Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ПЕТРЕ ТАНУРОВ-ДОНЕ (1915-1948)

Par Ташко Мамуровски · Partie 40 sur 42 · Environ 11 minutes

Lire en English

ПЕТРЕ ТАНУРОВ-ДОНЕ (1915-1948)

Грчките националисти и шовинисти, кои успеале да продрат и до раководни позиции во КПГ и ДАГ, потајно работеа против македонското националноослободително дело. Тие го кочеа напредувањето на македонските кадри во ДАГ, дури не се ретки примерите и на физичко ликвидирање. Жртва на една таква политика стана и Петре Тануров-Доне. 571 По долгогодишна самопрегорна и пожртвувана борба во редовите на ЕЛАС и ДАГ тој покажал “малодушност” и во јули 1948 година беше ликвидиран по наредба на Главниот штаб на ДАГ.

Петре Тануров-Доне роден е во 1915 година, во село Баово /Бахово/, Мегленска околија. Потекнува од средноземјоделска фамилија. По завршувањето на основното училиште тој им помагаше на своите родители во земјоделските работи.

Во 1935 година, односно за време на отслужувањето на воената обврска во Атина, Петре уште од првите денови се поврзува со активните членови на тамошните основни партиски организации на КПГ.

572 По отслужувањето на воениот рок се враќа во родното село и како член на Партијата веднаш се поврзува со штотуку формираната тогаш основна партиска организација на КПГ во гратчето Сбоцко со која соработува се до нападот на фашистичка Италија на Грција. 573 Во времето на германската окупација на земјата, Петре, како и многу други Македонци од неговото родно село со полет и голема пожртвуваност се вклучува во борбата против окупаторот. Благодарејќи на неговата верба во ослободувањето на македонскиот и грчкиот народ во 1942 година беше поставен за секретар на партиската организација на КПГ во селото Баово.

574

571 За револуционерната дејност на Петре Тануров-Доне види и: Ташко Мамуровски, “Петре Тануров-Доне, борец во НОБ и ДАГ” /Прилог кон биографијата/. Гласник на ИНИ, Скопје, 1980, XXIV, бр. 1, с. 221-228.

572 Според сеќавањата на Никола Тануров, од село Баово, Мегленско, учесник во НОБ и ДАГ.

573 Вангел Тануров, Петре Тануровски-Доне и Баовчани. Глас на Егејците, Скопје, 1952, јули 2, III, бр. 24.

574 Истото.

Пролетта 1943 година, во Воден и Воденско беа формирани партизански диверзантски групи кои без прекин вршеа напади против окупаторот и домашните предавници.

Кон крајот на декември истата година, партизанските единици на ЕЛАС нападнаа една германска колона составена од неколку камиони, на главниот сообраќаен пат кој водеше од Сбоцко за Воден, близу селото Луковец. Во битката беа уништени 2 камиони и ликвидирани неколку Германци.

575 Во борбата учествуваше и една група Македонци од селата Баово и Црнешево на чело со Петре Тануров.

На 6 јануари 1944 година, единиците на ЕЛАС го нападнаа гратчето Сбоцко. Во жестоката борба беа ликвидирани 25 германци, војници, еден мајор и неговиот аѓутант. Од десетте ранети Германци, четири умреа. Од единиците на ЕЛАС, еден беше убиен е еден ранет.

576 Во битката активно се бореше и Петре Тануров.

По тричасовна борба, единиците на ЕЛАС се повлекоа во правец кон селата Саракиново, Долно и Горно Родиво. Групите од резервниот ЕЛАС, во чии состав влегуваше и групата на Петре Тануров, се вратија секој по своите домови, бидејќи така им беше наредено од командата на редовниот ЕЛАС.

Германците долго време не можеа да го заборават тој пораз.

Кон средината ја јануари 1944 година, непријателот оргаинизира голема офанзива за чистење на теренот од партизанските единици на секторот Пајак-Кајмакчалан. На 18 јануари, Германците, со сила од околу 6.000 војници, ја поплавија целата Мегленска котлина. Истовремено тие дознале од своите шпиони дека и Баовчани учествувале во нападот на гратчето Сбоцко.

577 По кратко време непријателот го блокира

575 Истото.

576 Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот /1940-1944/. Ини, Скопје, 1968, с. 136-137.

577 Вангел Тануров, Петре Тануровски-Доне и Баовчани... Истото: Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот... с. 135 и 137.

селото Баово и куќа по куќа претресе се за да ги фати сите оние кои учествувале во нападот на Сбоцко. Германците, со помош на двајца, тројца предавници, ги собраа на сред село сите мажи од 18 до 60 години возраст и по претходно подготвениот список ги повикуваа најактивните лица да се одвојат од другите.

Шпионите беа Паликарас, Ѓорѓи Пошинов и Јанис Аврамидис.

