Guilty Without Guilt (Short Version)
РАЗВОЈОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ И НАСТАНИТЕ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (ВАРКИЗОВ
РАЗВОЈОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ И НАСТАНИТЕ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (ВАРКИЗОВИОТ ПЕРИОД -
1945)
Настаните во 1945 година, придонесоа за избувнување на Граѓанската војна (1946 - 1949 година), и тие во историјата на Грција, се земаат како нејзин почеток. Но, Граѓанската војна, почна на 31 март 1946 година, кога беше нападнато Литохоро од страна на вооружени симпатизери на КПГ и членови на ЕЛАС, кои не се согласуваа со потпишаниот договор во Варкиза. Значи, сите иследувања на историските состојби на Граѓанската војна, се сведуваат без сомнение на идеолошките мотиви, од самиот напад на единиците на полициската станица во Литохоро во ноќта на 30 март 1946 година во 22,30 - 23,30 часот.
Но, сериозните историографи, посебно раководниот кадар и учесниците на ДАГ (само ние - Македонците не, бидејќи ние веќе во таков вооружен отпор влеговме уште со формирањето на НОФ на 23.4.1945 година, а тоа значи една година пред тој датум м.з.), си го поставуваа прашањето:
Зошто КПГ повикува на вооружен отпор, точно една година по договорот во Варкиза (12.02.1945)?
Досегашните оценки на грчките историографи, од политичко становиште и оценки на генерал штабовите на грчката владина армија и на ДАГ, Граѓанската војна (1946 - 1949) во Грција ја оценуваат како најголема историска грешка, бидејќи сето тоа се случило по Втората светска војна кога се беше договорено меѓу големите сили на конференцијата на Јалта, со што се изврши поделбата на сфери на влијанија, а за државните граници на Балканот беше речено да останат меѓу државите: да остане
„Статус кво”.
Воспоставена е власта во Грција и поставена железната завеса на границата спрема север. Државните граници на Грција и Југославија: „СТАТУС КВО” По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу нешта што се случија во Грција, особено по потпишувањето на договорот во Варкиза и превземањето на власта од страна на десница, се смета, од грчката историографија дека годината 1945 (посебно зимските и пролетните месеци), време во кое настанува прогонот на левите сили (КПГ, ЕЛАС, ЕАМ и други), но сега организиран и коодинирани од страна на Англичаните преку ново формираната грчка влада.
Резултатот од организираниот терор во времето од 12 февруари до 31 март 1946 година е објавен во извештајот подготвен од страна на централната комисија на ЕАМ, а го поднесе Михалис Киркос, на една од седниците пред Комисијата на специјалните надгледувачи од страна на ООН, во кој се регистрирани следните случаи:
Стрелани 1.284 Ранети 6.681 Интернирани 31.632 Апсени 34.931 Исчезнати 151 Силувани 165 И други околу 500 граѓани, малтретирани по разни основи.
За историјата, нека се забележи и тоа дека извештојот на ЕАМ е напишан на француски јазик од Октав Мерлие, управител на францускиот Институт во Атина во 1945 година. (Види: Тасос Вурнас, 1981/32, Атина).
Развојот на силите на владината армија до 1946 година.
Развојот на воените владини сили до почекот на јули 1946 година се организирани и составени во четири ридски дивизии:
7 -та дивизија во Кавала 8 -та дивизија во Јанина 10 -та дивизија во Солун 15 -та дивизија во Кожани Вкупните сили на владината војска до јули 1946 година се 104.000, од нив 45.000 се во пешадијата. Истите беа организирани во 80 пешадиски баталјони.
Влијанието на Америка и развојот на владините воени сили Во периодот од 1946 до 1947 година, под влијание на западните сили се случија многу важни работи, но најважното беше постигнато уште на Техеранската конференција, кога Грција беше договорено да подпадне под сфера на влијание на Америка и Англија.
Во февруари 1947 година, Велика Британија ја извести Владата на САД, дека од економски причини на 31 март 1947 година ќе прекине да ја помага Грција. Владата на САД, оцени дека доколку не ја наследи улогата на Велика Британија, Грција неминовно ќе падне под влијање на Русија.
Во Атина меѓу Владата на САД и грчката Влада, е потпишана спогодба за помош на Грција, со што почна да се остварува американската доминацијата во Грција, при тоа истиснувајќи ја Велика Британија.
На 1 март 1947 година, претседателот на САД Хари Труман објави решение со кое ја прокламира „Труманската доктрина”, за ангажирањето на САД во Грција. На Грција и беше доделен кредит и современа воена опрема за опремување на владината војска - (во текот на Граѓанската војна, војниците од Владината национална армија беа нарекувани како Бурандарес.
Истовремено на грчката влада и беше ставен на располагање американскиот генерал Ван ФЛИТ, специјалист за борба против герила, (во почетокот на 1947 година во Грција пристигна тогашниот командант на Американско – воено - советодавната и програмска група, предводена од него лично, генерал Ван ФЛИТ).
Во целиот период на време на Граѓанската војна, со неговата стратегија и применетата тактика во последните битки на фронтовите на Вичо и Грамос (28 -30 август 1949), беше ликвидирана ДАГ и исфрлена надвор од границите на Грција, во Албанија.
*** Од таквата глобална оценка се издвојуваат некои основни проблеми за историјата на ДАГ, но нас - Македонците не не споменуваат воопшто, како народ што учествуваше со повеќе од 50% од воените ресурси на ДАГ. Оттука, време е и ние низ тие проблеми на историјата на ДАГ, да ги согледаме и нашите македонски проблеми и грешки од нашата политичка национална и историска бесмисленост и низ сето тоа да најдеме одговор на прашањето: Зарем било можно поради нивната пропаганда ние - Македонците доброволно да им ги дадеме децата!
Проблемот за аналитичарите и историографите на ДАГ е донесеното т.н. историско решение, на Вториот пленум на ЦК на КПГ за вооружено востание, кое почна на 31 март 1946 година, точно една година по договорот потпишан во Варкиза (на 12.02.1945 година), кога левите сили ЕАМ и КПГ и ја предадоа власта на десницата. Тоа е оценето како историска грешка.
Дали ние Македонците во овие договори бевме некаков фактор.
Одговорот е НЕ! Зошто не? Затоа што до тогаш во Грција не се изборивме да постанеме политички субјект.
За ова е напишано доволно многу и расветлени се некои работи многу повеќе, отколку официјалните документи на КПГ и разните дела на историографите и писателите. Но, да ја проследиме хрониката.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/guilty-without-guilt-mac/4 le 29 octobre 2026