Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)
“ЗА ДЕДО - Part 01
“ЗА ДЕДО
(Извршен комитет на Комунистичката интернационала)
Македонскиот I1K го откажа одржувањето на врски со нас и се поврза со КП на Бугарија веднаш во почетокот на окупацијата на Македонија. Шарл(о0) (Методи Шароров) не сакаше да дојде по тројна покана од ЦК во Белград на седница за да се претресе прашањето на Македонија. Тој одби да го раздели Прогласот од ЦК KIIJ со повик на акции, даде директива да им се предаде сето оружје на властите и зазеде став за советска Македонија и чекање на Црвената војска. Спрема српските другари во Македонија зазеде непријателски став. Шарл(о0) води харанга кај членството против раководството на КПЈ и секретарот, нарекувајќи го англофилски, поради тоа што во Прогласот рекол дека е Југославија поробена.
Испративме делегат во Македонија и во Софија. Бугарскиот ЦК на Партијата го поддржува Шарло и вели дека е Македонија припоена кон Бугарската КП по налог од Коминтерната.
Сметаме дека таквата постапка на ЦК на Бугарската партија е неправилна. Ние го исклучивме Шарло од Партијата поради саботирање на акциите, поради грубо кршење на дисциплината, поради харанга против раководството, поради национален шовинизам итн.
Во Македонија до денеска нема никакви акции и партизански одреди поради таквиот злосторнички став.
Ние испраќаме наш делегат да организира партизански одреди, акции и понатамошна работа, а виновниците ќе ги ставиме пред нашиот воен партизански суд. Ве молиме Јавете ни дали е точно дека КП во Македонија навистина е припоена кон Бугарија по ваш налог. Сметаме дека тоа не е добро, зашто и бугарската Партија стои слабо со акциите и со врските, бидејќи нејзините врски се разбиени. °° Валтер" Во ова писмо негативно се оценува ставот Ha ПК и на Шаторов изнесен BO прогласите издадени во месеците Јуни и Јули 1941 година, а во кои стои: “Да живеј советска Македонија".
Меѓутоа, во ова време ставот за советска власт бил присутен BO раководството на ЦК КПЈ. Тоа може да се види од документот испратен од страна на Тито до Извршниот комитет на Комунистичката интернационала во првата половина на месец Јуни 1941 година со кој стои: “На желба од раководството на српските земјоделци, ЦК КПЈ го ополномошти Валтер и уште еден член да водат преговори за соработка на сегашнава етапа.
Склучена е оваа спогодба: 1) Заедничка борба против окупаторот. 2) Заедничка борба за советска власт и сојуз со СССР“!
Исто така со почетокот на востанието во Црна Гора кога се ослободуваат одредени територии се организира советска власт, а во тоа време бил делегиран од ЦК КПЈ членот на Политбирото Милан Гилас кога се организира советска власт во Црна Гора. Ова може да се види од писмото на Тито до ЦК на КП Хрватска од 10 август 1941 година во кое, меѓудругото, стои: “Со оглед на тоа што пак некои патници дојдоа од Црна Гора со дозволи на советската власт на Црна Гора, се плашиме да не е направена голема глупост. Презедовме мерки тоа да се
| спречи". !7“ Од овие два документи може да се види дека ставот за советската власт во Југославија постоел и кај други раководители на КПЈ.
Во истото писмо Шаторов се обвинува за негово одбивање да го издаде прогласот на ЦК КПЈ од 22 јуни 1941 година, издаден по 136 Собрани дела на Тито, кн. 7, стр. 345.
“Hero, стр. 54.
ОК Исто, стр. 81.
