Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

НИКОЛА ЧЕТЕЛЕВСКИ (1913-1949)

Par Ташко Мамуровски · Partie 42 sur 42 · Environ 17 minutes

Lire en English

НИКОЛА ЧЕТЕЛЕВСКИ (1913-1949)

Најголемото преспанско село Герман, како и десетици други македонски села од овој дел на Македонија, се истакнува со голем број жртви кои ги даде на олтарот на слободата на македонскиот народ.

Меѓу видните борци од споменатото село, кои го положија својот живот за слободата на Македонија, спаѓа и Никола Четелевски. Тој е роден во 1913 година во многучлено земјоделско семејство. Неговата фамилија, како и ред други македонски семејства од тој крај, живееше мошне сиромашно.

Но врвната точка на неговата сиромаштија ја достигна за време на Метаксасовата диктатура во Грција, кога на селаните од селото Герман им беше одземена со сила нивната пасивна планина и беше претворена во пасиште за стадата овци на грчките националисти т.н. “Саракачани”.

601 Уште од млади години Коле ја почувствува експлоатацијата на своите соселани која беше вршена од страна на грчките угнетувачи. Но кога доаѓаше до судир помеѓу неговите селани и

“Саракачаните”, тој секогаш стоеше на страната на селаните.

Со нападот на фашистичка Италија на Грција, Коле, заедно со десетици Македонци од неговата околија, беше мобилизиран во грчката армија и веднаш потоа беше испратен на Албанскиот фронт за да се бори против италијанскиот агресор. Но бидејќи во таа војна се бореа две капиталистички земји за свои интереси, тој заедно со една група Македонци го напушти Албанскиот фронт и премина во Југославија. Се разбира, ова преминување на Коле му се сметаше од страна на грчката влада за дезертерство.

602 По капитулацијата на Грција од страна на германско-италијанските и бугарските војски, Коле се враќа во родното 601 Сеќавања на Пандо Кајчевски, од село Герман, за неговата револуционерна дејност во НОБ и Револуцијата. Се чуваат во ИНИ.

602 Биографии на истакнати личности од село Герман, прибрани и средени од Пандо Кајчевски. Се чуваат во ИНИ.

село и веднаш се поврзува со илегалните политички работници за да се бори против странските окупатори.

Пролетта 1943 година, со појавата на партизанските единици од вардарскиот дел на Македонија во Леринско, Коле, заедно со група свои соселани активно се вклучува во акцијата за сместување на партизаните по куќите на родното село и за нивното снабдување со храна. Во знак на солидарност во борбата против заедничкиот непријател, тој му подарува еден пушкомитралез “Хоцки” на Пелистерскиот партизански одред

“Даме Груев”.

603 Во втората половина на 1943 година во селото Герман пристигнаа од Костур бугарски агенти и емисари од Штабот на Андон Калчев со цел да организираат контрачетничко движење и во Преспанска околија. Коле Четелевски, со помошта на другите напредни соселани, успеал да ги “убеди” бугарските агенти дека за почеток доволно е да им дадат на селаните 20 пушки, а не 200, како што тие претходно планирале. Потребно е да се каже дека и овие 20 пушки, подоцна беа предадени на Пелистерскиот партизански одред “Даме Груев”.

604 По предавањето на оружјето на партизанскиот одред “Даме Груев”, Коле, заедно со десетина свои соселани, настојуваше и тој доброволно со пушка в раце да се вклучи во редовите на партизанските единици од Вардарска Македонија. Но, поради некои објективни причини, не се исполни неговата желба. Но и покрај тоа Коле никогаш не остануваше на страна од борбата.

Таму каде се наоѓаше прилика, секогаш се наоѓаше во првите редови. Во истиот период, кога партизанскиот одред “Даме Груев” ја нападна една германска единица на планината Бигла, тој со двајца другари го предводеше одредот кон тоа место.

605 Во почетокот на 1944 година, Коле со пушка в раце се вклучува во редовите на резервниот ЕЛАС кој дејствуваше во Преспанско.

603 Истото.

604 Според сеќавањата на Герман Велјановски, од село Герман; член на Окуржниот одбор на НОФ и на КОЕМ за Леринско.

605 Истото.

Есента истата година, со отцепувањето на дел од македонските борци од составот на единиците на ЕЛАС, Коле, заедно со група македонски борци преминува во вардарскиот дел на Македонија и во составот на Првата ударна бригада на Македонците од Грција ја продолжува борбата се до нејзиното расформирање. 606 Во пролетта 1945 година Коле Четелевски, заедно со неколку другари од родниот крај доброволно се враќа на планината Бела Вода и ја продолжува борбата против новиот режим во Грција.

