Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

СВЕТЛИ ЛИКОВИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА - Part 01

Par Ташко Мамуровски · Partie 1 sur 42 · Environ 18 minutes

Lire en English

СВЕТЛИ ЛИКОВИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

(1945-1949)

ТАШКО МАМУРОВСКИ СВЕТЛИ ЛИКОВИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

(1945-1949)

rstefov@hotmail.com All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

* Уредник: Томе Груевски

* Рецензенти: д-р Стојан Киселиновски, Христо Андоновски, д-р Глигор Тодоровски

* Технички уредник: Владимир Богоевски

* Јазична редакција: Тришо Стојановски Печатењето е потпомогнато од Заедницата за научни дејности на С. Р. Македонија CIP-Каталогизација во публикација, Народна и универзитетска библиотека “Климент Охридски”, Скопје 929:323.273 (=866:495.6) “1945/1949” 323.273 (=866:495.6) “1945/1949” ХЕРОИ БЕА, ХЕРОИ СЕ, ХЕРОИ ЌЕ БИДАТ СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР ....................................................................................6 ЃОРЃИ /ЏОЏО/ УРДОВ (1914-1947)...........................................10 МИРКА ГИНОВА (1916-1946).....................................................27 АТАНАС КОРОВЕШОВ (1918-1945)..........................................44 ВАНГЕЛ ШАМАРДАНОВ – ИЛИНДЕНСКИ (1921-1948) ......57 ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ (1925-1948) ..............................................66 КРСТО МАНГОВ (1912-1949)......................................................76 ПАНДО ШИПЕРКОВ (1921-1948)...............................................81 МИХАЛИ АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ (1923-1948) .....................89 ПАНДО ТРПОВСКИ-БУНТОВСКИ (1907-1947) ......................96 ТОДОРА АНАСТАСОВА-СКОРНА (1922-1948) ....................106 ТИНА АНДРЕЕВА-ЦВЕТА (1928-1949)...................................114 ДИНО БИНЧЕВ (1916-1948).......................................................118 ПАНАЈОТ БОЖИНОВ-ЛЕФТЕР (1918-1946) ..........................122 МАТИ /МАТЕЈА/ БУЛЕВ (1904-1949)......................................126 ТОДОР ДОЈЧИНОВ-МОРАВА (1921-1947).............................133 РИСТО ДОНЧЕВ (1921-1948) ....................................................139 ВАНЕ ДОРОВ /МАЛКОВ/ (1913-1947).....................................143 ТИНКА ДУМКОВА (1926-1949)................................................148 ЃОРЃИ КАЛКОВ (1916-1948).....................................................153 ПЕНО КАРАМУТКИН (1920-1945)...........................................158 АТАНАС КИЗОВ-ГИЗА (1914-1947) ........................................161 ИВАН КОВАЧЕВ-ОРФЕАС (1922-1949)..................................167 КОСТА КУЗЕВ-ДИНИ (1913-1950)...........................................171 ЈАНИ ЛУКРОВ (1922-1948) .......................................................175 СОТИР ЉУТИКОВ (1916-1948).................................................179 ВАНГЕЛ МАНГОВ (1912-1947).................................................184 ТАНАС МАНОВ (1926-1947) .....................................................188 СОТИР МИОВСКИ (1923-1949) ................................................192 ГЕРМАНИЈА ПАЈКОВА (1931-1949)........................................196 ЈАНИ ПИРОВСКИ (1923-1949)..................................................201 АЛЕКО ПИШУТОВ (1918-1947) ...............................................206 ЖИВКО ПОПОВ (1922-1947).....................................................209 ПЕТРЕ ПОПОВ (1908-1962) .......................................................220 КОЧО РОБЕВ-ДИНЕ (1915-1947)..............................................224 ПЕЦО РОМЕВ (1919-1949).........................................................229 ЈАНКО РУСЕВСКИ (1925-1949)................................................240 АПОСТОЛ СИМОВСКИ (1922-1947) .......................................242 ПЕТРЕ ТАНУРОВ-ДОНЕ (1915-1948) ......................................247 ИЛИЈА ЦРНАКОВ (1910-1947)..................................................255 НИКОЛА ЧЕТЕЛЕВСКИ (1913-1949).......................................260 ТРАГЕДИЈАТА НА ДЕВЕТТЕ АКТИВИСТИ НА НОФ НА ПАЈАК ПЛАНИНА......................................................................264 КРАТЕНКИ...................................................................................271 ПРЕДГОВОР Со поделбата на Македонија како резултат на Балканските војни /1912-1913/, помеѓу Грција, Србија и Бугарија се разби нејзиниот територијален и национален интегритет, а со тоа уште повеќе се комплицира положбата на македонскиот народ.

