Guilty Without Guilt (Short Version)
ТУКУ СЕ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНОТО - Part 01
ТУКУ СЕ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНОТО:
ВИСОКАТА ЦЕНА НА МАСОВНАТА ПОЛИТИКА ПРИМЕНЕТА НАД МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1945 - 1949), БЕШЕ ПРОБЕН МОДЕЛ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МИГРАЦИОНИТЕ ДВИЖЕЊА И ТОА ИМ УСПЕА НА ПРОЕКТАНТИТЕ.
До ден - денес нашата историја не даде одговор:
ШТО НИ СЕ СЛУЧУВАШЕ?
ЗОШТО И ОД КОИ ПРИЧИНИ СЕ РАЗВИВАШЕ СТРАТЕГИЈАТА ЗА „МАСОВНАТА ОДМАЗДА”?
ЗА ТАКВИОТ ПОВИК МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИДЕОЛОШКИ СЕ ТЕРАШЕ ДА ОФОРМИ ПОЛИТИЧКО СЕМЕЈСТВО.
СЕ БАРАШЕ ВИСОК АНГАЖМАН НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА.
ЖЕНИТЕ НАСИЛНО МОБИЛИЗИРАНИ, СЕ НАЈДОА ВО ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ, СЕ ОБЕЗДЕТИ МАКЕДОНСКАТА КУЌА…
ЗОШТО ТОА НЕ ГО ПРАВЕА ГРЦИТЕ!?
Факт е дека со тоа беа турнати Македонците во војна уште пред да почне Граѓанската војна. Се покажа дека токму во времето на Студената војна и кога беше крената „железната завеса” помеѓу Грција и Југославија, Македонците под раководство на КПЈ/КПМ тргнаа во бесмислениот поход. Но, не мина долго време се осознавме дека сонот што ни го создадоа КПЈ/КПМ преку НОФ и АФЖ бил и останал: измама, вообразување, самоизмама, мечти, фантазија, празна надеж и неизводлива замисла за некаква обединета Македонија и дека низ таа војна се распаднавме во крв, раселувања и вечни талкачи - рамно на геноцид.
Ете така, ние Македонците од Егејска Македонија станавме СОУЧЕСНИЦИ И ЖРТВИ. Или најблаго речено:
СОУЧЕСНИЦИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ТАКВАТА ПОЛИТИКА ШТО ЈА ПРЕДВИДУВАШЕ ЗАГОВОРОТ -ГОЛЕМИТЕ ПРЕСЕЛБИ НА МАКЕДОНЦИТЕ БЕЗ ПРАВО НА ВРАЌАЊЕ ДОМА. ИЗГУБЕНИОТ ДУХ ГО БАРАА ВО ПРИФАТЛИШТАТА НИЗ ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ.
Историјата памти и збор и молк. Во историјата е - и вистината.
А едноставно врз вистината е можно да се гради нешто вистинско и трајно. Но за жал, се до ден - денес дури и по 70 години имаме многу не разјаснети работи во македонската историја.
Повеќе од половина век, правејќи се наивни и слепи и за секоја нова ситуација им го вртевме другиот образ, неоти што не чувствувавме болка, туку без своја вина, при недостаток на информации, останавме заложници на сопствената немоќ, реално да го согледаме она што се случи со нас и како ја изгубивме родната грутка за навек. Нема дилема од таквата прикриена историја, дака сите ние во овие 70 години станавме соучесници во губењето на вистинската историја за нашите поколенија.
Тоа беше врема на чиста политичка пропаганда и перење на мозокот.
Во изминатиот полавековен период од нас се бараше активно да молчиме, а тоа ни се наложуваше „активно” да учествуваме во етногеноцидот на сопственото население во родниот крај -Егејска Македонија. Овде не мислам само на Македонците од тој дел, туку и на нејзините подржувачи на чело со Тито и неговата политика со која се сакаше: „македонското прашање да биде закопано!”
11.
