Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)

Front Matter - Part 01

Par Riste Bunteski — Bunte · Partie 1 sur 21 · Environ 17 minutes

Lire en English

Memoduja 111am op o e LUa P-4 o

(IlOaHTWIICH cTaBoBII)

PHCTe IyHTeCKH - IyHTe Методија Шаторов Шарло

(политички ставови)

Original Publication Друштво за наука и уметност — Прилеп, Скопје 1996 Published by:

Risto Stefov Publications Toronto, Canada Copyright © 2023 by Riste Bunteski — Bunte rstefov(@hotmail.com e-book edition Hook July 6, 2023 жа Вовед Оваа публикација претставува еден скромен прилог кон стогодишнината од раѓањето на Методија Шаторов.

Методија Шаторов уште од младите години се опрделил за македонското националноослободително движење и за комунистичката идеологија. Неговите образовни и интелектуални квалитети му овозможиле да ја совлада историската законитост на македонското национално ослободително движење со сите негови позитивни и негативни страни.

Во 1920 година станал член на Емигрантскиот комунистички сојуз (ЕКС), организиран во Софија, и од оваа година е член на Бугарската комунистичка партија (БКП). Поради својата интензивна активност по кратко време почнал да зазема високи должности во Партијата.

Шаторов бил голем поборник за афирмација на македонската национална индивидуалност, а од друга страна бил голем противник на надворешните пропаганди, без разлика од каде тие доаѓале, зашто имале за цел ликвидирање на македонската национална свест и насадување на туѓа.

Тој бил еден од врвните активисти на ВМРО (Обединета). Под негово раководство се одржани три обласни конференции на ВМРО (Обединета) за пиринскиот дел на Македонија за избор на обласни комитети (1926, 1928 и1935 година). На овие конференции реферати за улогата и активноста на Организацијата поднесол Шаторов.

Во 1928 година неговата астивност е откриена од страна на бугарската полиција, тој е затворен и останува единаесет месеци во истражен затвор. На 23 јули 1929 година е ослободен и заминува за Москва каде што ги завршува студиите на Ленинските курсеви.

Bo 1931 година на една седница на врховистичката ВМРО со која раководел Ванчо Михајлов, поради неговите активности во ВМРО (Об. ) го осудиле на смрт во отсуство.

Во 1935 година бил избран за секретар на Обласниот комитет на ВМРО (Об.) 3a пиринскиот дел на Македонија и издал повеќе прогласи и написи во интерес на македонското национално револуционерно движење, за јакнење на македонската национална свест, против бугарската асимилација.

Летото во 1935 година во Москва се одржал Седмиот конгрес на Комунистичката интернационала. Овој Конгрес донел важни заклучоци за создавање општ народен фронт против фашизмот кој во ова време бил во подем и им се заканувала опасност на народите и државите да потпаднат под фашистичко ропство.

Шест месеци по одржувањето на овој Конгрес, во Москва под голема и строга тајност се организирал состанок од триесетина функционери и светски раководители на комунистичките партии. На овој состанок (конференција) покрај другите присуствувале Благоја Паровиќ, Јосип Броз Тито и Методија Шаторов - Македонец. | На оваа конференција биле разгледани ставовите и залучоците донесени на Седмиот конгрес на Комунистичката инернационала и нивното сироведување и оживотворување во практиката од страна на комунистичките партии во светот.

Во 1938-39 година се наоѓа во Париз во врска со Шпанската револуција. Се враќа во Прилеп во ноември 1939 година.

Пролетта 1940 година бил избран за политички секретар на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија во Македонија. ПК под негово раководство развива голема активност за средување и проширување на партиската организација, за организирање на општиот македонски национален фронт и за организирање на синдикалното движење. На Првата партиска конференција одржана на 8 септември истата година е донесена Резолуција со програмски начела. Издадените прогласи и повици Ha ПК исто така содржат

! Карло Штајнер “Новратак из Гулага", Глобус, Загреб, 1985, стр. 176.

елементи од програмски карактер кои имаат големо влијание врз македонските организациони сили како и пошироко.

Прогласите и повиците се пишувани на македонски јазик CO што се зголемува нивната важност.

Конципира максимална македонска национална програма за остварување на вековние идеални на македонскиот народ за обединување на сите расипарчени македонски делови и за создавање на македонска држава, рамноправна со другите соседни балкански држави.

За сето време активно се залага за формирање на самостојна македонска комунистичка партија со единствено раководство на целокупниот македонски простор. Тој е голем противник македонските комунисти да бидат под раководство на соседните комунистички партии.

