Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ПАНДО ТРПОВСКИ-БУНТОВСКИ (1907-1947)
ПАНДО ТРПОВСКИ-БУНТОВСКИ (1907-1947)
Пандо Трповски-Бунтовски е предвоен комунист. Тој се бореше за националните, социјалните и демократските права на македонскиот народ. Поради тоа, подоцна го доби и псевдонимот Бунтовски. Активно се вклучува во народноослободителното движење во егејскиот дел на Македонија од 1941 година до крајот на својот живот. Тој е еден од првите организатори на НОФ во Костурско. 217 Роден е во с. Галишта, Костурско, во 1907 година, во работничко-печалбарска фамилија. Неговиот татко Тодор, за да му обезбеди егзистенција на семејството, беше принуден да оди на печалба во Америка. Пандо на единаесетгодишна возраст остана сирак од мајка, и оттогаш се пресели кај својот стрико Зисо Трповски.
По завршувањето на основното шестгодишно училиште тој му помагаше на својот стрико во земјоделските работи за да си ја обезбеди својата егзистенција.
Во 1922 година Пандо, заедно со неколку соселани го напушти родното село и замина на печалба во градот Лариса. Тука тој работеше и учеше занает.
Во почетокот на 1934 година, Пандо, од Лариса се враќа во Галишта и оттаму, заедно со својата сопруга и детето се преселува во с. Чука, Костурско, при својот дедо Васил Митровски, како домазет.
Во јануари 1936 година, Пандо замина за град Костур каде под кирија отвори слаткарница, во западниот дел на градот. Тој уште од првите моменти од неговото организирање во Костурско им се придружува на прогресивните дејци на движењето меѓу нив и на Лазо Трповски и развива голема активност во пропагирањето на комунистичките идеи и во организацијата на масите во борбата против грчката буржоазија.
217 За револуционерната дејност на Пандо Трповски-Бунтовски, види: Ташко Мамуровски, Пандо Трповски-Бунтовски – револуционер и активист на НОФ. Гласник на ИНИ, Скопје, 1981, XXV, бр. 1, с. 293-310.
218 Според сеќавањата на Лазо Поплазаров, од село Добролишта, Костурско;
член на раководството на СНОФ во Костурско. Во 1945 година беше За време на диктатурата на Метаксас /1936-1940/, во целата земја владееше терор, а на Македонците им беше забрането да го употребуваат дури во приватниот живот мајчиниот јазик. И во овие тешки услови, Бунтовски, заедно со други членови и симпатизери на КПГ агитираше сред народот за борба против фашистичкиот режим на диктаторот Метаксас.
По нападот на фашистичка Италија на Грција, Пандо беше мобилизиран во грчката армија, а потоа беше испратен во борбите на Албанскиот фронт.
По окупирањето на Грција и Егејска Македонија од страна на фашистичка Германија, Италија и Бугарија, на почетокот во Костурско не постоеше никаква власт. Комунистичката партија на Грција уште од порано беше разбиена. Голем број комунисти беа затворени. Во оваа хаотична ситуација, тие комунисти, кои се вратија од Албанскиот фронт и тие кои на некој начин успеале да го избегнат апсењето, се решиле самоиницијативно да го организираат народот во борба против окупаторот.
Една од основните задачи на членовите на КПГ беше лично да се ангажираат за собирање на оружјето и муницијата напуштен од грчката армија по нејзиното повлекување од Албанскиот фронт. Под лична контрола на Пандо Трповски, во март 1943 година, собраното оружје во селото Чука беше предадено на Првиот костурски партизански одред во селото Нестрам.
219 Веднаш по окупирањето на земјата од туѓите поробувачи, односно во германско-италијанската окупациона зона, во која влегуваше и Костурска околија, од Софија пристигнаа бугарските врховистички агенти со цел да организираат пробугарско контрареволуционерно движење и со тоа да им помогнат на германско-италијанските окупатори да го уништата прогресивното народноослободително движење на грчкиот и македонскиот народ. Користејќи ја големата омраза инструктор на НОФ за Костурско, Гуменџиско и други реони, потоа секретар на Окружниот одбор на НОФ за Леринско и Воденско и член на Главното раководство на НОФ за Егејска Македонија.
219 Според сеќавањата на Минчо Фотев...
на Македонците против грчката реакција, која го експлоатираше и национално го угнетуваше македонскиот народ, бугарските агенти, успеале да формираат во Костурско вооружени чети од самите Македонци.
Пандо Трповски решително им се спротивстави на великобугарските аспирации во Четироскиот и Нестрамскиот реон. Тој заедно со своите другари, во голема мера успеа да ги саботира акциите на бугарските емисарии во с. Галишта, Граче, Драничево, Чука, Парацко и други.
220 Во мај 1943 година, Околискиот комитет на КПГ за Костурско формира посебна партизанска група, составена предимно од македонски борци со цел да ги обезоружи наоружените македонски села од страна на окупаторот. Групата употребуваше разни форми и методи за успешното извршување на своите акции. Таа растураше летоци и повици, одржуваше контакти со заведените Македонци и на крајот вршеше дури вооружени акции организирани против окупаторот и домашните слуги.
