Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)
Front Matter - Part 10
Македонскиот народ со овој проглас се информира за известувањето на одредени радиостаници дека Германија, Италија и Бугарија сакале да го решат некако македонското прашање. За оваа цел бил викнат во Загреб Иван Михајлов, односно се преговарало со бугарските власти. Во прогласот се истакнува: “Фашистите от сите лагери есапат, оти ке можат да излажат македонските маси, ако биди поставен за “фјурер" во Македонија Иван Михајлов. Михајлов ке игра крвава ролја во Македонија, како што игра таква ролја Анте Павелиќ во Хрватска... Македонските маси во Петричко и македонската емиграција во Бугарија многу арно познават кои е Иван Михаилов и кому служеше. Денеска тој пак ке служи на цар Борис и Хитлера и ке убива и илјачка Македонците, какво това што вршеше во Петричко. На неговата свест лежат истепани 5000 одлични Македонци централисти, борци за Слободна Македонија".
Во поднасловот “МАКЕДОНЦИ, ТУРЦИ, АРНАУТИ, ВЛАСИ" се повикува: “На Илинден излезете сите да демонстрирате вашата волја, вашето желание за слободата, сите заедно така, како што заедно зедоја учество на Илинденското востание вашите татковци и постари братја, за демокрација, равноправие и слободен живот. Илинден беше дело на сите сиромашни народности во Македонија... Бугарските околиски управители и джандари немат ништо обшто со Илинден. Тие се денеска това што беја джандарите и заптиетата на Султан Хамида".
Прогласот се завршува со паролите: “ИЗЛЕЗЕТЕ СИТЕ НА ДЕМОНСТРАЦИЈА! КРЕВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ЛОЗУНГИ!
ДОЛУ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОРОБИТЕЛИ! ДОЛУ ФАШИСТИТЕ-ХИТЛЕРИСТИ-ВРАГОВИ НА МАКЕДОНСКАТА СЛОБОДА! ДОЛУ АНТИСОВЕТСКА ВОЈНА! ДА ЖИВЕЈ СССР И НЕГОВАТА СИЛНА ЦРВЕНА АРМИЈА! ДА ЖИВЕЈ ИЛИНДЕН! ДА ЖИВЕЈ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА". !“?
Од содржината на објавените документи Ha [1K на КПМ Bo годините 1940-1941 година може да се констатира следното:
За разлика од претходниот период кога партиското раководство во овој дел од Македонија има областен комитет под раководство Ha [1K за Србија, во 1940 година се формира ПК на КИМ, односно Македонската комунистичка партија, како што е тоа направено и со формирањето на КП Словенија и КП Хрватска. Разликата е во тоа што тие партиски организации
53 Исто, стр. 29-33.
имаат ЦК, а Македонија ПК, под раководство на ЦК на КПЈ.
Затоа не е точно во одредени пишувања за овој период (1940-1941 година) за Македонија да стои ПК на КПЈ за Македонија, туку треба да стои ПК КПМ (Покраински комитет на Комунистичката партија во Македонија).
Издадените документи од ПК КПМ во основа се од програмско значение за решавање на трајните интереси на македонскиот народ, за неговото ослободување од српското, бугарското и грчкото ропство. Првпат македонските комунисти имаат програма за дејствување и решавање на најсуштествените и најбитните прашања од интерес на македонската национална индивидуалност, односно постои максимална програма за ослободување на сите делови на Македонија и за создавање на македонска држава во нејзините етничко-историски граници.
Од програмските определувања се гледа дека ПК не ги признава границите на распарчена Македонија од 1912-1918 година, односно не се согласува со ставовите Ha КИЈ, KIIb и КТ - македонското прашање да се решава во постојните граници како малцинско прашање, или како национално - КПЈ, во постојните граници (Сплитски пленум).
Големо историско значење има за Македонија и тоа што ПК издадените документи ги пишува на македонски Јазик, а се знае: во претходниот период тие се пишувале скоро на српски, бугарски и грчки јазик - од страна на раководствата кои раководеле со македонските комунисти. Во партискиот живот со пишаниот збор се воведува македонскиот Јазик, што ќе има големо влијание кај членовите на КП и кај симпатизерите кои доаѓале до овие документи, а исто така и кај поширокото население.
