Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Guilty Without Guilt (Short Version)

„ИЛИНДЕН.”

Par Стојан Кочов · Partie 18 sur 33 · Environ 4 minutes

Lire en English

„ИЛИНДЕН.”

1. Заклучение: „...Го осигурува борбеното единство на Грци и Славомакедонци за ослободувањето на Грција од американо англиската окупација. Створува општ фронт против титовската фашистичка банда на Белград, која што ги угнетува политички, економски, општествено, Македонците од Вардарска Македонија... (Видна е грубата национална грешка што се прави под диктат на КПГ со именувањето на Македонци од вардарскиот дел и со Славомакедоци за Македонците од Егејскиот дел на Македонија).

2. Заклучение: „...НОФ што се основа през април 1945 година со титовска иницијатива, главно застана неспособен да ги исполни желанијата на Славомакедонскиот народ. НОФ се основа од Тито - Колишевски, од титородни елементи, авантуристички и непријателски кон демократското движение на Грција. Основателното и раководителното јадро беше составено од агенти на титовската банда од тип Митровски, Керамидчиев, Гоце, Раковски, со исклучителна цел да му услужи на интересите на титовската клика во Егејска Македонија, што беше расцеплението и ударот од внатре на народноослободителното движение на нашата страна, искористувањето на славомакедонскиот вопрос во интерес на националистичките стремежи на белградската банда, присоединувањето на Егејска Македонија од Тито. Тука треба да истакниме дека и Англичаните пред декември 1944 година, благословуваа едно такво нешто, зашто претпочитаа да го земи Солун подоброТито, од колку ЕЛАС... и.т.н.” Заклучение: под ж) „...Борбеното воспитувание на децата, треба да се базира врз политиката, што ја зацрта нашата партија со писмото на др. Захариадис до децата на домот „Папаригас”...”Младите славомакедонци ке ја продолжат борбата заедно со грцките младинци и младинки во редовите на ЕПОН. Славомакедонските жени ке се борат рамо до рамо со гркинките жени. Конференцијата предложува ликвидирање на КОЕМ. Славомакедонците комунисти стануваат членови на КПГ...

Дали децата беа одземени од оваа пеколна идеолошка пропаганда? НЕ! Еве што велат во месечното списање за македонските деца во гостоприемните страни на Н.

Демократија „Македонче “ бр. 8, август 1952 година, стр. 12.

ДО ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

„ИЛИНДЕН” Драги наши другари. Со пионерски искрени поздрави ве поздраваме ние здружените пионери Грчина и Македончина од Детскио Дом „Белојанис” во Народна Република Унгарија.

Со голема радост приеме решенијата на конгресот на новородената наша организација „ИЛИНДЕН”. Даваме чесната дума, да исполниме задачите што ни се постават от нашата национална организација. Братството и единството непрекидно ќе биди закалено во нас. Здружени со нашите братчинја -Грчинјата ќе ги вложиме сети сили за да усвоеме знанијата и да се воспитаме така што да станиме способни за ослободуванјето на нашата татковина и изградбата на утрешнината на НР Грција.

Со завршването на учебната година, со всестраната помош на нашите учители, печалиме да исполниме на полно лозунго „Ниту еден ученик да не остани во истото отделение”. Даваме думата оти ке ги вложиме сети наши сили да преминиме со добра отценка во по висшите отделенија.

За пионерскио комитет на Д. Дом „Белојанис” 20/5/52 г.

Биоличкин Танас,Ристоски Коста, Нашуловска Ристосија, Георговски Јото Ете, ова тажно финале, ни покажува како заврши политичката трагедија на НОФ и АФЖ и претставува едно чисто комунистичко ОДМАЗДОЉУБИЕ. Но, бидејќи најтешко е да се постави прашањето за сопствената одговорност, дури и по полавек, но зарем пак, навистина е можно да се премолчи; некој кој го довел до кланица еден народ мирно и без грижа на совеста и што уште полошо, тој паталец да се тера со аплаузи кон нив (КПГ и КПМ/КПЈ) и да им препишуваме национални заслуги. Токму тоа е вистинското проблематично прашање. И, ете зошто. Со формирањето на НОФ, беше уште една голема, потврда, дека формирањето од туѓинците на такви организации и водачи на македонските народни движења, со луѓе регрутирани од пазувите на институциите на пропагандите, се докажа дека тие ретко успеват да ги одделат личните интреси од народните, најчесто и несвесно и тие стануваат жртви, служејќи на туѓите интереси.

Ова со нас Македонците беше класичен пример во историјата и ни покажа, како се врзува еден народ (кој живее со своите исконски родољубиви сознанија), за туѓи пропаганди и политики и до кој степен можат да се планираат и разгорат националните страсти, и како може да се доживеат големи миграции до степен на геноцид.

Ова прашање, половина век си го поставува секој изгонен човек, (но не и матичната историја, не иституциите на Македонија, прашањето се затвара во секторската „Историја за Егејците”).

Имено, зарем навистина беше потребно да се војува толку години, со загуби на толку жртви, разорувања и искоренувања на Македонците.

Зарем ние Македонците не ќе постигневме повеќе без влегување во таква војна???

Преглед: