Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ТОДОР ДОЈЧИНОВ-МОРАВА (1921-1947)

Par Ташко Мамуровски · Partie 18 sur 42 · Environ 9 minutes

Lire en English

ТОДОР ДОЈЧИНОВ-МОРАВА (1921-1947)

Со одлука на министерот за јавна безбедност на атинската влада под бр. 34/509/1 од 30 декември 1945 година, Тодор Дојчинов 298 и неговиот брат Александар беа прогласени за разбојници. За нивните глави грчките власти определија награда по 200.000 драхми за секој од нив, ако на власта и бидат доведени живи или мртви. 299 Поради нив им настрада и фамилијата. Така, нивната мајка беше изложувана на малтретирања и понижувања, а постарите им браќа Ѓорѓи /34 години/, Константин /31 година/ и сестра им Марика /22 години/ беа осудени на по една година затвор. 300 Грчката десница сите македонски борци за слобода и демократски живот ги нарекуваше туѓи агенти и разбојници. А Тодор Дојчинов беше еден од повидните револуционери од Ениџе-вардарско и член на раководството на НОФ. Затоа грчките власти распишаа потера по него и ја уценија неговата глава, само да го ликвидираат. Преку народните изроди му појдоа во потрага, но револуционерот жив не им се предаде.

Тодор Дојчинов-Морава 301 роден е во 1921 година во градот Ениџе Вардар. Основното училиште го заврши во своето родно 298 Овој прилог, од истиот автор, со мали измени е објавен и во Гласникот на ИНИ, Скопје, 1979, XXIII, бр. 2-3, с. 247-250.

299 Види: Соопштение од командантот на грчката жандармерија во Воден, жандармерискиот потполковник И. Н. Бафас, од 26 февруари 1946 година, за прогласувањето за разбојници на повеќе Македонци активисти и борци.

“Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 59, с. 133.

300 Види: Меморандум од Окружниот комитет на ЕАМ за Воденско до Анкетната комисија на ООН, за теророт на монархофашистичката десница во Воденско: Прилог бр. 1. Именичен список на интернираните од Воденскиот округ. “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, т. IV, док. 25, с. 101.

301 Псевдонимот на Тодор Дојчинов; “Морава”, е од истоимената планина во Албанија. Таа планина, за време на грчко-италијанската војна, 1940 година, се наоѓаше во рацете на италијанската војска, и заедно со Иван Планина претставуваше важен стратегиски пункт. По паѓањето на планината Морава падна и Иван Планина, а со тоа, на грчката војска и се отвори патот за Корча. Овој значаен настан се оѕва со широк ек во цела Грција, а Тодор Дојчинов името на планината Морава го зел како свој псевдоним. Според личните сеќавања на Иван Ничев-Мирче, од град Гуменџе, секретар на Окружниот одбор на НОФ за Гуменџиска и Ениџевардарска околија.

место. Уште од млади години работи како наемен работник кај побогатите граѓани, и како таков имал прилика лично да ја почувствува експлоатацијата над работничката класа и сиромашните слоеви на населението. 302 За време на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција, тој е сведок на дискриминаторската и асимилаторската политика на грчките фашистички власти спрема Македонците, на кои им беше забранет дури и нивниот мајчин јазик. Токму затоа, Тодор, уште од млади години, се дружи со прогресивни луѓе и ги шири нивните револуционерни идеи.

Кога германските фашистички окупатори ја нападнаа Грција и Егејска Македонија, Тодор Дојчинов се организира во грчката младинска организација ОКНЕ, 303 а од 1942 година 304 станува член на КПГ и ЕАМ, работејќи на организирањето и раководењето со градските и селските партиски организации.

Заедно со други активисти од околијата, работи и во организацијата ОПЛА 305 се до спогодбата во Варкиза, односно до капитулацијата на ЕЛАС.

Како примерен член на Партијата тој ужива авторитет особено меѓу македонската младина. Дојчинов никогаш не заборава на своите сонародници да им ја подвлечува потребата за нивното активно учество во антифашистичкото движење на Грција и Егејска Македонија кое, според неговото мислење, претставуваше единствена гаранција за национално и социјално ослободување на Македонците.

