Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
МАТИ МАТЕЈА БУЛЕВ (1904-1949)
МАТИ /МАТЕЈА/ БУЛЕВ (1904-1949)
Еден од предвоените комунисти и активни борци во македонското националноослободително движење е и Мати Булев. 283 Тој е роден во 1904 година во револуционерното македонско село Екши-Су, Леринска околија, во сиромашно земјоделско семејство.
Уште од најмлади години кај него се појавува буен револуционерен карактер. Со пролетерските идеи Мати се запознава во 1926 година, кога на парламентарните избори во Грција ги бранеше правата и интересите на кандидатите од “Единствениот фронт на работниците, земјоделци и емигрантите”.
284 Од тогаш активно учествува во сите парламентарни избори во Грција се до 1932 година кога се зачленува во Комунистичката партија на Грција и, наоѓајќи се во тесен контакт со илегалните инструктори на КПГ, извршуваше разни партиски задачи.
Со формирањето на ВМРО /Об./ за Егејска Македонија, Мати Булев станува еден од најверните нејзини симпатизери и работи со сите сили за омасовување и засилување на организацијата.
Тој често пати активно учествуваше во судирите со грчката реакција и полиција и на неколку пати беше затворен. Во неговата куќа наоѓаа засолниште прогонуваните членови на КПГ и на ВМРО /Об./, а неретко во неа се одржуваа состаноци и советувања на селските партиски организации на КПГ и на ВМРО /Об./.
285 На парламентарните избори во Грција во јануари 1936 година, Мати Булев, заедно со уште триесетина негови соселани – членови и симпатизери на КПГ, придружувајќи ги кандидатите на Народниот фронт ги посетија селата во Соровичко и помогнаа во распространувањето на програмата на Народниот 283 Овој прилог, од истиот автор е објавен и во спис. “Културен живот”, Скопје, 1982, септември-октомври, XXVII, бр. 7-8, с. 57-59. Тука го даваме со некои мали измени и дополнувања.
284 Матеја Булев /Мати/. Оние што ги дадоа своите животи. Глас на Егејците, Скопје, 1951, јуни 2, бр. 10, с. 3.
285 Хрисафов, К., Булев Мати. во кн. “За света народна слобода”... с. 57.
фронт. Благодарејќи на упорноста и решителноста на комунистите од Екши-Су, Народниот фронт на изборите во селото добил голем број гласови. 286 За време на Метаксасовата диктатура во Грција, Мати Булев, на извесно време се префрли во Нигритска околија каде што наскоро беше уапсен и интерниран на островот Хиос.
287 По окупацијата на Грција и Егејска Македонија од страна на германско-италијанските и бугарските окупатори, Мати беше ослободен од затворот и веднаш стапува во формираните партизански единици на ЕЛАС.
Многубројни се неговите акции особено во минирањето на патиштата, мостовите, железничките пруги, а крена во воздух десетици германски и италијански камиони, возови и други возила.
По прогонувањето на германските, италијанските и бугарските фашистички окупатори од Грција и Егејска Македонија, по договорот во Варкиза, Мати Булев беше принуден да премине во илегалство. А кога раководството на КПГ ја исфрли фамозната парола за “политичка невооружена борба”, тој не само што не го положи оружјето, туку стана еден од нјактивните организатори на невооружената борба против новите десничарски власти во Грција.
Мати Булев беше еден од доследните македонски револуционери кои не се согласуваа со непринципиелниот став на раководството на КПГ и ЕАМ по македонското национално прашање и затоа уште од првите денови, со формирањето на македонската ослободителна организација НОФ, тој стана пламенен нејзин член и активист.
Во есента 1946 година, кога се разгоре граѓанската војна во Грција, Мати стапува меѓу првите во вооружената борба на планината Радуш. Таму се сретнува и со други прогонувани Македонци од селата Ајтос, Екши-Су, Сребрено, Баница,
286 Истото.
287 Матеја Булев /Мати/. Глас на Егејците, 1951, јуни 2, бр. 10.
Зеленич, и заедно со нив ја формира својата саботерска група.
288 Брзс им покажува на монархофашистите од Соровичка околија, дека тие не можат така лесно да го мачат и тероризираат македонскиот народ. Со првите напади тој ја вооружи својата група со бренди, томсони, пиштоли и рачни бомби кои ги заплени од непријателот. Неговата храброст и неустрашливост ги принудуваше монахофашистите да треперат кога ќе го слушнеа неговото име. Од него се плашеа и трепереа сите предавници и непријатели на македонскиот народ. А бурандарите за да му се одмаздат му ја изгореа куќата. 289 Безброј се борбените акции на бај-Мати /како што популарно го викаа неговите соборци/. Десетици камиони, тенкови, мостови и локомотиви крена во воздух. Многу непријатели со својот живот платија за убиствата на старците и децата, за горење и палење на македонските села. За подобра илустрација на неговите херојски акции ќе наведеме неколку од нив.
