Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

АТАНАС КОРОВЕШОВ (1918-1945) - Part 01

Par Ташко Мамуровски · Partie 5 sur 42 · Environ 19 minutes

Lire en English

АТАНАС КОРОВЕШОВ (1918-1945)

Меѓу најистакнатите македонски борци и активисти на организацијата НОФ од егејскиот дел на Македонија кои го положија својот живот во борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ, видно место зазема и Атанас Коровешов. Тој е роден 1918 година, во селото Смрдеш, Костурско. По завршувањето на основното образование во родното село, Насо /како што другарите го викаа нагалено/, следјќи го примерот на својот татко Филип, почна да се занимава со сточарска работа.

Во 1939 година грчките власти го повикаа на отслужување на воениот рок. Беше распореден во една погранична единица.

Германско-италијанската и бугарската окупација на Грција и Егејска Македонија, Насо ја дочека доста подготвен. Уште од првите денови на фашистичката окупација тој се вклучува во групата комунисти, односно членови на КПГ која дејствуваше во Смрдеш уште од пред Втората светска војнa: Ламбро Чолаков, Ѓорѓи и Сократи Папајанови, Ламбро Митанов и други, и развива широка активност во борбата против окупаторот.

84 Споменатата група комунисти од родното село на Атанас Коровешов, заедно со другите комунисти од селата: Дмбени, Габреш, Косинец, Брезница итн., во јуни 1941 година организира свеченост по повод 38-та годишнина од славната битка кај месноста Локвата и Винјари, каде што во 1903 година, за време на Илинденското востание, во нерамна борба со 84 Според сеќавањата на Ламбро Чолаков, од село Смрдеш, Костурско. За време на НОБ беше партиски раководител на одредот “Лазо Трповски”, а подоцна стана член на Политичката комисија на Македонците под Грција.

Од 1945 година беше секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско и Преспанска околија. Од мај 1947 година беше член на Главниот и Извршниот одбор на НОФ, а од јануари 1948 година беше член на Централниот и Извршниот совет на НОФ за Егејска Македонија. Од февруари 1949 година беше претседател на Окружниот одбор на НОФ за Костурско, а од март истата година член на Главниот одбор и на Извршниот совет на НОФ за Егејска Македонија. Повеќе од 10 години има одлежано по грчките и други затвори.

турскиот аскер погинаа 13 востаници од селските чети, меѓу кои и неколку од селото Смрдеш. На местото каде што погинаа востаниците беа одржани говори и положени венци. 85 На 1 јули истата година, групата комунисти од селото Смрдеш, го искористува традиционалниот селски собир, кој секоја година се одржуваше на местото “Св. Врач”, со цел да се манифестира отпорот против окупаторот во Костурско, во кој Атанас покажа посебна активност.

86 Во есента 1941 година, Атанас го придружува стадото овци на својот татко и заминува на зимување во околината на градот Лариса. Тука Коровешовци имале свој имот и секоја година, со сопственото стадо, зимата ја поминувале во таа околија.

Кон крајот на 1941 година и почетокот на 1942 година, во Лариса и околината, мошне се зајакна активноста на КПГ.

Комунистите од овој дел на Грција почнаа да ги формираат првите партизански групи, а мандрите на Коровешовци, кои се наоѓаа на подножјето на планината Олимп, им служеа како основни упоришта за сместување и исхрана на партизаните.

Атанас Коровешов заедно со Перикли Коровешов, Тодор Коровешов, Мичо Коровешов и други младинци кои што таа зима престојувале во мандрите, беа постојани снабдувачи на групите со храна, информации, курирски работи итн.

Летото 1942 година, Атанас се враќа во родното село и веднаш се вклучува во работата на селскиот комитет на КПГ.

87 На Насо му беше доверена функцијата одговорен по воени прашања. Тој 85 “Локвата” “Винјари” и Лазо Поптрајков. Од нашето историско минато.

Глас на Егејците, Скопје, 1951, јуни 2, II, бр. 10, с. 2. Истото: Според сеќавањата на Васко Макриевски, од село Смрдеш; борец во одредот “Лазо Трповски”. Подоцна секретар на партискиот комитет на КПМ во Првата ударна бригада на Македонците од Грција и заменик политички комесар во истата бригада.

86 Според сеќавањата на Мичо Каранџовски, од село Смрдеш; секретар на младинскиот Реонски комитет на ЕПОН во Корештата, Костурско. Подоцна заменик политички комесар на чета во баталјонот на Караорман.

87 Насо Коровешов. Нашите паднати борци. Глас на Егејците, Скопје 1951, септември 4, II, бр. 14, с. 4. Истото: Според сеќавањата на Ламбро Чолаков и Васко Макриевски...

неуморно работи за омасовувањето на селската партиска организација на КПГ и, заедно со другите членови на селскиот комитет воспоставува тесни врски со околните села и со Околиската организација на КПГ. 88 Кон средината на 1943 година, во родното село на Атанас почнаа подготовките за формирање на партизански одред во чиј состав ќе влегуваат борци од селото Смрдеш и од другите околни села.

Во втората половина на август истата година, другарите Атанас Коровешов, Ламбро Чолаков, Ристо Шамандуров, Васил Макриевски, Пандо Шиперков, Тодор Коровешов, Мичо Коровешов, Перикли Коровешов, Перикли Ковачевски, Милтијади Ковачевски и Мичо Гаљовски, заминуваат во партизани.

89 Од споменатата група партизани и од другие борци од околните села, во есента 1943 година беше формиран одредот “Лазо Трповски”. Атанас Коровешов учествува во сите борбени акции на одредот се до неговото расформирање.

90 Во ноември-декември 1943 година, односно со формирањето на македонската антифашистичка организација СНОФ за Костурско, се појавија некои членови и партиски раководители на КПГ во Костурско, кои уште од самиот почеток систематски работеа за ограничување на дејноста на СНОФ, сметајќи дека со самото формирање на македонската организација проблемот на Македонците е решен. Дури имаше и такви алтернативи во дискусиите на раководството на КПГ, на чело на организацијата СНОФ во с. Смрдеш да се постави еден од неговите членови, по народност Грк.

88 Истото.

89 Според сеќавањата на Мичо Каранџовски, Ламбро Чолаков и Васко Макриевски...

90 Според сеќавањата на Милтијади Ковачевски, од село Смрдеш; активен учесник во НОБ и ДАГ. Истото: Според сеќавањата на Васко Макриевски, Ламбро Чолаков и Мичо Каранџовски...

91 Истото.

Вреди да се подвлече дека СНОФ во македонските села во Костурско скоро во целост ги замени организациите на ЕАМ.

Тоа беше една од главните причини што Окружното раководство на КПГ не бираше начини и средства да го запре подемот на СНОФ. Раководството на КПГ често пати ги повикуваше македонските раководители на СНОФ на партиска одговорност, ги застрашуваше /особено најактивните членови/, ја омаловажуваше организацијата СНОФ итн. 92 Во ваквата политичка напнатост, кон крајот на ноември 1943 година во с. Смрдеш беше одржан состанок на активистите на отпорот во селото: Атанас Коровешов, Ламбро Чолаков, Пандо Шиперков, Васил Макриевски /партизани во одредот “Лазо Трповски”/, Ламбро Митанов, Ѓорѓи Папајанов, Сократи Папајанов, Ванкето Шамандуров и Мичо Каранџовски /членови на реонскиот комитет на КПГ/. На состанокот главно се расправаше за односот на повисоките раководства на КПГ спрема македонските активисти на КПГ и СНОФ и беше осуден предлогот на чело на организацијата СНОФ во Смрдеш да биде поставен Грк. За одржаниот состанок, веднаш беше информиран секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Коструско Андонис Андонопулос-Периклис. Тој го оцени состанокот како нелегален /иако официјално бше информиран/.

Во Врска со тоа во седиштето на 28-от полк на ЕЛАС беа сослушани борците на одредот “Лазо Трповски” и членовите на Реонскиот комитет на КПГ од с. Смрдеш, учесници на состанокот, а потоа партиски опоменети.

93 Овој настан, во иднина беше искористен од секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Костурско да “докажува” како Македонците во Костурско не биле сосема проверени сојузници на КПГ.