повод нападот на фашистичка Германија на СССР. Овој проглас не е издаден и од ЦК КП Хрватска што може да се види од писмото Ha LK КПЈ до HK КПХ од 17 јули 1941 година во кое стои: “Нам не ние разбирливо зошто таму веднаш не се печатеше нашиот Проглас кој беше многу актуелен и кој ние го издадовме уште на 23 јуни и веднаш ви го испративме". Бараме точно да се испита кој е виновен што Прогласот не се
1 отпечати". >’ LIK КП Хрватска по ова прашање одговара: “Истиот ден (26)
кога ја добивме пораката од Дедо (Коминтерната) за линијата, стигна до нас Прогласот на ЦК КПЈ. Бидејќи видовме дека ни во тој проглас (како и во оној што го напиша ЦК KITX -забелешка на преведувачот) не е јасно истакната основната линија на Дедо-ИК на КИ-(антифашистичкиот карактер на борбата во сегашната фаза и прашањето на создавањето на националниот единствен фронт), ние преку техниката го прашавме ЦК КПЈ дали да го издадеме Прогласот онака како што е напишан или ЦК ќе напише нов Проглас во духот на Дедовата порака". 140 Heycornacenocra меѓу прогласот Ha ЦК КПЈ и линијата, односно со директивите на Коминтерната, се состои во тоа што во паролите во овој проглас стои: “Да живее меѓународната солидарност на сите угнетени и експлоатирани!, Да живее единството и борбата на работните маси на Југославија!, Долу империјалистичко-фашистичките злосторници на чело со крвавиот Хитлер, Мусолини и др. сатрапи!" !“! Со овие пароли се повикуваат во борба само угнетените и експлатираните и работните маси, а не се повикуваат во широк фронт сите кои сакаат да се борат против фашизмот, наспроти линијата на Коминтерната која во борбата ги повикува сите снаги во светот против фашизмот и работи на создавањето а коалиција СССР, Англија и Америка во заедничка борба против фашизмот. Исто така паролата за империјализмот и борбата против него е неспојлива со линијата на Коминтерната бидејќи СССР води борба против фашизмот, а не против империјализмот.
39 Исто, стр. 69.
ИО Исто, стр. 265.
И Исто, стр. 60.
На 6 септември 1941 година Тито пишува писмо до членовите на КП во Македонија во кое го известува за причините поради кои М. Шаторов е исклучен од КПЈ. Во ова писмо стои:
“До Членовите на Комунистичката партија на Македонија!
Илјадници членови на Комунистичката партија на Југославија, на повик од LIK КПЈ стапија во редовите на народните партизани што се борат херојски против фашистичките окупатори кои ја поробија нашата земја и зверски ги истребуваат нашите народи. Партизаните се борат во Србија, во Црна Гора, во Словенија, во Хрватска, во Босна и Херцеговина, во Војводина и Далмација. Во таа борба паднаа не стотици, туку илјадници борци што побрзаа во борба против намразените фашистички освојувачи. Таа херојска борба на нашите партизани го восхити целиот свет.
Крволопниот и подмолен освојувач Хитлер, кој пороби толку народи во Европа, 5верски го нападна и Советскиот Сојуз. Од тој момент беше наша света должност, заедно со херојските народи на Советскиот Сојуз да придонесеме и ние свој дел во борбата против фашистичките крволоци, да ја поткрепиме борбата на советскиот народ кој е бори толку херојски не само за своето дело, туку и за делото на целото културно човештво.
Со организирањето на партизански одреди и саботажи во Југославија, Комунистичката партија го постигна тоа, што непријателот мораше да доведе нови дивизии во Југославија, што му се наруши транспортот, што му се уништија многу рудници од каде што добиваше суровини, што му гори почвата под нозе и не се чувствува толку сигурен во оваа земја која исто така требаше да му послужи како извор за снабдување на неговите крвави орди во борбата против Советскиот Сојуз.
Додека по целата земја се водат толку жестоки борби против окупаторите, Македонија мирува, таму непријателот слободно шета, се чувствува сигурен, зашто никој не му пречи. Зошто е тоа така? Каде се причините за тоа? Причините се во саботерското држење на некои раководни луѓе од [IK на Македонија, кои свесно ги саботираа директивите на ЦК КПЈ.
