Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Guilty Without Guilt (Short Version)

ПРИЛОЗИ АРГУМЕНТИ И ФАКТИ ЗА ОДНОСОТ НА КПГ СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ПРЕД - Part 01

Par Стојан Кочов · Partie 22 sur 33 · Environ 20 minutes

Lire en English

ПРИЛОЗИ АРГУМЕНТИ И ФАКТИ ЗА ОДНОСОТ НА КПГ СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ПРЕД И ПО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА 1944-1945 и 1945-1960

1.

Меморандум на група македонци активисти од Костурско за неправилниот однос и политика на раководството на грчкото движење на отпорот спрема Македонците од егејскиот дел на Македонија.

ДОВЕРЛИВО ИЗЛОЖЕНИЕ ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА.

ИЗЛОЖЕНИЕ НА СИТЕ ГРЕШКИ, ЗЛОДЕЈСТВА, И ПРОТИВНАРОДНИ И ПРОТИВМАКЕДОНСКИ ДЕЛА, ИЗВРШЕНИ ОД ГРЦИТЕ НА ШТЕТА НА НАШИОТ НАРОД ВО ГРЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ТРИГОДИШНАТА АНТИФАШИСТИЧКА БОРБА.

(Во меморандумот се опишани на околу 10-15 страници, сите злодела сторени спрема македонскиот народ).

18. октомври 1944 с. Горно Врановци Народнa делегација од Македонија под Грција.

1. Паскал Митровски, адвокат, раководител на македонското движење во Костурско.

2. Михаил Керамитчиев, народен претседател од Костурско, во Грчкото Народно собрание.

3. Ламбро Чолаков, работник, член на делегацијата, од Костурско.

Види: Документ АМ, фотокопија АЦКСЈ-К-1/40, во книгата „Егејска Македонија во НОВ септември 1944 до февруари 1945”. Том 7, книга 3. Превод, редакција, коментар д-р Ристо Кирјазовски.

Во меморандумот се опишани сите тие антимакедонски работи за едно време од (1944-1945), време во кое како и во сите други времиња на проклетиот Балкан (посебно на просторот на Македонија под Грција), народот никој за ништо не го прашувал, а тој постојано се исчудувал за тоа како преживеал и покрај сите трагедии што морал да ги истрпи. Но, човек ќе се запраша; ако во континуитет се случуваа сите тие наведени работи во извештајот, со се поголем интензитет, што добро можеше да се очекува во наредниот период во Граѓанската војна. Според логиката на работите, длабоко навлегувавме во еден тоталитарен амбиент, но аналитичарите, кога и да е, ќе си го кажат своето.

Но, најтрагичното е што овие луѓе кои ни укажаа на сите тие злодела, сега пак во Граѓанската војна се како жртви;

беспрекорно соработуваа со невидена сервилност спрема КПГ, и како краен резултат беше, дека преку таквите идеолошки активисти се изврши најубиствениот зафат; му се одзедоа на народот децата, со политичка умисла, можеби со цел за потоа:

најуспешно да се извршат сите планирани миграциони движења на просторот на кој живееше со векови македонскиот човек.

По исчитувањето на овој долг извештај од најкомпетентните личности, човек останува вчудоневиден и необјасниво се запрашува од каде таа гаранција, да го повикуваат повторно народот македонски на сенароден фронт во Граѓанската војна?

А кои се тие? Тие, пак се на чело, сите овие потписници на меморандумот!?

2.

Интервју:

„Тридесет три године касније:

ЗАШТО МАРКОС НЕ КАЖЕ СВЕ Један наш обавештајни офицер (Слободан Крстиќ – Учо, заб С.М.), се сеча збивања која су узбуџивали свет.

Како је дошло до сукоба, Шта то Маркос нетачно приказује?

и.т.н.

Но, најинтересно е прашањето: Да ли је поред ових разлога пропасти грчког ослободилачког покрета, било и неких других?