Македонците веќе беа соочени со нови опасности и со нови искушенија, бидејќи директно беше загрозен нивниот национален опстанок.

За положбата на Македонците од егејскиот дел на Македонија, како и за другите делови на Македонија, карактеристично беше нивното национално угнетување и суровата економска експлоатација вршена од страна на грчките режими. Целта на грчките буржоаски влади беше тотално да го асимилираат или физички да го истребат македонскиот народ. За да го постигнат тоа, тие не бираа средства. Познато е дека диктаторскиот режим во Грција, на чело со злогласниот генерал Јоанис Метаксас /1936-1940/, им забрани на Македонците да зборуваат на својот мајчин јазик. Ги казнуваше сите, па дури и најстарите мајки кога тие плачејќи редеа на гробовите на своите најблиски.

Настојувајќи што побрзо да го прогони или да го истреби македонското население од егејскиот дел на Македонија, грчката влада врз основа на Нејскиот мировен договор од 1919 година, склучила договор со бугарската влада за “доброволна” размена на Македонците од овој дел на Македонија со грчкото население, кое одамна живееше во Бугарија. Сличен ваков договор беше потпишан и со турската влада во Лозана во 1923 година. Со овие договори, грчката влада настојуваше по секоја цена да го елинизира грчкиот дел на Македонија, а со тоа тотално да го измени националниот состав на населението во Егејска Македонија.

Малку подоцна, во 1926 година грчката влада со специјален закон ги промени македонските имиња на сите населени македонски села и градови. Со истиот закон, таа ги промени и личните имиња на Македонците. Сето тоа, грчката влада го направи со цел да идокаже на светската јавност дека Македонија е грчка територија и дека во неа живее само грчко население.

Но, и покрај ригорозните мерки вршени спрема Македонците од страна на грчките влади, македонскиот народ остана верен на славните национални и револуционерни традиции и доследен на заветот на илинденските востаници да ја продолжи борбата за ослободување на својата татковина.

Борбата на македонскиот народ од овој дел на Македонија за извојување на своите национални и демократски права се развиваше под мошне тешки и сложени услови. Грчкиот реакционерен режим, македонскиот патриотизам го сметаше за потенцијален непријател на Грција. Ако Македонците јавно се деларираа дека се посебен, негрчки народ, тоа доволно беше да бидат обвинети како “автономисти” и “опасни” непријатели на Грција, потоа да бидат уапсени и малтретирани од полицијата, казнети и осудени на долги години затвор или на смрт.

Во новосоздадените услови на национално угнетување и сурова економска експлоатација, македонскиот народ својата борба цврсто ја поврза со борбата на грчката работничка класа. Заедно со работничката класа на Грција на чие чело стоеше Комунистичката партија, и другите прогресивни сили, Македонците решително и масовно учествуваа во сите антифашистички демонстрации, протести и ред други револуционерни акции, кои беа организирани по македонските села и градови.

Улогата и активноста на македонските комунисти и борци дојде до полн израз за времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција, односно во борбата против германско-италијанските и бугарските фашистички окупатори и грчките реакционерни режими. Тие беа први иницијатори, основачи и организатори на македонските антифашистички организации: СНОФ, НОФ, НОМС И АФЖ. Благодарејќи на овие организации, во Егејска Македонија се создаде силно општонародно македонско национално ослободително движење.

Треба да се подвлече фактот дека и покрај недоследноста на грчкото раководството на отпорот спрема македонското народноослободително движење /распуштање на СНОФ, вооружен напад на ЕЛАС против македонските единици итн./, Македонците длабоко левоориентирани, масовно учествуваа на страна на демократските сили на Грција и дадоа голем број жртви. Според некои грчки извори, во редовите на ЕЛАС доброволно служеле околу 5.000 македонски борци, а во резервниот ЕЛАС имало над 15.000 Македонци. За време на Граѓанската војна во Грција, во редовите на ДАГ и нивните помошни единици служеа над 20.000 македонски борци, од кои околу 4.000 девојки и жени.

Во својата долгогодишна борба што ја водеше македонскиот народ заедно со грчките прогресивни сили против домашната реакција и англоамериканската интервенција, даде над 20,000 жртви, како борци на ЕЛАС и ДАГ и активни членови на КПГ, СНОФ и НОФ, од кои неколку стотици беа истакнати првоборци, организатори и раководители на организациите СНОФ, НОФ, НОМС и АФЖ, команданти и политкомесари на партизански единици на ЕЛАС и ДАГ итн.

Но целта на овој труд не е да го прикаже масовното учество на македонскиот народ во антифашистичката борба што ја водеше за извојување на своите национални и социјални права. Тоа може да биде тема на посебна студија. Тука се залагаме да го прикажеме накратко животот и револуционерната дејност на некои поистакнати борци и раководители на македонското народноослободително движење, односно НОФ, кои загинаа во периодот 1945-1949 година како доследни наследници на своите предци – Илинденци. Изнесувајќи ги податоците за нивната активност, исто така, сакавме да дадеме и една општа слика, односно опис на борбата, што ја водеше нашиот народ во тој дел на Македонија.

Во овој труд се застапени само оние борци, за кои располагавме со повеќе податоци за нивната дејност.

Прибирајќи податоци за претставените борци, покрај постојната литература, ги користевме искажувањата и сеќавањата на нивните соборци со што, на некој начин, успеавме за еден дел од нив да ги дополниме податоците со кои располагавме и да решиме некои контраверзни прашања во врска со нивната дејност. Од друга страна пак, откривме и низа други личности за кои никаде досега не е пишувано во нашата историографија, а кои заслужуваат да се одбележат за траен спомен.

И покрај тоа што обој труд од објективни причини не ги опфаќа сите борци кои загинаа во виорот на Граѓанската војна во Грција, сепак сметаме дека ќе пополни една празнина во нашата историографија.

Трудов го посветувам на сите борци од егејскиот дел на Македонија кои ги дадоа животите за слободата на македонскиот народ и за афирмацијата и заштитата на македонското национално достоинство.

На крајот, за укажаните корисни белешки и сугестии, ја користам можноста да им изразам благодарност на рецензентите д-р Стојан Киселиновски, Христо Андоновски и на д-р Глигор Тодоровски.

Исто така срдечно им се заблагодарувам на сите оние преживеани соборци и блиски роднини што ми доставија биографски податоци за претставените борци.

Авторот ЃОРЃИ /ЏОЏО/ УРДОВ (1914-1947)

Ѓорѓи /Џоџо/ Урдов е еден од најистакнатите македонски борци и револуционери кој целиот свој живот го посвети во борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ.

Тој е роден во 1914 година во градот Воден, во сиромашно работничко семејство. Татко му, Лазо, немал можности да ги школува своите деца, но затоа тој ги воспита да бидат чесни и почитувани граѓани. Благодарејќи на татковите залагања, Џоџо, како што го викаа на галено, се разликуваше од своите врсници со чесноста, дургарството, доблест, трудољубивост, но и со строгост спрема оние кои покажуваа малодушност. Ваквите негови одлики подоцна, во разгорот на револуционерната дејност и борба, го истакнуваа и како смел борец, организатор и комунист.

Уште како дете Џоџо се занимавал со градинарство, но кога наполнил осумнаесет години, се вработил како текстилен работник во родниот град Воден. Тука, лично ја почувствувал експлоатацијата над работничката класа од страна на работодавците и поради тоа се вклучува во синдикалното движење на текстилните работници во градот. Заедно со нив тој се бореше за подобрувањето на животните услови.

1 Метаксасовата диктатура во Грција /4.VIII.1936/, Ѓорѓи Урдов го затекнува како член на младинската организација ОКНЕ, а подоцна на КПГ. Под знамето на ОКНЕ и КПГ, во најстроги илегални услови, тој се бореше против тоталитарната власт во земјата.

