Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Guilty Without Guilt (Short Version)

ХРОНИКА (ПРОЧИТАНО ВО ИСТОРИОГРАФИЈАТА) - Part 02

Par Стојан Кочов · Partie 6 sur 33 · Environ 6 minutes

Lire en English

Изјавата на Тито за „Њујорк тајмс“ „... Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува нивните желби ...“дејствувала потикнувачки за македонскиот народ и во ЦК КПМ но, исто така, и на противничките сили кои против силите на македонскиот НОФ во Грција применувале злосторнички мерки.“ Значи, жртви на таквите состојби беа Македонците. И затоа, голема илузија е некој уште да мисли дека во меѓународните односи па и во југословенско - грчките односи важеа некои определени принципи. Принципите беа во форма на гола политика, со цел да се замаглуваат очите на светската јавност и на жртвите. Ние Македонците, не бевме во состојба да сфатиме дека посилните секогаш се раководеа од правилата на нивните стратешки државни интереси не водејќи сметка за интересите на помалите - во случајот ние Македонците. По влегувањето во нивната мрежа, ние можевме единствено да се надеваме само на Божја помош.

Ова е период кога овие организации дејствуваа надвор и независно од КПГ и беа исклучиво раководени од КПМ/КПЈ (Види:Кирјазовски 1995/10).

Нема сомнение, дека оптималната цел на НОФ (КПМ/КПЈ), беше да ги опфати тотално сите Македонци под Грција и да ги стави во функција на сенароден фронт за реализација на програмската цел. Но, се поставува прашањето: Ако таквата стратешка цел беше прифатена како грижа од КПМ/КПЈ, тогаш, зошто само пред неполни три месеци овие највисоки тела на Југославија беа против паролата: „Да го свртиме оружјето кон Солун!”, односно: „На Солун, не на Сремскиот фронт?!” Од таквата стратешка цел на КПМ/КПЈ, организацијата НОФ и АФЖ, беше организирано во 5 окружни, 10 околиски, 3 градски и 32 реонски раководства со 120 професионални кадри на НОФ, АФЖ и НОМС и беа организирани 220 села (половина од овие села се уништени во времето на Граѓанската војна - м.з. ), а функционираа 170 селски и градски организации. Во тој период биле создадени и воени формации - до баталјони.

(Види: Кирјазовски 1985/143).

Од историски аспект, самите слогани (НОФ и АФЖ) си ја имаа завршено функцијата уште кога се прогласи пред светот победата над фашизмот, но за нас Македонците изгледа тоа не важеше. Но, со тоа грчката влада го озакони (донесе специјални закони, кои исклучиво важеа само за нас Македонците), насилството против таквите организации (НОФ и АФЖ) во Грција и власта се одзва со невиден терор до крајот на Втората светска војна. Ова, се правеше, уште пред да почне Граѓанската војна, бидејќи официјално таа е прогласена на 31 март 1946 година, со решение на Вториот пленум на КПГ, одржан на 12 февруари 1946 година.

Соодносот меѓу силите на левицата и на десницата во времето кога беше донесена одлуката за почнување на оружената борба беше следниот:

Владини сили - 44 баталјони; национална стража со вкупно 30.000 лица; 8.800 офицери и војници на ридски армиски бригади. Жандармеријата беше првата државна воена сила која беше реорганизирана пролетта 1946 година. Таа тогаш броеше 27.000 луѓе, од кои 14.000 во Северна Грција, (во Македонија:

Костур, Лерин, Воден и др.) Покрај регуларните единици, беа организирани и паравоени формации, какви што беа: МАИ -(единици за заштита на внатрешноста), МАД - (едници за прогон) со околу 35.000 луѓе. Сите тие беа командовани од искусни армиски офицери. Истовремено, во цела Грција дејствуваа околу 166 вооружени терористички банди, организирани и раководени од најекстремната десница.