Игра око македонског живља

- Грчки устанички покрет се у прво време оријентисао на Егејску Македонију, због тога што је традиција борбе у њјој била веома јака и што су можда Егејски Македонци рачунали да че кроз нову борбу остварити свој циљ - ујединјенје с матицом.

И, уместо да руководство Грчке КП искористи тај позитивни моменат и да устанак прошири на целу Грчку, они се ограничавају на Егејску Македонију, због близине југословенске границе. Поред тога, они воде потпуно погрешну кадровску политику, не дозвољавајучи Македонцима да непредују у војничкој хијерархији, при томе стижу само до командира чете, правдајучи то недостатком партијског искуства код македонског живља. Томе треба додати стално манипулисање измеџу два највиша фуннкционера - Македонца.

Свака два месеца један од нјих ја био у немилости, а други форсиран...”

- (Дел од поголемото интервју во списанието Дуга 1985, стр. 30 со Д. Голубовиќ).

(превод С.М.)

Интервју:

„Триесет и три години покасно:

Зошто Маркос не кажува се Еден наш обавештаен офицер (Слободан Крстиќ – Учо, заб С.М.), се сеќава на случувањата кои го возбудуваа светот.

Како дојде до судирот, Што тоа Маркос неточно го прикажува?

и.т.н.

Но, најинтересно е прашањето: Дали покрај овие причини за пропаста на грчкото народно ослободително движења, имало и некој други?

Играта околу македонскиот народ Грчкото востаничко движење во прво време се концентрира на Егејска Македонија, поради што традицијата на борбите на овие простори била голема, а воедно што можеби Егејските Македонци размислуваа дека учествувајќи во оваа војна ќе ја остварат својата цел – припојување кон матицата. И, наместо раководството на КП на Грција да го искористи тој позитивен момент и да го прошири на цела Грција, тие се ограничуваат само на Егејска Македонија, поради близината на југословенската граница. Покрај тоа, тие водат потполно погрешна кадровска политика, не дозволувајќи им на Македонците да напредуваат во воената хиерархија, при тоа стигнувајќи само до командир на чета, оправдувајќи го сето тоа со политичкото неискуство на македонскиот народ. На тоа треба да се додаде и сталното манипулирање помеѓу двата највисоки функционери – Македонци. Секој два месеци некој од нив беше во немилост, а другиот форсиран...”

3.

Кажувањата на Никос Захарјадис 3/1. На X(cid:31)(cid:31) Пленум на ЦК на КПГ, што се одржа на 25 до 27 јуни 1945 година, Захаријадис во својот политички говор потенцираше:

„... Против сме каква било промена на границите од 1939 година со примена на сила од каде и да доаѓа. Единствениот демократски принцип што го признаваме е принципот на самоопределување на народите. Овој принцип важи и за Додеканезите и за Кипар и за Северен Епир. Истовремено настојуваме да се спроведе еден друг демократски принцип за националните малцинства, принципот на рамноправноста, на нивно почитување. Тој принцип треба да се спроведе и за македонското малцинство, пријателски да се регулираат нашите односи со северните балкански републики...” Види: „Ризоспастис” од 17 јули 1945 година.

3/2. Никос Захаријадис П/1 Генерален Секретар на ЦК на КПГ, претседател воениот Совет на ДАГ. Зборувајќи за проблемите на поразот на ДАГ, на 13-тата Конференција во 1950 година рече: „Ако од порано го знаевме ставот на Тито, дека ќе биде таков, ќе размислевме дали да го земеме оружјето и да војуваме во Граѓанската војна.” „НОФ беше создаден од Тито и Колишевски... Неговото основачко и раководно јадро беше составено од титови агенти од типот на Митревски Керамитџиев, Гоце, Раковски и други, со единствена цел да ги унапредат интересите на Белградските раководители во Егејска Македонија... Да го користат славомакедонското прашање за остварување на нивните националистички планови-присоединување на Егејска Македонија...” Тоа го напиша Захаријадис, и беше усвоено на посебното советување на македонските кадри П/2 на КПГ, разгледано и прифатено од политбирото на ЦК на КПГ. Така грчката страна гледаше и ги разбираше работите.