Досие Македонска политичка емиграција - Македонска работа или наследно братојадство Сето ова ме потсетува на оние извртени замки дека ако сте против КПГ, вие сте за автономистите и ги штитите комитетаџиите (1944). Или сте против НОФ, АФЖ, формирана во Скопје (1945), вие сте против обединувањето на Македонија, вие сте гркомани и не му верувате на Тито. Или ако сте против „Илинден” формирана во емиграција (1950), вие сте Титов агент. Нај на крај кога се вративме во Р. Македонија од СССР и источните земји, раководителите на НОФ и АФЖ, беа пречекани со музика, станови и државна работа, (но не сите од нив, некој како П. Раковски не доби ни место за гроб). Но, од сите овие настани, најнезаборавен е пречекот на обичните војници на ДАГ преку „Идризово”, односно низ ситото на УДБА. И нај трагикомичната средба беше со сите тие борци на НОФ и ДАГ кои масовно пребегнува во Југославија по 1948 година напуштајќи ги борбените единици по повикот од УДБА и КОС. Сега тие сите беа инсталирани во овие државни органи за надгледување на повратниците од Источните земји, а историчарот Кирјазовски, многу лесно наоѓаше предавници. Тој се научи брзо да ги лепи ваквите етикети.
По моето враќање (1957) во татковината Р. Македонија, настана првиот судир на судбините, по средбата на злодејци и жртви, во прифатилиштето „Чаир”, Скопје.
Како Македонците од Егејска Македонија да останат Македонци по враќањето од Источните земји во татковината Р.
Македонија, кога службениците и институциите во графата националност им пишуваат „Егејци”?!
Утредента пред социјалното, застанав во исти ред со многуте мои соборци, пред еден шалтер на кој пишуваше: „Шалтер за Егејците”. Сега ми е тешко дури и невозможно да кажам кога точно, прв пат во животот, го слушнав зборот „Егејци”, со големо „Е”. Откаде и зошто не третираат како нова категорија на граѓани, (кои со векови се именувале како Македонци), сега именувани „Егејци”?! Па тоа беше апсолутно несоответно, бидејќи со тоа некој сакаше да изгубиме дел од својот идентитет. Сето тоа беше манипулација, како што е и денес со
„Македонците со исламска вероисповед”, торбеши, помаци..., само со една цел, да се руши македонското јадро.
Го прочитав по втор пат напишаното и во себеси си велам:
„Гледаш ли колку зла судбина има околу нас... Околу овој шалтер?” Потоа добив и решение - Потврда за приемот на пријавата за престој Кочов Атанас Стојан, Националност: Егеец -репатриран од СССР под број 152/29 од 17.10.1957 год. Потоа во 1962 година добив решение бр. 6368 од 16.5.1962 година за еднособен стан. Отсек за станбени работи - началник: Ристо Јанкуловски.
Воопшто не се сеќавам дека во домот на моите родители или во Граѓанската војна (1945 - 1949), но ниту во СССР, да сум го чул тој збор макар и еднаш.
Ме лутеше и огорчуваше, ме осамуваше тој збор. Ме правеше да чувствувам вина, без вина. Ме оттуѓуваше, ме истуркуваше надвор од матичната историја. Не само мене, туку секој Македонец нерекуван Егеец се прашуваше: КОИ СМЕ ТОА „НИЕ”? Страшно, нели?
Но, се уште не можам да објаснам, што е тоа, што ме натера да ја рекоструирам целата вистина за драмата наша македонска и да докажувам дека сите сме „Егејци” и нема кој не почувствувал радост, страв, болка, љубов, гнев, повреденост, напуштеност? Внатре во нас, сите сме исти. Но, ние во прифатилиштето, се уште се потпираме на сликата што ни е инсталирана во главата: како чекориме кон совршеното комунистичко општество.
Покасно разбрав, дека оваа пропаганда, дека Егејците се зло за Македонија всушност била добро разработувана агенда од 1948 година наваму од страна на удбашите на КПЈ, и како што вели Александар Русјаков во својата статија „Крајот на светот: Света војна”, „Нова Македонија” од 18.9.2010 година”... удбашите на КПЈ, кои и ден - денес владеат со редовите на двете најголеми македонски и албански партии” Немав намера да молчам. Меѓу првите го изложив мојот став;
во разни статии, но и во книгата „(Само) жртвувањето на Македонците под Грција”. Особено затоа што бев меѓу оние првите што реагираа и јавно протестираа и тоа ми донесе лична штета, бев лишен од привилегиите на борците, но јас тоа го сфатив дека само злобник би можел да ме обвини за антимакедонец, односно бранење на нечија погрешна поданичка политика. Но, жарот со кој се пласираа критичките наводи на историчарот Кирјазовски, го следев како чиста поданичка политичка битка, не го игнорирав, туку го следев како ја проектира и рангира „вистината за Македонците во „секторската историја за Егејците”, и „за правата на оние мои соборци - несреќници кои станавме само паричка за поткусурување во битката за власт на оние што дезертираа од единиците на ДАГ”.
Познато е дека кодошењето е една од конститутивните црти на секое тоталитарно општество. Наклеветениот губи работа, углед и Чест. Тоа беше типично и за нас Македонците борци од ДАГ, кои по Граѓанската војна: едни останавме до крај на војната, а други дезертираа во Југославија и сето тоа доаѓаше единствено како последица на несреќата на другиот.
Идеолошко кокетирање на одредени борци - НОФ-ити, кои дезертираа од ДАГ (од пеколот на црвеното губилиште, да спасат глава).
За жал, многу од овие луѓе имаа една многу нереална желба -сакаа да ја прикажуваат историјата без никаква наша вина, а исходот на војната го покажа обратното: да пишуваме и да зборуваме за македонска стратегија, и дека е одредена од нас Македонците под Грција е надвор од контролата на разумот.
Но, едно е непобитно: Минатото никогаш целосно не умира!
По репатрирањето од источноевропските земји во Р.
Македонија, многу од нас борците беа окарактеризирани како неподржувачи на Титовата линија и долго беа под истрага, токму од оние кои дезертираа од ДАГ. Долги години, се клеветеа (нечујно) едни со други и низ туѓите идеолошки поданства, поделеноста, траеше се до осамостојувањето на Р.
Македонија.
Ние Македонците, таквите манипулации, одамна требаше да ги сфатиме, нашето поданство како злосторство, а не покорно да живееме низ годините на кобата и гневноста со молчење...
12.
Ристо Кирјазовски неговите пишувања и полемиките со него Според изнесените факти во оваа последна книга, историчарот Кирјазовски; ги наведува и опишува фактите со кои полемизираа критикуваните автори кои беа во потрага по зрнцето вистина (еден од нив сум и јас со моите книги: (Само)
жртвувањето на Македонците под Грција, 1994 год., Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција, 2000 год. и други.) уште пред повеќе од 20 - 30 години. И токму една од причините што ме натера книгата „Петте судбоносни години
(1945 - 1949)” од историчарот Кирјазовски, критички да ја проследам со непобитните факти, кои и тој денес ги признава.
Читам, така, се чудам и крстам (иако сум атеист!).
Да не заборавил на не доличното стигматизирање и клевети, но јас решив да одговорам но не со „Досие”, туку со: На книга се одговара со книга, не со отварање ДОСИЕ.
Значи, тоа беше време кога историчарот на секого можеше да му рече: „Затни ја муцката и јади го лебот што ти го даваме!” Тој во знак на одбрана отвори производствена линија што штанцуваше „одјеци и реаговања.” Највпечатливи примери за тоа како биле уништувани судбините на истакнати македонски борци поради политички мотиви, во далечната 1976 имав прочитано една рецензија, се разбира пак во приватна режија на Д-р Кирјазовски, со исти стил, со иста намера и храброст, и со нему својствениот политички активизам. Тогаш тој за предметот Ск. 4-686 инв. бр. 1419/76, архив на ИНИ, напиша: „Трудот на Павле Раковски е промашена работа и не може да биде од полза. Поради тоа што текстот содржи и провокативни тврдења против југословенското раководство, предлагам трудот да не се дава на користење на пошироката читачка публика” (15.11.1976 година).” Чудна работа!
Многу тешки историски работи паднаа и се скршија врз Павле Раковски, врз неговата лична судбина...
Овој автор и врвен интелектуалец (Павле Раковски), од таквите пресуди, по враќањето од сибирските логори во Н.Р.
Македонија, како да немаше право на парче македонска земја, можеби затоа и не доби ни сопствен гроб. А целиот живот го посвети на македонското дело. Тој беше еден од членовите на потесното раководство на НОФ. Ја напиша првата македонска азбука од 24 букви, а со таа азбука се напишани: Прогласот од македонскиот народ во Воденско, повеќе песни, маршот на Воденскиот баталјон и др. Тој беше анатемисан; а беше рехабилитиран по 30 години, малку пред неговата смрт.
Павле Раковски (и многу други) доживеаа: Најстрашен внатрешен затвор. Каков бил тој внатрешен затвор?
Внатрешниот затвор на оној што бил, (од власта), терминирано застрашен од евентуалната помисла да погреши, да биде валкан, лажовен, затскриен, невоспитан, некултурен. Тоа е состојба (доживеана) во душата, состојба на умот и чувествата.
Кога човек не гледа смисла во животот почнува да ја бара во смртта, во ништовноста. Што значи, внатрешниот затвор е многу повеќе од темната келија.
Еве, како тоа го правевме покрај туѓинците и самите ние.
*** Сега за мојата книга „(Само) жртвувањето на Македонците под Грција” 1994 год., и обидот да се размислува поинаку. Д-р Кирјазовски не го сфати тоа дека е придонес за афирмација на слободата на интелектуалната мисла, туку се послужи со методот на тоталитарната идеологија, која од секогаш се поставуваше како господар на вистината, напиша материјал, (со умисла - обид за сатанизација), од 41 страница и не го објави, туку го подели на „Чуварите” на историјата за Егејска Македонија. Инструирани, препишуваа цели пасуси и се јавуваа на страницте за писма во „Нова Македонија”, тие беа луѓето, кои традиционално беа ангажирани од Кирјазовски, исто како онаа музичка кутија што се навива и свири една иста песна.
Некој, си ја сфатија вината. Некои, не! Да се разбереме (тоа го покажа времето), не се писмени луѓето што знаат да читаат и да пишуваат. Тие само не се аналфабети. За вистинска писменост треба многу, многу повеќе труд и напор!
Материјалот напишан од Кирјазовски е депониран на 8.04.1994 година во фонд „Мемоари” бр. Ск.1118 во одделението за документација на ИНИ.
Во рубриката ФОРУМ, „Македонско Сонце” од 14.12.2001, самиот Киријазовски, за мојата книга „Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција”, (2000 год.) пишува:
„Според С. Кочов македонската историографија е сервилна, односно потчинета на линијата на Белград, дневно политичка и необјективна... Основното што го поставува Кочов, и се обидува да даде одговор е прашањето кој е виновен за Граѓанската војна и тешките последици за Македонците.
...Господинот С. Кочов тврди дека Граѓанската војна не беше ниту револуција ниту продолжение на славниот Илинден, дека организацијата НОФ на Македонците од Егејска Македонија им робуваше на КПГ и на КПЈ, односно им служеше на туѓите антимакедонски интереси, на КПГ и на КПЈ.
...Доколку организацијата НОФ ја одигра улогата што ѝ ја припишува господинот Кочов, тогаш раководството на НОФ е директен соучесник и одговорен за трагичните последици за Македонците, поради што не може да биде амнестиран и да му се пејат славопојки.
...Кочов ја обвинува македонската историографија за не интегрално изучувањето на историјата на Македонскиот народ и дека тоа е пример само наш (македонски феномен), што не е сосема точно.” Ете, зашто ме обвинуваше историчарот Кирјазовски, а сега сето тоа го признава и го опишува во оваа негова последна книга, но јас и сега од тој голем спектар на прашања, едно од доминатните прашања за мене е: дали имаме интегрална македонска историја?
Зошто го поставувам ова прашање? Затоа што сакале или не, и ние Македонците од Егејска Македонија имаме само една татковина и нема да откријам тајна ако кажам дека во Македонија немало национален интерес да се напише вистината за се што се случило со Македонците под Грција, во Граѓанската војна, посебно во годините 1946 - 1949 година, кога македонските организации се раководеа од КПЈ/КПМ.
Како и зошто Кирјазовски си го земаше тоа право сите ние по војната што не дезертиравме од ДАГ и се вративме во Југославија, односно во Н.Р. Македонија од источноевропските земји, од нас да направи исполитизирани и тоа со политичка култура на многу ниско ниво, (дури и неверни на режимот), да не лиши од сите привелегии кои ги имаат некои соборци...
Јас, по војната, со една голема воена формација заминав во СССР. Во СССР се школував и поминав еден навистина скромен но убав период од мојот живот кој ми помогна да сфатам и да научам да ги ценам луѓето и работите околу мене многу повеќе отколку што умеев порано. Имав можност изворно да ги согледам сите зла што им беа направени на македонскиот човек и на македонското семејство и со сите тие судбински проблеми ние Македонците живеевме, но по враќањето на сите нас, поминувањето низ Идризово ни беше несфатливо?! Сега, верувам дека на секому му е јасно: Сталин и Тито се караа, а ние Македонците страдавме и во одредени ситуации се зајадувавме како братојадци...