[1K со објавените документи успешно го поврзува современото комунистичко движење со историските револуционерни традиции на македонскиот народ (за своето национално и социјално ослободување), особено со илинденските од 1903 година. Со тоа успешно се поврзува КПМ со широките народни маси, за што се потврда илинденските празнувања и демонстрации во годините 1940-1941 (на повикот на ПИК преку издадените прогласи), на што предходното раководство не посветуваше доволно внимание.
[TK со програмското определување успешно го поврзува класниот со националниот интерес на македонскиот народ, а со тоа ги мобилизира и масите во борбата за остварување на своите идеали. За ова доволен доказ се штрајковите и демонстрациите во овие години, а во претходниот период раководството недоволно внимание му посветувало на националното прашање, кое за Македонија било едно од најсуштествените, особено по 1912 година кога потпаѓа под национално рошство по окупацијата од околните монархии.
Голем е придонесот Ha [1K кој со својата активност и поставеност по македонското национално прашање, со доволни аргументи и факти, ги разбива сите колебања во КПЈ за постоењето или непостоењето на македонската национална индивидуалност и кој придонесува КПЈ да заземе дефинитивен став на В земска конференција одржана 1940 година, иако кај поедини раководства и понатаму има одредени колебања по македонската национална индивидуалност. Но е битно што ЦК на КПЈ во ова време зазема дефинитивен став, а за тоа треба да му се заблагодариме на ПК на КПМ за аргументите изнесени за ова прашање во објавените документи во 1940-1941 година.
Од издадените материјали во овие години може да се согледа и да се утврди дека ПК на КПМ, формиран во почетокот на 1940 година, а во октомври истата година избран на партиската конференција, се издигнува и израснува во самостоен партиски субјект со своја самостојна максимална програма за решавање на македонското прашање, односно за ослободување на Македонија од српското, бугарското и грчкото ропство и за создавање на самостојна македонска држава во рамките на една балканска или Југословенска федерација како равноправен член. Програмските определувања Ha [IK не се потполно во согласност со ставовите на соседните КИ кои имаат минимални програмски решенија, а некои од нив и ги немаат, или бараа решение во постојните граници што беа поставени во 1918 година. Несоласност има и по прашањето на колонистите колонизирани од монархиите во Македонија и за создавањето на македонскиот народен фронт за вклучувањето во борбата на сите македонски слоеви, без разлика на националноста и верата, односно да се вклучат сите слоеви кои се готови да се борат за ослободување на Македонија, или пак сојуз само на работниците и селаните (сиромашните-средно имотните) што се предлага на У земска конференција.
Визијата на ПК во изградување на платформата и програмата за решавање на суштествените трајните интереси на македонската индивидуалност ги опфаќа во целина тие интереси и бара решение за целосно решавање, а не прифаќа делумо решение, како што предлагаат соседните КП. Така, на пример, ставовите на раководството на ЦК КПЈ по најсушественото македонско прашање се однесуваат за поделена Македонија, односно само за делот што беше под Југославија, а таканаречена “Србска Македонија", а не за обединување на сите делови на Македонија во една суверена македонска држава. На Мајското советување на Комунистичката партија на Југославија одржано во 1941 година за Македонија е заземен следниот став:
“Македонија исто така Ја доживеа таа несреќа меѓусебно да ja поделат неколку освојувачи. Од под великосрпското угнетување таа дојде под бугарски, а делумно и под италијански јарем. Бугарската реакционерна капиталистичка клика со македонскиот народ го прави истото она што го правеше и великосрпската клика. И бугарските освојувачи не го признаваат правото на македонскиот народ, и тие го прогонуваат и со сите сили работаат врз неговото однародување. Насекаде во Македонија се воведува бугарскиот Јазик. Бугарските освојувачи го шњачкосуваат македонскиот народ исто така како што го прават тоа германските и италијанските империјалистички грабачи. Задача на македонските комунисти е да ги собираат народните маси во борбата против насилното присоединување и делење на Македонија, а за слободно национално определување на македонскиот народ и за негова национална независност и слобода". !“ Меѓутоа, на истото советување за Словенија е заземен следниот став: “Комунистичката партија на Словенија сега има поважни задачи пред себе. Да го собира словенечкиот 124 Собрани дела Ha Tuto, кн. 7, стр. 40, 44.
