Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ИЛИЈА ЦРНАКОВ (1910-1947)
ИЛИЈА ЦРНАКОВ (1910-1947)
Истакнат македонски револуционер и комунист од Леринско е и Илија Црнаков. Роден е во 1910 година во село Пателе, во сиромашно земјоделско-работничко семејство. По завршувањето на основното училиште тој продолжи да учи и да работи ковачки занает.
Уште од 16-годишна возраст Илија се вклучува во револуционерното работничко движење, прво во редовите на младинската комунистичка организација ОКНЕ, а потоа во редовите на КПГ. Како ковач се вработува во гратчето Сорович.
Тука веднаш беше ангажиран да извршува организациони задачи во корист на движењето. Неговата работилница често пати служела како јавка за илегалците.
591 Во периодот на Метаксасовата диктатура повеќе пати беше апсен, мачен и затваран во ќелиите на соровичката полиција. Но никогаш не ги предал своите истомисленици. Маките и тормозите уште повеќе го зацврстуваа. Никогаш не се покорувал. Во тешките моменти на Метаксасовата диктатура, тој неуморно работи за да ги прошири и зацврсти разбиените партиски основни организации, да го зачува членството на КПГ од понатамошното негово апсење, да го подигне револуционерниот морал итн. Благодарејќи на ваквата негова активност, тој стана секретар на партиската организација на КПГ во селото Пателе, а малку подоцна и член на Реонскиот комитет на КПГ за Сорович чиј секретар беше Михали Кљанев, исто од село Пателе.
592 Илија Црнаков успешно раководи и работи да ги заштитува партиските организации од разни провали на членството што не беше лесно во тоа време. Општо речено, за сите револуционерни акции и активности на КПГ во овој период во Соровичка околија голема заслуга, меѓу другото има и храбриот револуционер Илија Црнаков. На овие должности и активности тој останува до октомври 1940 година, 591 Г. Дишков, Црнаков Илија /Лазариди/. Во кн. “За света народна слобода...”, с. 293.
592 Сеќавања на Коста Враготеров, од село Пателе, Леринско, за неговото учество во револуционерното движење во периодот 1936-1949 година, дел I, с. 96. Сеќавањата се чуваат во ИНИ.
и веднаш потоа мобилизиран заминува на Албванскиот фронт за да се бори против италијанскиот агресор.
Илија Црнаков се враќа од Албанскиот фронт во родното село кога веќе земјата беше окупирана од германските фашисти.
Како искусен револуционер тој веднаш се зафаќа со организирање и прегрупирање на револуционерните сили во селото и околијата против окупаторот. Уште од самиот почеток тој заедно со други комунисти ги реорганизира дотогашните постојни партиски организации и ќелии и раководи со нив како втор секретар на Околискиот комитет на КПГ за Сорович, а истовремено ја врши функцијата секретар на партиската организација на КПГ во родното село.
593 Така под раководство на Илија Црнаков и на другите активисти во околијата беа извршени сите потребни подготовки за вооружена борба против окупаторот и домашните предавници. Во неговата активност видно место зазема и борбата против бугарската фашистичка пропаганда во селото и околијата. Во една таква ситуација беше потребна голема политичка зрелост и вештина достоинствено да се извршат поставените задачи.
Летото 1942 година Илија Црнаков добива задача од Окружниот комитет на КПГ за Леринско во својство на инструктор на КПГ да ги обиколува селата во Соровичка околија за да го подготвува народот во борба против окупаторот и домашните слуги.
594 Неговата активност многу придонесе во разобличувањето на бугарската пропаганда во околијата.
Како истакнат револуционер и комунист, кој беше познат уште од времето на Метаксасовата диктатура, Илија силно влијаел врз македонската средина. Заведените Македонци, кои сметаа дека со окупаторското оружје ќе можат да се заштитат од грчките контрачетници, ги убедил дека тоа не е доволно, туку 593 Биографија на Илија Црнаков, дадена од Коста Враготеров во своите сеќавања. Истото: с. 28-31.
594 Според сеќавањата на Спиро Благоев, од село Пателе, еден од првите учесници во НОБ и ДАГ. Во периодот 1946-1947 година член на Штабот Вичо, соборец и личен пријател на Илија Црнаков. Истото: Според сеќавањата на Коста Враготеров.
дека во заедничката борба со грчкиот демократски народ, тие ќе можат да ги реализираат своите национални и социјални права.
Може слободно да се рече дека благодарејќи на неуморната активност на Илија Црнаков и на другите комунисти од овој реон, организациите на отпорот КПГ, ЕАМ и ЕПОН станаа мошне масовни и многу придонесоа за движењето. Подоцна голем број борци доброволно стапија во редовите на ЕЛАС.