СТАВОТ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ БЕШЕ ЈАСЕН, НО РУСКИОТ - СТАЛИНОВИОТ Е ЧУДЕН: „НЕКА СЕ БУРИЧКА ВО КАПИТАЛИЗАМОТ” И ПОДРШКА - САМО НА ЗБОРОВИ, А ЈУГОСЛАВИЈА ИМАШЕ ДВОЛИЧНА ПОЛИТИКА - ЈАВНА, СО КОЈА ГО ПОЧИТУВАШЕ ИНТЕГРИТЕТОТ НА ГРЦИЈА И ТАЈНА - СО КОЈА ГИ ПОТИКНУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВООРУЖЕНА БОРБА Значи, накратко, неправедниот поредок, наметнат во Јалта, го следеше еден неред, исто така суров и без сомнение уште по крвав за нас Македонците под Грција, кои се најдовме поделени во четири држави. Идејата за светскиот комунизам беше празна во значењето од кога и да било порано, и зачудувачки е да се констатира пред оваа немоќ. Но, спрема нас по Втората светска војна, идеолошката пропаганда на туѓинците успешно си го стори своето со нас кои толку многу им верувавме на сите тие наши стратези.

Реакциите на КПГ и на владата во Атина - против формирањето на НОФ.

Како организациите: НОФ, АФЖ и НОМС, создадени во ФНРЈ

- Скопје, беа пречекани во Грција од левите сили, на кои НОФ не натера да им бидеме верни и им го поверивме сиот македонски потенцијал, па дури и децата? На 12-от Пленум на ЦК КПГ, кои се одржа два месеци по основањето на овие организации, прокламираа:

„Решително се спротивставуваме на секое територијално барање од која и да е страна против Грција. Зачувувањето на територијалниот интегритет на државата е првостепена задача на секој грчки патриот”. (ТО ККЕ АП ТО1931-1952, с. 110).

КОИ БЕА ИДЕЛОШКИТЕ ВОДАЧИ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА 1945 - 1949 ГОДИНА И ДАЛИ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ УЧЕСТВУВАВМЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ПОЛИТИКАТА НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА Седмиот Конгрес на КПГ што се одржа на 1 октомври 1945 година, на кого учествуваа 223 делегати од кои мнозинството припаѓаа на работничките партии и на земјоделската селска партија.

Во раководството на партијата, во централниот комитет и во Политбирото завладееа кадри на „генерацијата 30 годишници“.

Такви беа кадрите, а Захаријадис - генералниот секретар на комунистичката партија, беше на чериесет и две години.

Составот на централниот комитет се состоеше од следните лица:

Постојани членови (30)

Анастасијадис Стергиос, Арамбаѕис Никос, Василијадис Аристос, Вутусјанос Мичос, Вафијадис Маркос, Вландас Димитрис, Грозос Апостолос, Еритријадис Гиоргис, Загурџис Никос, Захаратос Милтијадис, Захаријадис Никос, Зевгос Гианис, Зографос Зисис, Иоанидис Гианис, Кацаврас Василис, Маркезинис Василис, Мавроматис Панагиотис, Музенидис Адам, Барџиотас Василис, Бланас Ахилеас, Парцалидис Мичос, Плумбидис Никос, Порфирогенидис Милтијадис, Русос Петрос, Сјантос Гиоргис, Сукарас Сотирис, Стрингос Леонидас, Титилос Гиоргис, Хаџивасилиу Хруса, Хаџис Танасис.

Кандидати за постојани членови (15)

Вазванас Вангелис, Ветас Викос, Вонтисиос Гиоргис, Гифтодимос Костас, Димитриу Гиоргис, Теос Костас, Капета Алегра, Кату Роди, Колигианис Костас, Лулес Костас, Макридис Теодорос, Махараопулос Христос, Парцалиди Авра, Румелиотис Никос, Тсијанис Михалис.

Составот на централната контролна комисија (5)

Данијалидис Полидорос, Карагкицис Пантелис, Папаригас Мичос, Синакос Михалис, Фармакис Костас.

Еден ден по завршувањето на работата на 7-от конгрес на 7 ноеври 1945 година се свика првиот пленум и на него се избра Политичкото Биро на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Грција и се изабраа:

Постојани членови (7)

Сиантос Гиоргис, Захаријадис Никос, Иоанидис Гианис, Хаџивасилиу Хриса, Парцалидис Мичос, Барџиотас Василис, Петридис Тасос, (Анастасијадис Стергиос)

Кандидати за постојани членови (3)

Стрингос Леонидас, Зевгос Гианис, Русос Петрос.

КПГ во десетлетниот период на 1940 година претставуваше од поглед на возраста еден млад организам со доста млади луѓе.

Групите на возраста на 7-от конгрес беа како што следи:

20-30 години 73 преставници 31-40 години 100 преставници 41-50 години 46 преставници Забелешка: Значи, ние Македонците не бевме политички а ниту воен фактор Преглед: