Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ (1925-1948)

Par Ташко Мамуровски · Partie 8 sur 42 · Environ 15 minutes

Lire en English

ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ (1925-1948)

“…Драги чичко, ако дојде време Лерин да го ослободите дојди и ти, донеси ја мојата мајка и двете сестри, побарај ја мојата гробница за да сронат солзи крвави, за моите коски да се накиснат и мене да ме разбудат...” Лазо Ангеловски Ретки се револуционерите од типот на Лазо Ангеловски

144 кои за доброто на својот народ, рано го положија својот живот во олтарот на македонската слобода. Како учител во слободната и полуслободната територија на ДАГ, се настојуваше и тој да замине со евакуираните деца од Егејска Македонија во народните републики. “...Не сакам одговори Лазо, да заминам преку граница за да живеам слободен живот. Ако загинам, нека загинам барем во родното место..., заедно со својот народ.” 145 Лазо Ангеловски е роден на 10 август 1925 година во селото Граждано, /Преспа/, Леринско, во печалбарска сиромашна фамилија, но со богати револуционерни традиции.

146 147 Веднаш по Балканските војни /1912-1913/, неговиот татко Филип беше принуден да замине на печалба во Америка. Во 1920 година тој се враќа во родното село и продолжува да се занимава со земјоделска работа. Во 1927 година, Филип повторно оди во Америка на печалба. По десет години пак се враќа во родното село. По извесно време заминува за Америка и повеќе не се враќа дома.

144 За револуционерната и просветната дејност на Лазо Ангеловски исто види Христо Ристовски, Некои нови сонанија за просветната и револуционерната дејност на Лазо Ангеловски. Историја, Скопје, 1983, XIX, бр. 2, стр. 219-235

145 Од приватната архива на Веза Ангеловска, сестра на Лазо.

146 Дедо му на Лазо Ангеловски, Ангеле, како учесник во Илинденското востание беше затворен од турските власти во Солун, каде што почина во злогласниот затвор Еди-Куле.

147 Чичко му на Лазо, Петре Ангелов, беше познат како истакнат преспанско-ресенски војвода. Поради неговото спротивставување на бугарскиот двор, во 1933 година беше ликвидиран од врховистичките платеници во градот Хасково, Бугарија.

148 Од приватната архива на Веза Ангеловска...

Во периодот 1931-1937 година, Лазо Ангеловски го посетуваше грчкото основно училиште во родното село. За време на наставата тој често пати беше пофалуван од наставниците за добрите успеси во учењето.

Во есента 1937 година, односно по завршувањето на основното училиште, Лазо се запишува во леринската гимназија. Уште по првото полугодие, тој беше пофален од школските власти за неговото примерно учење.

Кон крајот на октомври 1940 година, односно со нападот на фашистичка Италија на Грција, Лазо, како и другите ученици во гимназијата беше принуден да го прекине своето школување.

Но школските власти им дадоа на учениците од последната година уверение за завршено школување.

За времето на германско-италијанската окупација во земјата /првите две години/, Лазо му помагаше на стрико му Атанас во земјоделските работи.

Во втората половина на 1942 година, по селата на Преспанска околија почнаа да се движат прогресивни илегалци со цел да го запознаваат народот со воено-политичката ситуација во земјата и да го организираат за отпор против окупаторот. Во Граждано, тие се појавиле прво во куќата на селскиот поп. Тука беше одржан првиот состанок со видните селани во Граждано. Тие дискутирале за политичката ситуација во околијата и за задачите на селаните во борба против фашистичките окупатори.

Лазо Ангеловски, иако уште млад, беше задолжен да врши позадински задачи. Подоцна тој стана главна врска на селаните со партизанските единици на ЕЛАС и одредите од Вардарска Македонија кои често пати престојуваа во Преспанска околија.

Со оваа работа тој се занимавал се до крајот на 1944 година, односно до прогонувањето на германско-италијанските и бугарските окупатори од Грција.

149 Истото.

Во ноември 1944 година, во Преспанско беше најавена вест дека младинците кои имаат завршено гимназија и сакаат да се запишат на курсот за народни учители и тоа на македонски јазик, веднаш да се пријават во Костур. Лазо со голема радост и воодушевување ја прими оваа вест. Тој веднаш пристигнал во Костур каде се очекувало да се отвори најавениот курс. Тука беа дојдени младинци и од другите македонски села. Но какво беше изненадувањето на Лазо и на другите младинци кога се дозна на другиот ден од управникот на курсот дека тука нема да се учи на македонски јазик. 150 По упорното настојување на младинците, управникот на курсот, кој беше познат како закоравен антимакедонец, беше принуден да им ги најави “вистинските” причини за да не се учат на македонски јазик.

Тој буквално им рекол: “...Нема да се учи на македонски јазик… Кој сака да се учи на грчки јазик и да стане грчки учител, нека остане... Други училишта нам не ни се потребни...

Кои се Вулгарофони, а сакаат да го напуштат училиштето, нека дојдат во канцеларијата да си ги земат документите...” 151 Лазо Ангеловски, со нажалено срце, заедно со двајца другари отиде кај управникот за да си ги повлече своите документи. Но управникот упорно настојувал тие да останат во училиштето.

Тој им ветувал дека по завршувањето на учителскиот курс, тие ќе можеле да работат како наставници на грчки јазик и тоа не во селата, тука во градовите. Лазо, разочаран од ваквата одлука на грчкиот управник, се вратил во родното село.

По неколку дена, Лазо добива писмо од стрико му Атанас, кој како припадник на Првата ударна бригада на Македонците под Грција престојувал во Битола. Во писмото тој го молеше Лазо да дојде што побрзо во Битола за да се запише на семинарот за македонски народни учители. Пријатно изненаден, по три дена тој пристигна во Битола и веднаш се пријави во Битолската гимназија каде се одржуваше курсот за македонски учители.

150 Ристо Кирјазовски, Животниот пат на учителот Лазо Ангеловски и неговата трагична смрт. Просветно дело, Скопје, 1972, бр. 10, стр. 639-640.

151 Христо Ристовски, Некои нови сознанија за просветната и револуционерната дејност на Лазо Ангеловски..., с. 224.

152 Истото: стр. 225.

На 15 јануари 1945 година, Лазо Ангеловски, откако успешно ги положи испитите, веднаш беше назначен како прв македонски учител во селото Брајчино, Ресенско. Може слободно да се подвлече дека со тоа се исполни најголемата желба на Лазо. Во Брајчино се покажа како вистински народен учител. Неуморно и со голем елан работеше за да ги просвети Македонците од овој крај на својот мајчин јазик.

За време на летниот распуст истата година, Лазо го посетуваше вториот, односно вишиот учителски курс во Битола. По неговото завршување тој беше назначен за управник на основното училиште во с. Смилево, Битолско.

153 Тука тој имаше можност да се запознае и со истакнати македонски револуционери од времето на Илинденското востание. Покрај своите секојдневни службени задачи, Лазо често пати учествуваше и во организираните потери против балистичките банди кои дејствувале на овој терен.

Во 1946 година, за време на летниот распуст, Лазо Ангеловски полага испит по марксизам-ленинизам и по политичка економија во Скопје. Благодарејќи на неговото просветно-политичко изградување, Министерството за просвета на НР Македонија, со указ број 273/1946 година, кон крајот на 1946 година го назначува за управник на детскиот дом “Мерџан”, во Тетово. Подоцна беше назначен за управник во детскиот дом за сирачиња во Скопје.

154 Покрај својата секојдневна работа како управник во детскиот дом во Скопје, тој предаваше марксизам и политичка економија при партиските курсеви кои беа организирани еднаш неделно.

Лазо Ангеловски беше неуморен просветен и општествен работник. Благодарејќи на неговото политичко изградување, тој беше избран за секретар на КПМ на Вториот реон во Скопје, а потоа началник на пионерскиот одред во Скопје. Сите задачи совесно и навреме ги извршуваше. И затоа беше многу сакан и почитуван од сите. Вреди да се подвлече дека поради ваквите просветно-општествени квалитети, подоцна тој беше избран за 153 Ристо Кирјазовски, Животниот пат на учителот Лазо Ангеловски и неговата трагична смрт..., стр. 641.

154 Од приватната архива на Веза Ангеловска...

член во одборот за Народна просвета при Министерството за просвета на НР Македонија. 155 Кон крајот на 1946 година, Министерството за просвета на НР Македонија донесе решение да се подготват, а потоа да се испратат по сите краишта на Македонија наставници кои ќе отворат училишта со македонски наставен јазик. Врз основа на оваа одлука и по лична желба, Лазо се реши да оди во Егејска Македонија, односно во слободната територија на ДАГ.

Претходно, откако се снабди со потребни материјали натоварени на камион кој му беше даден на располагање, на 8 март 1947 година, преку Битола и Љубојно пристигна во слободното село Герман, Преспанско. Како член на Комисијата за просвета при Главниот одбор на НОФ, подоцна тој добива задача да подготви на слободната територија наставници по македонски јазик. За исполнување на таа цел, на 1 ноември 1947 година, во с. Герман беше отворен Курс за македонски народни учители “Гоце Делчев”. На овој курс Лазо предаваше македонски јазик.