По кратко време, заедно со десетина другари беше повикан од раководството на движењето во базата на македонските борци под обвинение дека тој соработувал со грчката реакција. Се разбира, тоа беше недоразбирање. Некој од раководството, без да ја испита ситуацијата, неоправдано ги наклеветил десетте другари како предавници на непријателот. Тие долго време мораа да се докажуваат дека се проверени борци на македонското ослободително движење. Кога случајот се разјасни, Коле и неговите другари се вклучија во работата за изградба на едкономско-општествениот живот на југословенските народи.

607 Во пролетта 1946 година, Коле и неговите другари повторно беа повикани од раководството на движењето и, како проверени и искусни борци беа предложени да заминат во Егејска Македонија за да се борат против грчкиот режим.

Кон средината на јули 1946 година, на планините Врба и Малимади беше формиран еден од првите партизански одреди од околу 30-на борци на чело со Коле Шапков од село Герман и Илија Кузмановски како политички комесар на одредот.

608 Од овој момент Коле Четелевски храбро се бори во редовите на партизанските одреди на НОФ и на Демократската армија на 606 Монографија со спомен-албум за село Герман, Леринско. Скопје, 1979, с.

80.

607 Биографии на истакнати личности од село Герман...

608 Монографија со спомен-албум за село Герман..., с. 80.

Грција на планините Врба, Малимади, Вичо, Сињачко, Хасија, Мургана и Епир се до неговата смрт. Падна херојски во февруари 1949 година, во месноста “Порта”, на планината Грамос. 609 Потребно е да се подвлече дека во херојската борба што ја водеше македонскиот народ во текот на граѓанската војна во Грција, исто така настрада неговиот брат Вангел кој беше подло убиен од страна на монархофашистите во Лерин на 22 октомври 1948 година заедно со дванаесет негови соселани.

610 Истата година херојски загинува во Мегленско како борец во коњичката единица на ДАГ и неговиот внук Цветко Четелев. 611 Целиот свој живот Коле Четелевски веруваше во победата на својот народ. За тие идеали го жртвува и својот живот.

609 Истото.

610 Истото: с. 52.

611 Истото: с. 81.

ТРАГЕДИЈАТА НА ДЕВЕТТЕ АКТИВИСТИ НА НОФ НА ПАЈАК ПЛАНИНА По повлекувањето на германските фашистички окупатори од Грција и по спогодбата во Варкиза, ЕЛАС, согласно со спогодбата, пристапи кон демобилизирање на своите единици и кон предавање на оружјето. Во исто време грчката влада постапува спротивно со потпишаниот договор и врши вооружување на полицијата и жандармеријата за да ја зацврсти својата власт. Но грчката реакција немаше доволно сили да може потполно да ја воспостави својата власт во целата земја.

Затоа, таа ги мобилизира довчерашните соработници на окупаторот – бандите на Коларас, Пападопулос, Андон Чауш и други и ги пушти во разуздан терор да го убиваат и да го пљачкаат голоракото население.

Македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија се постави пред алтернативата или да ги поднесува сите понижувања заклучно со неговото физичко уништување, или повторно да се бори со оружје в рака. Во оваа критична ситуација Македонците како и порано, го одбраа патот кој по традиција го следеа претходните македонски генерации со сопствени сили да ја бранат својата чест и слобода.

Меѓутоа, езвесен број Македонци, кои за да го избегнат бесот на грчките фашистички банди, биле принудени да ги напуштат своите огништа и да бегаат во соседните земји или да се кријат по планините. Многу млади родољуби како припадници на македонската ослободителна организација НОФ и поранешни учесници во борбите против окупаторот исто така излегоа во шумата и се подготвуваа за отпор против новиот десноориентиран режим. Така беше и со активистите од село Баровица, Гуменџиска околија, 612 кои поради суровиот терор што го вршеа монархофашистичките банди отидоа во шумата на Пајак планина, во месноста Шеова и се засолна во колибата 612 Овој прилог е објавен и во списанието Историја, Скопје, 1979, XV, бр. 2, с. 131-136. Тука го даваме со некои мали дополнувања и појасненија.

