Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

КОЧО РОБЕВ-ДИНЕ (1915-1947)

Par Ташко Мамуровски · Partie 36 sur 42 · Environ 8 minutes

Lire en English

КОЧО РОБЕВ-ДИНЕ (1915-1947)

Еден од раководителите на македонското народноослободително движење во Леринско беше и Кочо Робев-Дине. Роден е во 1915 година, во с. Баница, во сиромашно семејство. Неговиот татко, Трифун, поради тешките услови за живеење беше принуден да го напушти родното село и да замине на печалба во Америка. По кратко време тој умира во туѓина без да се види со своите најблиски. 525 Неговата сопруга Сирма, заедно со двајцата синови и четирите ќерки, остана без никаква помош. Но и покрај големите економски тешкотии, таа ги воспитуваше своите деца да станат во иднина достојни и чесни Македонци.

Кочо и неговиот поголем брат, уште од најмлади години беа принудени да работат кај селските богаташи како измеќари, а кога наполни 15-сет години тој стапи на работа во Баничкиот рудник.

526 Тука на својот грб ја осети суровата експлоатација на рударските работници од страна на работодавците. Работејќи во Баничкиот рудник и во другите соседни рудници во многу тешки услови тој постепено си ги присвојуваше револуционерните идеи на работничката класа, а подоцна се истакна како активен организатор во синдикалната организација на рударите. Неговата популарност беше позната не само во Баничкиот рудник, туку и во другите рудници, односно во Новоградскиот и Крушорадскиот рудник. 527 Во овие рудници Кочо заедно со другите напредни работници се избори за осумчасовно работно време на рударите. Често активно учествуваше и во организираните штрајкови за подобрување на работните услови и за покачување на надниците на работниците.

525 Според сеќавањата на Коста Хрисафов, од село Баница, Леринско;

учесник во НОБ. Во граѓанската војна во Грција беше политички комесар на саботерска чета во ДАГ.

526 Истото.

527 Според сеќавањата на Коста Џингов, од село Крушоради, Леринско;

основач на партиската организација на КПГ во селото Крушоради, член на Реонскиот комитет на КПГ за Неокази, а подоцна на Окружниот одбор на НОФ за Леринско. Истото: Според сеќавањата на Тане Ашлаков, од село Воштарени, Леринско; член на Реонскиот комитет на КПГ за Неокази, а подоцна на Реонскиот одбор на НОФ за Неокази.

Во 1932 година Дине Робев стана член на организацијата “Работничка помош”, а во наредните две години, активно учествува во акцијата за формирање на Здружение на рударите.

528 Во 1936 година грчките власти го повикаа на отслужување на воениот рок во градот Лерин. Тука се здоби со чин водник.

Службата во грчката армија му даде прилика да се покаже пред своите соселани дека тој навистина е голем патриот и вистински заштитник на својот народ. Имено, на Велигден во 1936 година, Дине со дозвола беше дојден на одмор во родното село. За време на празничните денови, Баничени имале обичај од најстара до најмлада возраст, попладне да излегуваат на средсело, на местото наречено “Петковиот чинар”. Постарите селани си носеле со себе масички и столчиња за седење, а помладите играле оро. Баничкото народно оро се карактеризирало со тоа што мажите, кога играле немале право да им го прекинат орото на тој што го водел. Истото се однесувало и за жените. А таа што го водела орото на жените била вереница на водачот на машкото оро.

529 Тој ден Кочо го водеше орото наречено “Бајрачето”. Тоа оро му беше најомиленото македонско оро. Но неочекувано, за време на веселбата на селаните, пристигна селската полиција со цел да ја растури нивната веселба. Дине Робев, кој беше во војничка униформа, револтирано им се спротивстави на жандармериските провокатори. Во многу кратко време конфликтот меѓу полицајците и Баничени се претвори во вистинска тепачка. Жандармериските штикови и пушки беа искршени и исфрлени, а жандармите претепани. Полицајците побараа помош од пограничната војска. Со доаѓањето на војниците, нивниот мајор се обрати кон Кочо да им помогне на жандармите, односно да истапи против своите соселани. Но тој не само што категорички откажа да им помогне на полицајците и војниците, туку најенергично се бореше против нив. Поради ваквата постапка Кочо беше строго казнет. По завршувањето на 528 Робев Кочо. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 235.

529 Според сеќавањата на Лефтер Олевски, од село Баница, Леринско;

активен учесник во НОБ, а подоцна политички комесар на чета во ДАГ.

инцидентот, тој заедно со четворица активни Баничени беше уапсен од војниците и испратен на заточение на островот Ајстратис. 530 Тука тој останува до крајот на октомври 1940 година, односно до нападот на фашистичка Италија на Грција.

На 29 октомври 1940 година, еден ден по објавувањето на грчко-италијанската војна, Кочо заедно со 20-тина Баничени, од островот Ајстратис беше испратен на заточение на островот Хиос.

531 Во тоа време стотици Македонци од Леринско, Костурско, Кајларско, Воденско итн. беа испратени на заточение на Егејските острови и во Пелопонез. Диктаторот Метаксас се плашеше од нив и затоа ги држеше далеку од грчко- италијанскиот фронт.

Во мај 1941 година, Кочо Робев, заедно со други комунисти успеа да побегне од затворот на островот Хиос. Тој се враќа во родното село и веднаш се зафаќа со организирање на партиски ќелии на КПГ во околните села и со собирање на оружјето кое беше расфрлено од грчките војници по нивното повлекување од Албанскиот фронт. Како член на Партијата, Кочо се поврзува со повеќе активисти и симпатизери на КПГ во Леринско. Според некои податоци се смета дека тој успеал да се поврзе и со познатиот македонски револуционер и комунист од село Д’мбени, Лазо Трповски-Црниот.

532 Кочо Робев беше еден од најактивните македонски борци кој доследно се бореше и против бугарската фашистичка пропаганда во Леринско. Подоцна, односно во втората половина на 1943 година, благодарејќи на неговата неуморна антиокупаторска активност, беше избран за член на Баничкиот реонски комитет на КПГ. 533 На 18 јануари 1944 година, Дине Робев, заедно со активистот Лазо Кочев, поради предавство беше фатен од германските 530 Робев Кочо. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 236.

531 Истото.

532 Според сеќавањата на Коста Хрисафов...

533 Истото.

окупатори, а потоа беше спроведен во солунскиот логор “Павлос Мелас”. Во истиот период беа уапсени стотици Македонци од селата Чеган, Попадија, Крушоради, Сетина, Воштарени итн. и пренесени во логорите “Павлос Мелас”, Димокос и други. 534 По неколку месеци, Кочо, заедно со други македонски родољуби беше ослободен од затворот “Павлос Мелас” и откако се врати во родното село веднаш се вклучи во акцијата за омасовување на македонскиот народ во Леринско во борба против окупаторот.

По повлекувањето на фашистичките окупатори од Грција, власта во земјата ја презедоа десноориентираните елементи.

Тие спроведоа нечуен терор против сите оние борци кои за време на фашистичката окупација најактивно се бореа против туѓите поробувачи. Сакајќи да го избегне своето апсење, Кочо Робев, заедно со други бивши борци во антифашистичкото движење, преминува во илегалство. Извесно време престојуваше во Булкес, Војводина. Тука меѓу првите беше вклучен во политичкиот живот на бегалците од родниот крај.

535 Во септември 1946 година, по директива на раководството на отпорот се враќа во Леринско и во својство на партиски раководител ја продолжува борбата против новите фашистички власти во Грција. Тој беше многу храбар и смел борец и како таков беше многу сакан од месното население. Скоро во сите села во Леринско од Прекопана до Попадија, од Преспа до Пателе, Кочо, заедно со други македонски првоборци, го организираше народот во борба против грчката реакција.

Во тоа време грчките реакционерни власти правеа големи напори да ги вооружат селаните во леринските села против грчкото и македонското демократско движење. Таков беше случајот и со селото Папажани, Леринско.

534 Робев Кочо. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 237.

535 Според сеќавањата на Димитар Аџиевски, од село Герман, Леринско;

учесник во НОБ и ДАГ.

Некаде во јануари 1947 година, активистите од споменатото село го известиле Дине Робев дека селската владина општина правела напори да ги вооружи селаните во Папажани против движењето на ДАГ. Тој заедно со другарите Коста Џингов и Тане Ашлаков се решил веднаш да оди во Папажани за да ги сперчи селаните од ваквата постапка. 536 Ноќно време, тројцата другари откако пристигнале во селото Папажани, веднаш се упатиле во куќата на селската општина каде требало да се соберат селаните за да го земат оружјето. Во зградата на општината биле собрани неколку селани, а меѓу нив и селскиот кмет Борис Мосчакот, познат со своите злодела врз Македонците. Коста Џингов и Танас Ашлаков ги фатиле прозорците на општината, а Кочо Робев, преку надворешната врата влегол внатре во осветлената зграда. Тој им викнал на присутните: “Горе рацете...!” Но некој од присутните во зградата со истрел од пушка ја погодил светилката и со тоа го исклучил осветлението. Во тој момент Кочо со својот автомат истрелил неколку пати. Исто така пукал и кметот Борис Мосчаков кој смртно го погодил.

537 Коста Џингов и Тане Ашлаков успеале да се извлечат од опасноста, но не знаеле што се случува со нивниот другар. Во утринските часови тие пристигнале во селото Крушоради и дури таму дознале за смртта на Дине.

Грчките војници ниту мртов не го оставиле Дине Робев. Тие го врзале за еден воен камион и така го влечеле од Папажани до Лерин, а потоа низ сите главни улици на градот за да го плашат народот.

538

536 Според сеќавањата на Коста Џингов и Тане Ашлаков...

537 Монографија а разгорено Крушоради. Скопје, 1980, с. 44. Материјалите за оваа монографија ги прибра и ги среди Зисо Каралиев, од село Крушоради.

538 Според сеќавањата на Филип Божинов, од село Крушоради; учесник во НОБ, а подоцна политички раководител на НОФ во Крушоради. По трагичното убиство на Дине Робев, тој беше откриен од монархофашистите, а потоа уапсен и осуден на 20-ет години затвор. Истото: Според сеќавањата на Зисо Каралиев; учесник во НОБ и ДАГ.