И како што вели рускиот писател - Фјодор Достоевски: „Оној што самиот себеси се лаже, најлесно се навредува...” Секој интелигентен човек, може да претпостави, од кои мотиви Кирјазовски тоа го правел: Дека тој како титуларен режимски историчар, посака книгата „(Само) жртвувањето” да ја одмине со академско потценување, зашто ќе му биде под достоинството да се занимава со писанијата на еден лаик, туку, подобро е да организира група „учени” мажи, кои полавек по нашиот национален пораз изигруваат марксисти и „револуционери” (ама ги знаев дека сите тие заедно со Кирјазовски беа дезертери од ДАГ), за одбрана на неговите досегашни напишани „Историски вредности: за историјата на Македонците под Грција.” Крај му нема на таквите луѓе, но тоа ме потсетува на грчкиот филозов Сократ (469 - 399 п.н.е), кога го прашале: Кое животно најлуто каса, тој одговорил:
„ - Од дивите - клеветникот. Од припитомените - подлизуркото.” Повод за класна кавга, или бесполезно идеолошко дејствување како чувари на отворена масовна гробница во која го фрлаа секој самосвесен Македонец. Се беше сведено на опасна делба во македонското национално ткиво.
Факт е дека туѓите идеологии кон нас Македонците создадоа паралени светови и паралелни историски настани.
Ние учесниците на ДАГ кои имавме историско сеќавање на долга низа национални порази го знаевме тоа. Но за џабе по поразот на ДАГ се идентификувавме заедно со НОФ -итите и АФЖ -итките како излажани „Македончиња”, што не ги бива за ништо, како ние небаре се помиривме кога не викаа „Егејци” и толку се навикнавме на губитничкиот „Идентитет” што дури сега, кога целата македонска нација е занишана за името и идентитетот, можеме да се увериме дека од пред полавек некои чепкале по нашето најсвето, а тоа ни покажува дека некои од многу одамна посакувале да не обезмакедончат.
Блазе си на тогашните политички активисти, значи, ете се покажува дека од тогаш систематски работеле на уништување на нашата национална гордост.
Во една од групите најзабавни, беа изјавите на оние кои не се само некомпетентни, туку и тотално неинформирани (луѓе со вграден поданички чип, споменувајќи пријатели и сојузници -Грци и Југословени, при што забораваа дека тие си имаат сопствени национални и геополитички интереси, токму на Балканот.)
А еден поголем број беа од гогољевиот список на „мртви души” и тоа ме потсети на она што го напишал Бјелински, по читањето на „Мртви души” од Гогољ: „Господе, зар толку е јадна, бедна и жална нашата - вистина”?! Се разбира, сите тие написи беа пласирани преку идејата на познатиот модел на нашето минато, со одредена предумисла, со стеснет интелектуален хоризонт и сведено на:
Што всушност бранеа тие? Тие велеа: „Убаво ни е пишана историјата за Егејците...” По ова идеолошко лаење, се чувствував целосно деградиран, разнебитен и полн со бес, зашто во својата татковина не можам да најдам одговор; зошто јас и илјадници Македонци сме се жртвувале, односно: дали таа војна беше револуција или измама
- турнати од КПЈ/КПМ во војна низ која спрема ЗАГОВОРОТ, требаше ние Македонците од Егејска Македонија да доживееме ГЕНОЦИД.
Но, бев убеден дека историјата, како општествена наука, ќе мора да биде во функција на општеството и да ја ослободи мислата. И кога тогаш, ќе ја дознаеме таа сурова реалност.
Отсекогаш постоел стравот од историјата... Но, кога говорат веродостојните факти, тогаш, само тоа може да биде историска вистина и само така ќе се ослободиме од превезот на мракот, и ќе ја видиме вистината дека сите тие историски настани ни го трасираа патот кон иднината - со крупни чекори назад.
Но, се поставува прашањето: Дали ние Македонците едноставно не сме способни за самокритика?
Ова не е прв ужасен заборав што ја зафати Македонија (што го зафати Македонецот). Нема веќе илузии и лаги. Нам ни е потребна радикална промена на поданичкиот македонски манталитет. Секој што мисли дека може да не заведува и лаже - поарно кажано тој има проблем со самиот себе, а тоа го покажа и Кирјазовски со оваа книга, која ја издаде надвор од националната институција ИНИ.
Таквата историографија за нас Македонците од Егејска Македонија се покажа дека во овие 60 години беше најподложна на политизации и мајоризација од политичка позиција. А кога се манипулира со неа настанува искривоколчување кое е со несогледливи последици.
