Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
АТАНАС КИЗОВ-ГИЗА (1914-1947)
АТАНАС КИЗОВ-ГИЗА (1914-1947)
Атанас Кизов беше еден од активните Првоборци во македонското Народноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден е во декември 1914 година, во селото Нерет, Леринско, во сиромашно многубројно семејство. По завршувањето на основното училиште во родното село, тој беше принуден /поради сиромаштијата/ да го прекине своето понатамошно школување. На четиринаесетгодишна возраст, Танас, заедно со неколку свои соселани, отиде во Света Гора и таму се вработил кај некој си Арнаутин. Таму во планината тој товарел пет маски со кересте /греди за градби/ и ги растоварувал некаде кај морето. Со оваа тешка работа се занимаваше неколку години по ред. Понекогаш се враќаше во родното село на видување со своите најблиски, и пак си заминуваше. 374 Во Солун често пати се сретнувал со работниците од фабриката за керамиди, со кои водел долги разговори во врска со нивната експлоатација. Благодарејќи на овие разговори, Атанас почнал да ги разбира причините за општествената неправда кај работните слоеви, на кои и самиот им припаѓаше. Од овој момент, тој почнал постепено да се зближува со комунисти и да си ги присвојува нивните прогресивни идеи. Најголемо влијание врз формирањето на неговата политичка ориентација извршил еден од членовите на Окружниот комитет на КПГ за Солунско, по име Јовани, кого по извесно време грчките џандари го затвориле во солунсикиот затвор, и по тешки мачења, откако се увериле дека е мртов, го исфрлиле од прозорецот за да создадат претпоставки за намерно самоубиство.
375 Под негово влијание и, благодарејќи на средбите со работниците, Танас стана комунист.
Во 1936 година, по отслужувањето на воениот рок во грчката армија, Атанас се враќа во родното село и веднаш се зафаќа со формирањето на партиската организација на КПГ во Нерет.
Порано бившите членови на поранешната партиска 374 Според сеќавањата на Ване Топаловски, од село Нерет, Леринско;
активен учесник во НОБ и ДАГ.
375 Истото.
организација во селото се разотидоа по разни места, или пак беа затворени од грчките власти, и практично организацијата престана да функционира. Појавувањето на Атанас Кизов во Нерет создаде нова можност за обновување на партиската организација на КПГ. Во отворениот свој дуќан на средсело често и долго се дискутирало за формирање на идната организација. Некаде околу 1938 година таа веќе беше формирана. Во почетната фаза нејзиниот потесен состав го сочинуваа Алексо Мечкаров, Атанас Кизов, Ване Топаловски, Трајко Мечкаров, Атанас Стасев, Атанас Колев, Атанас Кирев, Васил Милев и Васил Сливкин. На тој начин во Нерет беше создадена партиската организација на КПГ, која во 1941 година ја достигна бројката од околу 80 членови. 376 Со избувнувањето на грчко-италијанската војна, Атанас Кизов, заедно со други свои соселани беше мобилизиран во грчката армија и веднаш беше испратен на Албанскиот фронт.
Неретските комунисти, како и другите комунисти од соседните села, сметајќи дека во таа војна, како војна на две фашистички држави, се борат за туѓи интереси, ја напуштија грчката армија и преминаа во Југославија. Заедно со нив на територијата на Југославија премина и Атанас Кизов. Од страна на раководството на КПГ ова преминување на Танас и на другите македонски комунисти на југословенската територија му се сметаше за предавство, зашто и самиот Никос Захаријадис, како генерален секретар на КПГ ги повика сите комунисти на борба против војската на Мусолини.
Во Југославија Атанас Кизов престојвуал извесно време, каде работел како келнер.
Пролетта 1941 година тој се враќа во родното село и веднаш се зафаќа со организирањето на селаните во борба против германскиот окупатор. Заедно со другите прогресивни соселани Танас го собираше оружјето и муницијата напуштена од грчката армија по нејзиното повлекување од Албанскиот фронт и го агитираше народот за отпор против окупаторот.
376 Според сеќавањата на Алексо Мечкаров, од село Нерет; учесник во НОБ и ДАГ. Истото: Според сеќавањата на Ване Топаловски...
Кон крајот на 1942 година, Танас, заедно со своите соселани Петре Марков, Пандо Постолов и Пандо Мијаличин /последниот во граѓанската војна во Грција стана шпион на грчката реакција/, замина во партизани. По неколку месеци, во редовите на ЕЛАС стапија уште двајца Неретци Пандо Попов и Ване Стаменов. 377 Во пролетта 1943 година, Танас, со еден одред од составот на единиците на ЕЛАС зеде активно учество во борбата против Германците во месноста Кулата, под Вичо каде борците на ЕЛАС му нанесоа на непријателот големи загуби. Во знак на одмазда, летото истата година, Германците им ги изгореа куќите на четворицата неретски борци на ЕЛАС.
Во тоа време на слободната територија на ЕЛАС беа организирани и офицерски школи. Во вториот ред за офицери беше испратен и Атанас Кизов, од каде излезе со чин потпоручник. До крајот на фашистичката окупација тој се бореше во Гребенско.
По прогонувањето на германско-италијанските и бугарските окупатори од земјата, Танас се врати во родното село. Новата политичка ситуација во Грција која настана по познатиот договор во Варкиза, бараше непомала активност. Неретските комунисти, сакајќи да го избегнат своето прогонување и апсење поради теророт што настана како резултат на овој договор, ја преобразуваат својата партиска организација на КПГ во АКЕ, која беше легална организација. Организацијата АКЕ во Нерет зеде активно учество во организираните политички акции. Таа го агитираше населението да учествува на разни манифестации и митинзи кои беа организирани во Лерин против Англичаните и против доаѓањето на власт во Грција на реакционерните елементи. Во сите овие акции Атанас покажа голема активност.
Во март 1945 година грчката реакција откако ја зацврсти својата власт во земјата со помошта на англо-американските империјалисти, отпочна во земјата еден нечуен терор против сите прогресивни сили во Грција, а пред се против 377 Според сеќавањата на Ване Стаменов, од село Нерет; учесник во НОБ и ДАГ.
Македонците за нивно физичко истребување. Во ваквата неподнослива ситуација, која владееше низ цела Егејска Македонија, Атанас Кизов, заедно со една група Македонци како поранешни припадници против окупаторот, беше принуден да премине во илегалство, односно да се префрли во слободниот дел на Македонија.
Во 1946 година, Танас, заедно со една група свои сонародници, доброволно се враќа во родното село во својство на командир на одред составен од Македонци од родниот крај. Подоцна, со својот одред се појавуваше насекаде во околината на Неретската планина и на Вичо. Беше многу популарен и почитуван од своите соборци. Тие се гордееле што се борат под негова команда. Неговиот соборец докторот Ѓорѓи Неделков, во своите спомени вака ги опишува борбените квалитети на Танас:
“Беше есен 1946 година. После продолжително патување во гола каменеста планина влеговме во орман... Какви трогателни, навистина, моменти! Ти се чини дека си се сретнал со стар, верен пријател и покровител... Ги преживува ЕЛАС-итските спомени за месности, собитија, пријатели, другари... Бев во такво душевно положение, кога влеговме во партизанскиот логор на еден местен одред. Огништата заоставени, а партизаните се наредени, спремајќи се за поход. Командирот им ги даваше последните наредби. Висок, плеќест, со широко чело, очи со поглед решителен, усни стегнати. Неговата снага покажуваше човек со сила, непоколеблива волја. Воопшто надворешниот вид на командирот внесуваше доверба и љубов...
По кратковремена дискусија, неочекувано, ми раскажа за некои нови расцепителни пројави од извесни елементи... Таков беше и моралниот облик на Гиза кој што се дополнуваше со една јасна политичка ориентација...”.
378 На Неретската планина и Вичо Атанас Кизов престојуваше се до крајот на октомври 1946 година.
Во втората половина на ноември истата година, со обединувањето на македонските партизански одреди на НОФ 378 Ѓ. Неделков, Гиза Танас. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 71-72.
со партизанските одреди на КПГ и со формирањето на заедничкиот штаб на ДАГ “Вичо”, Танас, заедно со еден одред замина за планината Воион. Борејќи се храбро против грчките владини војски, тој брзо се издигна како искусен борец, и поради тоа стана командир на 12-та чета на ДАГ. 379 Неговиот соборец Ѓорѓи Неделков, во продолжение на своите спомени додава: “Атанас Кизов како командир на чета го сретнав во летото 1947 година. Беше љубимец на партизаните од својата чета и прочуен меѓу партизаните и народот од Вичо до Хасија...” 380 На 25 јули 1947 година, три баталјони на ДАГ од Епир и Македонија /околу 900 борци/ во чиј состав влегуваше и четата на Атанас Кизов, ги нападнаа владините војски во градот Гревена. Целта на операцијата за заземањето на градот не успеа. Според извештајот на Главниот штаб на ДАГ во борбата погинале и биле ранети околу 200 борци на ДАГ, а од страна на владините војски вкупно околу 298 војници.
381 Во битката за заземањето на градот Гревена Атанас Кизов покажал извонредни способности и херојство. Имено, во моментот кога била десеткувана неговата чета од страна на владините војници, тој се решил самоиницијативно да го онеспособи непријателскиот бункер што ги косеше неговите соборци. Овој бункер беше ограден со повеќе редови бодликава жица на растојание од 100 до 150 м. Танас успеал да ја исече и се доближил на 3 м. Од непријателското гнездо. Но кога се доближил до непријателскиот бункер за да го уништи, истовремено, од спротивната страна еден непријателски рафал од пушкомитралез, смртно го покосил.
382
379 Според сеќавањата на Ване Топаловски...
380 Ѓ. Неделков, Гиза Танас. Во кн. “За света народна слобода”... с. 72.
381 Хронологија на Народноослободителната борба во егејскиот дел на Македонија. Републички одбор. Скопје, 19--, с. 165.
382 Според сеќавањата на Петре Димиров, од село Крапешина, Леринско;
учесник во НОБ и ДАГ, курир на Атанас Кизов.
Ристо Кизов, синот на Атанас, кој го посетил градот Гревена, ја пронашол заедничката гробница на татко му и на другите паднати борци. Гробницата се наоѓа на запад од Гревена, во месноста Кишлак. Во непосредна близина до неа се наоѓаат и гробишта на грчките владини војници кои загинале во таа битка.
Така загина Атанас Кизов.
Командата на ДАГ за Воиено-Грамос високо ги ценеше борбените квалитети на Атанас Кизов и имаше намера наскоро да го назначи командант на баталјон, но неговата прерана смрт ја оневозможи реализацијата на одлуката на Штабот на ДАГ за Воион-Грамос.
На 1-2 км северо-западно од заедничката гробница на партизаните, на едно доминантно возвишение со наоѓа бункерот каде што погина Атанас Кизов.
Денес бункерот е ограден со стабилна ограда и е одржан во добра состојба.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/bright-figures-mac/23 le 29 octobre 2026