2 Кога Мусолиниева Италија ја нападна Грција /28.X.1940/, Џоџо, заедно со десетици други Македонци, беше мобилизиран во грчката армија и веднаш беше испратен на Албанскиот фронт за да се бори против фашистичкиот агресор. Тој учествува во 1 Според сеќавањата на неговиот помлад брат Ламбро Урдов, еден од организаторите на младинското движење во Воденско, а од есента 1943 година, окружен секретар на ЕПОН за Серско.

2 Вангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт за развојот на работничкото, комунистичкото и националноослободителното движење во Воден и Воденско. Мемоари, се чуваат во ИНИ, с. 365-367.

сите борби на територијата на Албанија се до април 1941 година, кога фашистичка Германија ја нападна Грција. По окупацијата на земјата од германските војски, Џоџо се враќа во родниот град.

Летото 1941 година, Џоџо меѓу првите во градот Воден се вклучува во антифашистичкото движење и веќе во октомври истата година беше избран за секретар на Градскиот комитет на КПГ.

3 Борбениот дух, преданоста и храброста уште од првите денови на окупацијата и отпорот го истакнаа пред неговите сограѓани комунисти и другите граѓани како еден од раководните фактори на движењето на отпорот.

Благодарејќи на неговата активност како и на другите воденски комунисти, во пролетта 1942 година, речиси сите жители од Воден биле вклучени во движењето на отпорот, но се чувствуваше потреба, а тоа се наметнуваше од самите воденчани, да се формира посебна македонска антифашистичка организација во која македонските жители од Воден сакале да се вклучат и работат повеќе од колку во редовите на ЕАМ /Национален ослободителен фронт/, која беше чисто грчка национална организација. Притисокот врз партијата во тој поглед стануваше се поголем.

Така, кон крајот на март 1942 година – според тврдењето на Ангел Гацев – бил одржан состанок на македонските комунисти и други македонски активисти од Градот Воден.

4На овој состанок со кој раководеше Ѓорѓи /Џоџо/ Урдов, се дискутирало за состојбата, местото и улогата на македонските комунисти во антифашистичките активности со кои раководеше КПГ. Учесниците на состанокот ја нагласија потребата од формирањето на посебна македонска антифашистичка организација, во која македонските жители би се вклучиле и би работеле со далеку поголем елан отколку да

3 Истото.

4 Според сеќавањата на Ангел Гацев, од градот Воден; активист и член на ОК на МАО во Воденско и на Градскиот комитет на ЕАМ. Подоцна член на Политичката комисија на Македонците под Грција.

членуваат во ЕАМ во која од повеќе причини немале толку поверение, а било нагласено исто така дека на тој начин на бугарската фашистичка пропаганда и на ванчомихајловистичкото движење би им го одзеле најважниот “аргумент”, дека наводно Македонците работат исклучиво за грчката национална кауза. 5 Учесниците на овој состанок, меѓу кои Вангел Ајановски, Ангел Гацев, Ване Акочков, Ристо Кордалов и други, вклучувајќи го и секретарот на Градскиот комитет на КПГ Џоџо Урдов, едногласно го прифатија заклучокот дека под итно прашањето требало да го постават пред Окружниот комитет на КПГ за Воденско, пред кој требало да се нагласи сериозноста на проблемот и целисходноста од формирањето на посебна македонска антифашистичка организација, која најлесно ќе биде во состојба да изврши општонародна мобилизација на македонските маси не само од градот Воден, туку и од целиот округ. Тоа би било и најдоброто оружје за целосното елиминирање на бугарската фашистичка пропаганда која вешто го користеше случајот на немање македонска организација која требало да се бори за свои национални и народни права.

Така и стана. Со сета сериозност Џоџо Урдов кој и самиот беше во исто време и организационен секретар на Окружниот комитет на КПГ за Воденскиот округ, на состанокот на ОК на КПГ кој се одржа на 6 април – според тврдењето на Вангел Ајановски, во куќата на учителот Ване Акочков,

6откако ја анализира положбата и организационата состојба во градот и окургот, и подвлече дека секојдневно КПГ и другите масовни антифашистички организации растат со незапирлив процес, се задржа на македонскиот проблем. Укажа на фактот дека Македонците имаат неограничена доверба во комунистичката партија, но не можат поради нивните посебни национални чувства да го прифатат ЕАМ како нивна организација, бидејќи има нагласен грчки национален карактер, и дека повеќе би биле расположени да се вклучат во нивна македонска национална антифашистичка организација со исти права и обврски како и

5 Истото.

