Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
АЛЕКО ПИШУТОВ (1918-1947)
АЛЕКО ПИШУТОВ (1918-1947)
Алеко Пишутов е истакнат борец од град Гуменџе кој целиот свој живот го посвети во борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. Тој е роден во 1918 година во земјоделско-работничко семејство. Своето детство и раната младост го помина во родниот град Гуменџе.
По нападот на фашистичка Италија на Грција и Егејска Македонија, тој заедно со други Македонци од родниот град беше мобилизиран во грчката војска и веднаш беше испратен на фронтот за да се бори против италијанскиот агресор.
487 Кон крајот на пролетта 1941 година, уште од првите денови на германско-италијанската и бугарската окупација на земјата, Алеко меѓу првите во градот Гуменџе се вклучува во борбата против странските окупатори. Благодарејќи на неговата активност во борбата против странскиот фашизам, во 1943 година стана член на Комунистичката партија на Грција.
488 Во март 1944 година Алеко Пишутов заедно со другарите од родниот град Иван Ковачев-Орфеас, Алеко Зеленков, Томо Садразанов, Вангел Кара-Ѓорѓев, Иван Мујанчев, Иван Шлипков и други со пушка в раце доброволно стапува во редовите на XXX-от полк на ЕЛАС кое дејствуваше на планините Пајак и Кајмакчалан. Во редовите на овој полк тој брзо се издигнува и во својство на командир на вод активно се бори во борбите за заземањето на градовите Гуменџе, Ениџе Вардар, Кукуш, рудникот на Бојмица, селата Сенделчево, Постол, Пласничево и на други разни места.
489 Во декември 1944 година, Алеко Пишутов, заедно со борците на XXX-та бригада на ЕЛАС заминува за далечна Атина за укажување помош на борците во градот во војната против 487 Според сеќавањата на Алеко Пулков, од град Гуменџе; истакнат борец во НОБ и ДАГ.
488 Истото.
489 Танасис Мицопулос /Капетан Ставрос/, Историјата на XXX-та бригада на ЕЛАС /Спомени и настани/, I дел... Превод од грчки јазик: Тодор Симовски, стр. 240-244 и дел II, с. 208-212. Се чува во ИНИ.
англиските интервенционисти и грчките националистички владини единици. 490 По примирјето кое беше склучено помеѓу реакционерните владини единици и единиците на ЕЛАС во јануари 1945 година, Алеко заедно со борците на XXX-та бригада на ЕЛАС, по долго и макотрпно патување се враќа во својата база во Ениџе Вардар.
Партизаните на XXX-та бригада кога пристигнале во градот Ениџе Вардар, веќе спогодбата на Варкиза беше попишана и тие со болка на срцето мораа да го предадат оружјето. Со отпусна листа сите до еден се вратија дома.
Во март 1945 година, по капитулацијата на ЕЛАС, Алеко Пишутов заедно со други македонски борци бивши припадници на отпорот, беше принуден да премине во илегалство и, за да го избегне своето апсење од страна на грчката полиција, со други свои сонародници преминува во Булкес /Војводина/.
491 Тука се вклучува во политичкиот живот на бегалците од родниот крај.
Во март 1946 година доброволно се враќа во Гуменџиско со цел да им укаже помош на своите сонародници во борбата против грчката реакција која беснееше во Егејска Македонија.
492 Со помошта на другарите од родниот град Алеко Зеленков, Вангел Караѓорѓев, Алеко Пулков, Томо Садразанов, Ристо Валканов и други тој ги формира првите вооружени формации на организацијата НОФ со цел да го заштитуваат населението и своето членство од злоделата на грчките националисти и нивните слуги. 493 Како командир на вооружените групи на НОФ за Гуменџиска околија беше назначен Кочо Киров, од село Црна Река, а политички комесар Ванчо Венов од градот Ениџе Вардар. Алеко Пулков во својство на командир на вод во групите на НОФ учествува скоро во сите акции кои беа организирани на планината Пајак и Гуменџиско.
490 Истото: стр. 461-472.
491 Според сеќавањата на Алеко Пулков...
492 Истото.
493 Според сеќавањата на Ванчо Венов, од град Гуменџе; истакнат борец во НОБ и ДАГ; политички комесар на вооружените формации на НОФ на планината Пајак. Истото: Според сеќавањата на Ристо Валканов од град Гуменџе; истакнат борец во НОБ и ДАГ; секретар на НОФ за градот Гуменџа.
Кон крајот на ноември 1946 година, со формирањето на заедничкиот штаб на ДАГ за Пајак и Кајмакчалан, Алеко, заедно со други македонски борци, од групите на НОФ се префрлува во единиците на ДАГ. Тој како и порано, херојски се бореше во сите борби што ги водеше 24-та бригада на ДАГ против непријателот на секторот на планината Пајак и Кајмакчалан.
Во април 1947 година, по наредба на Штабот на 24-та бригада на ДАГ, Алеко Пишутов, заедно со другарите Алеко Пулков и Кочо Киров беше задолжен да работи во обавештајната служба за Гуменџиско.
Кон крајот на 1947 година, во зимата, во еден ненадеен напад од страна на грчката авијација, во месноста Гардини, на планината Пајак Алеко Пишутов беше тешко ранет и по два дена подлегна на раните.
494 Тој до крајот на својот борбен живот си остана чесен и искрен борец за македонски права.
494 Истото.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/bright-figures-mac/33 le 29 octobre 2026