Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Guilty Without Guilt (Short Version)

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1945 ГОДИНА - Part 03

Par Стојан Кочов · Partie 9 sur 33 · Environ 9 minutes

Lire en English

Но, зачудува концептот на НОФ (КПМ/КПЈ), по кој уште во 1945 година беше реализиран и се изврши масовна мобилизација на македонското население, зачленувајќи го во НОФ и АФЖ. Очевидно тоа покажува дека е внимателно испланиран идниот и другите концепти преку стратегијата и тактиката на туѓинците.

Тоа го покажува и следното: дека по предупредувањето и спречувањето на левите сили низ цела Грција да учествуваат во масовноста, а подоцна тие леви сили се преоринтираа и настана наводно проблемот со резервите на воените сили на ДАГ. И, не е чудо тие од 25.000 - илјадната армија на ДАГ, во нејзините редови се најдоа насилно мобилизирани и ја сочинуваа 50% Македонци борци, а другите беа Грци. Тоа значи, од осуммилионското грчко население во единиците на ДАГ имаше не повеќе од 18 - 20 илјади борци на ДАГ, а од 300 илјадите македонско население во Грција, имаше околу 15 - 20 илјади Македонци борци на ДАГ, низ целиот периот на Граѓанската војна (1946-1949 год.).

Според истражувањата на генералот Зафиропулос, силите на партизаните, во текот на 1946 година се развиваа по следната динамика. До:

Месеци Број на борци Април 950 Мај 1.300 Јуни 2.700 Јули 3.500 Август 3.600 Септември 4.490 Октомври 5.930 Ноември 7.450 Декември 9.285 Што значи соодносот на владините сили и борците во ДАГ е 10:1, а военото наоружување е неспоредливо.

„... Кога пристигнав во Белград, вели Маркос ...Oдма се сретнав со другарот Иоанидис, во една канцеларија, каде ме дочекаа и двајца лидери на Комунистичката партија на Југославија; Темпо (Светозар Вукмановиќ) и Ранковиќ. Ме прашаа што ќе треба за неопходно да сторат за да помогнат (за ДАГ). Им реков дека потребно е наоружување за 18.000 борци. Само што слушна Иоанидис, дека барам наоружување за 18.000 борци, стана и ми вели: Маркос, дали си во добрите: што ќе правиш со тоа наоружување за 18.000 борци. Доволно е само за 4 - 5 илјади и ниту за еден повеќе не треба”.(Стр. 94. Кисавос). Понатаму тој објаснува:

„...Тогаш јас го прашав Маркос: - Зошто другар Маркос, по враќањето од Белград во Грција, ја променивте линијата на Партијата. Беше присутен и лекарот Сакеларију. Ми одговори: - Ми ја промени партиската линија Иоанидис, кога бев во Белград, другар Георги.” Најсигурно е дека, таквата линија ја променија Југословените и Иоанидис и од тогаш Маркос се здоби со особени симпатии од југословените и лично од Тито, каде до ден - денес се забележливи тие симпатии.

Кисавос, во неговата книга потврдува дека Маркос, по враќањето од Белград во Грција, во својот Штаб, реши да ги враќа во своите домови сите што доаѓаа како доброволци во редовите на ДАГ, така на пример: околу 1.500 - 2.000 доброволци беа вратени и по нивното враќање непријателот безмилосно ги уништи како „кучиња”. Исто така, наведува и други примери, како што е со секретарот на Политичката комисија на градот Трикала, Костас Аридас кој заедно со поголема група кадрови кои имаа цврсто донесено решение во Околиската област на Тесалија дека треба да излезат во планина и да се борат, беа вратени и сите беа арестовани и стрелани.

(Стр, 88.)

Кисавос, пишува за уште еден потрагичен, па дури и срамотен случај.

„Една група, околу 250 млади и наоружани доброволци, од околијата на Каламбака - Кастраќу, кои се обидоа да ги вратат, тие се спротивставија. Но, тие по своја иницијатива се организираа во 2-3 чети и решија сами да се борат против непријателската владина војска, во време на најголемите воени операции што ги имаше преземено владината војска на тој терен.

На чело им беше Спирос Царас од с. Кастраки - Каламбака. Се покажаа најдобри борци, (во тие жестоки борби) и без да имаат жртви во таа тешка и жестока борба. Раководството на маркосовите штабови, наместо да им честита за нивната храброст, тие беа изгрдени за непослушност, а долго време го имаа за сомнителен Спирос Царас.” Развојот на НОФ и АФЖ и политиката на КПМ/КПЈ за оптималното омасовување на целокупниот македонски народ Значи, ако политичката стратегија и тактика на Маркос била за не омасовување на вооружениот отпор и тоа со искусни борци од ЕЛАС, тогаш каде да ја бараме логиката на таквите политички процеси. Тоа што го правеше НОФ со невидено галопирање во омасовувањето на македонците селани:

(Види-Извештај од главното раководство на НОФ од 9 февруари 1946 година, за организационата структура на НОФ во Егејска Македонија: Ам. Збирка „Егејска Македонија во НОБ 1945-1949”, АЕ: 86 и 87. Објавени во едицијата: „Егејска Македонија во НОБ 1946”, Т. Ш. . . , док 42 и 43. Стр. 97, 100,

103-106. )

Села / членови на КПГ /член на НОФ/ НОМС/ СКОЈ/ АФЖ Костурски округ

1. Преспанска околија А. реон Герман 16 села Б. реон Африка 7 села

2. Околија Корештата А. реон на Д'мбени 9 села Б. реон на Дреновени 14 села В. реон на Тиолишта 14 села