Види: ТО ККЕ 1918-1952, стр. 271, а го цитира и Павле Раковски во книгата 2000/347.

*** Значи, ако добро го разбравме генералниот Секретар на ЦК на КПГ- Никос Захаријадис како што вели: „Ако бев информиран како што сум денес, тоа немаше да ми се случи”.

Ете, како по катастрофата на Граѓанската војна, овој водач кој беше моќ и мит, стратег на револуцијата, каква оцена апостериори даде за војната, но сега не со говорот на политичкото насилство (барем таков беше познат), туку конечно се оправдува пред историјата.

Од измама во измама, а тоа претставува за нас Македонците, (кои сме биле испратени со билет во една насока), втор дел на ужасот по Граѓанската војна. Така говорат веродостојните факти и тоа е историска вистина. Тие факти ја покажуваат мрачната и темна завеса на нашата судбина.

Верувам дека ние паталците (искорнатите од Македонија под Грција), сфативме дека сите тие идеологии како: нацизмот, фашизмот и болшевизмот се создадени од амбициите на нивните создавачи кои се нарекуваа дека се загрижени за доброто на човештвото (напр: Ленин создаде систем, кој на крајот го уништи и него самиот). Власта во рацете само на еден човек е вистински извор на опасност, отсекогаш. Но, во ниедна земја, власта (партијата-КПГ), не била толку многу сурова спрема своите војници што ги остави по светот и пола век не проговори за нивната судбина...

4.

СИБИР ЗА ,,ТИТОВЕ АГЕНТЕ” Пред тридесет три године, групу Македоноца, руководилаца Народноослободилачког фронта, НОФ-а из Егејске Македоније, оптужио је сталинистички политбиро ЦК КП Грчке као кривце за пораз Демократске армије Грчке у граџанском рату 1946-

1949. године.

- Десеторо њих осуџени су на смрт као „агентура Титове Југославије и меџународне реакције”. По налогу генералног секретара КП Грчке, Захаријадиса и нјегове групе, која је следила ставове инфорбироа „о стању у КПЈ”, оптужени и осуџени су из драчке луке депортовани у Совјетски Савез на истрагу, о њиховим злочинима”. У Москви им је смртна казна замењена робијом и изгнанством у Сибир. После Стаљинове смрти и Двадесетог конгреса КП Совјетског Савеза сви заточеници су рахабилитовани као погрешно осуџени, па су се вратили у Југославију, у Скопљу, где највечи број њих и данас живи”.

Види: Опширно пишува-Драган Клјакиќ, „ДУГА” 15 јануар

1983 година.

(превод С.М.)

Пред триесет и три години, група на Македонци, раководители на народно ослободителниот фронт, НОФ на Егејска Македонија, беа обвинети од сталинистичкото политбиро на ЦК на КП на Грција како виновници за поразот на Демократската Армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна

1946-1949 година

- Десетмина од нив се осудени на смрт како „агентура на Титова Југославија и меѓународната реакција”. По налог на генералниот секретар на КП на Грција, Захаријадис и неговата група, која ги следеше ставовите на информбирото „за состојбата во КПЈ” обвинетите и осудени беа депортирани од пристаништето Драч, Албанија, во Советскиот Сојуз каде се водеше истрага , за нивните злочини”. Во Москва смртната казна им е заменета со робија и прогонство во Сибир. По Сталиновата смрт и Дваесеттиот конгрес на КП на Советскиот Сојуз сите затвореници се рехабилитирани како погрешно осудени, па се вратија во Југославија, во Скопје, каде најголемиот број од нив и денеска живее.”

*** Значи, ние Македонците најмногу, ако не и првите сведочења ги добивме од овој автор и од туѓинците, за сторено зло спрема нашите раководители на НОФ и АФЖ. Се разбира, дека сега ја имаме и книгата од Павле Раковски: Автобиографија-моите страдања, издавач, „АЕА издавачи”, Скопје, 2000год.