Во 1941 година поради неговите програмски начела доаѓа до засилување на спротивните становишта кон почнале на Петтата земска конференција одржана во Загреб 1940 година по однос на српските колонисти во Македонија, како и по македонскиот национален фронт. По окупацијата на Југославија настанува судир помеѓу максималната програма која ја застапувал Шаторов а за чие остварување била неопходна врска и соработка Ha [IK КПМ co сите соседни комунистички партии, и КПЈ која наметнувала минимална програма. Според неа, ПК требало да биде поврзан само co ЦК на КЕЈ и ослободувањето на вардарскиот дел на Македонија да се остварува во рамките на Југославија. Меѓутоа, становиштето на Шаторов за ослободување на Македонија било за самостојна македонска република која ќе го опфаќа целокупниот македонски простор, како рамноправна држава со другите балкански држави.

Веднап по фашистичкиот напад на СССР издава проглас до македондкиот народ, формира покраинска воена комисија, врши подготовки на диверзантски групи и нивна обука за ракување со оружје, организира работилници за производство на одредено оружје. Овие подготовки овозможиле на 22 август 1941 година да се формира Скопскиот партизански одред.

Поради неговите програмски определби се повеќе се зголемуваат спротивностите помеѓу ПК и LK на КПЈ, од што произлегуваат обвинителните писма на Тито против Шаторов кои се базираат на информации од една личност, без да се утврди фактичката состојба. Карактеристично за писмата е тоа што во нив постепено “ грешките" се прошируваат, стануваат се помногубројни и завршуваат со обвинувањата на Шаторов како контрареволуционер, предавник, саботер, национален шовинист и со заканите дека ќе биде предаден на партизански суд.

Понатаму во писмата од Тито има контрадикторност. Во едно писмо во пишува дека Шаторов по окупацијата на Југославија веднаш се поврзал со бугарската комунистичка партија, додека пак во друго дека Ја припоил македонската организација кон Бугарската комунистичка партија. Меѓутоа, во писмото на Тито од 4 септември истата година до македонските комунисти пишува: “Ние до денеска не знаевме оти се поврзал и оти ja припоил партиската организација со бугарската".

Meryoa, вистината е таа дека во времето на Шаторов IIK ro носел името Покраински комитет на Комунистичката партија во Македонија а никогаш не бил ПК на КПЈ за Македонија, ниту пак бил [1K на Бугарската комунистичка партија.

Поради сите овие обвинувања, во средината на септември 1941 година легално избраниот Покраински комитет е суспендиран, Шаторов е сменет од должноста политички секретар Ha [IK и исклучен од партијата. Новоназначениот Покраински комитет од страна на инструкторот на КШЈ го добива името Комуництичка партија на Југославија, ПК за Македонија.

По кратко време Шаторов заминува во Софија и таму се вклучува во антифашистичкиот фронт, активно работи како член и функционер на бугарската партија и учествува во борбата против фашизмот. Од страна на бугарската фашистичка власт му се изречени две смртни пресуди, едната во 1943, а другата пролетта 1944 година.

Загинува на 4 септември 1944 година како командант на Третата воена оперативна област во една битка во близината на Пазарџик во Бугарија.

На крајот му изразувам голема благодарност на Министерството за наука на Република Македонија, кое обезбеди средства за печатење на овој труд. Исто така им се заблагодарувам на а.д. “Радобанк" Скопје и на сите оние кои придонесоа на одреден начин за издавање на оваа публикација.

1. Опши податоци за Методија Шаторов Методија Шаторов потекнува од прилепското семејство “Шаторовци". Овој прекар семејсвото го добило според месноста во близина на Прилеп наречена “Шаторов Камен".

Еден од неговите дедовци се занимавал со сточарство. Стоката Ја пасел и чувал на ова место и оттаму семејството го добило прекарот “Шаторо". Обичај е во Прилеп добиениот прекар семејството да го задржи како фамилијарно презиме.

Дедото на Методија се викал Трајко и потекнувал од едно од постарите прилепски семејства. Баба му се викала Ана и исто така потекнувала од прилепско семејство. Татко му Тасе и мајка му Јонка во својот брачен живот имале 16 деца. По двете први -Талија и Гена, сите деца едно по друго умирале се до Методија кој е роден после 12 години од последната негова жива сестра.