на Летката. 613 Пред тоа бил одржан состанок на раководството на НОФ за Гуменџиска околија на која се донело решение некои од прогонуваните антифашисти да заминат преку граница, а останатите членови и кадри на организацијата да дејствуваат на теренот. Младинците од Баровица, по краткиот предтој на Пајак планина, исто така требало да ја поминат зимата во Гевгелија. 614 Меѓутоа, скривалиштето на илегалците било предадено од шпионите од село Баровица. Така на 17 ноември 1945 година, уште во раните утрински часови, еден одред составен од 29 монархофашисти на чело со еден наредник од “Баталјоните на безбедноста”, вооружени со четири митралези и други автоматски пушки и водени од прочуениот ѕвер на ПАО, Мицо Дујамов, 615 облечен во воена униформа; потоа од познатите шпиони: Христо Пипчев, од село Крива, Гуменџиска околија; Тано Тулупов, од село Баровица;

Томас Цикалидис, доселеник од Кавказ и неговиот син Дионисис и од децата на Талкасите, исто така жители на селото Крива, ја опколиле споменатата колиба. 616 Времето било дождливо и магловито. Илегалците немале поставено стража. Тоа го искористиле монархофашистите и кога наближиле неколку метри до колибата, им наредиле на младинците да се предадат.

613 Извештај од Ангел Гацев, од 19 ноември 1945 година, до Главното раководство на НОФ за загинувањето на деветте активисти на НОФ во Пајак планина. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 193, с. 365.

614 Според сеќавањата на Вангел Ничев-Ориватис, секретар на НОФ за Гуменџиска околија.

615 По договорот во Варкиза и демобилизацијата на ЕЛАС, затворениците во Грција беа преземени од грчките владини војски и Англичаните. Така беше преземен и логорот во Солун “Павлос Мелас” каде што покрај другите соработници на странските окупатори беа заробени, а потоа ослободени Гоно Дујамов и неговиот син Мицо Дујамов, родени во селото Баровица. Во јуни 1945 година Мицо Дујамов се појавил во својата околија и во состав на една вооружена банда крстосуваше по селата, пљачкаше и убиваше невини селани исто така како што правел и за време на окупацијата.

616 Проглас од Главното раководство на НОФ во врска со подлото убиство на деветте активисти на НОФ во Пајак планина. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 206, с. 389.

Другарите иако немале доволно оружје одбиле да се предадат и стапиле во борба. Бидејќи бурандарите 617 биле помногубројни и подобо наоружани, младинците не биле во состојба да се ослободат од обрачот на непријателот. Така во нерамната борба загинале следните другари:

1. Алеко Василев, од град Гуменџе, роден во 1914 година – одговорен на НОФ за Гуменџиските села.

2. Ѓорѓи Јудов, од село Баровица, роден во 1918 година - одговорен за младината во Гуменџиска околија.

3. Пено Карамуткин, од село Крива, роден во 1920 година – член на Околискиот одбор на НОФ за Гуменџиска околија.

4. Ѓорѓи Шашев Крлев, од село Баровица, роден 1920 година – одговорен на НОФ за планинските села.

5. Трајо Пенов Ајтов, од село Баровица, роден во 1924 година – курир.

6. Ѓорѓи Траев Шашев, од село Баровица, роден во 1920 година

– помошник на Ѓорѓи Шашев Крлев.

7. Ичо Ѓ. Тртев, од село Баровица, роден во 1922 година – курир.

8. Мина П. Парлапанов, од село Баровица, роден во 1914 година

– соработник.

9. Христо Д. Гатов, од село Валгаци, Гуменџиска околија, роден во 1913 година – соработник.

618 Заедно со загинатите антифашисти во колибата се наоѓал и Васил Пападопулос од село Валгаци, роден во 1913 година. Тој, иако тешко ранет, успеал да избега и да се скрие во околината на селото Купа. Претходно него го видел еден војник, и го пропуштил да побегне. Тој сигурно бил напреден човек. Но за тоа дознал и Мицо Дујамов, кој го убил војникот со сопствениот пиштол.

Селото Купа граници со местото каде што биле убиени деветте другари. Како што пишува Јован Џевелеков во своите сеќавања, селаните, кои тогаш работеле на своите ниви, ги чуле 617 Бурандари, грчки квислиншки владини војски од името на злогласниот командант на Атина за време на окупацијата – Бурандас, познат по своите злосторства над населението.

618 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 193, с. 365.

истрелите, но не знаеле во што е работата. Васил Пападопулос, влечејќи се, стигнал до нивите на кои работеле селаните од селото Купа. Бил многу изморен, крвта речиси му истекла и исцрпен паднал до патот. Нешто подоцна кога селаните си тргнале дома, Марија Паламура и Ѓорѓи Шиников, и двајцата од Купа, го виделе на патот облеан во крв. Се уште бил жив.

