Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ТИНА АНДРЕЕВА-ЦВЕТА (1928-1949)

Par Ташко Мамуровски · Partie 14 sur 42 · Environ 6 minutes

Lire en English

ТИНА АНДРЕЕВА-ЦВЕТА (1928-1949)

Меѓу најистакнатите македонски жени борци на ДАГ кои јуначки се бореа и го жртвуваа својот живот за слободата на македонскиот народ е и хероињката на Грамос и Вичо, Тина Андреева-Цвета. 250 Таа е родена во убавото костурско село Мокрени, во 1928 година во семејство познато со своите револуционерни традиции. 251 Уште од најмлади години Цвета 252 беше напоена со македонски револуционерни идеи. За време на диктатурата на Метаксас во Грција нејзиниот татко Кузман Андреев беше затворен од грчките власти под обвинение дека наводно вршел во родното село пробугарска пропаганда. Но Тинка, иако беше мало девојче, најде сили и смелост да им докаже на грчките џандари дека нивните обвиненија се лажни и дека тоа е измислена провокација за да го оправдаат судењето на Кузман. 253 За време на фашистичката окупација, Тинка бидејќи беше млада девојка, не пројавила некоја посебна активност.

Љубовта кон ослободувањето на македонскиот народ дојде до полн израз летото 1945 година кога и во селото Мокрени беа поставени основите на македонската ослободителна организација НОФ во чиј состав делува Антифашистичкиот фронт на жените /АФЖ/ и младинската организација НОМС.

Цвета меѓу првите во селото се вклучува во редовите на НОМС и заедно со своите соселанки Ленка, Дота, Анета и други со љубов и патриотско чувство се ангажира во собирањето на 250 За борбената активност на Тина Андреева-Цвета во редовите на Даг види и: Фани Буцкова, Хероињата на Вичо и Грамос Тина Андреева-Цвета.

Историја, Скопје, 1975, IX, бр. 2. с. 34-42.

251 Стрико и на Тина Андреева, Никола Андреев, беше познат како истакнат револуционер и војвода за времето на турското ропство.

252 Тина Андреева, псевдонимот “Цвета” го доби врз основа на толкувањето на ликот на Цвета во претставата од Војдан Чернодрински, “Македонска крвава свадба” која за прв пат беше изведена во селото Емборе, Кајларско во

1944 година.

253 Андреева Катина /Цвета/. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 31-32.

Истото: И ироида ту Славомакедонику лау. Цвета. Весн. Прос ти ники, ДАГ, год. I, август 3, 1949, с. 3.

храна и облека за потребите на прогонуваните илегалци. 254 Поради ваквата активност, таа беше уапсена од грчката полиција. Но и покрај тоа што беше ѕверски мачена, таа ништо не призна. 255 По ослободувањето од затворот Тинка беше принудена да премине во илегалство. Подоцна доброволно се вклучува во партизанските групи и со пушка в раце ја продолжува својата борба против грчките банди.

256 Во многу кратко време во редовите на ДАГ таа се истакнува со своето херојство.

Согледувајќи ги нејзините воени способности и активноста во борбата против ненародниот режим, раководството на КПГ во почетокот на 1947 година ја испрати да го посетува курсот за подофицери кој се одржа во селото Котелци, на планината Грамос.

257 По завршувањето на курсот како командир на вод храбро се бореше на планините Вичо, Грамос, Сињачко, Коница и на други места. За својата храброст, смелост, решителност и пожртвуваност, често пати беше пофалувана и одликувана. Но Цвета не беше само храбра девојка. Исто така таа беше многу весела и распеана партизанка. Благодарение на овие одлики, за многу кратко време таа стана љубимка на борците на ДАГ и прочуена насекаде.

Како пример за нејзиното херојство може да ни послужи следниот случај. Во 1948 година, за време на летната непријателска офанзива на планината Грамос, единиците на ДАГ ги држеа позициите кај воденицата над селото Омоцко.

Цвета со својот вод ги држеше позициите по десната страна на патот каде имаше поставено заседа. Утрото, в зори, една 254 Фани Буцкова, Хероињата на Вичо и Грамос Тина Андреева-Цвета... с. 38.

255 Истото.

256 Не се знае точно кога Цвета стапила во партизанските единици. Според едни податоци се вели дека таа стапила во партизани на 6 септември 1946 година. Види: Ироес ќе мартирес /Херои и маченици/. Издание на “Нова Грција”, 1954, а пак според други, Цвета стапила во ДАГ во почетокот на 1947 година. Види: Спис. “Нова Македонка”, орган на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија, 1949, бр. 2.

257 Тина Андреева-Цвета, спис. “Нова Македонка”, февруари, 1949, с. 11.

владина единица го обиколила водот на Цвета. Во моментот кога таа се исправила за да ја испита ситуацијата, еден војник зад неа се нафрлил за да ја зароби. Тој успеал да ја фати за шинелот. Но благодарејќи на својата ладнокрвност, снаодливост и умешност, Цвета успеала да се извлече од шинелот и, откако се свртила, со еден рафал од автоматот го покосила војникот, оставајќи го на местото мртов со нејзиниот шинел во рацете. Веднаш по рафалот на Цвета, од двете страни се отвори оган и почна жестока борба, во која владините војски претрпеа голем пораз и се дадоа во панично бегство. 258 Благодарејќи на нејзината примерна борба и пожртвуваност, во 1949 година беше испратена за делегат на Првата конференција на Сегрчкиот сојуз на демократските жени од Грција. На оваа конференција Цвета беше претставник на жените-борци од 18-та бригада на ДАГ и беше избрана во нејзиното работно претседателство.

259 Исто така и на Вториот конгрес на НОФ таа ги претставуваше партизанките од Вичо. 260 За херојството и храброста на Цвета се искажаа голем број борци и старешини на ДАГ меѓу кои и писателот А. Пинду. Тој во своите сеќавања за неа меѓу другото пишува:

“Во едно ведро попладне со пушка на десното рамо, се јави во дивиот Вичо и рече: “Дојдов да се борам во вашата бригада другари”. И, оттогаш како пролет да се пресели во бригадата.

Каде е Катина таму е песната, таму е радоста. За кратко време разбра цела бригада, од каде е, како се борела, хероизам и пожртвуваност – цела историја на нашиот народ. Кога влегуваше во бој, огин и молња стануваше, што гори и пламти.

Јуришаше храбро и се слушаше нејзиниот глас: “Удрете другари, Ура!...”

258 Според сеќавањата на Ана Мангова, од село Жупаништа, Костурско;

активен учесник во НОБ и ДАГ.

259 “Махитрија”, весн. на ДАГ од 15 март 1949 година. Истото: Фани Буцкова, Хероињата на Вичо и Грамос Тина Андреева-Цвета..., с. 41.

260 “Махитрија”, од 5 април 1949 година.

261 Цитирано според Фани Буцкова, Хероињата на Вичо и Грамос Тина Андреева-Цвета..., с. 41.

Тина Андреева-Цвета, храбрата љубимка на борците од 18-та бригада на ДАГ, херојски загина на 13 мај 1949 година во крвавата битка за заземањето на врвот Кулкутурје, над Црноглава падина, меѓу селата Нерет и Трсје, на Неретската планина. 262 Во врска со нејзината херојска смрт А. Пинду, во продолжение на своите сеќавања пишува:

“...И таму на врвот одеднаш татнеж, чад, потоа молк. Нејзиниот глас не се слушаше повеќе. Ја дигнаа другарите. Само очите по нешто и зборуваа и чиниш тих шепот се шири: “Ме отргнаа од вас другари, но не ми го откорнаа срцето и омразата кон нив.

Земете ја таа омраза и ставете ја на вашите оружја за да бидам и понатаму присутна меѓу вас и удрите, удрите, другари...”

263 Оваа последна борба на Цвета беше 90-та по ред во која таа учествуваше до последниот здив. За нејзиното херојско држење во оваа борба како и во поранешните крвави битки и беше доделен посмртно втор орден за храброст, а во знак на признание за нејзината храброст, партизаните од 18-та бригада на ДАГ во која Цвета се бореше издадоа весник “ЦВЕТА”.

262 Истото: с. 42.

263 Истото: Цитирано според Фани Буцкова..., с. 41-42.

264 Истото: с. 42.