LTT ела) 'elwog eremeH elugodon и elundenoed el nox ипоте|идион им2Дов5 drummed aurodn vgdog он YodeH LOMMROHIEOID ен LHOA(p ноатонипо нопо ов ипио атиоао UI dLOHUIIQ0 гинододоп 219 ош oud 21И9 “РУШКАОУ по ‘exdodonud]| ro ‘eugeIrO0IA( по UITHALOI) "UIHD инелатова иоаз отиз шинип200 ите педои UL ето OH ‘elugerrdolA[ eH ете(идотидот ен иниП200 99 ‘O0deH ихванааопо ‘UJ, :ИОТ2 ПоОТен LOMMIHAEOID оп зеплоап тоитои Of " 04LIMIdE0h отопоп ен Lordre(udnon aurodn “9о0Н2И РЕН рГеНГЕНОИПЕН РН IrdLe(udion worroalex Гол. нитоап ЗИНЕРТ200 BH ШОНТИП 99 BY ‘Or0deH UMOHOTONEW ‘UL и dWadd 9 BIO) "OLUIAAI и MHUIIOJAJA — ипинеКГо? QLUEOIOH и hedA[0g900 ИУБИЈ2ИШЕФ LomIdHEeWddT 00 UrodeH UIE 21И9 BH BLOOHOULREOH И BLRIOQOIrD BH IrdLe(UdIIoH LouHgelr | ‘eludgeirdolA[ eH иподен a1ud eH ©9d0Q енпотипоооп20 BLELINIIO IYO Le[04Ir0 JL BY BE ‘LeXeIr И теке JL отидотеикхо “elMgeIrdOIA[ BH ипоТен OLUD BH и OMBM ‘odgronod и dugedinoag ANAL “еГиточ WI OL ONEN “QHBIATOQOIDO BOOOHOY ил он идотепкхо druHIcedWRY,, (HOLD еГинопоже || ve ‘elugerdolL[ eH оИПОоаРн ОП РЕНИПОТ |р61 идакоон J, 10 109рПЛоАП og иарАп ox (11 MIT (..ежтоат,,) 981d LOULI]
"‘HHRAHIIANO 99 BI0M exuIreed £20 dHRIAHUIIOQO OHAUH — UEOIAY MHUE[OH 11d Tuarodn тери 99 e[UHO™OI) BE ИГРА 92 BION ‘BOLAIDJN ‘ruarodi LBBWOE 99 OH (9161-6161) енГоч exhuLonre(Mdonny ereleHUN 09 MHedHIIANO 29 HOM JLUEOLdY BE B ‘BHUIOI [6] 09 HedHIIANO 2 [0x топот owed ruarddn ри 29 eluHOTONEA BE HLOQRd 29 BIO BOY BAUIBLOHOY 99 BY OXON HMdodeLd олинедитип adoton ПО
* QHEeIAT0901r20 отодомо 04 етродон И ООН eH LOXAY 1eedddy OJ OX о1Ш зино теПИО BY 1eedOon еГиноно!) BH OLULOUHAWON “поен LOMMRhOHILOLD раќнижоап WI от иаоноп изо, зичо Of "итоипЕГ(ИдоПИИ QLUNOUILIHE BH ererrudyee Поп ичр1о 99 OLII РЕНО И OMEN “ТОЛОТРПКУО BH BOXAID 04 инето 99 AW elox efundgaor)) ен eluceoxdAg endononmiedd erexhuHgerodu teeadxurgosed el er toroden rod теедои oul “еодоо BHIIUIIOQOID0 BLRHO.IOH 0d поТен LOUMRhIHILOID ен ечијмоп2аоп eHOR( Leer AW еп LeedOoW еГиночон BH OLULOUHAWOY] earddogs armiddorenAxo и атидотепќхо aurodi водоо он ‘eluHg0I) ен ULeHQRd.I BOQ и еНГоч eXhuLOUIrR[MdonING елетении Od MOM оино 04 и гп ‘elhedron инедипкуо 21и9 og поен дојде часот за вашето конечно ослободување и обединување, дојде часот, заедно со другите народи на Југославија, да ги истерате намразените окупатори од целата своја територија". = Од цитираниот проглас може да се констатира дека македонскиот народ се повикува во борба против окупаторот, но со тоа не се нуди перспектива за целосно обединување на Македонија, ами се повикува само еден дел од македонскиот народ во борба против непријателот на целото општество.
Меѓутоа, во повикувањето на словенечкиот народ има јасна перспектива - се повикува народот од сите делови на Словенија за борба за ослободување и обединување на целата своја татковиа.
Карактеристичен е документот испратен од Тито до Раде Кончар и Владо Поповиќ во Хрватска кон средината на август 1941 година во кој стои: “Понатаму, со развитокот на народното востание, од една страна, и со обидот на непријателот да го прикаже тоа движење како чиста комунистичка работа, од друга страна, ни се наметнува прашањето за создавање - и тоа што поскоро - на еден Народен комитет на ослободувањето, во кој би влегле претставници на демократските струи на Србија, Хрватска и Словенија, заедно со наши луѓе. Тоа би била еден вид народна влада што би издала свој проглас до народот и би го повикала во борба... Би требало околу три-четворица од Хрватска и двајца од Словенија, четворица од Србија и двајца од Црна Гора". !“ Bo концепцијата за формирање на народен комитет на ослободување (еден вид народна влада, односно едно обединувачко општојугословенско политичко тело) Македонија не е земена предвид и не се предвидени во него нејзини преставници.
9. Односите помеѓу LIK КПЈ и КПМ во 1941 година Во собраните дела на Тито, книга 7, под забелешки е дадена следната хронологија на настаните:
125 Исто, стр. 217.
6 Исто, стр. 99-100.
“Втора половина на мај 1941 година Тито се состанува со членовите на Политбирото - Александар Ранковиќ, Иван Милутиновиќ и Милован Ѓилас и со членовите на ЦК КПЈ Иво Лола Рибар и Светозар Вукмановиќ Темпо. На тој состанок донесува одлука во Македонија да се упати Лазар Колишевски кој ќе ги однесе документите на ЦК КПЈ, настанати од 15 април до почетокот на мај, и да утврди зошто секретарот Ha [IK КПЈ за Македонија Методија Шаторов Шарло не се одзва на повикот од ЦК КПЈ да дојде во Загреб на советувањето на КПЈ, зошто ги прекинал врските co ЦК КПЈ". 17 “Александар Ранковиќ го известува Тито дека на повик од ЦК КПЈ во Белград дошол Лазар Колишевски и дека со прогласите на LIK КПЈ од 15 април и од | мај и со заклучоците од Мајското советување на КПЈ отпатувал за Македонија". 128 “23 јуни 1941 година Лазар Колишевски ce врати од Македонија во Белград и Тито дури тогаш разбира дека секретарот на [IK КПЈ за Македонија Методија Шаторов Шарло ja отцепил македонската организација од КПЈ и ја приклучил кон Бугарската работничка партија (комунисти) и тоа во договор co ЦК на BPII”. 123 Нема писмен документ објавен од кој може да се види што содржел извештајот на Лазар Колишевски за положбата во [IK на КПМ. Во ова време ПК не носи назив [1K KI1J за Македонија, туку ПК на КПМ.
“Крајот на јуни 1941 година Тито се состанува со членовите на Политбирото и при тоа се донесува одлука М. Шаторов да се исклучи од Џартијата. JI. Колишевски одново да појде во Македонија и таму да ја спроведе одлуката на ЦК КПЈ, да им ги пренесе на македонските комунисти ставовите на КПЈ, да го однесе Прогласот на ЦК КПЈ по повод нападот од Германија врз СССР, кој треба да се преведе на македонски Јазик и да се растури по Македонија". !““
"Hero, стр. 331.
2 Исто, стр. 332.
* Исто, стр. 335.
30 Исто, стр. 335.
На 27 јуни на седницата на политбирото ова прашање не е поставено. Нема документ од кој може да се види за причините на исклучувањето на Шаторов, нема документ од кој може да се види и кој бил присутен од членовите на Политбирото и на кој датум е одржана оваа седница.
“Втората половина на јули 1941 година JI. Колишевски одново се враќа од Македонија во Белград, му се јавува на А. Ранковиќ, кој врз основа на извештајот од Л. Колишевски го извести Тито дека М.Ш. Шарло, секретар на ПК KI1J за Македонија, уште еднаш одбил да ja прифати линијата на КПЈ и одлуките на ЦК КПЈ, оспорувајќи му ја надлежноста над партиската организација на Македонија, која наводно, по одобрение од коминтерната ја презел ЦК на БРП. М. Шаторов не го дозволи ни растурањето на Прогласот на ЦК КПЈ напишан по повод нападот од Германија врз СССР". !?!
Нема објавено што содржи извештајот од Л. Колишевски.
“Тито свикува состанок на Политбирото (на состанокот присуствуваат оние членови Ha LIK КПЈ кои во тој момент се наоѓаат во Белград: Тито, Ранковиќ, Милутиновиќ и И.Л.
Рибара), на кој се разгледува проблемот на македонската партиска организација, односно на нејзиното раководство. На состанокот е донесена одлука ЦК КПЈ да го испрати во Македонија својот делегат Драган Павловиќ Шилја и да го овласти: да ги спроведе одлуките Ha LIK КПЈ за сменувањето на М. Шаторов од должноста секретар Ha [IK и за неговото исклучување од КПЈ, да го суспендира ПК и да им помогне на македонските комунисти да формираат раководство од луѓе готови да истраат на линијата на КПЈ. Решено е до ПК КПЈ за Македонија да се упати писмо". !““ Не постои документ од оваа седница на Политбирото, односно нема објавено таков документ.
“На 24 Јули 1941 година Тито од името на ЦК КПЈ, му пишува писмо на [1K КПЈ за Македонија во кое го известува за З Исто, стр. 338.
52 Исто, стр. 338.
причините поради кои ЦК КПЈ реши да го исклучи М. Шаторов од КПЈ. Во писмото ТИТО му постави задачи Ha ПК да организира партизански одреди и да поведе вооружена акција против окупаторот, како што го прават тоа комунистите во сите краишта на Југославија. Писмото е испратено во Македонија по делегатот од LIK КПЈ Драган Павловиќ, кое во исто време претставуваше и полномошно". >” Во ова писмо стои:
До Покраинскиот Комитет за Македонија!
Драги другари, Постапката на стариот “byrapun’ (Методи Шаторов Шарло), што беше одговорен пред ЦК КПЈ за работата во Македонија, се покажа не само антипартиска туку и контрареволуционерна.
1) Тој го саботираше издавањето на Прогласот на LIK КПЈ и зазеде национал-шовинистички став.
2) Тој ги прекина сите врски со ЦК КПЈ по окупацијата и не се одзва на повикот да дојде со извештај во ЦК. Не само тоа, тој не сметаше за потребно ни да го образложи тој свој прекин.
3) Тој зазеде непријателски став спрема другарите Срби, зазеде став што по ништо не се разликува од ставот на македонската реакционерна буржоазија.
4) Тој ја запостави својата партиска активност сега кога е должност на Партијата да ги развива сите свои сили во борбата против окупаторите, а за помош на СССР.
5) Тој ги игнорираше сите партиски правила во поглед на внатрешните партиски односи и дисциплината.
Според тоа, ЦК КПЈ целата таа негова постапка ја смета за антипартиска и контрареволуционерна и поради тоа го симина од неговата должност член на [1K за Македонија и го исклучува од Партијата.
Другари,
33 Исто, стр. 339.
ЦК реши да испрати кај вас еден или двајца другари, но додека тоа биде сторено, ние пред вашата организација ги поставуваме следниве задачи:
1) Во врска со нападот од фашистичките банди врз Советскиот Сојуз, целата наша Партија, вклучувајќи ја и вашата организација, треба да врши сестрана саботажа против окупаторот: а) да се разурнуваат железниците; б) да се уништуваат транспортните возови; в) да се пали и уништува сиот воен материјал и прехранбените продукти што се определени за окупаторот, а за борба против СССР; г) да се врши саботажа во фабриките и рудниците; рудниците по можност да се уништат; J) да се кинат и сечат телефонските и телеграфските жици, и тоа непрекинато, зашто со тоа се кочи сообраќајот и движењето на непријателските трупи и материјали. Да се уништува се - се што им служи на окупаторите и на непријателите на СССР. Во тие непријатели спаѓаат и бугарските окупатори. Тоа не е само наша одлука, туку и одлука на Дедо (Коминтерна) одозгора. Секоја саботажа во извршувањето на тие задачи повлекува по себе не само исклучување од Партијата, туку и многу потешки казни.
2) Речиси во сите покраини на Југославија, а особено во Србија, Црна Гора и Босна, се организирани партизански одреди за борба против окупаторот и за вршење диверзии. Тие партизански одреди веќе водат борба со успех. Пред вас поставувам задача веднаш да пристапите кон организирање на партизански одреди, во кои можат да влезат сите оние што сакаат да се борат против окупаторот и кои сакаат да ја помагаат борбата на СССР, зашто е тоа и наша борба.
Постапете веднаш по овие директиви.
Другарски ве поздравува за ЦК КПЈ Тито" Исто така во забелешките во спомнатата книга стои: “Крајот на август 1941 година Тито се запозна со извештајот од делегатот на ЦК КПЈ Драган Павловиќ, кој се врати од Скопје во Белград и на 28 август му напиша извештај". + Меѓутоа, според ЗА Hero, стр. 344.
записникот на седницата на Политбирото на ЦК КПЈ од 31 август 1941 година на оваа седница Драган Павловиќ поднел усмен извештај а се задолжувал да поднесе писмен извештај, што значи извештајот не е писмено поднесен на 28 август и не е напишан во Ниш, како што стои во документите.
Понатаму по белешките стои: “на 31 август 1941 год. Тито известен од Драган Павловиќ за ситуацијата во партиската организација на Македонија, свикува седница на Политбирото на која присуствуваат: Тито, Ранковиќ, Милутиновиќ и И.Л.
Рибар". Разгледана е состојбата на КПМ и е донесено решение да се испрати писмо до членовите на КПМ со повик на акција.
Исто така донесено е решение да се испрати писмо до ЦК БРП (к) по повод неговото мешање во внатрешните работи на КШ, да се извести КИ за проблемите на Македонската партиска организација и да се упати во Македонија делегатот Драган Павловиќ. За овој проблем подробно може да се види од записникот од седницата на Политбирото.
ИЗ ЗАПИСНИКА са састанка ПОЛИТБИРОА LK КПЈ од 31 августа 1941 године Присутни: Валтер-Тито, Марко-Ранковиќ, Милутин-И.
Милутиновиќ, Фишер - Иво Лола-Рибар.
I) Македонија: 1) Прима се до знања извештај Шиње (Драган Павловиќ), с тим да да и писмен извештај, 2) Упутити писмо ЦК Б по питању положаја Мак. организације и саботерскот става по питању акције веќине П.К.Мак., 3) упутити писмо члановима К.П. у Мак. са позивом на акције и разјашњењем неактивности досадашњег П.К., 4) Упутити брзојав Ѓорѓу (Георги Димитров, секретар КИ), по питању Мак., 5) Шиња и још један са стране Глав.штаба партиз. одреда шање се поново у Мак. да спроведе писма за К.П.Б. и члановима К.П. y Mak. и да организује партиз. одреде у Куманову и другим местима где је могуќе.
135 Историски архив на КПЈ, том 7, стр. 44.
“На 4 септември 1941 год. во духот на заклучоците на седницата на ЦК КПЈ од 31 август, Тито пишува телеграма до Коминтерната, што ја испраќа преку пунктот за врски во Загреб и ja известува за поврзувањето на ПК КПЈ на Македонија co LIK БРП и за кинењето на врските со ЦК КПЈ". Во оваа забелешка стои за седница на ЦК КПЈ од 31 август. Меѓутоа, седница на овој датум нема ЦК туку Политбирото на ЦК. Во телеграмата до Коминтерната стои:
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/metodia-shatorov-sharlo-mac/10 le 29 octobre 2026