Guilty Without Guilt (Short Version)
(СУПТИЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК И СО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА)
(СУПТИЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК И СО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА)
На 27.03.1949 година, свикан е основачки состанок од 163 комунисти, делегати на II-от конгрес на НОФ, на кој едногласно е решено да се формира комунистичка партија на Македонија од Егејскиот дел на Македонија, која би била засебна организација и дел од КПГ и би се викала КОЕМ. (За овој настан, се велеше дека е најсветлата точка од грижата што ја водеше КПГ спрема нас Македонците, но да ја оставиме историјата да каже колку навистина беше и остана „светла”...”)
Но, да видиме како нашата историграфија го оцени тој настан:
„Создавањето на КОЕМ беше своевидна тактика со крајна цел македонското национално прашање да стане составен дел на антијугословенската ИБ кампања, да се предизвика прекин на сите духовни и политички врски меѓу Македонците од Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија, создадени во борбата за национална и социјална слобода, дезориентација на национално - ослободителното движење на егејските Македонци и вклучување на македонскиот фактор во божемните причини за поразот на ДАГ”.
(Види: вес. „Вечер” – „Историската вистина не е дневна политика”. Од 2 јули 1989 година, д-р Ристо Кирјазовски.)
Зарем, е тешко да се сфати, дека ние Македонците под Грција им станавме предмет за одмаздување во нивните идеолошки ставови на КПГ и КПЈ, но и државната политика на Грција и Југослвија.
На 4 април 1949 година во Вашингтон се потпиша конкретна согласност за формирање на НАТО, од владите на САД, Британија, Франција, Канада, Италија, Португалија, Белгија, Холандија, Луксенбург, Исланд, Данска и Норвешка.
Значи, се работи за една значајна согласност, со која Западноевропските држави ги ставија своите воени сили под рамковна контрола на американскиот Пентагон.
Владите на сите потписнички држави, паралелно со потпишаниот документ, посебно потпишаа и договори за воените обрски со САД, во кој се одредени условите за американската помош кон овие држави и соответното наоружување на сите воени формации.
Така со создавањео на НАТО, се заокружи едно прегрупирање на меѓународен план под водство на САД - една таква прегрупација која го карактеризираше економското и политичкото ниво со „Трумановата доктрина” и со
„Маршаловиот план”.
Оформувањето на НАТО, силно се одрази и на целокупната грчка положба во однос на Граѓанската војна.
ПРЕДЛОЗИТЕ НА КПСС КОЈА И ГИ УПАТИ НА КПГ ЗА ПРЕКИН НА БОРБАТА По создавањето на НАТО, се создаде и нова положба во регионот, а од таквата положба најмногу беше вознемирен Советскиот Сојуз, кој покажуваше дека работите се развиваат необично опасно за мирот, но и за народните ослободителни движења во капиталистичкиот свет, но и не помалку опасно и за народните демократски републики кои беа создадени во Европа по завршувањето на Втората светска војна. А Советскиот Сојуз посебно беше вознемирен - за балканските народни демократски земји - Албанија и за Бугарија пред кои се јави посебна како рак - рана, имајќи го во предвид излегувањето на Југославија од социјалистичкиот лагер и претстоеше опасност од евентуална американска воена интервенција бидејќи тоа се условуваше и со Граѓанската војна во Грција.
За таа цел на 11 април 1949 година Никос Захаријадис, генерален секретар на КПГ беше повикан во Москва каде што од советското раководство му беше наредено ДАГ да ја прекине оружената борба и да се повлече. Во Москва му беше речено дека работите се развиваат опасно за мирот, за народите и земјите со народна демократија и дека Советскиот Сојуз има информации дека Американците под мотивација на операциите против ДАГ, ќе ја нападнат и ќе ја окупираат Албанија.
Советскиот Сојуз, поради прекинот на своите односи со Југославија, не ќе може да и помогне на Албанија. На Захаријадис строго му беше речено дека ДАГ не ќе може да добива помош, бидејќи на 1 мај 1949 година Албанија и Бугарија ќе ги затворат границите.
На седницата на ПБ на ЦК на КПГ е решено да се подготви план за повлекување на ДАГ. По предлог на Захаријадис, на 20 април 1949 година, ПДВ одржа вонредна седница на која реши да се обрати со апел до Генералното собрание на ООН, до Светскиот конгрес на приврзаниците на мирот и до демократите во целиот свет. Со апелот, ПДВ побара од наведените меѓународни институции да посредуваат за едно чесно демократско помирување во земјата и дека е готова за прекин на војната, штом ќе се обезбеди тој мир.
Захаријадис, на истата седница предложи да се направи еден неопходен преглед - список за снабдувањето со храна и со воени материјали барем за период од два месеци бидејќи требаше на 1 мај 1949 за се затворат границите со Албанија и со Бугарија.
Повлекувањето на ДАГ беше одложено, поради тоа што во тоа време Советскиот Сојуз преку Генералното собрание на ООН и во рамките на конференцијата за германското прашање, поднесе предлог за мирољубиво решение на грчкото прашање.
Предлогот на Советскит Сојуз содржеше:
општа амнестија, слободни паламентарни избори со учество на преставници на демократските кругови што раководат со народноослободителните движења и под контрола на големите сили, формирање комисија од големите сили за контрола на границите на Грција со северните држави.
Оваа акција за завршување на Граѓанската војна пропадна, бидејќи владите на САД, на Велика Британија и на Грција го одбија советскиот предлог и побараа безусловна капитулација на ДАГ.
КАКО Е ОДРЕДЕН ВИНОВНИКОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА?
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/guilty-without-guilt-mac/16 le 29 octobre 2026