Но, тоа што најмногу ме измачи во истражувањето; барав да најдам официјално: ГЛАС, ПРОТЕСТ: ЕЈ, ВИЕ ТАМУ! КОЈ ВИ ДОЗВОЛИ ДА ГИ СУДИТЕ НАШИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ И ДА ГИ ПРАТИТЕ СУРГУН ДУРИ ВО СИБИР?! Ама тој глас или протест да биде од нас Македонците.

Дали можеме по полавеков да зирниме во фактите: КАКВО МИНАТО ЌЕ ДОЗНАЕМЕ (НЕ) (ОЧЕКУВА).

Совеста на овие наши луѓе т.н. револуционери од редовите на НОФ и АФЖ, кога се најдоа во рацете на моќникот Захаријадис, очевидно е дека доживееја страшни прекршувања низ моќните идеолошки механизми во целокупниот систем на глобалната советизација т.е. во идеолошката пропаганда со жестоко разурнувачко дејство на самата човекова психа.

Во тој глобален хаос, во една збркана и брутална војна, се поставува прашањето како ние самите Македонци да ги разбереме.

ВО ПОТРАГА ПО ЧОВЕКОВОТО „ЈАС” ИЛИ СПАС?

Врз што се заснова неповторливата индувидуална свест „Јас” на секој поединец? Во случајот трагајќи по човековото „Јас”, за секое лице, неговата индувидуална самосвест претставува необјасниви појави, но во истражувањето токму тоа, посебно станува збор токму за овие наши раководители.

Да го проследиме она што го доживееја:

Види: „НЕБЕСКА ТИМЈАНОВАВНА”, роман од Петре Андреевски1989/стр. 297.

„ - Товариш Хрушчов, товариш Хрушчов, викаме, ја крeваме земјата, ја цепиме. Одекнува гласот од куполите на театарот, што се вели, како со иста уста да викаме. Хрушчов подзапира, си го враќа предниот чекор на делканиот камен, се врти и гледа:

две жени се борат со глутница полицајци.

Пуштите женшин, вели Хрушчов.

Полицајците се свртеа, јас се подослободив и го удрив тојшто ме држеше. Право в стомак. Ко со магарешко копито го удрив в стомак, а можеби и подолу. Крикна човекот и си ги тргна рацете од кај мене, ме испушти.

Дојдовме до Хрушчов, ама не можеме да фатиме ред во дишењето. Толку што сме предишени. Сме застанале пред него ко чуми: разбушавени и растрбушени, не ни се познаваат и лицето и сликата. Зборуваме и збиваме, обете наеднаш зборуваме: си ги покриваме зборовите.

-Товариш Хрушчов, велиме, ми кoманисти од Југославија, ние револуционери и борци од четириест и прва година, од грчка Македонија. Ние сме уапсени и рехабилитирани, велиме, од Југославија имаме виза, од вас уште немаме. Не можеме да се вратиме, велиме и само збивтаме. Ни играат слабините, ни скокаат жилите, слепите уши и ноздринките. Немам душа за уште, сета ни е во носот.

-Успокојтес, успкојтес, вели Никита Сергеевич, му свети јајчестата гола глава, обросена со пот. Всјо будет харашо.

Оливера... му тутнува писмото в раце “ Така заврши револуционерната дејност на овие наши луѓе, кои беа пратени преку СИБИР ДО - КАТАРЗА.

Се поставува прашањето: дали овие наши политичари, сега прокламирани како „југословенски комунисти?!”, со таквиот пресврт и не отстапија од националните интереси, за кој го повикуваа својот народ и тоа нема да биде оквалификувано од историјата како национално отстапување и измама на својот народ повикувајќи го во револуција и старо и младо? Дали навистина тоа го сторија за спас или тие за целиот период ја остваруваа политичката платформа на КПМ/КПЈ, (во пропагирањето ги повикуваа Македонците под Грција во револуција и продолжување на Илинден.)