156 Подоцна, односно во јануари 1948 година, сличен ваков курс беше одржан во с. Желево, Леринско. На курсот во Желево, Лазо беше назначен за управник. 157 Паралелно со овие задачи, Лазо ја вршеше функцијата инспектор за просвета на слободната територија на Егејска Македонија. 158 Со просветната дејност во овој дел на Македонија Лазо Ангеловски се занимаваше се до крајот на пролетта 1948 година. Во тоа време, грчките монархофашисти со помошта на англоамериканските интервенционисти организираа секојдневни истребувачки воени акции со цел потполно да го уништат прогресивното македонско и грчко население. Во ваквите тешки услови на борбата, Привремената демократска влада на Грција, во март 1948 година донесе решение сите

155 Истото.

156 Уверение од Курсот за македонски народни учители од 20 декември 1947 година, на Архир Костов Цанѕовски, дека го завршил курсот со успех, “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV. Архив на Македонија, Скопје, 1980, док. 109, стр. 370. Истото: док. 110, стр. 371.

157 Истото: док. 110, с. 371, фуснота 3.

158 Истото.

малолетни деца кои се наоѓаат на слободната и полуслободната територија на ДАГ да се префрлат преку граница за да се спасат од ужасот на војната.

Лазо Ангеловски добива задача да подготви список на сите деца кои требаше да се евакуираат, односно по групи да ги испраќа до грчко-југослевенската граница. Неколку дена по ред, тој во својство на водич, децата кои доаѓаа од внатрешноста на слободната и полуслободната територија ги префрлуваше во с.

Љубојно.

Последната група малолетни деца беше испратена од селата:

Граждано, Орово, Трно, Дробитишта и Нивици, Преспанско.

Заедно со оваа група деца замина и малолетната сестра на Лазо, Веза, преку која испратил и едно писмо до стрико му Атанас.

Во писмото тој пишуваше: “Драги чичко!... Денес за последен пат се поздравив со сите наши деца како и со помалата моја сестра Веза. Ти ги испраќам тебе за да ги пречекаш. Јас ќе останам со народот за да ја продолжам борбата. Тука сите настојуваа да заминам и јас со децата. Но јас не се согласив...”

159 Од овој момент Лазо почнал да се движи по сите борбени позиции на ДАГ. Во својство на секретар на Окуржниот одбор на Народната власт во Леринско, тој ги обиколуваше сите села на слободната и полуслободната територија и го повикуваше народот во борба против реакцијата.

Во првите денови на август 1948 година, Лазо Ангеловски, враќајќи се од селото Света Петка, каде престојуваше по организациона задача, пристигна во селото Буф, Леринско.

Тука тој свика состанок со определени лица, а потоа одржа опширна конференција со селаните од Буф и од другите соседни села. На конференцијата тој им зборуваше на селаните тие да ја продолжат борбата за извојување на својата слобода.

Меѓутоа, некои од селаните кои присуствуваа на конференцијата забележале една грчка монархофашистичка патрола која се движела кон планината над селото Буф. Но Лазо 159 Христо Ристовски, Некои нови сознанија за просветната и револуционерната дејност на Лазо Ангеловски..., стр. 230 иако ја чувствуваше опасноста, со еден свој другар се решил да ноќева во една селска племна.

На другиот ден, Лазо долго ја чекал врската, но таа не доаѓала.

Еден од селаните им рекол на двајцата другари дека патот е слободен и дека тие можеле да си одат. Непречувствувајќи ја опасноста, Лазо сакаше да тргне. Неговиот другар го убедувал тие да не одат. Но Лазо беше категоричен и тие тргнале. Прв одеше Лазо, а по него, на растојание од околу 50 метри чекореше неговиот другар. Но одејќи така, изненадено паднаа на заседа. Со еден рафал од автомат, монархофашистите го ранија Лазо во десната нога.

160 Неговиот другар успеал да се спаси. Лазо беше заробен и врзан спроведен во селото Буф за да го идентификуваат селаните. Но тие не го предадоа. Од Буф беше префрлен во леринскиот затвор. Тој тука беше предаден од отпадникот на македонскиот народ, Сотиракис. Но Лазо, иако беше ѕверски мачен, ништо не призна за неговата револуционерна активност.

По петдневни долги мачења, Лазо беше фрлен во ќелијата полумртов. Тројца затвореници дојдоа да го земаат за да го закопаат бидејќи се претпоставувало дека е мртов. Но какво беше изненадувањето на началникот на затворот, кога го видел дека се уште е жив! Началникот го прашал дали сака тој да се спаси, односно да се откаже од борбата. Ако сака да се спаси, му рече началникот, ќе треба да подготви еден говор кој ќе го одржи пред затворениците. Во својот говор, Лазо требаше да го нападне Народноослободителното движење на македонскиот и грчкиот народ. Но Лазо место говор, скришум од жандармите го пишува последното свое писмо до својот сакан и незаборавен стрико Атанас:

“Незаборавен чичко Атанас!