Поради теророт спроведен врз македонското население по Варкиза, во март 1945 година тој преминува во илегалност.

Принудно ја напушта земјата и заминува, прво во Тетово и 302 Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ во Скопје. Скопје, 1973, дел III, /бисти/, с. 197. Се чува во ИНИ.

303 Според сеќавањата на Иван Ничев-Мирче...

304 Види: Кратки биографски карактеристики за активистите на НОФ во Гуменџиско и Ениџевардарско, поднесени од Иван Ничев-Мирче, до Главното раководство на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 134, с. 299.

305 Истото.

оттаму во Булкес /Војводина/. 306 По доаѓањето во Булкес се вклучува во политичкиот живот меѓу бегалците од Егејска Македонија и неуморно работи во ширењето на нивните национални идеи.

Во ноември истата година, Морава, согледувајќи ја тешката положба на Македонците од егејскиот дел на Македонија, преку Гевгелија се враќа во родниот крај и веднаш стапува во редовите на организацијата НОФ.

Во почетокот на март 1946 година Тодор беше одреден за секретар на Околискиот одбор на НОФ за Ениџевардарска околија со која раководи се до март 1947 година.

307 Во Ениџе Вардар и околијата, покрај некои слабости, тој формира основни организации на НОФ и во сите критични моменти не ги напушти своите позиции. 308 Особено беше активен во агитацијата меѓу младината.Ваквата негова активност, се разбира, не останува незабележана од тогашните грчки реакционерни власти во околијата. Монархофашистите беснееа во Ениџе Вардар. Нивните злодела спрема голоракиот македонски народ ги надминаа сите граници. Тоа се гледа и од извештајот на Тодор Дојчинов, испратен до Главното раководство на НОФ, од 7 март 1946 година, во кое меѓу другото се вели: “...Теророт врз Македонците ја достигна кулминационата точка. Тепањата, конфискациите на добитокот и имотите, и отпуштањата на демократски настроените војници се зголемуваат и наполно економски го исцрпуваат нашиот елемент.

Уапсените и понатаму остануваат во затворите, без да се ослободува ниеден од нив...” “...На 7 март пристигна малобројна жандармериска сила за одржување на редот.

306 Истото.

307 Христо Андоновски, “Смртта на капетан Морава”, Списание “Иднина”, Скопје, 1950, март-април, II, бр. 2, с. 59-60. Истото: Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите..., с. 197.

308 Извештај од Вангел Ничев-Ориватис, од град Гуменџе, секретар на Околискиот одбор на НОФ за Гуменџиска околија од 15 мај 1946 година, до Главното раководство на НОФ, за политичката ситуација во Гуменџиско и активноста на организацијата НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т.

III, док. 129, с. 287.

Командант на полицијата е Контакос, монархофашист и терорист. Притисок често вршат врз народот следните лица:

Змирниос Теодорос, учител; Адамакис Петрос, Хаџитимотијадис, Вузриздис Алекос...”. 309 Тодор Дојчинов цела една година раководи со организацијата НОФ во Ениџе-вардарска околија. Заедно со своите соработници, тој ја обиколува целата околија, агитирајќи и организирајќи го народот против грчката монархофашистичка реакција и нејзините агенти. Немаше партизанска акција во која не учествувал и Тодор.

По директива на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија, во март 1947 година, раководството на НОФ за Ениџе-вардарска околија организира една акција врз основа на која требало да се соберат од месното население во градот Ениџе Вардар финансиски средства за потребите на организацијата НОФ.

310 За таа цел беа направени формулари со печат на организацијата и список на лицата кои би можеле да помогнат. Формуларите требало да се испратат во Ениџе Вардар. За исполнување на таа цел беа назначени: Тодор Дојчинов-Морава како околиски секретар, Крсте Рабушев, реонски секретар; Коста Попов, Ристо Вацуров и други.

Споменатите другари требало прво да слезат во селото Радомир и оттаму, обиколувајќи ги другите села, да вршат агитација кај населението. Но, од непознати причини, тие се симнале во селото Крушари и оттука, решиле формуларите да ги испратат во Ениџе Вардар.