Тие го прашале, што му е, кој го ранил? Васил ги замолил да му помогнат и им раскажал што се случило. Марија и Ѓорѓи имале два коња натоварени со компири. Го растовариле едниот коњ и откако го преврзале ранетиот, го качиле на коњот и го однеле на околу 5 километри во близина на селото Купа. Се плашеле да го донесат во селото бидејќи не знаеле какви биле приликите тој ден во селото. Затоа го однеле во колибата на Васил Заркадов, во месноста Штрбо, каде му запалиле оган и му рекле: “Оваа вечер ќе бидеш тука. Ние веднаш ќе и јавиме на оргаинизацијата и твоите другари ќе дојдат по тебе...” 619 Вечерта, кога Марија и Ѓорѓи стигнале во селото, Ѓорѓи и пренел на организацијата за случајот на Васил, а Марија, ќерка на селскиот кмет Ристо Паламура, близок соработник на реакционерните власти, го известила татко си. Малку чудно, но селскиот кмет наместо да оди кај своите соработници, дошол првин кај илегалците и им јавил за трагичниот настан.

Истовремено им рекол дека утредента ќе мора случајот да им го пријави и на властите. Меѓутоа, на организацијата НОФ и дава предност.

620 За спасениот Васил Пападопулос дознал и некој непознат Влав, кој истиот ден отишол и им јавил на бурандарите. 621 Монархофашистите по добиената вест веднаш го блокирале селото Купа и го претресле куќа по куќа, но не го нашле илегалецот. Кога случајот се заборавил, организацијата НОФ, пишува понатаму Јован Џевелеков, го пренела ранетиот Васил 619 Јован Џевелеков, Материјали од поедини настани од село Купа и други.

Ракопис, се чува во ИНИ.

620 Истото.

621 Писмо од Минчо Фотев, до Лазо Дамовски во врска со погинувањето на деветте активисти на НОФ во Пајак и дејноста на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 211, с. 396.

Пападопулос до југословенската граница. Таму го прифатила група патриоти кои ја зеле неговата судбина во своите раце. 622 Единствен личен сведок на трагичната смрт на деветте другари беше Ѓорѓи Тртев, таткото на Ичо Тртев. Во тоа време Ѓорѓи Тртев се наоѓал во својата скришна колиба недалеку од своите другари. Тој, кога го чул пукотот на бурандарите, притрчал кон обиколената колиба, наближил на околу триста метри и отворил оган. Но автоматот му се засекол и не успеал да ги прогони бурандарите. Кога се уверил дека тие избегале, отишол на местото на трагедијата, го зел телото на својот син и го скрил во шумата.

623 Другиот ден, во неделата, селаните од Баровица, кога дознале за убиството на своите деца, отишле во колибата да ги земат нивните тела. Бурандарите им наредиле да го донесат и оружјето, кое тие не успеале да го земат.

624 Телата на убиените другари биле во страшна состојба:

изрешетени со куршуми, издупени со штикови и со извадени црева, акт кој сведочи за варварството и ѕверството на нивните убијци.

Селаните ги кренале телата на децата од Баровица. Попладне дошле мажи и од другите села и ги кренале телата на Алеко Василев, Христо Гатев и Пено Карамуткин. Но Ѓорѓи Тртев не бил со нив бидејќи отишол да им соопшти на другарите во Главната јавка за трагичниот настан.

625 Според неговите искажувања, во убиството на македонските активисти на НОФ учествувале над десет бурандари. Но дополнително беше утврдено дека нивниот број изнесувал 29 лица. Било утврдено исто така, дека жената на Иван Гагев од село Баровица, позната шпионка, го сретнала во планината својот внук Ѓорѓи Ш. Крлев со неколку илегалци. Веднаш потоа 622 Јован Џевелеков, Материјали од поедини настани во селото Купа и други...

623 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 193, с. 365.

624 Истото.

625 Истото.

таа отишла кај капетанот Гоно и неговиот син Мицо Дујамов и им јавила дека во опланината имало илегалци. Исто така постапил и Гого В. Желков, кој ги издал Ичо Тртев и Пено Карамуткин. 626 Следствено јавката на илегалците, најверојатно ја предаде Гого В. Желков и жената на Иван Гагев.

Монархофашистичките власти со цел да го заплашат народот, телата на убиените другари ги пренеле од Баровица во Гуменџе и ги изложиле на плоштадот со извадени црева каде што ги држеле неколку дена. Од Гуменџе ги пренеле во Ениџе Вардар и таму ги закопале. Но народот остро протестирал и телата на жртвите повторно биле вратени на нивните мајки.

Од куририте, кои по убиството на деветте другари отишле на самото место, се дозна дека населението од околните села било многу уплашено и го опфатило голема паника.

Трагичниот настан негативно се одразил и врз дејноста на месните организации на НОФ. По смртта на другарите настанала голема празнина во редовите на НОФ, која не можела благовремено да се дополни, бидејќи организацијата немала доволно кадри. Така, за извесно време се прекина врската на кадрите на НОФ со околиските села и градот Гуменџе.