290 Во ноември 1948 година, односно по големите загуби што ги претрпе непријателот од страна на партизанските единици на ДАГ со нивните секојдневни заседи, со сечење а телефонските жици и столбови, со минирањето на теренот и со ненадејните удари против монархофашистичките населени места и упоришта во селата Баница, Екши-Су, Елевиш итн., владините единици во состав од една бригада, решија дефинитивно да ги уништат партизанските позиции на тоа подрачје. Тие тргнаа од селото Баница во три правци. Еден баталјон, тргна десно од селото Негован, односно од кај селата Кучковени и Котори.
Вториот баталјон тргна за селото Негован. Третиот баталјон го фати правецот кон стариот пат кој води кон селото Невеска. На овој непријателски предизвик, саботерскиот одред на Мати Булев и Коста Хрисафов, од село Баница, Леринско, политички комесар на одредот, заедно со едно одделение на Народната 288 Според сеќавањата на Михали Јотев-Бицан, од село Екши-Су, Леринско-учесник во НОБ и ДАГ. Се чуваат во ИНИ.
289 Матеја Булев /Мати/, Глас на Егејците, 1951, јуни 2, бр. 10.
290 Опишаните акции не ја опфаќаат целосната дејност на Мати Булев и неговата саботерска група. Тука ги опишавме само најважните и тоа од двете последни години на Граѓанската војна во Грција кои на непријателот им нанесоа големи загуби.
милиција тргна да им ги расипе плановите на владините војски.
Мати, заедно со својата саботерска група изненадено од грб ги нападна владините војски. Тие беа толку изненадени, што почнаа панично да се повлекуваат, имајќи притоа големи загуби. 291 Во првата половина на декември истата година, еден владин баталјон кој стационираше во селото Невеска ги нападна партизанските единици на ДАГ близу селото Зеленич. Во тоа време во Зеленич престојуваше и саботерската група на Мати Булев . Водејќи жестока борба, саботерите на Мати не им дозволија на владините војски да го заземат селото Зеленич.
Кон средината на декември 1948 година, монархофашистичкиот баталјон стациониран во селото Невеска ги засегна сите позиции меѓу селата Невеска и Ајтос. Друга колона војници, составена од монархофашистички камиони, натоварени со стока и муниција и придружувани од еден баталјон од Сорович исто пристигна во селото Ајтос. Една десетина борци од составот на Народната милиција на ДАГ, која беше стационирана во соровичките села, со еден пушкомитралезец, ненадејно ги нападна владините војски во месноста “Ајтошка Корија”. Друга десетина борци од составот на групата на Мати, истите војници ги нападна кај месноста “Љуботински трап”.
Двата ненадејни напади предизвикаа кај непријателот вистинска паника. Монархофашистите набрзина ја натоварија стоката и муницијата на маските и панично се повлекоа од селото Ајтос.
292 Борците од Народната милиција и од саботерската група на Мати се впуштија во полето и веднаш стапија во борба со владините војски. И баталјонот кој беше дојден од Сорович, мислејќи дека партизаните настапуваат со големи сили, панично се распрснаа по полето. Борбата траеше цел ден. Борците на ДАГ заробиле 17 војници со нивното оружје од кои двајца подофицери, два минофрлачи и два пушкомитралези. Другиот монархофашистички баталјон кој ги држеше височините меѓу селата Ајтос и Невеска, уплашен од 291 Сеќавања на Ставре Попилиев, од село Ајтос, Леринско, за дејноста и структурата на Народната милиција создадена на слободната територија на ДАГ во периодот 1947-1949 година, с. 50. Се чуваат во ИНИ.
292 Истото.
ваквата ситуација, заедно со шпионите од селата Ајтос и Зеленич се повлече во својата база во селото Невеска. 293 Монархофашистичките власти согледувајќи дека секој ден ги губат своите позиции и сакајќи да го подигнат војничкиот борбен морал, во првата половина на јануари 1949 година, наредиле да ги евакуираат сите села од Соровичка околија, односно селата кои се наоѓале во т.н. “мртва зона” на монархофашистичките центри, каде имаа своја војска и полиција, а со тоа потполно да ја изолираат ДАГ од населението. Тоа настана веднаш по успешните борби на 10-та Дивизија на ДАГ, кога истата го зазеде градот Негуш. Но при повлекувањето од Негуш, борците на споменатата дивизија претрпеа големи загуби од страна на монархофашистичките војски во близината на Сорович, Екши-Су, Спанци, односно полето каде непријателот имаше поставено заседи со големи воени сили.