На ова место потребно е да се подвлече фактот дека преку целиот период на фашистичката окупација на земјата, работилницата на Илија Црнаков служеше како јавка на илегалците и како место за одржување на илегални состаноци и ноќевање.
По ослободувањето на земјата од странските окупатори се до март 1945 година, Илија Црнаков се наоѓа во седиштето на Околискиот комитет на КПГ во Сорович каде ја продолжува својата револуционерна активност.
595 По доаѓањето на реакционерните власти во Соровичко и по спроведувањето на теророт и прогонството против борците на отпорот, Илија беше принуден да премине во илегалство. Преку илегални повици го повикува народот во борба против грчките реакционерни власти. Многу пати беше изложуван на опасности, но секогаш среќно се извлекуваше и не падна во непријателски раце.
Грчките власти го прогласија за злосторник и непријател на државата број еден. 596 Насекаде го барале и стапици му ставале за да го уапсат, но никогаш не успеале во тоа. Постоеше можност тој да премине во слободниот дел на Македонија за да го избегне своето апсење, но тој не сакаше да се оддалечи од својот народ.
Кон крајот на јуни 1945 година во Пателе беа извршени масовни апсења на над 85 лица. Илија и овој пат успеал да го избегне апсењето и под строги илегални услови тој ја продолжил својата патриотска дејност се до есента 1946 година.
Кон крајот на истата година Илија меѓу првите во селото 595 Според сеќавања на Коста Враготеров за неговото учество во револуционерното движење во периодот 1936-1949 година..., дел I, с. 30.
596 Според сеќавањата на Спиро Благоев и Коста Враготеров...
Пателе стапува во редовите на ДАГ и ја продолжува борбата се до неговото загинување.
На 5 јануари 1947 година, Илија, заедно со пет борци на ДАГ добива наредба да оди во родното село по борбена задача.
597 Другарите беа откриени од непријателот. Селото беше обиколено од два баталјона војска и жандармерија, кои веднаш пристигнале со воз од Сорович. Тие не успеваат да се извлечат од обрачот и се обидуваат да се засолнат на погодно место. Во тие тешки моменти се судруваат по улиците на селото со многубројната војска и жандармерија. Во улични борби, Илија со својот другар Живко Попов, 598 успева да се засолни во една племна од источниот дел на селото. Но по кратко време, двајцата другари и таму беа откриени од непријателот и веднаш потоа опколени. Качувајќи се по натрупаната слама, на Живко му се откачил орозот од автоматот. Од автоматот на Живко се истури цел рафал од куршуми и тој тешко се ранува. Останал неподвижен.
Жандармите веднаш ја обиколуваат племната и им викаат на двајцата партизани да се предадат. Другарите даваат отпор, но Живко падна во несвест. Непријателот се решава да ја потпали племната. Веднаш димот ги загушува двајцата партизани. Во ваквата тешка ситуација, Илија се решава на голем подвиг. Без да може да му помогне не својот другар, тој се решава со јуриш да се пробие низ обрачот на непријателот. Надвор земјата беше покриена со дебела покривка снег. Тој исфрлува една граната низ прозорецот и веднаш се струполува на снегот. Жандармите не очекувале таков подвиг. Се исплашиле од гранатата и за миг се засолниле. Тоа било доволно Илија да им се оддалечи.
599 Илија Црнаков, со автоматот во полна готовност, трча низ улиците на селото и успева да им се изгуби од видот на жандармите. Тој влегува во дворот на Панде Смилајков и таму
597 Спиридон Благоев, За херојската постапка на група борци на ДАГ /Илија Црнаков, Живко Попов, Гиго Аџикиров и Трифко Попов/. Сеќавања, се чуваат во ИНИ.
598 За револуционерната дејност на Живко Попов, од село Папажани, Леринско, поопширно види на с. 211-219 од овој труд.
599 Спиридон Благоев, За херојската постапка на група борци во ДАГ...
се сокрива. Војската и жандармеријата ги барале партизаните но не успеале да ги откријат. Единствено Живко Попов, тешко ранет, исгоре во племната. Сите други среќно си заминале на планината Вичо.
Во октомври 1947 година во борбите близу гратчето Клисура во секторот на Вичо, како комесар на чета, Илија Црнаков го погодува една непријателска граната од минофрлач и смртно го погодува.
600 Така заврши животот на овој пламенен и догогодишен револуционер и комунист.
600 За датумот на трагичната смрт на Илија Црнаков постојат две верзии, Според сеќавањата на Коста Враготеров, односно биографијата на Илија Црнаков /с. 31/, тој загинал во октомври 1947 година, а пак според Г.
Дишков, Илија загинал во март 1948 година. Види: “За света народна слобода”..., с. 294.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/bright-figures-mac/41 le 29 octobre 2026