627 Иако со убиството на деветте активисти организацијата НОФ претрпе тежок удар, народот, сепак не го изгуби моралот и надежта во неговата конечна победа. Тоа се должи, пред се на обновените контакти на раководството на НОФ со месното население и на левичарскиот грчки печат, кој го осуди злосторот на монархофашистите и поведе широка кампања против грчката реакција, обвинувајќи ја не само за смртта на деветте антифашисти, туку и за другите злосторства кои ги вршеле врз невиното население. Јавната осуда на бесниот терор од страна на прогресивните сили претставувала и големо охрабрување на настраданото население. Од народот биле

626 Истото.

627 Истото док. 231, с. 445.

испратени во Солун специјални комисии, кои барале осудување на злосторниците.

Под силен притисок на народот била формирана и анголамериканската комисија за испитување на подлото убиство на деветте антифашисти. Но за жал, освен распитот што го извршила кај месното население, таа не презела никакви мерки за спречување на бесниот терор кој владеел насекаде.

Поради остриот протест на населението фашистичките шпиони и предавници биле принудени да избегаат од селата и да се скријат во градот Гуменџе.

628 Тоа им овозможило на демократските сили да ја прошират и да ја засилат борбата против грчката реакција.

Трагичната смрт на деветте антифашисти силно одекна низ цела Гуменџиска и Ениџе-вардарска околија и предизвика кај народот уште поголема омраза кон грчката реакција, а нејзините жртви народниот творец ги воспеал во своите песни.

Така, ширум Воденскиот округ се пееше песната:

Ја чујте, чујте, млади и стари, /Кавал ли свири, моми ли пеат./ Ни кавал свири, ни моми пеат, /Туку ми девет мајки плачат./ Една од нив – Алекова жена, /Жално зажали, болно зареди:/ Ја стани, стани, мили Алеко, /Стани да видиш дробни си деца,/ Што ги остави клети сираци, /Клети сираци, без дом и татко./ Не можам, Шиљо, јаска да станам, /Црна ми земја снага покрила/ Туку им речи на моите деца, Дека татко им за народ загина./ Викна се провикна син им Ѓорѓи: /На школо ќе одам, голем да станам/ Тешко им тогаш на тие фашисти, /Што ми го мојот татко убиле/.

629

628 Писмо од Ангел Гацев, од 14 декември 1945 година, до Главното раководство на НОФ, со кое известува за некои детали во врска со убиството на деветте активисти на НОФ на Пајак планина. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 222, с. 429.

629 Автор на песната е Кочо Хаџигеоргиев, а текстот ми го отстапи Атанас Мељов-Ацо, член на Околискиот одбор на НОФ за Гуменџиско и секретар на НОФ за Куфалскиот реон, Солунска околија.

КРАТЕНКИ АКЕ – Земјоделска партија на Грција.

АФЖ – Антифашистички фронт на Жените /на Егејска Македонија/.

ВМРО /Об./ - Внатрешна македонска револуционерна организација /Обединета/.

ГШ на ДАГ – Главен штаб на Демократската армија на Грција.

ЕАМ – Национален ослободителен фронт.

ЕЛАС – Национално народноослободителна војска.

ЕОН - Национална организација на младите.

ЕПОН - Национална сегрчка организација на младите.

ЕТА – Комитет за снабдување на партизаните.

ИНИ – Институт за национална историја – Скопје.

КНОЈ – Корпус на народната одбрана на Југославија.

КПГ – Комунистичка партија на Грција.

КПЈ - Комунистичка партија на Југославија КПМ - Комунистичка партија на Македонија.

КОЕМ - Комунистичка организација на Егејска Македонија.

МАО – Македонска ослободителна организација.

НОБ – Народноослободителна борба.

НОВ - Народноослободителна војска.

НОМС – Народноослободителен младински сојуз /на Егејска Македонија/.

НОФ – Народен ослободителен фронт /за Егејска Македонија/.

ОКНЕ – Организација на комунистичката младина на Грција.

ОПЛА – Организација за заштита на народните борци.

ПАО – Патриотска ослободителна организација /фашистичка/.

ПДВ – Привремена демократска влада /на Грција/.

ПЕЕА – Политички комитет за национално ослободување.

СКОЈ – Сојуз на комунистичката младина на Југославија.

СНОВ – Славјано-македонска ослободителна војска.

СНОФ – Славјано-македонски народноослободителен фронт.

ТОМО – Тајна ослободителна македонска организација.

ЦК – Централен комитет.