На 10 јануари 1949 година, една моторизирана владина бригада веднаш се лоцира во селото Ајтос и почна на сила да го евакуира населението од селата Спанци, Гулунци, Љубетина, Ајтос, Неволјани, Горско, Сребрено, Илео и други. Ова принудно иселување на селаните од споменатите села траеше околу десетина дена.
Присуството на владините единици на овој терен на единиците на ДАГ им создаде големи проблеми. Во оваа ситуација, Штабот на ДАГ донесе наредба еден дел од диверзантската група на Мати Булев и на Народната милиција да се префрли во селото Сетина, на планината Кајмакчалан. Другите две групи партизани кои останаа во Соровичка околија, односно дел од борците на Народната милиција и од одредот на Мати Булев самоиницијативно продолжија да изведуваат секојдневни разни саботерски акции против непријателот.
294 Тие го минираа патот меѓу селата Сотир-Зеленич, на растојание околу 16 километри и патиштата кои водеа од селото Ајтос за Невеска и од Зеленич за Невеска; ги сечеа телефонските жици и нивните столбови;
293 Сеќавања на Ставре Попилиев, за учеството на селото Ајтос, Леринско.
294 Сеќавања на Ставре Попилиев за дејноста и структурата на Народната милиција создадена на слободната територија на ДАГ..., с. 25.
често влегуваа во селото Екши-Су и пред носот на владините војски вршеа мобилизација на нови борци во редовите на ДАГ.
Се разбира дека ваквата ситуација властите не можеа да ја поднесуваат и затоа во втората половина на јануари 1949 година тие повторно ги нападнаа партизанските единици. Еден баталјон со неколку блиндирани коли тргна во правец кон селото Зеленич. Други непријателски единици од селото Клисура ги фатија ридовите меѓу селата Илео и Ракита. Но партизаните, водејќи упорна и жестока борба, не им дозволија на владините војски да влезат во Зеленич. Групите на ДАГ и саботерите на Мати, со силен митралески оган, успеале да го одбијат непријателот нанесувајќи му големи загуби.
По оваа неуспешна акција на владините војски, монархофашистичкиот баталјон стациониран во Невеска се реши сам да ги уништи малите групи на ДАГ. За исполнување на оваа акција властите го мобилизираа целото машко население од селото Невеска и еден февруарски ден 1949 година ненадејно го нападнаа селото Зеленич. На помош му пристигна една единица од селото Клисура. Но, благодарејќи на будноста на борците од Народната милиција и на слободните стрелци на Мати Булев, непријателот пак не успеа да влезе во Зеленич. Една група борци ја држеше височината над Зеленич, наречена “Градиште”; другата група ги држеше позициите надвор од селото и кога владините војски се доближија на растојание околу 250 метри, храбрите борци на Мати, од сите страни со шмајзери и митралески оган ја принудија војската во панично бегство.
295 Во тоа време, селото Елевиш, Соровичко беше познато како страшилиште за сите жители од околните села. Наоружени предавници и терористи од тоа село секојдневно го тероризираа и пљачкаа невиното население во околијата. Мати Булев се реши да ги казни пушкарите. Тој знаеше дека преку ноќта терористите позасилено го чуваат селото и не би можел со својата група да влезе во него. Затоа тој натоварил една маска со дисаги во кои беа поместени две мини “телермаин”, ги запали капсулите и ја упати маската кон окопите на
295 Истото, с. 31.
терористите. Тие се втурнале кон нивната жртва. Во тој момент експлодираа мините. Наоколу се загрми. На местото останаа шест убиени и неколку ранети пушкари. 296 Така ги казни Мати Булев шпионите од селото Елевиш.
На 19 април 1949 година еден владин баталјон повторно ги нападна партизанските позиции над селото Зеленич. Мати, заедно со својата саботерска група од 16 борци херојски го бранеше тоа место и ги задржа позициите на партизаните.
Водејќи шестчасовна крвава борба, тој успеа да му нанесе на непријателот огромни загуби. По завршувањето на својата задача Мати Булев им нареди на своите соборци да се повлечат.
Во тој момент еден непријателски куршум смртно го погоди и стави крај на неговата револуционерна дејност.
297
296 Хрисафов, К., Булев Мати. во кн. “За света народна слобода”... с. 59.
297 Матеја Булев /Мати/. Глас на Егејците, Скопје, 1951, јуни 2, бр 10.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/bright-figures-mac/17 le 29 octobre 2026