Главниот човек во Македонија, стариот Шарло (Методи Шаторов) го уништи Прогласот на КПЈ во кој се повикува членството на борба и акции. Стариот Шарло направи груба политичка грешка, што на сегашнава етапа зазеде курс на создавање на советска Македонија, наместо да се организираат сите мироњубиви сили во борба против фашистичките освојувачи; тој издаде директива оружјето да се предаде во рацете на непријателот, а народот да остане голорак, со што е направено предавство на интересите а народот. Зошто вие сега немате оружје? Затоа што го предадовте, наместо да го задржевте и да водевте борба против намразените освојувачи, како и сите народи на Југославија. Тој одби да се одзове на како и сите народи н Југославија. Тој одби да се одзове на повикот на ЦК на нашата Партија и да дојде во Белград за да се претресе прашањето на македонската организација, тој без наше знаење отиде во Софија и таму издејствувал божемно припојување кон бугарската Партија, за што ние до денеска немаме поим, тој харангира против раководството на КПЈ и најподмолно (го)
клевети. [IK на Македонија не организира партизански одреди, не организира никакви акции и саботажи, не го изврши она што го бараше Коминтерната, туку свесно ги саботираше тие акции и сакаше со бегство во Софија да се извлече од нашата контрола. Тие луѓе го чекаат доаѓањето на Црвената армија, мирно гледаат како гинат и крвават прекрасните советски луѓе.
Тие фантазираат за тоа да дојде Црвената армија и да им ja донесе власта во чинија. Ставот на раководството и на некои другари во Македонија спрема српските другари не е правилен, во него има национален шовенизам кој е недопустлив во редовите на Комунистичката партија.
Еве, поради сето тоа ние го исклучивме Шарло од Партијата, а целото раководство го сменивме, за што ја известивме КИ (Комунистичката интернационала) и братската бугарска Партија.
Другари Македонци, ние одново ви испраќаме наѓ повереник кај вас со полномошно да го спроведе нашето писмо, да организира партизански одреди и други акции. Од вас вараме да ги прифатите неговите мерки и да го поткрепите во работата.
Дигнете се што е чесно и што сака да се бори против фашистичките освојувачи и нивните бугарски агенти.
Впрегнете се на работа и надополнете го она што го пропуштивте, не по ваша вина туку по вина на неколкумина саботери. Нашиот повереник има полномошно да организира оперативно раководство, од кое вие треба да примите директиви, додека не дојде одлука од КИ преку нас за вашето прашање.
Старото раководство нема веќе никакви права. Оние исклучувања што ги изврши тоа ние ги поништуваме и му даваме задача на повереникот да организира комисија која одново ќе ја испита вината на исклучените другари.
Другари Македонци, во бој! Не дозволете да си пречите и саботирате во вашите акции. Организирајте партизански одреди, уривајте мостови, железници, телеграф, уништувајте ги сите воени објекти, уништувајте ги нивните бугарски агенти, уништувајте ги предавниците и саботерите! Ваша должност е да ја поткрените херојската борба на советскиот народ, да ја поткрените борбата на другите народи на Југославија што се дигнаа на востание против угнетувачите. Вклучете се во редовите на народните партизани на Југославија, кои пишуваат славна страница во историјата на нашата Комунистичка партија и на сите народи на Југославија.
Смрт на фашизмот - слобода на народот!
Централен комитет на Комунистичката партија на Југославија" 142 Ha 6 септрмври 1941 година Тито пишува писмо до ЦК на KIIb.
Го критикува што заобиколувајќи го ЦК на КПЈ, ја приклучил македонската партиска организација кон бугарската партија и му дал поддршка на М. Шаторов. Во ова писмо стои:
“За ЦК на Комунистичката Партија на Бугарија 142142 Исто, стр. 345
0¢l
9 elUHOTMEIN © “инодоаоп 29 он elUERIDOIA[ BH олипоаен ‘1099 TOMI BH ИЛ) BH OLOLIMHUTILI ен ULOAIIOBH “QLIMUATIILI 0490.I0H оп “рол, odoin) "отидотепќчо ro nHagodor 29 eluaeird0IAf ен олипоТен емхоп идовнот 92 олон он OLIIEE ‘UNOITU(OIrIHE 109err10dIr 9 eX - Б(ИпечитоИ BHIAR РЕНПО 09 ULIMHA OI [OL oerrrodi Го |, "отидотепкќмхо aurodu egdog eH LorodeH vaANHEOI 99 Гом он ‘€A[0)) тоижотоно;) £dd HIUITHRQ JLUNhULOUIMR( IO LOT BIIRH 709011 оп (TY MIT YO Looerr1od]] BH OLOHBIAXOHWA и OLdHIAUM omeduroged 0 J (7 “ULIOImKIror widuiden 911g) dmeduLoged ИЛИ eHAIIMIOUY erexourden umdxodi el 0gAdr orm 09 ‘enuHIrdd е orfor er wAwdod Гол eH HOUR oe (11М MI] по хиноп rouH(odL BH раеПо 29 oH onde] (1 — (0rrde[]] BH BLRHUE 9 23 OLII Og ‘orrde[[] зтоо MUHAOHNE HORII HOM Клои ‘UIAIr инпонохеа QLUHITIOWEL BH gel) LOMMOULdeIIULHE и Тоижодатооро ипиа 29 BY OHOE[ JIMIKOW HOM По ирешточеи BIDOH B[UHOIINMR]A он dwededIoun ил дин ош drudelAdr ‘Owadd orou og "еГинопохе|ј гедипкхо el итов олим2зТетКо и отижонРИ дот кош “еГифо;?) od romuro онедоп Гол. ‘orfor еп оптехео он опе ‘onrAIres ОН ‘UIradIro mwioHeenLdenl eH онедисиИнЕЛАО ve И иипуе BE ИиЧчиИиЈЖоДИГ ое еп “е(ИпрсеинЕЛАО erexoHOTdNenW eH ordHemedn owadddrodn OI BI Отон 09 OHIOeE и redirdq od drfor еп (gaodore[[] HOLA)
orrdeJ] 2Каехиаоп OJ ‘ULBIRAY JLMA ‘OS0HITO “OU "OLUITHOIINB]A HOED0 JLUD речеПо 97) "elUITRALUD RIRIEHRLOBHOGOH dWdddrodn ef el ЧИН 09 MMhHHIOEE ‘ele(uide]] eH УП BH OLUGOHOIh И ULOLUWON IIOHUERANOI и MHOBIIQO LUD BH JIUIHUHLEBLILIAI dOWaeMudon ит они зин “олидотепкќуо По BHOQOdOI гзтоо e[UERIrdOIA[ BION Ип2аќ 29 err ИичкИиНПоРЕ рГеТОоОРа и ededo.aced 29 elf ОрН 09 о9ШРрО2ЏАТ. dowemedin vol ОП ОЈПРЕ “РНПИЧ“РДПоН еи9902 JWRLIWD Bl OUH eMIIRLOON LRaNe |, "онечкГопиап vol erurdaron ox ded ANd eLeHdOLHUWOY BYOY И Jed ПО NaUIAUY eAUQOY BIOY — ded 09 elUlTeeHHRIAO BLEMOHOIINEI BH ordaemedn orurddA 01 WOXO0Q BOL OLII BOL 09 MMIIBLION ALUOED edArdgedio ит e[MHOTOMEIA 04 Y] BH 0LO4LOT0d0Ne "еГипесинеЛДо BLEMOHOTONEIW 09 ИБЌИО 99 OLMI BOL ре инЏ/очо што нопо19 HOJJ9EU ОП OME И JL) BOT 2КР12 0 OLITIRE ‘OWOUII BIO 09 Wed dnHn1edgo 29 Hd BI BHMULLOI OH Р(ипреинЕЛао BLEXOHOXONEW 09 LO[BhAIL)
‘udetAdr nied ослободена. Ова мириса не само на националшовинизам туку и на германофилство. 3) Тој зазеде саботерски став по прашањето на акција против окупаторите, а нспроти тоа донесе одлука дека треба да им се предаде оружјето на властите, со што направи отворено предавство во прилог на окупаторот. 4) Тој зазеде сосема погрешен и штетен став, наспроти линијата на КПЈ, земајќи курс на создавање советска Македонија на сегашната стапа од ослободителната војна и борба заедно со сите прогресивни сили против фашизмот. 5) Нашиот делегат утврди на самото место дека Шарло не само што не ги признава своите грешки туку и го клевети раководството на КПЈ и секретарот на Партијата, обвинувајќи го дека (раководството) е англофилско итн. Врз основа на сето тоа, LIK КПЈ го исклучи Шарло од редовите на ЏЦартијата како саботер и антипартиски елемент, за што ja известуваме и Коминтерната.
По враќањето на нашиот делегат, ние донесовме одлука да се смени целото раководство на македонската организација, зашто неговото мнозинство се солидаризирало со Шарло.
Оваа наша одлука не е донесена врз основа на некои клевети и неправилни проценувања на постапките на раководството во целост, а посебно на Шарло, туку врз основа на вистински факти, што потврдува следното:
1. По цела Југославија - Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, во Војводина и Далмација - се водат масовни акции и саботажи, се води жестока борба на нашите партизани, што ги организира и води нашата Комунистичка партија против окупаторите и нивните домашни агенти, а само во Македонија нема акции, нема партизански одреди, наспроти колосалните објективни и субјективни услови, наспроти нашите барања, директиви и материјална помош што ја дадовме. Никакви изговори неможат да ја оправдаат таа саботажа. Ние овде по цена на огромни жртви, речиси голораки, освојуваме оружје и понатаму секојдневно во борбите (го) освојуваме, само за да ја помогнеме борбата на Советскиот Сојуз и ослободувањето на нашите народи. Во таа борба ние веќе имаме илјаници мртви борци кои храбро ги дадоа своите животи на повик од Партијата во борбата против намразените фашитички гадови, а кукавиците од раководството во Македонија ја правдаат својата неактивност со чување на кадрите.
2. Нашиот делегат утврди на терен дека мнозинството партиски организации се жала на неактивност, а дека по нивно мислење има доволно услови за создавање на партизански одреди и изведување на разни акции.
3. Ние со тешки жртви им набавивме една печатница на другарите во Македонија, а тие ја фрлија надвор да “рѓосува на дожд, наместо да ја искористат за целите за кои беше наменета.
4. Спрема другарите Срби во Македонија се зазема националшовинистички став, се ставаат во пет кош со разните великосрпски реакционери и се стои на становиште дека тие нема што да прават во Македонија. Со таквиот став се влијае и врз другите членови на Партијата. Зар тоа е пролетерски интернационализам?
5. Шарло го клевети пред членовите на Партијата раководството на КПЈ и на тој начин го урива угледот на раководството и единството во редовите на Партијата.
Еве, тоа се фактите што не присилија да преземеме толку остри мерки.
Сметаме дека не беше правилно од ваша страна што не се поврзавте со нас, што го решававте прашањето на македонската организација без нас, што уште и сега му давате поддршка на Шарло. Тоа прашање можеше да се реши другарски, без потреси во таа организација. Зар фашистичките освојувања можат да бидат повод за проширување на една братска комунистичка партија, а не погребата од вистинска, успешна организација на народната борба, добрите врски и континуитетот во работата?
Еве, во тоа ве сметаме одговорни, зашто можевте да дојдете до нас, како што ние веќе повеќепати дојдовме до вас, да се договориме за тие прашања и за заедничка борба, а не да доволиме да дојде до толку нездрава состојба и неактивност на една партиска организација поради злосторничката постапка на неколку луѓе.
Ние стоиме во постојана врска со Ѓорче (Георги Димитров) и токму тој постојано ни ја подвлекуваше потребата од најсилни акции и кревање на востание. Ние сметаме за своја должност и вас да ве предупредиме а тоа, зашто е тоа директива на КИ, зашто е тоа ваша должност спрема херојскиот советски народ, како и спрема бугарскиот народ.
Ние одново му се обрнуваме на членството во Македонија со објаснение за целиот овој немил случај и испраќаме повереник да формира и ново оперативно раководство и да организира акции и партизански одреди во Македонија.
Ние до денеска не сме добиле никаква одлука од КИ по прашањето на македонската организација, затоа денеска бараме разјаснување на ова прашање.
Ние сметаме дека треба да испратите еден или двајца луѓе од ЦК заедно со нашите претставници на состанок, на кој би сме се договориле за заеднички акции и борби и за кревање на востание во Македонија и Бугарија. По потреба, ние би можеле да испратиме и неколку вооружени одреди. Јавете го вашето гледиште по тоа прашање.
Смрт на фашизмот - слобода на народот!
За ЦК КПЈ секретар Тито" За односите помеѓу LIK на КПЈ и ПК на КПМ Bo 1941 година од документите и од дадените појаснувања во форма на забелешки во Титовите собрани дела, книга 7, може да се констатира следното:
1. Во забелешките се спомнува за поднесен извештај од Лазар Колишевски на 23 јуни 1941 година по враќањето од
> Исто, стр. 346.
Македонија. Меѓутоа, досега не е објавен таков извештај (не е познато што содржи), односно ако поднесол усмен извештај никаде не е забележано што изјавил.
2. На крајот на јуни 1941 година, како што стои во забелешките, е одржана седница на Политбирото на ЦК КПЈ кога е донесена одлука за исклучување на М. Шаторов од Партијата, врз основа на извештајот од Лазар Колишевски. Но не постои документ (записник) од кој би можело да се види кои биле присутни на оваа седница и кои, во основа, се причините за оваа одлука, а за една таква значајна одлука само се дава појаснение во забелешки во собраните дела на Тито. Постои документ дека на 27 јули Политбирото имало седница и за тоа има објавено документ, а прашањето за ПК и за Шаторов не е поставено.
3. He e познат извештајот од JI. Колишевски по неговото враќање од Македонија во втората половина на јули 1941 година, врз кој Тито свикува состанок на Политбирото. Тука се наведува кои биле присутни, а ова е појаснување пак само во забелешките. Но нема кога е одржан овој состанок и нема објавено документ од кој би можело да се согледа за кои прашања се расправало и што е решено. Во појаснувањата во вид на забелешки се даваат само појаснувања за решението донесено и за неговото спроведување, односно се однесува за одлука на ЦК КПЈ, а во ова време ЦК немал седница, туку имало Политбирото, како што стои во забелешките. А нема документ објавен и за седница на Политбирото од која би можело да се види содржината на прашањата по кои се расправало.
4. Од писмото на Тито испратено до ПК за Македонија од 24 Јули 1941 година може да се види во што се состојат споровите и за тоа по кои прашања се обвинува Шаторов. Имено: го саботирал издавањето на прогласот од 22 јуни на ЦК КПЈ за прекинување на врските со ЦК и не се одзвал на поканите, а за што не го известил ЦК, за ставот спрема Србите во раководството Ha ПК, запоставување на својата партиска активност и игнорирање на сите партиски правила. Овие прашања во писмото се формулирани во пет точки, а тоа се гледа од самото писмо кое е објавено погоре во овој материјал.
Во ова писмо на Тито не се наведува кога и кој одлучил, меѓутоа, стои оти ЦК КПЈ целата таа негова постапка ја смета за антипартиска и контрареволуционерна и поради тоа го сменува од неговата должност - член на ПК за Македонија и го исклучува од Партијата. Меѓутоа, ЦК во ова време нема седница и се поставува прашањето кој донесол одлука, а ништо не се кажува ни за седница на Политбирото и за неговата одлука.
Во наведените забелешки стои дека одлука за сменување и исклучување на Шаторов е донесена на “крајот а јуни 1941 година". Во ова време спорниот проглас не бил објавен ниту доставен до ПК, а во забелешката на оваа седница на Политбирото е заклучено Л. Колишевски повторно да се врати во Македонија за спроведување на одлуката и да го однесе прогласот издаден од 22 Јуни. Во овој момент на одлучувањето не можело да има спор за прогласот. Но како што се гледа од пимото на Тито до [IK стои само за прекинување на врските со ЦК КПЈ, a не стои за врски Ha [IK co ЦК на KIIb. Од ова произлегува дека при одлучувањето на крајот на јуни биле само прашањата од 2-5 точки од писмото.
Карактеристичен е фактот што во телеграмата испратена од Тито до UK на КИ на 4 септември 1941 година се прошируваат причините за сменувањето и исклучувањето на Шаторов. Од оние што се изнесени во писмото до [IK од 24 јули се следните:
откажувањето на врските и поврзувањето со КП на Бугарија веднаш во почетокот на окупацијата на Македонија, за директивата да им се предаде сето оружје на властите, ставот за советска Македонија и чекањето на Црвената армија, води харанга кај членовите против раководството на КПЈ и секретарот, нарекувајќи го англофилски (поради тоа што во Прогласот рекол дека е Југославија поробена), во Македонија до денеска нема никакви акции и партизански одреди поради таквиот злосторнички став.
Во писмото на Тито испратено до членовите на КПМ од 6 септември покрај причините наведени во телеграмата до КИ дополнети се и додадени уште овие причини: неизвршување на она што го бара Коминтерната, свесно саботирање и бегство во Софија (за да се извлече од контролата на КПЈ), сменување на целото раководство, односно на ПК. Во претходните писма и во телеграмата до КИ не постои ништо за сменувањето на целиот состав на ПК, а ваква одлука не е донесена ниту на седницата на Политбирото од 31 август 1941 година.
Во испратеното писмо од Тито до БКП, покрај причините наведени во телеграмата до КИ и до членовите на КПМ, се додаваат и овие причини кои го обвинуваат Шаторов: заземање став оти “и народите на Југославија не се поробени, а Македонија ослободена. Ова мириса не само на националшовинизам туку и на германофилство". Во ова писмо се спомнува првпат за исфрлена и уништена печатница (наместо да се користи).
Овие ставови и одлуки Политбирото ги донело врз база на извештаите на JI. Колишевски кои до сега не се објавени, а исто така нема објавено записници од седниците на Политбирото кога се утврдени овие причини и кога се заземени ставови и се донесени овие одлуки, односно се поставува прашањето дали имало такви седници. Постои само записник од седницата на Политбирото од 31 август 1941 година. На оваа седница само е заклучено да се испратат писма до КИ, КПМ и БКП 3a состојбите во ПК на КПМ, а не се прецизирани во записникот причините кои стојат во писмата, односно не стои ниту за сменувањето на ПК. Ако во писмото до членовите на КПМ стои вакво решение - тогаш кој одлучил?
ТО. Извештај од Драган Павловиќ, повереник на ЦК на КПЈ, до Централниот комитет на КПЈ Повереникот Драган Павловиќ-Шижа поднесува извештај до ЦК КПЈ на 28.УШ.1941 година од Ниш, под наслов “Од Македонија". Но овој извештај не е напишан на овој датум, ниту пак во Ниш, а тоа може да се види од записникот на Политбирото од 31 август, каде што стои: “И) Македонија:
Прима се до знања извештај ume (Драган Павловиќ), е тим да да и писмен извештај". Во овој извештај се прошируваат обвинувањата и против Шаторов и против 11K на КПМ, во него стои:
“/1941/ август, 28 Ниш, 25.УШ. Од Македонија Вториот ден по доаѓањето во Скопје се состанав со целиот [1K (4 члена)(1). Претходно разговарав со двајца членови посебно.
Едниот (другарката)(2) веднаш со одобрување Ја прими одлуката на “Таткото (3) додека вториот(4) по извесно колебање. Меѓутоа, на состанокот каде што го прочитав писмото, и тој со други двајца одби да ја прими одлуката.
Мотивираат со тоа дека сега се одговорни пред “Таткото од Бугарија(5).
Појаснување:
Со бројките се означуваат следните лица:
1. Методија Шаторов, Перо Ивановски, Коце Стојановски и Мара Нацева,
2. 2. Мара Нацева,
3.3. UK на КПЈ.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/metodia-shatorov-sharlo-mac/11 le 29 octobre 2026