Подоцна, односно во пролетта 1944 година, борците на одредот “Лазо Трповски” беа вклучени во баталјонот “Вичо”, кој влегуваше во составот на 28-от полк на ЕЛАС. Атанас Коровешов беше именуван командир на првиот вод од втората чета на овој баталјон.

94 Тој учествува во сите борби што ги

92 Истото.

93 Истото.

94 Танас Вражански и Мичо Каранџовски, Смрдеш. Организационен одбор на “Првата Смрдешка средба”. Скопје, 1976, с. 13. Истото: Според водеше баталјонот “Вичо” на теренот на истоимената планина.

Од најзначајните можат да се истакнат борбите за разоружување на контрачетниците, нападот на германските позиции на планините Бигла и Вичо, прифаќање и разоружување на ерменските единици кои беа вооружени од Германците и распоредени на теренот Лерин – Корча и други.

Насо за својата храброст и решителност беше ценет во баталјонот, а често пати и пофалуван. 95 Но и покрај искреното настојување на македонските партизани, по пат на заедничка борба против окупаторот и домашните предавници да докажат дека се за заедничко и рамноправно живеење со Грците во овој дел на Македонија, раководството на КПГ и ЕЛАС во Костурско продолжи да води политика на сомневање и недоверба спрема македонските партизани. Тоа се чувствуваше во секојдневниот живот кај македонските борци и во организациите на СНОФ. Македонскиот патриотизам кај македонските партизани во ЕЛАС беше особено поттикнат и од престојот во април 1944 година на македонските единици и делови на Главниот штаб на Вардарска Македонија во Корештата. Во контактите со македонските партизани од Вардарска Македонија се разгоруваше желбата за формирање на посебни македонски единици во егејскиот дел на Македонија. Голем број македонски партизани кои се наоѓаа во составот на единиците на ЕЛАС, се распрашувааа за можноста да преминат во македонските партизански единици од Вардарска Македонија. Подоцна тоа и се случи. Кога македонските партизански единици од Вардарска Македонија сеќавањата на Минчо Фотев, од Рупишта; политички комесар на III-та чета во баталјонот “Гоце”. Од ноември 1944 година беше секретар на СКОЈ во Првата ударна бригада на Македонците од Грција, а од април 1945 година беше член на организационото раководство, односно потесното раководство /Главен одбор/ на НОФ и одговорен на НОМС за Егејска Македонија. Во ноември 1946 година, односно по обединувањето на македонските и грчките партизански единици, стана член на Секретаријатот на Покраинскиот комитет на ЕПОН за Егејска Македонија и Тракија. На Вториот конгрес на НОФ, одржан во март 1949 година беше избран за член на Извршниот одбор на НОФ и претседател на Главниот одбор на НОМС за Егејска Македонија.

95 Истото.

го продолжија патот кон Преспа и Караорман, со нив отидоа и неколку младинци од селата под Вичо. 96 Во почетокот на мај 1944 година, во знак на протест поради опортунистичкиот став на КПГ и ЕЛАС спрема македонското национално прашање, Атанас Коровешов, со група македонски партизани од составот на баталјонот “Вичо”, ги напушти единиците на ЕЛАС и се приклучи во единиците на Главниот штаб на Македонија, односно во Првата македонско-косовска ударна бригада која стационираше на планината Караорман.

97 Групата македонски партизани од Костурско, во почетокот беше распоредена во првиот баталјон на Првата македонско-косовска ударна бригада. Подоцна беше формирана посебна чета за чии командир беше именуван Атанас Коровешов.

98 Во јуни 1944 година, во составот на Првата македонска ударна бригада се приклучи уште една група македонски партизани од Костурско. Кон крајот на јуни истата година, борците од Костурско, кои влегуваа во составот на Првата македонска ударна бригада формираа посебен баталјон. Овој баталјон, за чии комнадант беше назначен Атанас Коровешов беше и првата поголема македонска партизанска единица составена од борци од делот на Македонија под Грција.

99 До првата половина на јули, баталјонот дејствуваше во составот на Првата македонска ударна бригада.

96 Истото.

97 “Егејска Македонија во НОБ, 1944-1945”, Т.I. Архив на Македонија, Скопје, 1971, док. 108, стр. 122-123. Истото: Според сеќавањата на Васко Макриевски...

98 Според сеќавањата на Евдокија Баљова /Фотева/ - Вера, од село Д’мбени, Костурско; член на Околискиот одбор на СНОФ за Костурско, односно секретар на Македонките во Костурска околија. Од мај 1944 година беше заменик политички комесар на чета во Првата македонско-косовска ударна бригада, а од ноември истата година заменик политички комесар на Втората чета во IV-от баталјон на Првата ударна бригада на Македонците од Грција.

Од јули 1945 година беше секретар на Околискиот одбор на НОФ за Соровичка и Кајларска околија. Од мај 1946 година беше секретар на АФЖ за Леринско, а од ноември истата годна секретар на АФЖ за Егејска Македонија. Од 1949 година стана потпретседател на Сегрчкиот сојуз на жените на Грција.

99 Според сеќавањата на Васко Макриевски и Евдокија Баљова-Вера.

Во втората половина на јули 1944 година, односно по постигнатиот договор помеѓу КПГ и КПМ, баталјонот, добро опремен со оружје и муниција се враќа во редовите на ЕЛАС.

100 По пристигнувањето на борците на теренот Вичо, македонското население им приреди одушевен пречек. Многу младинци доброволно стапија во неговите редови.

На 2 август 1944 година, во селото Поздивишта, Костурско, македонскиот баталјон беше преформиран и го доби името “Гоце”. Командниот состав на штабот на баталјонот го сочинуваа Атанас Коровешов, командант; Илија Димовски- Гоче,

101 капетаниос 102 и Ристо Коленцев-Кокинос, како политички комесар. Ваквиот состав на штабот на баталјонот не траеше долго. По неколку дена беше извршен нов распоред, за началник на Баталјонот беше избран Димитар Тупурковски, командант Илија Димовски-Гоче, политички комесар беше Ристо Коленцев-Кокинос, а Атанас Коровешов остана како член на Штабот. 103

100 Писмо од Благоја Талески, секретар на Вториот областен комитет на КПМ од 30 јули 1944 година, до ополномоштвото на ЦК на КПМ во Скопје.

Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941-1944.

Т. I, кн. 5. ИНИ, Скопје, 1975, док. 26, стр. 102.

101 Илија Димовски-Гоце е роден во село Статица, Костурско. Во времето на НОБ беше меѓу првите партизани и раководители на движењето на отпорот.

Во октомври 1944 година, на чело на Леринско-костурскиот баталјон “Гоце”, по судирот со КПГ и ЕЛАС преминува во вардарскиот дел на Македонија, а со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција стана нејзин командант. Исто така и за времето на Граѓанската војна во Грција тој раководеше со поголема единица на ДАГ. Почина во Скопје, во јуни 1961 година.

102 Капетаниос – Во грчката воена структура на ЕЛАС овој збор значеше политички комесар на дадената единица.

103 Според сеќавањата на Уранија Јурукова-Пировска, од село Изглибе, Костурско. Во текот на НОБ беше реонски активист на младинската организација ЕПОН за реонот Пополе, Костурско, а потоа борец во баталјонот “Гоце” и во Првата ударна бригада на Македонците од Грција.

Од август 1945 година се вклучува во редовите на НОФ-АФЖ и работи како реонски и окружен активист, односно член на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија. Подоцна стана член на Организациониот комитет и на раководството на КОЕМ. Во редовите на ДАГ беше произведена во чин капетан. Истото: Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера, Васко Макриевски и Минчо Фотев...

Но, и покрај постигнатиот договор помеѓу КПГ и КПМ, раководството на КПГ и ЕЛАС во Костурско и Леринско, настојуваше по секоја цена да го расформира баталјонот “Гоце”. Во почетокот, тоа побара од поранешните македонски членови на КПГ и борци на ЕЛАС да потпишат документ со кој ќе го осудат преминувањето на македонските партизани во единиците на Вардарска Македонија. Исто така со истиот документ им се забрануваше на македонските борци да носат петокрака и црвена шамија околу вратот; да не се поздравуваат со стегната тупаница, да се избегнуваат командите на македонски јазик и да не се примаат нови борци во Баталјонот без одобрување на раководството на КПГ и ЕЛАС. Често пати функционерите на КПГ одржуваа состаноци со најактивните македонски борци и командири на чети и водови и ги “убедуваа” дека тие се на погрешен пат. 104 Брзото зголемување на бројот на борците во Баталјонот, сериозно го загрижи партиското и военото раководство на КПГ и ЕЛАС. Грчките раководители почнаа со инфилтрација на свои луѓе во Баталјонот и тоа од редовите на македонските партизани кои влегуваа во составот на единиците на ЕЛАС. Но македонските борци како да чекаа да дојдат во македноскиот Баталјон. Тие “откажуваа” послушност, а со тоа го афирмираа македонскиот патриотизам.