Во истражувањата, конечно се откриени сите умислените прикриени факти и од други македонски автори, кои ја имаат напишано секторската историја за Егејците. Шест децении прикриени се корените на злото и мрачните тајни на актерите (проектирантите), кои ја поставија смртоносната стапица низ идеолошкиот активизам, кој доведе до големата измама на векот - геноцид и најголемите преселби на Македонците од Грција.Оние кои не го чувствуваат извршениот геноцид над Македонците под Грција во 1945 - 1949 година, како македонска трагедија, тие никогаш не ќе можат да ја сфатат фашизо - геноцидната политика на Грција што ја има спрема македонскиот народ.
Па затоа, илузорно е да се бега од судбината, макар колку и да е трагична или несреќна за нас Македонците.
Историјата памти и збор и молк. Во историјата е - и вистината.
А едноставно врз вистината е можно да се гради нешто вистинско и трајно.
Ако е така, а така е, тогаш самите сме виновни за своите постапки. Мина времето кога по потреба, секогаш некој друг можеше да биде виновен за она, за што самите сме виновни.
Ние Македонците, треба да си признаеме, дека сме биле долго под надгледување од страна Грците а тие одамна рекоа за нас:
„Остави го непријателот да спие”. Истражувањата покажуваат дека на проектантите на ЗАГОВОРОТ им беше познато дека кај нас Македонците страстите лесно зовриваат. Тоа се потврди дека ние во крвта и секој од нас (посебно тие што бевме сведоци во таа војна), досега барем еднаш се соочил во животот дека историјата што ја создававме беше трагична.
13.
КАКВИ СЕ НАШИТЕ ВИСТИНИ?
Истражувањето покажува дека ние Македонците и по сите преживеани премрежија низ текот на Граѓанската војна, како народ не се ослободивме од очекувањата што зависеа од другите, (туѓинците - комунистички партии (КПЈ и КПГ) кои спрема нас беа со крајно сомнителни политички вредности, и не се вративме кон себеси, оти токму тука лежеше и едноставната сила на самопочитувањето, туку продолживме да се (само)
жртвуваме и да гинеме со ЛАЖНА НАДЕЖ ВО ИЛУЗИИ. Така и сме (ни) ја пишувале историјата.
Значи, зошто на Македонците им се случи тоа што им се случи?
Прифаќајќи ја замката, да ни ја стават јамката, настаните ни покажаа дека активистичката пропаганда за масовно учество на Македонците потикнувано од КПЈ/КПМ, преку НОФ и АФЖ, сами си ја уништивме (си ја подјадовме), иднината во предедовата земја и останавме (не оставија), пола век со ПРАЗЕН ПОГЛЕД.
Така се пишуваше „историската вистина”, која повеќе од полавек беше една и единствена. Поимот на напишаната вистина беше Бог, неподложен на промена или на дај Боже - ревизија.
По завршувањето на војната, ставот на левицата беше следниот:
На Конгресот во мај 1987 година беше донесен став, за да на прес конференцијата со грчките и странските новинари, во септември 1988 (скоро година дена потоа), во Солун генералниот секретар на КПГ, Харилаос Флоракис, конкретизира, односно кажа отворено зошто на Конгресот е заземен таков став. Имено, на односното прашање од новинарот на „Месимврини”, Флоракис, меѓу другото рече дека: „Во оваа пригода сакам да кажам дека за нас, за нашата Партија, „македонското малцинство не постои!” (Вечер, од 5 ноември 1988, с. 9)
*** Како денес си спомнувам: во педесетите години во Ташкент, ми го постави прашањето еден мој храбар соборец, внук на Илинденците и син на Костурските комити кои беа безмилосно ликвидирани и анатемисани. Ми вели: „Вистина е Костурските комити, не успеаја да направат рај во нашата Егејска Македонија, но заради тоа требаше ли НОФ и АФЖ да направат пекол?” Многу тајни за геноцидот над Македонците под Грција се кријат и во потезите на КПЈ/КПМ и токму таму остануваат нерасчистени вистинските мотиви за тајното организирање на македонските организации НОФ и АФЖ, во Скопје на 23 април 1945 година, под раководството на КПЈ (Тито, Колишевски и Митревски) и токму тогаш ни беше ставена ЈАМКАТА.
Сите знаеме дека Македонија како Целина пропадна 1913 година. Пропаднаа и двата дела. Меѓутоа, еден дел преживеа.
Прво, како република во состав на федеративна држава, а веќе 20 години како самостојна држава. Затоа, од Грција се и сите настојувања се да пропадне, и овој последен дел од - Република Македонија.
Токму тоа сакам да напоменам на она што денес по 60 години ни се случува со Грција за името, идентитетот и јазикот:
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/guilty-without-guilt-mac/24 le 29 octobre 2026