6 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури. Револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егејска Македонија. ИНИ, Скопје, 1975, стр. 91.

ЕАМ, а немаат ништо против таа да се раководи од КПГ. 7 Џоџо на состанокот ја истакна штетната дејност на разновидните грчки националистички и квислиншки организации и нивната пропаганда, како и обидот на бугарската фашистичка пропаганда вешто да го користи отсуството на постоењето на македонска антифашистичка организација, за заведувањето на Македонците, обидувајќи се на тој начин да му нанесе удар на братството и единството кој се ковеше меѓу македонското население и бегалските маси населени во Воденско по Лозанската конвенција, во времето на антифашистичката војна против окупаторот и домашните разновидни предавници.

Пред таквите аргументи поткрепени од сите други присутни македонски кадри на Окружниот комитет на КПГ, немајќи друг избор, ОК на КПГ даде согласност да се формира таква македонска организација, но таа да се ограничи само во градот Воден и непосредната околина. Подобро нешто од колку ништо, помислија Македонците, и оваа одлука побрзаа да ја реализираат што поскоро.

По овој состанок, од 6 април 1942 година, наскоро бил одржан нов состанок од македонски активисти. Овој пат тој бил поопширен. На состанокот Џоџо на присутните македонски активисти им ја соопштил радосната вест. Имено, дека Окружниот комитет на КПГ го прифатил предлогот на македонските комунистички активисти за формирањето на посебна македонска организација, со право таа да издава и свој весник. Организацијата ќе се формира врз принципите на ЕАМ со исти права и обврски и дека таа ќе биде раководена од КПГ.

Била постигната согласност организацијата да биде именувана:

Македонска ослободителна организација, позната со скратеницата МАО. /Така стои во скратеницата, бидејќи повеќе од недоразбирање и неискуство иницијалите на оваа македонска организација се грчки, а не македонски. Имено, таа на грчки гласаше: Македоники Апелефтеротики Органосис/.

Органот на организацијата за разлика од насловот на МАО, носеше чисто македонски белег, се викаше: Црвена Ѕвезда.

7 Според сеќавањата на Ангел Гацев и Вангел Ајановски-Оче...

Било решено исто така да се издава и информативен билтен на весникот, познат со насловот: Новини Ут Црвената Ѕвезда.

Весникот требало да се занимава и со историското минато на македонскиот народ, покрај другите актуелни проблеми, додека билтенот на Црвена Ѕвезда, ќе објавува информации за најновите настани од фронтовите и борбите на партизаните од Европа, Балканот, со посебен акцент за политичките активности и другите дејности во Грција. 8 На споменатиот состанок според, исто така, тврдењето на Вангел Ајановски бил избран и Окуржен комитет на МАО во состав: Вангел Ајановски, политички секретар, Ангел Гацев, Ване Акочков, Дине Папајанков и Ристо Кордалов како членови. Малку подоцна составот на ОК на МАО се проширил на 11 членови.

9 Раководството на МАО почна да го издава весникот Црвена Ѕвезда и информативниот билтен и, наскоро прерасна во сериозна масовна антифашистичка македонска организација.

Раководството на МАО и другите Македонци имале причини да му се радуваат на својата организација. Џоџо Урдов како организационен секретар на ОК на КПГ за Воденско често присуствуваше на состаноците и ја нагласуваше потребата од се поголема активност на Македонците во борбата против странскиот окупатор и домашните слуги.

Во редовите на МАО, како што и се очекуваше се вклучија масовно бројни Македонци, убедени дека на тој начин најдобро ги исполнуваа своите национални и интернационални обврски.

Брзото зголемување на бројот на членовите во МАО, а со тоа и масовното вклучување на Македонците од Воденско во антифашистичката борба, сериозно го вознемири раководството на ОК на КПГ за Воденско, а по се изгледа и на повисокото раководство на КПГ, поради што во есента 1943 година донесе одлука да се расформира МАО. Се даде образложение дека

8 Истото.

9 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури... с. 92.