105 Во октомври 1944 година, раководството на КПГ и ЕЛАС даде наредба за спојување на четите на Баталјонот во другите единици на ЕЛАС, односно за нивно префрлување во внатрешноста на Грција, наводно за да се зајакнат единиците на ЕЛАС на овој терен. Целта беше јасна... Се работеше за расформирање на Баталјонот. Борците на Баталјонот енергично им се спротивставија на оваа неоправдана одлука на КПГ и ЕЛАС и, во знак на протест, повторно преминаа на територијата на Вардарска Македонија. 106 Во селото Драгош, Битолско,

104 Истото.

105 Истото.

106 Незадоволството на Македонците дојде поради готовноста на КПГ и ЕАМ да учествува на Либанската конференција за формирање на беше формиран специјален баталјон, со задача илегално да се врати на теренот на Вичо и Коструско, односно да учествува во операциите за ликвидирање на германските единици, кои се повлекуваа во Албанија, а потоа да ги посети македонските села во Костурско и да одржува манифестации во кои ќе се зборува за правата на македонскиот народ за својата самобитност во рамките на грчката држава. Командант на овој баталјон беше Атанас Коровешов. Баталјонот одржа неколку митинзи и манифестации во селата од Корештата, а потоа во селото Желево, Леринско, селата Брезница, Косинец, Лобаница, Вмбел, Смрдеш, Коструско и други. 107 Но, уште од самиот премин на Баталјонот на територијата на Костурско и Леринско, раководството на КПГ и ЕЛАС ги мобилизира своите единици за неговото спречување. Првата средба на Баталјонот со една единица на ЕЛАС се случи на Бела Вода, над селото Желево. Таму се сретнаа штабовите на двете единици и се се заврши без инциденти. По завршувањето на првиот ден од маршот, односно пред заминувањето на теренот на Корештата, борците на Баталјонот се наоѓаа на одмор во селото Смрдеш. Вториот ден од одморот, односно на 29 ноември 1944 година, Баталјонот беше изненадено нападнат со минофрлачки и митралески оган од една поголема единица на ЕЛАС.

108 По овој судир, Атанас со својот баталјон преминува на територијата на Албанија и преку селата Врбник, Битинско, Трени, Ѕвезда и Пустец, пристигна во слободна Битола каде се вклучува во штотуку формираната Прва ударна бригада на Македонците од Грција составена од борци од Леринско, Костурско, Воденско, Кајларско и други места на чело со Илија Димовски-Гоце како командант и Михајло Керамитчиев како политички комесар на Бригадата 109 Атанас коалициона влада, поради и што следеше забрана на македонските организации и на нивниот македонски револуционерен печат. Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот /1940-1944/. ИНИ, Скопје, 1968, глава осма, с. 190-197.

107 Според сеќавањата на Васко Макриевски и Мичо Карнџовски...

108 Истото.

109 .Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ во Скопје. Скопје, 1973, дел III /бисти/, с. 10. Ракопис, се чува во ИНИ. Истото: Според сеќавањата на Михајло Керамитчиев, од село Габреш, Костурско. Се капитулацијата на Коровешов и понатаму останува како командант на поранешниот свој баталјон. А кога Првата ударна бригада на Македонците од Грција замина за Западна Македонија, тој со успех го водеше својот баталјон против остатоците на балистичките банди на овој терен.

По расформирањето на Првата егејска ударна бригада, односно со формирањето на НОФ за Егејска Македонија, Атанас Коровешов се јавува како еден од основачите на организацијата НОФ и веднаш потоа станува член на нејзиното потесно раководство /Главен одбор/.

110 Кон крајот на јули 1945 година, Атанас Коровешов, како член на потесното раководство /Главен одбор/ на НОФ за Егејска Македонија, заедно со други активисти на НОФ, заминува за Гуменџиска и Ениџе-вардарска околија со цел да укаже помош во омасовувањето на НОФ во овие околии.

Во првата половина на август истата година, Атанас Коровешов, предводен од курирот Трајан Ајтов, роден од селото Баровица, Гуменџиско, откако пристигна на планината Грција се активира и беше назначен за одговорен по оружјето во Корештата.

Во 1943 година беше назначен за командант на резервната единица на СНОВ во Корештата. Во ноември 1944 година беше назначен за политички комесар на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, беше член на Политичката комисија на Македонците под Грција, потоа член на потесното раководство /Главен одбор/ на НОФ, претседател на НОФ. Во ДАГ беше произведен во чин потполковник. Почина во Скопје во 1981 година. Истото:

Според сеќавањата на Уранија Јурукова-Пировска...

110 Записник од седницата на секретаријатот на Главното раководство на НОФ од 19 јули 1945 година. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II.

Архив на Македонија, Скопје, 1973, док. 90, с. 167-172. Истото: В., М., Атанас Коровешовски. Ликови на наши револуционери. Нова Македонија, Скопје, 1971, септември 6. Истото: според сеќавањата на покојниот Паскал Митровски, од село Чука, Костурско. Од јули до декември 1943 година беше командир на Специјална македонска партизанска единица во Костурско. Од декември истата година до мај 1944 година беше секретар на СНОФ во Костурско, а во декември 1944 година секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција. Од април 1945 година беше секретар на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Од ноември 1946 година беше член на Македонското биро на КПГ. На првиот конгрес на НОФ беше избран за секретар на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Од април 1949 година стана министер во Привремената демократска влада на Грција.

Пајак, односно во јавката над селото Баровица, веднаш се зафати со работа. 111 Подоцна, тој заедно со другарите Тодор Анастасов, Ристо Крлев и Божин Каранфилов, со една група борци од околу 10 члена, замина за Ениџе-вардарско, односно за селото Корнишор, додека другите другари Иван Ничев, Иван Ковачев-Орфас и Кочо Хаџигеоргиев – членови на Околискиот одбор на НОФ за Гуменџиско – останаа во Гуменџиска околија.

112 Атанас Коровешов и неговите другари, откако пристигнале во селото Корнишор, веднаш се поврзале со стариот македонски активист дедо Иван Богданов. Тој им нашол место за јавка. По два, три дена тие се поврзале со селото Крушари, близу до Ениџе Вардар. Дедо Иван Богданов, веднаш им забележал на илегалците дека јавката во селото Корнишор не била сигурна и дека требало тие што поскоро да се префрлат на друго посигурно место. Многу селани од Корнишор и Крушари знаеле за нивното доаѓање. А имало и лица кои биле непријателски настроени спрема македонското ослободително движење. И затоа дедо Иван Богданов, правилно им сугерирал на другарите, тие да си одат што побрзо од тоа место за да не паднат во рацете на монархофашистите. Но илегалците не му обрнаа внимание на неговото предупредување. Тие влегоа во селото Крушари и извршија организациона задача. По нивното враќање во јавката, неколку илегалци, на чело со Ристо Пучепов, беа испратени во околните места за да соберат храна.

113 Групата илегалци, одејќи по пат за храна, забележала една монархофашистичка единица, но не и обрнала никакво внимание и, заобиколувајќи ја војската, таа го продолжила патот по определениот правец. Илегалците најверојатно не знаеле дека потерата на монархофашистите била организирана баш против нив.

111 Извештај од Танас Коровешов до Главното раководство на НОФ за воено-политичката ситуација и дејноста на НОФ во Гуменџиско и Ениџевардарско.

“Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II. док. 116, с. 222-224 112 Според сеќавањата на Иван Ничев, од градот Гумеџа; активен учесник во НОБ. Од 1945 година работи во НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Истовремено беше избран за секретар на Окружниот одбор на НОФ за Гуменџиско и Ениџевардарско.

113 Според сеќавањата на Ристо Крлев, од село Баровица, Гуменџиско, учесник во НОБ; подоцна активист на НОФ во Гуменџиско.