311 На 28 март, вечерта, другарите отишле во с. Крушари и се сместиле во куќата на селскиот кмет Петар Куртелев, како одговорно лице во селото да ја организира помошта. Пред полноќ, сите се разотишле. Коста Попов, со други двајца, се сместил во горното маало на селото. Тодор Дојчинов се сместил кај својот курир Крсте Рабушев. Двајцата другари се сокриле на 309 Истото: док. 76, с. 174-175.

310 Според сеќавањата на Вангел Ничев-Ориватис...

311 Според сеќавањата на Атанас Мељов-Ацо, од село Куфалово, Солунско;

секретар на НОФ за Куфалскиот реон.

таванот. Но таа ноќ не спиел само предавникот Петар Куртелев.

Тој, преправајќи се дека е многу болен, побрза да им јави на монархофашистите во градот дека Морава и неговите другари се наоѓаат во селото. 312 Тие, претходно го очекувале предавникот Куртелев и дале сигнал за фаќањето на Морава.

Утрината, на 29 март, 313 од сите страни на селото се слушна гласот на фашистичките жандарми кои наскоро започнаа да го претресуваат селото, куќа по куќа. Се превртија, но ништо не најдоа. Илегалците беа добро скриени. Меѓутоа, еден од жандармите отиишол во куќата на Крсте Рабушев и се качил на таванот. Таму беа скриени Тодор и Крсте. Но, Морава, кој бил секогаш решителен и во најопасни ситуации, го убил жандарот со пиштол. Истрелот го издал местото и наскоро сите жандарми и бурандари ја обиколија куќата. Другарите скокнаа преку прозорецот, а формуларите што ги имаа со себе, за да не паднат во рацете на непријателот, беа сокриени од жените, а потоа, изгорени. 314 Во исто време, тие го пробија обрачот и се оддалечија неколку метри. Крсте ранет во ногата падна жив во рацете на бурандарите.Тие го донесоа во Ениџе Вардар, и таму го дотепаа на смрт. Жандармите го убија во дворот и брат му на Крсте, Иван Рабушев, кој што туку се вратил од Атина, каде служел војник. 315 Меѓутоа, Тодор го грабнал автоматот на Крсте и, пукајќи во непријателот, успеал да се оддалечи околу 500 метри. Но, изрешетен од куршумите, тој многу крвавел и, губејќи ја постепено свеста, клекнал на земја. За да не падне жив во рацете на непријателот, ја извадил последната рачна бомба и ја ставил на земја. Потоа легнал над неа и јуначки се самоубива.

312 Христо Андоновски, “Смртта на капетан Морава”. По повод 5-годиншнината од смртта на Тодор Дојчинов-Морава. Глас на Егејците, Скопје, 1952, март 13, III, 20. Истото: Според сеќавањата на Атанас Мељов- Ацо...

313 Извештај од Вангел Ничев-Ориватис, од мај 1947 година, до Главниот одбор на НОФ, за политичката и организационата ситуација во Ениџе-вардарска околија. “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV, док. 34, с. 192.

314 Според сеќавањата на Иван Ничев-Мирче и Атанас Мељов-Ацо...

315 Според сеќавањата на Вангел Ничев-Ориватис и Атанас Мељов-Ацо...

Жандармите го зеле телото на Морава и го поставиле пред плоштадот во Ениџе Вардар за да го плашат народот. 316 По убиството на Тодор Дојчинов-Морава, во Ениџе-вардарска околија се создаде една неснослива ситуација. Цели села беа растурени. Многу беа егзекутирани, затворите беа преполнети, воените судови работеа секој ден, издавајќи смртни пресуди и на тој начин теророт ја достигна кулминацијата.

Потерни групи шетаа по селата заедно со коњаница пљачкајќи, убивајќи и силувајќи девојки и жени.

317 Но македонскиот народ не потклекна на тие злодела, туку напротив, тој уште позасилено и се предаде на борбата за извојување на своите национални и социјални права.

316 “За света народна слобода”. Ликови на паднати народни борци... 1968, с.

79-80.

317 “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV, док. 34, с. 189.