Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ДИНО БИНЧЕВ (1916-1948)
ДИНО БИНЧЕВ (1916-1948)
Револуционерното македонско село Крива, Гуменџиско, има дадено голем број жртви за слободата на македонскиот народ.
265 Меѓу најистакнатите спаѓа и Дино Бинчев. Тој е роден во 1916 година, во сиромашно земјоделско семејство, но богато со револуционерни традиции. По завршувањето на основното училиште во родното село, тој им помага на своите родители во земјоделските работи.
Со нападот на фашистичка Италија на Грција Дино Бинчев, заедно со други свои соселани, беше мобилизиран во грчката армија и веднаш потоа беше испратен на Албанскиот фронт за да се бори против италијанскиот агресор.
Уште од првите денови на германско-италијанската и бугарската окупација на земјата Дино меѓу првите во селото Крива се вклучува во борбата против фашистичките завојувачи.
Во 1942 година Дино Бинчев, заедно со своите соселани Атанас Јанаков, Димитар Лититаров, Пено Карамуткин, Пано Митков и Димитрак Златкин во Крива ја формираат основната организација на КПГ.
266 Во селскиот секретаријат на КПГ Дино беше одговорен по финансиски прашања. На таа должност тој работи се до крајот на 1944 година, односно до прогонувањето на фашистичките окупатори од земјата.
Со воведувањето на проанглиската власт во Грција како резултат на договорот во Варкиза, Дино, заедно со други прогресивни Македонци од родното село, беше прогонуван од страна на грчката полиција и жандармерија и поради тоа тој беше принуден да премине во илегалство. Еден краток период престојувал во слободниот дел на Македонија.
Пролетта 1945 година, по претходни консултации со раководството на НОФ за Егејска Македонија, Дино заедно со други македонски патриоти се враќа во родниот крај и веднаш 265 Сеќавања на Димитар Лититаров, од село Крива, за неговата револуционерна дејност во периодот 1942-1942 година. Се чуваат во ИНИ.
266 Истото.
се вклучува во борбата против новите реакционерни власти во Грција. 267 Во редовите на НОФ за Гуменџиско во својство на курир ги обиколува речиси сите македонски села и го агитира народот за борба против разбеснетите грчки банди кои со фанатизам го тероризираа голоракиот македонски народ.
Благодарејќи на ваквата негова активност, подоцна тој стана член на Околискиот одбор на НОФ за Гуменџиско, одговорен по финансиски прашања и секретар на Реонскиот одбор на НОФ за селата Крива, Баровица, Петгас и други. Ваквата одговорна задача Дино ја врши се до крајот на мај 1947 година кога со пушка в раце се вклучува во редовите на 24-та бригада на ДАГ, во 519-от баталјон. 268 Во текот на летото 1948 година, поради физичка истоштеност од секојдневните борби и маршови, Дино Бинчев извесно време бил неспособен за борба. Чувствувал силни болки во нозете и немал сили да учествува во подалечни акции. Но и покрај тоа тој не се откажа од борбата.
Во почетокот на октомври истата година 519-от баталјон кој влегуваше во составот на 24-та бригада на ДАГ, доби наредба да изврши една многу важна борбена задача. Во извршувањето на таа задача се разбира требаше да учествува и Дино Бинчев.
Но на сретпат, исцрпен од големиот напор, тој немал сили да го продолжи патот. Во оваа тешка ситуација, бил принуден да се задржи до една пригранична караула, близу до селото Љумница, Гуменџиско. Таму беше заробен од службата на караулата и по два дена му беше предаден на штабот на 24-та бригада на ДАГ. Се разбира, командата на бригадата веднаш го оквалификува како дезертер. Тој врзан, веднаш беше спроведен во селото Нотија, Мегленско и му беше предаден од страна на штабот на бригадата на борецот Алеко Пулков, како доверливо лице, со задача тој да го чува.
269 Но Алеко Пулков, кој претходно дознал дека командата на штабот на 24-та бригада дала наредба за негово ликвидирање, упорно го советувал својот другар тие двајцата да преземат соодветни мерки за 267 Според сеќавањата на Иван Ничев, од град Гумеџе...
268 Според сеќавањата на Алеко Пулков, од град Гуменџе; активен учесник во НОБ и ДАГ.
269 Истото.
негово спасување. Меѓутоа Дино Бинчев не му поверувал на неговите предупредувања. Тој знал дека целиот свој живот чесно и служел на револуцијата, ништо лошо не направил, па и затоа немало потреба да побегне. Неговата трагедија уште повеќе се зголеми вечерта на 13 октомври 1948 година, кога тој ја добил жалната вест за херојската смрт на неговиот брат Ристо Бинчев во борбата за заземањето на селото Страишта, Мегленско. Ристо уште од порано беше истакнат борец против странските окупатори, а за време на граѓанската војна служеше во диверзантската група за Гуменџиска околија која се раководеше од штабот на 24-от бригада на ДАГ. 270 Како што и се очекуваше, кон крајот на октомври 1948 година, со наредба на командата на 24-та бригада на ДАГ, Дино Бинчев беше ликвидиран со стрелање.
Можеби навистина прекршокот на Дино Бинчев заслужувал да биде оквалификуван од страна на штабот на 24-та бригада на ДАГ како дезертерство и за ова тој да биде казнет, но штабот требаше да го повика Дино Бинчев пред воениот суд, да му ја докаже вината и официјално да му ја соопшти пресудата. А штабот тоа не го сторил. Ако штабот на спеменатата бригада бил навистина убеден во дезертерството на Дино Бинчев, тогаш зошто официјално не му судел пред воен суд и зошто не му била официјално изречена казната? Најверојатно немало докази, па решението за ликвидирањето на Дино Бинчев било донесено тајно од страна на група луѓе кои беа антимакедонски настроени. Ова го потврдува фактот не само несудењето на Дино Бинчев пред воениот суд, туку и долгото негово држење во логорот за прекршители на воената дисциплина.
Така ли казна заслужува борец кој во еден момент од својата долгогодишна борба против странските окупатори и грчките реакционерни власти пројавил слабост и неспособност за борба поради физичка исцрпеност? Колку и да е оправдана наредбата на штабот на 24-та бригада на ДАГ за ликвидирањето на Дино Бинчев, самото несудење пред воен суд на овој револуционер го
270 Истото.
квалификува како заговор против заслужениот македонски деец и активист на НОФ.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/bright-figures-mac/15 le 29 octobre 2026