Со тебе сме делеле добро и зло. Не знам дали научи за нашето нештастие. Фатен сум од страна на грчките монархофашисти.

Во затвор сум, во темница, во Лерин. Нема ништо до мене, сал тиранин стражар на брата стои и мене ме чува, со мене не 160 Од приватната архива на Веза Ангеловска...

зборува. Распарчен сум во устата со куршум. Левата рака ме боли, сум тепан со кондак. Чичко, знам дека веданаш ќе се лутиш ти на мене и ќе плачеш за мене... Знам, највеќе ќе се лутиш за тоа што не те послушав тебе, ама се е свршено, судбината таква била. Знај, зборовите твои ме душат, ама сега се е празно. Јас немам поблизок од тебе. Јас памтам како заедно живеевме и зборувавме по цели ноќи. Затоа прости се засекогаш.

Знам, што те кладов во големо нештастие... Се, оставам на тебе.

Ако го земеш ова писмо па ти извести ги моите роднини: татко, мајка и другите мои. Јас и порано ти пишав за се, оставам топли засекогаш поздрави до сите мои: мајка и сестри. Но, сакам да речам Вие сите заради мене ќе плачете, зошто – кога си ти...

Чичко, ако го земеш писмото бездруго знај за последното ова:

оставам мајка, татко и сестри две на тебе. Засекогаш ти да ги гледаш. Да не ти зборувам како отсекогаш што сме зборувале.

Јас нема друго што да ти пишувам. Ти знаеш, затоа што ти мене ме советуваше. Затоа, од тебе сум крајно благодарен.

Секогаш очекувам да умрам... Мачен сум по казна, тепан, да не ти пишувам, ме тераат да зборувам за движењето, против ДАГ па потоа да бидам ослободен. Јас избрав смрт, не, нема да зборувам по никоја цена.

Ранет сум во уста, секој ден пред мене богат наши другари на стрелање. Тие збогум од сите нас земаат. Едни ги бесат, други ги стрелаат... Вратата се отвора, до мене таков глас се слуша:

пискања и врескања, па и јас на исто чекам, што друго да чекам?

Сите викаат, плачат, збогум земаат од мила мајка Македонија.

“Збогум мои другари, јас немам никој на овој свет”, пак се слуша. Сакам некогаш сам да заплачам затоа ти пишувам при памет и една рака а овој што шепоти шпион ќе не прати осудени до крај.

Драги чичко, ако дојде време Лерин да го ослободите, дојди и ти донеси ја мајка ми и сестри ми па побарај ја мојата гробница, за да сронат солзи крвави за моите коски да се накиснат и мене да ме разбудат.

Писмото го пишувам по ноќи и денови, во секое време проверки вршат тирани грчки, корофилаци клети. Вака било и живот за мене не чекај. Сам на таква одлука се одлучив.

Денес на говорница ќе ме избедат да говорам против организацијата и партизаните на Маркос.

161 Да, смрт ме чека.

Но секој кој овде влезе сал мртов излегува. Па затоа јас не се откажувам.

Речено ми е пред другите затвореници говор утре да одржам или смрт да изберам. Некои мене ме охрабруваат, други пак ме кандисуваат да зборувам, ами против кого да зборувам? Јас немам поблизок и свој да ме разбере поарно од тебе. Затоа јас пред крај, тебе ти го пишувам писмото. Да знаеш, јас не се покорив, јас ја избрав смртта. Така, знај дека деновите се проодливи, мене смрт ме чека.

Мене, не ме страши смртта, не, ништо нема да зборувам. Нека знае целиот свет, мајка, татко и двете сестри...

За последен пат, збогум најпрвин со тебе и со моите најблиски земам. Поздрав на секој носи, за последен пат од твојот внук Лазо.

Смрт на ф...

Лерин 18 08. 1948 год.

162 На другиот ден, Лазо, врзан за воен џип, беше влечен по улиците на градот Лерин дури не згасна неговиот живот.

161 Вафијадис Маркос, за времето на Граѓанската војна во Грција извесно време беше воен командант на ДАГ и претседател на Привремената демократска влада на Грција.

162 Цитирано од Христо Ристовски, Некои нови сознанија за просветната и револуционерната дејност на Лазо Ангеловски..., стр. 232-233.

163 Јордан Конев, Порака пред смртта. Нова Македонија, Скопје, 1981, јануари 10 стр. 4.

Така загина Лазо Ангеловски, племенит и истакнат македонски просветен работник, борец и револуционер чии заслуги ќе служат како пример за идните македонски поколенија.