Според народното верување, а по сугестија на некоја си од комшивките која наводно сонувала дека Јонка не треба да се породи во својата куќа, ами во некоја друга, за да се избегне несреќното умирање на нејзините деца, мајка му на Методија неколку дена пред породувањето отишла кај блиски роднини во Прилеп и таму на 10 јануари 1897 година го роди синот Методија. За семејството, секако, претставувало голема радост што се родило живо и здраво машко дете, кое потоа станало многу сакано од целото семејство. Како резултат на нивната голема Њубов, а кога сакале да докажат дека нешто е вистина, се колнеле “Жими Методија! ". По него мајка му родила уште два сина, Киро и Тодор, и уште една ќерка, Блага.

Методија детството го поминал во Прилеп. Основно образование завршил во Прилеп, а гимазија во Битола. Таму бил сместен во интернат. По завршувањето на гимназијата во Битола се запишал на Учителската школа во Скопје и на истата матурирал на 24 јуни 1915 година. Добиеното сведителство гласи: “Сведочанство Крањевске српске учитејњњске школе O учитејњском испиту зрелости. Г. Методије Шаторовиќ".

Учителската школа ја завршил со многу добар успех. Според постигнатиот успех испитниот одбор му признал зрелост и способност за учител од А категорија. Ова свидетелство било нострификувано на 17 август 1918 година од Министерството за просвета во Софија, што му било потребно на Методија за продолжување на образованието, односно за упис на факултет во Софија, бидејќи во тоа време овој дел на Македонија бил под окупација на Бугарското царство. “ Образованието на Методија му овозможило да има пошироки контакти со разни средини и со интелектуалци од разни средини, што придонесло правилно да ги согледа да ги доживее состојбите во Македонија, посебно различните пропаганди, а особено големобугарската, големосрпската и големогрчката. Од посебна важност биле состојбите во Македонија предизвикани од војните од 1912-18 година, страдањата на македонскиот народ и последиците од тоа, умирањето од глад и од болести, мобилизацијата на Македонците во окупатор ските армии (бугарската и српскаа) и нивното искористување во првите борбени линии, каде што гинеле за интересите на окупаторските монархии. Посебен впечаток врз него осварило распарчувањето на Македонија кое довело до големи човечки трагедии, до уште поголемо економско исцрпување и осиромашување на македонското население како последица од војните и, најпосле, до мерките преземени од окупаторските власти за денационализација и асимилација на македонскиот народ.

Во овие и вакви состојби Методија Шаторов кон крајот на 1918 година решил да емигрира во Софија, каде што се вклучил, односно членувал во Сојузот на банкарските и трговските службеници. Бидејќи активно работел и бил вклучен во напредните младински организации во Прилеп, таа активност ja продолжил и во Софија. По формирањето на Емигрантскиот комунистички сојуз во 1920 година во Софија тој станал негов член и од таа година се води како член на Комунистичката партија. Во овој Сојуз покажал голема активност и станал забележителен помеѓу активистите и поради тоа во 1923 година станал член на Градскиот комитет на Комунистичката партија 7 Според раскажувањето на Марија, внука на Методија Шаторов.

во Софија. Истата година, за време на дејноста на прогресивната влада на Александар Стамболиски, Шаторов бил активен на страната на прогресивните сили на Бугарија. Во 1925 година станал член на Окружниот комитет на КПБ за Софија. Во април истата година бил затворен од страна на бугарската полиција и бил држан во затвор до Јуни, но поради немање докази не бил осуден, ами бил интерниран во Горна Џумаја во пиринскиот дел на Македонија. По ослободувањето од интернацијата кратко време бил секретар на софискиот Градски комитет на КПБ. Есента 1925 година, кога ce организира ВМРО (Об.), Методија Шаторов е еден од активните создавачи на оваа организација. По изборот на Централниот комитет било поставено да се формираат три обласни комитети, и тоа: за вардарскиот дел од Македонија, кој беше под српската власт, за пиринскиот дел, кој беше под бугарската власт, и за приморскиот дел на Македонија, кој беше под грчката власт.

П. Активноста на Методија Шаторов заорганизирање на ВМРО (Обединета) и неговите ставови по Македонското национално прашање Координацијата и раководењето со работите помеѓу македонските бегалци во Бугарија и Македонците од пиринскиот дел на Македонија (под бугарска власт) биле на дневен ред на првиот проширен пленум на ЦК на БКП одржан во август 1926 година во Виена. На оваа седница бил формиран раководен орган при Извршното биро (ИБ) на БКП за работа внатре во земјата и била избрана посебна комисија за работа со националните организации. Членови на оваа комисија биле:

Методија Шаторов, Хр. Калајџиев и Хр. Москов. ?

Врз основа на добиение областувања Шаторов во 1926 година организрал илегална конференција на која се поставиле основите на ВМРО (Об.) за делот на Македонија под бугарска власт. На оваа конференција биле присутни: М. Шаторов, Х.