Редно е, да признаат дека тие носат историска вина (ако уште тврдат дека тие биле воено политички фактор во Граѓанската војна, а не се извинат пред македонскиот народ и признаат дека биле манипулирани и жртвувани), за жртвите и за многу национални прашања, но и не помала вина што им оставија голем грев на ПОТОМЦИТЕ, кои се уште се наоѓаат по светот БЕЗ ПОВРАТЕН БИЛЕТ!?

5.

КАКО ЗАВРШИ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА?

По повлекувањето на германските окупациони сили од цела Грција (и од Македонија под Грција), и по потпишувањето на договорот во Варкиза (12 февруари 1945 година), КПГ, ЕЛАС и ЕАМ обезоружени, се најдоа во инфериорна положба. Речиси уште на другиот ден по предавањето од ЕЛАС, започна еден организиран терор во Грција.

Хронологија на настаните кои оставија историски белег за нас Македонците под Грција 5/1 На 5 март 1943 година во Костур е свикано собрание од 48 члена, имало претставници од разни села. На истото собрание било решено да се оформи организација под името „МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ” за Костурско само за самоодбрана, во кој членувале повеќе од 54-60 села. Им било дозволено дури да се наоружаат, бидејќи им требало да се заштитат во развластената Грција.

5/2 На 28 март 1943 година во с. Лаген, Леринско, беше формиран Леринскиот партизански одред од борци Македонци и Грци, познат како одред „Вичо”, во состав на ЕЛАС.

5/3 По долги преговори меѓу ЕЛАС и ЕДЕС и британскиот генералштаб за Средниот Исток, во август 1943 година во Каиро допатува делегација на КПГ и ЕАМ со цел да преговара со грчката владата во бегство и со претставниците на граѓа-нските партии за постигнување политичко единство и за формирање на заеднички штаб кој е формиран на 18 јуни 1943 година, со кои се признаваа силите на отпорот како сојузничка војска, (на чело со Енди Маерс) и народноослободителното движење во Грција му се потчинува на англискиот генералштаб за Средниот Исток. Но со иста цел на 05.07.1943 година во Либан беше потпишан договор за воена соработка.

5/4 На 1 септември 1943 година во месноста на Бериќ -Костурско, формиран е македонскиот партизански одред „Лазо Трповски” во составот на единиците на ЕЛАС.

5/5 Формирањето на СНОФ На 20 октомври 1943 година беше формирана организацијата СНОФ (Славјаномакедонски народноослободителен фронт), но само за Костурско и подоцна во Леринско, меѓутоа не и за Воденско.

Раководствата на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, загрижени за ситуацијата, што се создаде во Македонија под Грција (со оформувањето на Комитетите) и посебно во Костурско, Леринско и Воденско, се најдоа принудени да формираат македонска организација СНОФ. Тоа со умисла организирано го сторија луѓе од Обласниот комитет на КПГ во Западна Македонија, и тоа Грците: Христос Калфас (Андреас), секретарот на Окружниот комитет за Костурско, Андонис Андонопулос (Периклис) и секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис.

5/6 Расформирањето на СНОФ За шест месеци постоење организацијата СНОФ во Костурско успеа да ги придобие Комитите и да се омасови во своите редови со повеќе од 4.770 членови, што значи Македонците поверуваа дека „СНОФ е единствената народноослободителна организација што ќе ги исполни националните и социјалните барања на македонскиот народ под Грција”, Види: „Словеномакедонски Глас” број. 3 од април 1944 година.