3. Околија Полето А. реон Жупаншта 12 села Б. реон Рупишта 10 села В. реон на Кастенаријата 18 села Г. Подреони на Калевишта 5 села Лерински округ

1. Леринска околија А. Буфски реон 13 села Б. Которски реон 15 села В. Банички реон 6 села Г. реон Овчарени 9 села Д. реон Турје 6 села

2. Совичко-Кајларска околија А. реон Екши-Су 5 села Б. реон Ајтос 8 села В. реон Мокрени 16 села Воденски округ

1. Мегленска околија А. реон на Кронцелево 13 села Б. реон на С'боцко 11 села

2. Островска околија А. реон Острово 7 села Б. реон на Месимер 11 села В. реон на црно Мариново 8 села Во извештајот се нагласува, дека состаноците се одржуваат редовно во месец јануари. Повеќето села ја прифаќаат нашата линија и се борат под наше раководство. Во извештајот се наведуваат точно колку им припаѓаат на секоја од овие организаци, а бројката е фрапантна и се добива претстава дека македонското население е целосно под влијание на овие организации. Има и други деталји.

За Организационото раководство Секретар, с. р.

(Москва - Белград- КПГ)

Развојот на силите на НОФ и АФЖ (Следните факти се клучни моменти во целата историја на НОФ)

На 2.04.1946 година, Захаријадис, генерален секретар на КПГ, враќајки се од Москва во Белград се сретнал со маршал Тито и разговарал околу одлуката за поведување на оружена борба против десницата во Грција. Захаријадис од Тито добил целосна поддршка, односно, ветување за морална и материјална помош.

На оваа средба било договорено и за следното:

Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, предводено од НОФ, кое од април 1945 година се наоѓаше под раководство на КПЈ - КПМ, да помине под раководство на КПГ.

Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис, да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето на партизаните со оружје, облека , храна и други материјали.

Слободна регрутација на борци од редовите на македонската и грчката политичка емиграција во Југославија; организирање болници за ранетите и болните борци на ДАГ; Југославија да ја преземи улогата на организатор и координатор на помошта од други земји за ДАГ.

*** На 24.08.1946 година врз основа на договорот Тито -Захаријадис, еден дел од составот на ПБ на ЦК на КПГ на чело со Јоанидис Јоанис и потребниот апарат, илегално се префрли од Атина во Белград. Генерал Маркос Вафијадис кој во јуни 1946 година од Захаријадис беше назначен за организатор и раководител на партизанските групи илегално ја напушти Грција и се префрли во Белград каде што доби конкретни директиви и ветувања од делот на ПБ на ЦК на КПГ. Во септември се префрли во Егејска Македонија каде што на 28 октомври го формира Главниот Штаб на партизанските единици, односно ДАГ. Но, на 10 ноември Захариадис од Сталин доби директива вооруженото движење зимата 1946 -1947 година да не се омасови, бидејќи тоа наводно го налага меѓународната ситуација, КПГ на политичката борба да и даде примат и слично.

На 21.11.1946 година, врз основа на одлуката и договорот меѓу Тито - Захаријадис од 14 октомври 1946 година, КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба: „Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под контрола на КПГ, а вооружените единици поминуваат под контрола на ДАГ под раководство на генерал Маркос. Зарем ние Македонците и во историјата треба да оспоруваме дека овој политички фундамент, не беше поставен од туѓинците (КПЈ-КПГ )?!

На туѓинците, целта им била од некои свои послушници да направи херои, таков лик, преку кого ќе се идентификува цел еден народ, а другите да ги сведе во најголема мера негативци (комитаџии и др.) и во такви услови да проработи кодошењето, (што подоцна и се почесто и се случуваше меѓу членовите на НОФ) и така настана најпогубниот момент за Македонците под Грција.

По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, кој им го рекол следното: „Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Борете се со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции...” Ова заплеткано сфаќање со утешни илузии, покажува дека владееше зајдисонце (мрак) во македонското лидерство.

Сега генерал Маркос сме го овластиле за нашата судбина Наредба Бр. ЕП 13 од 27.12.1946 година, од генерал Маркос, гласи: „Сите партизански единици од денеска се ставаат во составот на ДАГ”.

Значи, НОФ од овој датум не претставуваше никаков воено -политички фактор, туку по т.н. „Братство и единство” на НОФ и се земени сите ингернции. По ова настана деликатна рамнотежа, помеѓу НОФ и КПГ, но полека влегуваше во менгемето на КПГ, охрабрувано па дури и од македонскиот врв на КПМ и несомнено стануваше жртва на политичките игри. А, бргу потоа се најде во рацете на бескруполозната апсолутистичка власт на КПГ.

Дали некој помисли на фаталното дејство на омразата која никогаш не ја имаа заборавено спрема поранешните ЕЛАС (ИТИ), сега НОФ (ИТИ)?

Во аналите на историјата, таков случај не е регистриран.

1. Ако НОФ беше политички македонски субјект, требаше да каже: какви отстапки би можела да направи спрема КПГ, а притоа да не му нанесе трајна и неповредлива штета на својот народ - на национален план. Но, настана она другото: значи ако го создаде КПМ/КПЈ, тогаш таа и го предаде (продаде) на КПГ, а со какви и кои се политичките цели?!!! Само тие знаеја (КПЈ и КПГ)!

И, така нашите надежи сега се најдоа пак на масата на КПГ, ние се најдовме во униформата на ДАГ, децата се најдоа по светот.

Значи, добро соработувавме во целиот период за „мекото етничко чистење”.

Преглед: