Guilty Without Guilt (Short Version)
ВАЛКАНАТА УЛОГА НА НИКОС ЗАХАРИЈАДИС
ВАЛКАНАТА УЛОГА НА НИКОС ЗАХАРИЈАДИС
2. Никос Захаријадис кој, бајаги, ја започнал грчката граѓанска војна, беше германски затвореник. Беше ослободен од Британците и со авион испратен во Атина, со цел да го превземе водството на комунистичката партија на Грција. Е сега прашајте се и самите: која беше причината што Британците го ослободија поранешниот генерален секретар на комунистичката партија на Грција, за повторно да го постават на истата позиција, кога и така Грција беше под контрола на таа партија? Имаше ли тој британски потег воопшто смисла? Да!
Имаше и тоа како: за да ја ослабат комунистичката партија, а не да ја стабилизираат и оснажат! Целта на Британците беше, со поставувањето на Захаријадис за врвен водач на комунистичкото движење на Грција, да се контролира целата исплеткана ситуација во Грција, што на крајот и се случи.
ДОГОВОРОТ ОД ВАРКИЗА
3. Кога веќе комунистичката партија на Грција ја имаше во своите раце контролата над Грција, зошто беше потребен некој си договор во Варкиза, со кој им ја предадоа власта на својот омразен непријател, грчката влада во Атина, контролирана од Британците? Овој договор во Варкиза беше склопен на 12 февруари 1945 година, со него се бараше сите партизани и другите вооружени групи да се демобилизираат и разоружаат.
Британците, уште еднаш им потврдија на грчката влада во Атина пријателство, со давање на полна политичка и војна подршка, ветувајќи ѝ дека се подготвени да влезат и самите во војна, како би ја спречиле партизанската победа. Најголемите губитници со договорот во Варкиза беа Македонците. Одма по потпишувањето на оваа спогодба, сите антимакедонски закони од претходно, се вратија назад во употреба, со што македонскиот народ изгуби се што имаше добиено за време на германската окупација и уште повеќе: „правото да формираат своја национална држава, спрема принципите во Атланската Повелба”. Грчката комунистичка партија не направи ништо да ги заштити македонските права во разговорите со Британците.
Тоа не беше само предавство и чин на неблагодарност спрема жртвите кои Македонците ги поднесоа, војувајќи во нејзините редови, туку беа оставени на милост и немилост во рацете на се поагресивните грчки фашисти.
КАКВА БЕШЕ УЛОГАТА НА ЈУГОСЛАВИЈА ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА
4. НОФ на Македонија, кој е креиран во Југославија и испратен во Егејска Македонија, за да изврши подготовки за новиот воен конфликт, веднаш по крајот на Втората светска војна, зошто беше прекинат (поништен), пред да почни грчката Граѓанска војна?
Македонските борци од редовите на ЕЛАС, кои уште со време ја напуштија окупираната македонска територија, Егејска Македонија, и се префрлија во Југославија, беа ставени под команда на КПЈ и КПМ. Од нив, на 23 април 1945 година, беше формиран Народниот Ослободителен Фронт на Македонија и испратен во Грција да изврши подготовки за новиот конфликт:
грчката Граѓанска војна.
Тоа значи, дека грчката Граѓанска војна беше предвидена пред таа да започне. Се претпоставува, дека Југославија знаеше за тоа и дека и самата беше дел од сета таа процедура. Врвните југословенски лидери мора да го знаеја тоа. Но како е тоа можно? Ја предвидоа иднината? Сигурно не! Можно е само едно: да и самата била замешана во заедничкото сценарио против македонскиот народ и неговото етничко чистење од Грција. И какво изненадување? Класифицираниот документ за кој зборував порано, беше датиран со датумот 11 декември 1945 година што докажува, дека на дипломатско рамниште, овај план веќе беше активен уште во 1945 година, кога беше формиран НОФМ. Тоа докажува, дека Британците во никој случај не беа во состојба да се решат од Македонците во Грција без активна помош на Југославија. Фактот што Југославија го формира Народноослободителниот Фронт на Македонија за да ја започни новата, така наречена Граѓанска војна во Грција, го докажува сето тоа.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/guilty-without-guilt-mac/31 le 29 octobre 2026