Се пропагира: „СНОФ е новата ВМРО на Македонците, што ќе го доведе до крај делото на Илинден...” Решението на КПГ за расформирањето на македонската организација СНОФ (која си ја изврши функцијата, со придобивање на Комитите во своите редови, не само што се покажа како најгруба манипулација, туку и совршено политичко и физичко ликвидирање на Македонците и елиминирање од светската политичка сцена во Грција -практички се оствари, тоа што го бараше грчката влада во бегство), сега за грчкото раководство на отпорот(КПГ,ЕАМ и ЕЛАС) претставуваше непотребна, бидејќи пред грчката реакција за да се постигне по секоја цена „национално единство” со грчките буржуаски партии и со власта во бегство, со коишто КПГ на 20 мај 1944 година го потпиша познатиот капитулантски договор со кој се запечатуваше судбината на НОБ.

На 26 септември 1944 година во италијанскиот град Казерта беше потпишан уште еден договор меѓу КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и грчката влада во бегство на чело со Георгиос Папандреу и Британскиот Штаб за Среден Исток. Со овој договор беше постигната согласност грчките герилски сили да влезат под команда на грчката влада во бегство. Меѓутоа, своето право грчката влада во бегство му го пренесе на англискиот генерал Скоби. Се разбира и овој договор преставува уште една отстапка на грчкото раководство на отпорот во корист на грчката влада во бегство.

На 12 февруари 1945 година во месноста Варкиза, близу до Атина, беше потпишан договор меѓу претсавниците на грчката влада и претставниците на КПГ и ЕАМ за прекинување на граѓанската војна, која што започна на 4 декември 1944 година во Атина со судир на единиците на ЕЛАС (само една група, која не се сложуваше со тие ставови), од една страна, и владината војска, односно полицијата и англиските интервенционистичките војски, од друга страна. Договорот во Варкиза, во превод е објавен во едицијата:

Види: „Егејска Македонија во НОБ 1944-1945”, док. 200, стр.

298-301 Последиците од овој договор најмногу ги почувствуваа Македонците под Грција, против кои грчката десница и реакција спроведе нечуен терор со цел целосно да ги протера надвор од границите на грчката држава и тоа важеше како за Снофитите (поранешни Еласити) така и за Комитите.

5/7 КОИ БЕА ТИЕ НАШИ СОЈУЗНИЦИ?

Програмата на ЕАМ (Национален ослободителен фронт, формирана на 27 септември 1941 година која ја сочинуваа:

Комунистичката партија на Грција, Земјоделската, Социјалистичката и Народно-демократската партија, Општа работничка федерација, Општа федерација на државните чиновници, Организација на националната солидарност и претставниците на политичкиот, научниот и културниот живот на Грција. Покасно на ЕАМ и се приклучува и напредниот дел на Либералната партија). Од овој преглед, уште еднаш се гледа дека ние Македонците не сме им биле сојузници, бидејќи до тогаш не сме се имале изборено за некаков политички субјект во државата Грција, туку едноставно, доброволно сме биле само членови, како граѓани на Грција, без белег за македонска припадност. Главно нивната програма се состоеше во следното:

А)

1. Прогонување од земјата на германско-италијанскиот и на бугарскиот окупатор;

2. Воспоставување на интегритетот на Грција;

3. Самоопределување на Кипар, Додеканезите и Северен Епир.

А каде сме ние почитувани Еамити? и

4. Стратешко регулирање на северните граници на Грција

(значи им требаше уште малку македонска земја на овие сојузници).

Види: весникот „Махитис”, орган на комитетот на ЕЛАС од 10 февруари 1944 година, Во коментарот стои: ЕАМ за националното прашање. Зарем и досега уште да не знаеме, дека во програмата на ЕАМ апсолутно ништо не се предвидуваше за нас Македонците?

Б)

Програмата на ЕЛАС (Грчката народноослободителна војска, формирана во Румели - како партизански одреди, на 15 мај 1942 година со исти цели, бидејќи тоа е решено на заедничкиот состанок со ЦК на КПГ и ЕАМ). Прогласот е упатен до граѓаните на Грција и до бившите офицери на грчката армија, познати по својот буржуаски сталеж, а ние Македонците за нив бевме само „Славофони”, никакви борбени сојузници, туку пак само живи војници и топовско месо, како и нашите татковци во претходните војни. Ние, за тој период можеби погромко ја пеевме „Емброс ЕЛАС гиа тин Елада...” и ништо повеќе. Но, има уште еден непобитен факт за секој што бил ЕЛАСИТИН, и не треба да заборава дека дал свечена заклетва.