Калајџиев, C. Кавракиров, Б. Михов, b. Митрев и Ф.

Поптодоров. Реферат за значењето и улогата на ВМРО (Об.)

поднел Шаторов. На оваа конференција бил избран Областен комитет на ВМРО (Об.) за пиринскиот дел Ha Обласниот комитет Македонија. За секретар бил избран Христо Калајџиев.

4 Со овој почеток на организирање на раководство на ВМРО (Об.) биле постигнати незначителни резултати поради недоволно расчистени ставови во раководствата на БКП и ИБ, кои се спротивставуале на идејата за создавање нови, одделно од постојните, легални и нелегални емигрантски и националнореволуционерни организации.

1. Реферат под наслов “Историјата и суштината на ВМРО Обединета)"

3 Дечо Добринов, ВМРО (Обединета) Универзитетско издателство Софија, 1933 год., стр.119 (понатаму Д. Добринов).

4 Ефтим Георгиев, Симеон Кавракиров, Сојуз на македонски просветни друштва централно, Софија, 1969 год., стр. 8, 9.

Реферат под наслов “Историјата и суштината на ВМРО (Обединета) ", по својата содржина, е еден од најважните политички документи, кој најдобро ги изразува политичките ставови на Методија Шаторов. Во овој документ стои:

“Основите на ВМРО (Об.) се положени во текот на 1925 година.

Но ВМРО (Об.) не може да се разгледува изолирано, без врска со старото македонско националнореволуционерно движење.

Таа се јавува како единствена наследничка на Гоце Делчевата ВМРО, која ги прифати и ги разви нејзините идеи и Ја продолжи вистинската револуционерна борба за национално и економско ослободување на македонскиот народ. Секако, дека корените на ВМРО (Об.) треба да се бараат во епското македонско минато, кое ја откри епохата на македонската преродба.

Македонското ослободително движење уште од почетокот има своја самобитност. Тоа започна стихијно, како движење на македонските селани против жестокото ограбување и потиснување од турските феудални бегови, султанот и нивната администрација. Toa беше движењето на македонските ајдути, коишто, макар без јасна цел во борбата, изразувале негодување и револтираност на македонските наполичари и аргати. Кон негодувањето на селаните се придружија и незадоволните запаетчии, чиешто уништување од страна на надворешната инперијалистичка конкуренција беше станало масовна појава.

Исто така, во тоа време во Македонија започнала да се создава индустрија (предимно со надворешен капитал) која придонесе на македонската општествена сцена да се појави уште еден општествен фактор - работниците.

Тоа беа условите кои ја условија натамошната смислена, со одредена цел, борба на целокупниот македонски народ за ослободување. Под тие услови се најде широко поле за дејност на првоапостолите на македонската револуција Гоце Делчев, Петар Арсов, Ѓорче Петров, Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански, Васил Главинов и др., кои, инспирирани од ослободителните идеи во странство, се вратија во татковината за да го организираат својот народ и да го поведат во револуционерна борба. Во 1895 година во Македонија се создаде првиот LIK на ВМРО и таа за неколку години се претвори во вистинска народна револуционерна организација која опфати широки маси (особено многу селани) и се здоби со извонредна доверба сред широките народни слоеви.

Тој свој успех старата ВМРО го постигна благодарение на заштитата на аргатите и селските слуги (момоци), кои беа експлоатирани и потиснати од беговите и чорбаџните. Во ова се состои длабокиот народен карактер на македонското национално револуционерно движење уште од времето на Делчев и Сандански. Старата ВМРО ги придоби на своја страна и ги раздвижи широките народни маси. Освен заштитувајќи ги економски, и со тоа што дејствуваше во името на еден светол идеал на македонскиот народ - да има своја сопствена македонска држава. Само прикриените врховисти, спроводници на бугарската завојувачка политика внатре во Организацијата, прифаќата автономија на Македонија само како една етапа кон нејзиното присоединување кон Бугарија. Вистинските претставители на македонскиот народ, првите негови револуционерни раководители, во програмата на ВМРО ја предвидоа автономијата на Македонија, како полесно остварлива етапа на патот кон самостојноста, и тоа со помош на така наречените “ големи сили". Тоа била една заблуда. Но без секакво сомнение е дека крајниот идеал на првоапостолите на македонската револуција била самостојна македонска држава:

“Слободна и независна Македонија со широки права на сиромасите од сите населени, без разлика на националноста" (Гоце Делчев). Со тоа се објаснува херојската и упорна борба на внатрешното македонско револуционерно движење како против турското ропство, така и против завојувачките стремежи на Бугарија, Србија и Грција, односно против нивните агентиврховистите. На спрема спротивставеноста на воените планови и провокации на балканските држави за поделба на Македонија, старата ВМРО ја избра масовната народно-револуционерната борба. “Ослободување на Македонија-кажува Делчев лежи во внатрешното вооружено востание, кој што мисли поинаку, тој и себеси и другите ги лажи". На тој начин македонското национално-револуционерно движење, бранејќи ја својата самостојност и македонскиот народ од стремежите на балканските завојувачи, застана на антивоена, противврховистичка и на револуционерна нога. Поради тоа, старата ВМРО беше национална, но не и шовинистичка организација. Таа водеше остра борба против шовинистите и се обидуаше да го обедини целиот македонски народ и сите националности населени во Македонија за единствена борба против општиот потисник и грабител-турскиот воено-феудален апсолутизам. Борбата не се водеше против Турците воопшто, а против оние господарски општествени слоеви од турската нација, коишто заедно со ропството во Македонија, употребуваа политичко потискање и економски грабеж и врз турските работни маси. “Јас не ги мразам османлиите како народ, само нивниот систем на управување". Ете како Гоце Делчев ги определуваше вистинските причинители на ропството во Македонија. Како револуционерни преставители на македонскиот народ првите македонски дејци мразеа секаква реакција-тиранија и беа противници на монархијата. Во нивните желби беше слободна Македонија, се предвидуваше да биде организирана по типот на Швајцарија, во една демократска република.

Македонскиот народ, воспитуван во духот на тие идеи и систематски организиран и подготвуван за решителен судир со непријателот, на 20 јули с.с. (Илинден) се дигна на масовно востание. Така тој, со крвта на десетина илјади свои чеда ја напиша најславната страница во македонската историја-Илинденската епопеја. Но, востанието претходно беше осудено (предвидено) на пропаѓање по вина на врховистите и нивните господари-бугарските раководители на чело со цар Фердинанд.

Врховниот комитет, составен во Софија предимно од офицери, по наредба на дворот, безуспешниот обид (со ветување и вооружен притисок однадвор) да ја подчинат под своја волја внатрешната македонска оргаинзација, подготвија нова тактика.

Тој испрати во Македонија свој член (Борис Сарафов) и други врховисти како него, кои привидно беа загрижени и божем ja прифаќаа идејата на централизмот, но со цел да навлезат во ВМРО и да Ја преземат и врховизираат одвнатре.

Искористувајќи ја добродушноста, наивноста и временото политичко потслизнување на Д. Груев, како и од поткрепата на прикриениот врховист Гарванов, Борис Сарафов се најде во ЦК на ВМРО. Во тоа време (крајот на 1902 и почетокот на 1903 година) Делчев, Ѓорче Петров и други, видни македонски дејци, се наоѓаа надвор од Мадедонија, некои во својство на членови на задграничното преставништво на организацијата. Во ваква состојба се донесе солунското решение на 20-те делегати (повеќето одбрани поддржувачи на Сарафов-Гавранов) за ПРЕБЕЗАНО востание, решение, кое најде потврдување и во Смилевскиот конгрес, раководен од Даме Груев. Востанието беше објавено ПРЕДВРЕМЕ, спротивно на волјата на највидните најдалекувидните македонски револуционери (Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Димо Х.

Димов, Чернопеев и др.), а раковдено од Сарафов, и времено солидарниот со нив, Даме Груев. Задачата која врховистите си Ја поставија со провоцирање на неподготвеното и не навреме објавено востание беше да го компромитираат револуционерниот акт на борбата, да се разочара народот, да ја изгуби вербата во сопствените сили и да се сврти со надеж кон бугарската армија. Народот не знаеше за овие намери на врховизираното раководство и тој се дигна на вооружена борба за своето ослободување. Народот се одзва на повикот за востание, затоа што раководството на неговата организација го повикаа, затоа што долги години беше воспитуван од таа организација: со сопствени сили, преку масовно вооружено востание ќе извојува свое економско и национално ослободување. Не е виновен народот, туку фактот дека во раководството на ВМРО влегоа (во врвот) врховистички елементи. Затоа Илинденското востание не е врховистичко, тоа е народно дело и помина под знамето на централистите.

Централистите, макар што беа противници на едно пребрзано и неподготвено востание, макар што го прогласија солунското решение на 20-те за безумие кое ќе има страшни последици за народот (и сигурно негово пропаѓање), кога народот се дигна, тие заедно со него бестрашно застанаа во првите редови на поведената борба, како вистински народни револуционери.