наводно штетно делува врз омасовувањето на бегалските грчки маси во организациите на ЕАМ. 10 Раководството на ОК на МАО и другите нејзини членови, вклучувајќи го и Џоџо Урдов, со огорченост ја примија оваа со ништо неоправдана одлука на ОК на КПГ за Воденско. Му обрнаа внимание дека ваквата одлука ќе има лоши последици во заедничката борба на македонскиот и грчкиот народ, бидејќи врз Македонците ќе предизвика сомневање за искрените намери на КПГ по македонското национално прашање. Огорченоста на Македонците се зголеми како и нивните сомневања за вистинската политика на КПГ спрема Македонците, кога дознаа дека точно во ова време биле ликвидирани неколку македонски комунисти на чело со Пандо Џиката од селото Чеган, Воденско, без никакво сериозно образложение. При тоа Македонците од Воденско дознале дека овие ликвидирани македонски комунисти одржувале тесни врски со македонските партизани од Вардарска Македонија, односно од баталјонот “Страшо Пинџур”, кои во тоа време престојувале на планината Кајмакчалан.

11 Но и покрај овие предупредувања, раководството на КПГ си остана категоричен на својата одлука. Македонските комунисти, немајќи друг избор се повинија на одлуката на КПГ, свесни дека спротивставувањето ќе доведе до расцеп на заедничката борба на Македонците и грчкото бегалско население во Воденскиот окург.

12 Раководството на КПГ за Воденско извршувајќи ги директивите на Македонското биро на КПГ и на ЦК на КПГ и во текот на зимата 1943-1944 година, по формирањето на СНОФ /Словеномакедонски народноослободителен фронт/ во

10 Истото: стр. 99.

11 За подлото убиство на Пандо Џиката и неговите шест другари, поопширно види: Тодор Симовски, Некои моменти од Националноослободителната борба на Македонците од Егејска Македонија. Објавено во:

“Ослободителната војна и Револуцијата во Македонија”. Издание на МАНУ и ИНИ, Скопје, 1973, с. 224-225.

12Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр.98.

Леринско и Костурско не го дозволи обновувањето на македонската организација во Воденско, иако таквата потреба се чувстуваше многу, а притисокот од страна на македонските комунисти за нејзиното обновување никогаш не престана. За да ги залаже Македонците од Воденско, Џоџо Урдов го избраа за член на Пленумот на Покраинскиот комитет на КПГ за Егејска Македонија, но всушност, остана организационен секретар на ОК на КПГ за Воденско. Од друга страна, КПГ познавајќи ги вистинските желби на Македонците и нивниот копнеж, будно ги следеше македонските активисти од Воденско кои одржуваа контакти со македонските партизани и активисти кои во тоа време на чело со ЦК на КПМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ престојуваа во Мегленско и Воденско. Некои од нив, како на пример Димитар Леската, од с. Чеган, Геле Попов, од с.

Владово, Воденско и други, тоа во летото 1944 година ќе го платат со глава. 13 Во текот на мај 1944 година, по иницијатива на Вермахтот, бугарската фашистичка пропаганда, во која сега директно се вклучи и Ванчо Михајлов, ја засили својата пропагандна активност и со помошта на Германците успеала во Воден и во некои околни села да формира вооружени македонски квислиншки контрачети засновани врз автономистичка македонска платформа. Најлошото беше што оваа пропаганда најде на следбеници од редовите на разни заведени авантуристи од Воденско, но имало случаи да се вклучуваат и чесни македонски селани, заведени од пропагандата. За зајакнувањето на овие контрачети, биле донесени во Воден и други авантуристички елементи од Бугарија и други краеви. За водач на овие групи бил назначен Македонецот автономист Ѓорѓи Димчев, донесен специјално за таа цел од Бугарија.

Окружното раководство на КПГ за Воденско се најде во небрано лозје. Неговата лоша политика беше добро искористена од противникот. За целосното елиминирање на овие контрачети, се покажа потреба од формирање на македонската антифашистичка војска, која единствено беше во состојба да ги разбие овие единици и да изврши општонародна 13 Тодор Симовски, Некои моменти од Националноослободителната борба на Македонците од Егејска Македонија... стр. 235-235.

мобилизација. Но од друга страна, се плашеше дека по тој начин ја доведува во прашање својата тесна националистичка политика. Сепак немајќи друго решение се реши, но само привремено да формира македонска војска, која по извршувањето на задачата, поново ќе биде расформирана.