Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ПАНАЈОТ БОЖИНОВ-ЛЕФТЕР (1918-1946)
ПАНАЈОТ БОЖИНОВ-ЛЕФТЕР (1918-1946)
Панајот Божинов-Лефтер е првоборец од село Месимер, Воденско. Роден е во 1918 година, во сиромашно земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште во родното село тој продолжи да се школува во Воденската гимназија, но поради немање на материјални средства, беше принуден да го прекине своето понатамошно школување. Во родното село продолжи да им помага на своите родители во земјоделските работи.
По нападот на фашистичка Италија на Грција, Панајот Божинов, заедно со други свои соселани, беше мобилизиран во грчката армија, а потоа беше испратен на Албанскиот фронт за да се бори против италијанскиот агресор.
По капитулацијата на Грција извршена од страна на хитлерова Германија, Панајот се враќа од фронтот во родното село и продолжува да се занимава со земјоделски работи.
Во првата половина на 1942 година, Панајот Божинов се поврзува со истакнатиот македонски револуционер од неговото родно село, Вангел Чобанов и под негово раководство со елан се вклучува во борбата против окупаторот и домашните предавници.
271 Подоцна, во мај 1943 година, младинците од селото Месимер, со помошта на Вангел Чобанов, ја формираат во родното село младинската организација ЕПОН. Во почетната фаза нејзиното раководство го сочинуваа: Вангел Чобанов /секретар/, Гели Гавранов, Софија Алибакова-Лефка, Вани Индинаков и Панајот Божинов. 272 Членовите на младинската организација ЕПОН во селото Месимер, уште од првите денови на нејзиното формирање со 271 Според сеќавањата на Ристо Буковалов-Жуков, од село Теово...
272 Според сеќавањата на Вангел Чобанов, од село Месимер; еден од првите борци во НОБ во Островска околија. Во пролетта 1946 година, поради својата револуционерна дејност беше уапсен од грчките власти и беше ставен во злогласните затвори и логори каде има одлежано 25 години затвор.
голема верба и пожртвуваност се вклучуваат во борбата против окупаторот. Голема активност во организирањето на селаните во борба против странските поробувачи покажа и Панајот Божинов.
Во првата половина на септември 1944 година, единиците на 30-та бригада на ЕЛАС, во чии состав влегуваше и Воденскиот македонски баталјон, го нападнаа градот Воден.
273 Панајот Божинов, заедно со Гели Гавранов, во својство на курири, меѓу првите се вклучи во борбата. Благодарејќи на тоа што селото Месимер се наоѓа во непосредна близина на градот Воден, тоа им помогна на двајцата другари во успешното извршување на своите задачи. Поради успехот на партизаните во Воден, во знак на одмазда, непријателот потполно го изгоре селото Месимер, а неговите жители ги пресели во Воден и околните села. Но и покрај тоа што селото Месимер беше потполно растурено, младинците на чело со Панајот не ја прекинаа својата борба против окупаторот.
Во втората половина на октомври истата година, односно кога дојде до отцепување на македонските партизани од составот на единиците на ЕЛАС поради спомнатиот став на раководството на КПГ и ЕЛАС во однос на македонското национално прашање, на состаноците кои беа организирани од македонски активисти и борци од Воденско, а кои што подоцна се вратиле од Вардарска Македонија во родниот крај, Панајот Божинов подробно се запознаваше со причините на расцепот меѓу Македонците и раководството на КПГ и ЕЛАС.
274 Кон крајот на февруари 1945 година, со формирањето на македонската ослободителна организација ТОМО, Панајот меѓу првите во родното село се вклучува во нејзините редови и со уште поголема пожртвуваност се фрли во борбата против бесот на грчката десница. Заедно со своите соселани Кољо Ќорташов 273 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., с. 120. Истото: Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот..., с. 185-
186.
274 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., с. 159-160.
и Вангел Чобанов го формира во Месимер селскиот одбор на ТОМО 275 Во јуни истата година, со формирањето на организацијата НОФ за Воденско, Панајот, познат сега и со името Лефтер, беше избран за член на Окружниот одбор на НОФ за Воденско.
276 По неколку дена беше назначен за секретар на НОФ за реонот Месимер. 277 Во втората половина на 1945 година, по директива на Окружниот одбор на НОФ, Лефтер добива задача да врши поверливи задачи, односно да врши курирска дејност на релацијата помеѓу градот Воден и селата Кронцелово, Теово, Острово и Месимер. Поставените задачи тој секогаш совесно и навреме ги извршуваше.
Малку подоцна, во почетокот на 1946 година, Лефтер беше избран за секретар на Островскиот реонски одбор на НОФ.
278 Како што е нагласено и во друга прилика, во тоа време организацијата НОФ беше изложена на секојдневни тешкотии не само од страна на грчката реакција, туку и од некои раководители на КПГ и АКЕ кои што ги клеветеа членовите на НОФ како “предавници”, “охранисти”, “автономисти”,
“сепаратисти” итн.
279 Во овие тешки моменти што ги минуваше НОФ, Панајот Божинов го убедуваше македонското население од својот реон дека Македонците мораат единствено со сопствени сили да ја бранат својата чест и слобода. Но таа негова дејност беше прекината во селото Јаворјани од предавникот Стерио Влаот кога грчките жандарми на 23 март 1946 година ја опколија јавката на Околискиот одбор на НОФ
275 Истото: с. 162.
276 Истото: с. 169.
277 Истото: с. 170.
278 Истото: с. 218.
279 Извештај од Панајот Божинов, односно од Околискиот одбор на НОФ за Острово, испратен до Окружното раководство на НОФ за Воденско, за организационата и политичката ситуација во околијата. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 20, с. 49-50.
во селото Јаворјани. 280 Во почетокот тој некако успеал да се оддалечи од непријателот и, за да ги заблуди жандармите, влезе во поблиската река. Но беше забележан и обиколен од сите страни. Жандармите му викаа да се предаде. “На вас продадени кучиња не се предавам”, се слушна гласот на Лефтер.
Непријателски пушки почнаа да грмат насекаде. Еден од фашистичките куршуми смртно го погодил. Водите на Подеската река почнаа да го влечат по својот тек мртвото тело на Лефтер. Жандармите, откако се уверија дека Лефтер е мртов, се доближија до него. 281 Тие го однесоа во градот Воден за да го плашат народот.
Наредната година, во почетокот на февруари, во близината на споменатата јавка, беше фатен од партизаните соработникот на десницата Стерио Влаот со своите 200 овци. Претходно тој успеал да изврши уште едно предавство. Но раководството на движењето остро го казни. Беше физички ликвидиран како предавник на македонскиот народ.
282
280 Извештај од Окружното раководство на НОФ за Воденско, од 24 март 1946 година, по Главното раководство на НОФ за политичката ситуација и активноста на организацијата НОФ во округот. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 86, с. 207. Истото: Проглас од Окружниот одбор на НОФ за Воденско до Македонците, Грците, Власите и Албанците, со кој ги повикува да се обединат и заеднички да му се спротивстават на монархофашистичкиот терор врз Македонците. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 87, с.
208.
281 Според сеќавањата на Ристо Буковалов-Жуков...
282 Истото.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/bright-figures-mac/16 le 29 octobre 2026