(ЗАКЛЕТВАТА НА ЕЛАСИТИНОТ: „Се колнам дека ќе се борам до последната капка на мојата крв за потполното ослободување, стабилноста и независноста на Грција. За зачувување на интегритетот на грчкиот народ и воспоставување поредок и ред на основните човечки права. За оваа цел ќе се потчинувам на дејствијата и решенијата од наредбите на ПЕЕА и ќе ги извршувам совесно и дисциплинирано, сите наредби и упатства од претпоставените и ќе ја одбегнувам секоја постапка што ќе ме прави недоверлив како личност и како борец спрема грчкиот народ...)

На 16 јули 1943 година Командантот на ЕЛАС Сарафис и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс, потпишаа заедничка декларација со која ЕЛАС се признава како сојузничка армија и се потчинува на командата за Блискиот Исток. Но, да видиме како се одвиваа работите. На 31 октомври 1944 година поголема група англиски војници со оклопни возила влегоа во Солун пред ЕЛАСИТИТЕ. ЗОШТО?

Три дена подоцна лондонската радио-станица BBC објави вест дека британските трупи го слободија Солун. На 12 февруари 1945 година во Варкиза одморалиште близу до Атина, беше потпишан договор меѓу раководителите на КПГ и ЕАМ од една страна, а од друга - Владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби. Со тој договор ЕАМ и ЕЛАС, практично, им ја предаде власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.

6.

ПОЛИТИЧКИ БЕГАЛЦИ ПО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА На 29-30.08.1949 година по ликвидацијата на Граѓанската војна сите воени формации на ДАГ, со наредба на главниот штаб поминаа во Н.Р. Албанија и беа разоружани и испраќани во воените логори Бурели и Елбасан. Во Бугарија исто така ја поминаа границата кај Берковица и тие беа исто така разоружани.

Во Бурели се одржа 6-от Пленум на КПГ и покрај партиските и воени оценки, направен е и распоред на борците во која држава ќе треба да отпатуваат и колкав треба да е нивниот број:

Држава Број на луѓе Покасно ќе пристигнат Чехословакија 13.500 од Југославија околу

6.000 (Булкес)

Полонија 9.000 3.000 Романија 5.600 1.000 Бугарија 8.800 останаа Унгарија 4.000 2.000 Источна Германија

2.2оо околу 1.500 беа млади деца СССР во Ташкент

16.500 5.500 Треба да се напомене дека од овие бројки кои се верифицирани од грчките извори, околу 56-60% се Македонци.

За Југославија, нема точен извор за бројноста на пребеганите, но во литературата се проценува околу 60.000 луѓе и тоа исклучиво Македонци.

7.

ФАКТИ ОД ГРЧКАТА ОФИЦИЈАЛНА ИСТОРИЈА ,,Εµφυλιος

πολεµος” (1944-1949)

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГОЛЕМАТА ИЗМАМА И ИЗВРШЕНИОТ ГЕНОЦИД НАД МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА СТУДИЈА: Истражувања од областа на историографија на Mакедонците под Грција во Граѓaнската војна 1944-1949

8.

5-от ПЛЕНУМ на КПГ Превод од грчки на МАКЕДОНСКИ Решенијата на петиот плeнум на КПГ кој се одржа во јануари станаа извесни од 8 февруари и потоа. Се разјаснуваат се толкуваат и се потврдуваат и објаснуват во детали, за изолирањето и отстранувањето на генерал Маркос (и Хриса Василиу која се сложила со ставовите на Маркос), како и преместувањата во ПДК со Иоанидис, како што секогаш се прави со преместувањето и зачленувањето со членовите ва Партијата.