Guilty Without Guilt (Short Version)
ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНИ СЛЕДНИТЕ ПРАШАЊА
ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНИ СЛЕДНИТЕ ПРАШАЊА:
1) Дали македонските активисти на НОФ и АФЖ, биле изворно национално - ослободително движење, формирано во Скопје и имале автохтона задача – политичка замисла за остварување на некакви национални цели или беа втурнати во масовната чистка и заборавија на македонскиот завет: „Нема поголема доблест да се бранат корените на своите предци”!?
2) Чувствуваат ли вина што ја создадоа организацијата АФЖ и со тоа македонското семејство стана политичко, а Грците тоа не го сторија!? Гркинките членуваа во КПГ. Со создавањето на АФЖ кај Македонците, ние Македонците направивме ,,Политичко семејство”, а тоа им требаше на Грците...
3) Со задоцнување од цели децении генерал Маркос, во посебни интервјуа за атинскиот весник „Та неа” и за солунскиот „Елиникос ворас”, изјави: – „Захаријадис ја сакаше таа катастрофа во 1949 год... Плански работеше за тоа да се случи...
Бевме предадени од раководството на партијата!” Или: – „Тогаш сè уште немав дојдено до констатација дека Захаријадис е провокатор... Захаријадис ја играше играта на Англичаните и Американците. Дим”. Така, официјално вели Маркос. Тој веќе беше во СССР испратен од Захаријадис уште во 1948 година.
Но, да се навратиме на следните случувања:
ΤΑ ∆ΡΑΜΑΤΙΚΑ ΓΕΓΟΝΟΤΑ ΤΩΝ ΕΤΟΝ 1945-1949 ΣΤΗΝ ΕΛΛΑ∆Α ΚΑΙ Η ΣΟΒΙΕΤΙΚΗ ΠΟΛΙΤΙΚΗ ДРАМАТИЧНИТЕ СЛУЧУВАЊА ОД 1945 ДО 1949 год. ВО ГРЦИЈА И СОВЕТСКАТА ПОЛИТИКА Превод: Строго доверлив документ на министерството за надворешни работи на СССР. НИКОС ЗАХАРИЈАДИС Во рацете на советските органи.
Απορρητα ντοκουµεντα του Υπουργειου Εξωτερικων τη ΕΣΣ∆. Ο Νικος Ζαχαριαδη στα χερια των σοβιετικων οργανων ДВОЛИЧНОСТА НА СТАЛИН ВО ЈАЛТА
1. Руските позиции во целата оваа ситуација беа чисти: Сталин сакаше да се вмеша во интересите на капиталистичкиот свет и покрај постигнатите заеднички договори со западните сили, во кој и самиот учествуваше и се согласи дека: Грција, заедно со Егејска Македонија остануваат под влијание на Велика Британија и Америка. Ова беше во согласност со спогодбата договорена во Јалта, дека во Грција нема да се воспоставува социјалистичко општество. Оваа спогодба, за право ја негираше потребата од така наречената Граѓанска војна во Грција. Па така, ако веќе војната беше иницирана со цел да се спречи социјалистички политички систем во Грција, во тој случај останува само уште една опција: Интернализација на проблемот, победа и отстранување на комунистичките сили во Грција и спроведување на легално етничко чистење на македонското население во Егејска Македонија, окупирана од грчката држава, и доселување на колонистите од Мала Азија, од народот наречени како „дојденци” или „Prosfigi”, „Просфиги”.
Ама се поставува прашањето: Како? Само со поттикнување на Македонците да се спротивстават со оружје и да започнат војна.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/guilty-without-guilt-mac/30 le 29 octobre 2026