Германците уапсија 23 Баовчани – сите припадници на резервниот ЕЛАС. Тројца од нив беа стрелани надвор од Сбоцко на 20 јануари. Другите 20 беа одвлечени во концентрациониот логор “Павлос Мелас” во Солун и таму 10 беа егзекутирани. Четворица беа испратени на принудна работа во Германија, а еден тешко болен, остана во логорската болница на “Павлос Мелас”. По кратко време и тој беше егзекутиран. Од четворицата селани кои беа испратени на работа во Германија, двајца умреа во логорот Дахау. 578 Летото 1944 година, односно со формирањето на Воденскиот македонски баталјон на Кајмакчалан, од селото Баово меѓу првите во неговите редови доброволно пристапи и Петре Тануров. Во баталјонот тој се истакна со својата храброст и воена вештина. Незаборавен ќе остане настанот кога во август истата година, цела една чета составена повеќето од Баовчани, околу 150 борци на чело со Петре Тануров доброволно влегоа во редовите на македонскиот баталјон.

579 Во селото Горно Родиво беше формирана првата чета на Воденскиот македонски баталјон со командир Петре Тануров-Доне и политички комесар Перикли Јовчев од Воден. За многу кратко време оваа чета добро се оспособи и почна да реди успешни акции против германските фашистички окупатори и грчките националистички банди – соработници на окупаторот.

Но веднаш по оспособувањето на првата македонска чета, грчката команда на Х-та дивизија на ЕЛАС, која гледала со сомневање на растежот на баталјонот ја одзеде четата од баталјонот и ја испрати на планината Пајак под команда на 30-

578 Истото.

579 Вангел Тануров, Петре Тануровски-Доне и Баовчани...

от полк на ЕЛАС. Така и Петре Тануров се најде на планината Пајак. 580 Една од најжестоките битки во кои учествуваше четата на Петре Тануров беше битката на Стара Пела, Ениџевардарско, на почетокот на октомври 1944 година, каде Германците дадоа околу 150 мртви и многу ранети војници. По оваа борба, сите борци од првата македонска чета беа облечени со германски војнички униформи и екипирани со германско тешко оружје.

581 По неколку дена единиците на ЕЛАС во чиј состав влегуваше и четата на Петре Тануров, извршија силен напад на гратчето Пласничево, Ениџе-вардарско. Во жестоката борба беше разбиена целата реакција. Партизаните заробија околу 400 колаборационисти – припадници на фашистичката организација ПАО.

582 Како што е познато, Воденскиот македонски баталјон на Кајмакчалан, поради неправилниот став на КПГ и ЕЛАС по македонското национално прашање и пред опасноста да биде расформиран од страна на командата на ЕЛАС за што постоеше специјална наредба, во првите денови на втората декада во октомври 1944 година премина во вардарскиот дел на Македонија. Но ако Воденскиот македонски баталјон, маневрирајќи успеа да го избегне своето конечно расформирање, тоа не успеа, односно не можеше да го избегне македонската чета на Петре Тануров. По неколку дена, односно на 28 октомври истата година, Штабот на Х-та дивизија на ЕЛАС, со специјална наредба ја расформира македонската чета.

583 Но подоцна и Петре Тануров, заедно со група Македонци, во кои имаше доверба, скришум преминува на територијата на Вардарска Македонија и веднаш се вклучува во редовите на Првата ударна бригада на Македонците под Грција.

580 Павле Раковски, Во длабоката ноќ зората се раѓа /сеќавања, размислувања, сознанија/. Скопје, 1976, с. 29-30. Мемоари, се чуваат во ИНИ.

581(Вангел Тануров, Петре Тануровски-Доне и Баовчани... Истото: Според сеќавањата на Никола Тануров...

582 Истото.

583 Павле Раковски, Во длабоката ноќ зората се раѓа..., с. 33.

Во мај 1945 година, односно по расформирањето на Првата егејска ударна бригада, Петре доброволно се враќа во родниот крај со цел да се бори против новите ненародни власти во Грција, кои дојдоа на власт со британските тенкови по прогонувањето на германските, бугарските и италијанските окупатори.

Со цел да се заштити животот на населението од егејскиот дел на Македонија, организацијата НОФ формира и свои вооружени групи во Костурско, Леринско, Воденско, Гуменџиско и Ениџе-вардарско. Седиштето а македонскиот одред на НОФ за Воденско се наоѓаше на планината Кајмакчалан, а еден од најистакнатите борци во неговите редови беше и Петре Тануров-Доне.

584 Македонскиот одред на НОФ за Воденско, кој подоцна прерасна во баталјон беше поделен на три групи. Првата група во која се наоѓаше и штабот на одредот го држеше секторот на Кајмакчалан, втората група на чело со Петре Тануров го држеше секторот на планината Кожуф, односно подрачјето на Баово, а третата група го држеше секторот на планината Каракамен.

Кон крајот на ноември 1946 година, односно по спогодбата на НОФ со КПГ, на територијата на Егејска Македонија почнаа да се формираат партизански одреди на ДАГ. Петре Тануров беше именуван командир на т.н. 5-та неутрална чета на ДАГ и веднаш потоа, заедно со другите единици на ДАГ заминува за планините Каракамен, Пиерија и Олимп, каде водеше тешки борби со непријателот.

Во јануари 1947 година, враќајќи се повторно во Воденско, Петре заедно со својата чета ги нападна селата Северни, Нивор, Капињани, Рудино и Острово. И во овие борби Петре покажа голема пожртвуваност и хероизам.

585

584 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., с. 181-182.

585 Вангел Тануров, Петре Тануровски-Доне и Баовчани...

Во февруари истата година, неколку единици на ДАГ во чии состав влегуваше и четата на Петре Тануров, од планината Кајмакчалан се префрлија на планината Каракамен. Но поради силниот притисок од страна на непријателот единиците на ДАГ беа принудени да се повлечат во месноста Пиоња /Каракамен/.

Оттаму, преку реката Бистрица се префрлија на планината Пиерија, Кожанско. Петре Тануров со својата чета остана на планината Каракамен со цел да го дезориентира непријателот и да ги заштитува партизанските единици, кои требаше да ја преминат реката. По успешното извршување на оваа задача тој се врати на Кајмакчалан. 586 Поради силниот притисок што го вршеше непријателот, партизанските единици на ДАГ кои претстојуваа на планината Пиерија беа принудени да се префрлат на Кајмакчалан и тука, соединети со другите единици ги нападнаа селата Костурјани и Острово. Во селото Острово Петре беше ранет во главата и веднаш беше префрлен во партизанската болница при Штабот на ДАГ за Пајак-Кајмакчалан.

587 Кон крајот на август 1947 година, од воената болница Петре се враќа во својата чета, а потоа се префрлува во селата Сетина и Попадија, Леринско.

Кон крајот на септември истата година Петре Тануров заминува за слободната територија Преспа. Во октомври, од Преспа се префрлува на планината Грамос, каде престојвуа со прекин се до јули 1948 година, односно до неговата смрт.

Во овој период тој храбро се бореше заедно со својата чета во борбите за заземањето на градовите Мецово, Коница и во летната офанзива организирана од страна на непријателот во 1948 година на планината Грамос.

Во почетокот на јули 1948 година, Петре добива наредба да ја брани височината “Свети Илија”, кај месноста Гурушија, на 586 Според сеќавањата на Никола Тануров...

587 Истото.

планината Грамос. 588 Владините војски, потпомогнати со авијација и артилерија, три дена по ред ја атакуваа споменатата височина. Четата на Петре, водејќи жестока борба успешно го одби првиот налет на непријателот. Владините војски, откако извршија прегрупирање, по втор пат почнаа да ги атакуваат партизанските позиции. Во оваа критична ситуација, Петре испрати курир, преку кој молеше да му се испрати помош. Но помошта не пристигна. Четата на Тануров ја изгуби половината од својот состав и не беше во состојба да го издржи притисокот на непријателот. Тој заклучи дека сите негови борци ќе загинат без да се постигне целта на наредбата. Затоа тој реши да се повлече со своите борци за да им ги спаси од неизбежната смрт животите на оние партизани кои останаа живи. 589 Земајќи ја врз себе лично целата одговорност за ваквата постапка со сите последици што би настанале, тој се повлече. Ова повлекување му послужи на Главниот штаб на ДАГ да го осуди Петре Тануров на смрт, а потоа да го ликвидира со стрелање.

Не сакаме да навлегуваме во воените прописи и далеку сме од помислата дека Петре Тануров намерно беше ликвидиран како Македонец /иако ова го потврдуваат извиците “Смрт, Смрт”! од страна на група инструирани грчки шовинисти во ДАГ при истовремено негодување и осудување на пресудата на Главниот штаб на ДАГ за стрелањето на Тануров од страна на чесните борци, кои не жалеа сили за успехот на борбата.

590 Од воената практика е познато дека понекогаш, во критичните моменти, воените штабови преземаат остри мерки против секој војник кој пројавува малодушност во борбата, а за да се избегне таа малодушност, прекршителите на воената дисциплина остро ги казнуваат /деградирање, префрлување во казнени баталјони итн./. Но во овој случај, кога на ДАГ најмногу и беа потребни воени кадри, се поставува прашањето: Дали ликвидирањето на воените кадри за прекршоци слични на Петре Тануров беше најдобро решение за да се подигне борбениот морал кај 588 Според сеќавањата на Коста Циронка, од Воден; командир на чета во НОБ и ДАГ.

589 Истото.

590 Според сеќавањата на Сидо Количевски, од село Цакони, Костурско;

учесник во НОБ и ДАГ.

борците, и дали стрелањето на саканиот командир кое се одвиваше пред очите на неговите соборци навистина го подигаше нивниот борбен морал или делуваше обратно? И дали целиот борбен живот на Тануров дозволуваше некое сомневање во неговата лична храброст и во верноста кон идеалот на слободата? Или пак со стрелањето на Тануров, како и на командантот на бригадата на ДАГ Ѓорѓис Ѓанулис, креаторите на воената тактика за фронтална борба се обидуваа да ја симнат од себе одговорноста за тој катастрофален пораз? А може на некој му сметаше што Тануров беше Македонец, во борбата се бореше пред се како Македонец?