
Со бројките се означуваат следните лица:
16. Комунистичката Интернационала;
17. Лазар Колишевски;
18 Co Цола Драгојчева, член на LIK на БРП(к)
19. Во текот на 1941 година не е одржан состанок меѓу претставниците на ЦК на КПЈ и LIK на БРП (к);
20. Редакцијата не располага со извештајот.
Мислев дека сте го примиле. Да се испрати курир беше многу тешко.
Што се однесува до работата на ПК накратко наведувам што сум можел да проверам и да утврдам:
1. Полна неактивност на сите сектори.
2. Речиси никаква контрола и ревизија од страна Ha ПК како ни помош на месните организации.
3. Упропастена техника (за време на влегувањето на окупаторските трупи печатницата е исфрлена надвор каде што ‘procana и пропаднала. Се уште е надвор).
4. Одлуката за предавање и не собирање на оружје и нанесе огромни штети на Партијата.
5. Незадоволство на многу организации од ПК.
6. ПК не ја познава состојбата и силата на организацијата (на пример, случајот со демонстрацијата во Скопје)(21).
Покрај тоа и низа помали грешки, пропусти неправилности,
. 144 кршење на конспирацијата и дисциплината, ајБкавост итн.
144 Извори, Tom I, кн. 1, стр. 34-37.
Д. 22" Објаснување:
Со бројките се означуваат следните лица:
21. Се однесува на обидот за организирање демонстрации на
2.УШ.1941 година во Скопје;
Драган Павловиќ Коминтерната кон крајот на август Bo 1941 година донесува одлука за ова прашање во забелешките кај денови на септември 1941 година, токму кога делегатот на спомнатата книга 7 од Титовите дела стои:
“На Титовото прашање упатено до Коминтерната дали македонската партиска организација е приклучена кон Бугарската работничка партија (комунисти) по нејзина одлука.
Коминтерната не одговори. Меѓутоа, во првите ЦК КПЈ Д.
Павловиќ стигна во Скопје, ПК КПЈ за Македонија прими од ЦК на Бугарската рботничка партија денеша што Коминтерната му ја упатила на бугарското раководство во август. Во денешата стои: “Македонија да биде кај Југославија по причини практични и целесообразни. Основната борба сега се води против германските и италијанските окупатори и нивните агенти. Главно сега се развива на југословенската територија и под раководството на Југославија. Српска Македонија треба да стане база на ова движење, која ја дезорганизира заднината на Германија и Италија на Балканот". Раководството на Коминтерната понатаму препорачува тесна соработка на КПЈ и Бугарската рабтничка партија на почвата на Македонија и обете партии “да заземат став за самоопределување на македонскиот народ".
Со таа телеграма Коминтерната даде одговор на прашањето кое за Македонија и го постави ЦК на Бугарската работничка партија по ситуацијата што настана во македонската партиска организација во јули и август, по решителната акција на ЦК КПЈ. Текстот на оваа денеша Тито го прими дури во октомври
1941 година". 143
143 Собрани дела на Тито, кн. 7, стр. 297.
Одлуката на КИ е донесена пред да Ја добие телеграмата од Тито испратена на 4 септември 194| година, а одлуката е добиена на крајот на август преку ЦК на БКП. Од ова може да се констатира дека КИ донела одлука самостојно без интервенциите на Тито. Кои се причините за изменет став во врвот на КИ за ваквата одлука? Можна причина може да биде договорот потпишан во Москва на 12 јули 1941 година помеѓу CCCP и Англија за заедничка војна против Германија. Сигурно е донесена одлука да не се признаваат границите што ги поставува Германија во Европа и на Балканот, а по ставот на КИ една држава една партија одлучуваат партиите да дејствуваат во претходните граници и затоа стои да се врати КПМ од “Српска Македонија" да остане при КПЈ.
Методија Шаторов ја добива оваа одлука преку КПБ и Ја доставува до LIK KI1J со ова писмо:
“Писмо од Методија Шаторов, секретар Ha [IK на КПЈ за Македонија до Централниот Комитет на КПЈ Ви ги испраќам погоренаведените писма во оригинал. За првото писмо буквите Б.К. изгледа дека треба да бидат П.К. Допуштена е изгледа грешка. Ние веднаш им даваме известувања на организациите за решенијата на КИ и согласност на ПК.
Очекуваме ваше инструкции и вашиот човек. Ние сме готови за акција која може да се изведе во краток рок. Лично за себе молам да ми се дозволи да одам во партизанско движење. Што се однесува до грешките Јас Ја признавам онаа 3a “Советска Македонија", која грешка со помошта на Бугарија ја исправивме. Што се однесува до другите грешки, како за оружјето или организациски не признавам. До врзувањето со КПБ јас точно ги спроведував вашите директиви и ненормалноста настана по тоа.
146 Извори, Tom И, кн. 1, стр. 38.
Co KOMHHCTHKH 1103paB,
3a flK fflapio" ГУ. СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ПАРТИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ВРЕМЕТО 1940-
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/metodia-shatorov-sharlo-mac/12 le 29 octobre 2026