Групата, во која служеше и Пандо Трповски, успеа да ги обезоружи околу 30 селани, кои дејствуваа во контрашките чети на селата: Четирок, Добролишта и гратчето Рупишта. По пат на убедување, другите селани го напуштија окупаторот и се вратија по своите домови.
221 Во август 1943 година, Германците и нивните слуги го нападнаа селото Чука. Најмногу настрада манастирот Св.
Архангел, кој претставуваше историска вредност. Групата не беше во можност да го издржи притисокот на непријателот и по двочасовна крвава борба се повлече. Манастирот беше темелно изгорен од германските окупатори. 222 220 Според ракописот на Минчо Фотев под наслов: Политиката на контрачетниците во Костурска околија во периодот на НОБ. Се чува во приватната архива на авторот.
221 Истото.
222 Истото.
Во октомври 1943 година, во с. Дмбени, беа поставени темелите на македонската антифашистичка организација СНОФ /Словеномакедонски народноослободителен фронт/ за Костурско. Пандо, познат сега со псевдонимот Бунтовски, беше именуван раководител на СНОФ за Нестрамскиот реон. Тој како член и одговорен на СНОФ покажа посебна активност. Во сите села на својот реон тој формира селски организации на СНОФ и го агитираше македонскиот народ во борба против окупаторот. 223 Во мај 1944 година, раководството на КПГ и ЕЛАС на најбрутален начин ја расформира организацијата СНОФ во Костурско. Една партизанска единица на ЕЛАС пристигна во седиштето на окружното раководство на СНОФ во село Крчишта и веднаш ги уапси членовите на окружното раководство Паскал Митревски, Лазо Поплазаров, Лазо Дамовски-Ошенски и други. Подоцна беше уапсен и организаторот на отцепените Македонци од составот на ЕЛАС, Наум Пејов.
Благодарејќи на протесните акции, кои беа организирани од страна на македонското население во Костурско, кон средината на август 1944 година, раководителите на СНОФ беа целосно ослободени. Тие се вратија во Костурско и веднаш стапија во редовите на новоформираниот македонски баталјон на планината Вичо, во составот на 28-от полк на ЕЛАС.
224 Во почетокот на октомври 1944 година, раководството на КПГ и ЕЛАС побара македонскиот костурско-лерински баталјон да биде расформиран, а македонските борци да се вклучат во другите единици на ЕЛАС. Никој од борците на македонскиот баталјон не сакаше да го прифати барањето на раководството на КПГ. За да се избегне судирот меѓу грчките единици на ЕЛАС и македонските борци, во средината на октомври 1944 година македонскиот баталјон премина во Вардарска Македонија.
Заедно со баталјонот во Вардарска Македонија премина и Пандо Трповски.
223 Според сеќавањата на Лазо Поплазаров и Минчо Фотев...
224 Според ракописот на Минчо Фотев, Политиката на контрачетниите во Костурска околија во периодот на НОБ...
Со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција Пандо Трповски беше поставен за политички комесар на IV-от баталјон /тешкото оружје/. На таа должност остана се до мај 1945 година, односно до раформирањето на Бригадата. 225 Веднаш по расформирањето на Првата егејска ударна бригада, Пандо Трповски-Бунтовски, заедно со група Македонци од составот на военополитичкиот кадар на бившата егејска бригада меѓу кои Евдокија Балева-Вера, Лазо Поплазаров, Аргир Кузовски, Михали Апостоловски-Гранит, Уранија Јурукова, Тане Наумов, Ѓорѓи Јаката и други, беше повикан од раководството на НОФ да го посетува курсот за политичко усовршување кој траеше од мај до крајот на јули 1945 година.
По завршувањето на курсот тој беше даден на располагање на НОФ за Егејска Македонија. Подоцна, заедно со други другари, Пандо од Раководството беше испратен на теренот и беше поставен како секретар на НОФ во Костурско, во реонот Полето.
226 Во септември 1945 година, во с. Жупаништа, беше организирана средба меѓу секретарот на НОМС за Полето, Сотир Тимиовски, од с. Добролишта и секретарот на НОФ, Пандо Трповски. Пандо беше запознат со целокупната организациона структура на НОМС, со новоформираните јавки на илегалците и со политичката ситуација во селата: Четирок, Нестрам, Добролишта, Тиквени, Изглибе и други. Почнувајќи од оваа средба, двајцата другари постојано ќе се движат по селата на Полето со цел да се запознаваат со организационата структура на организациите НОФ; НОМС и АФЖ.
225 Според сеќавањата на Милтијади Попниколовски-Цветко, од град Лерин;
еден од првите учесници во НОБ и ДАГ. Во Првата ударна бригада на Македонците под Грција беше командант на IV-от баталјон /тешкото оружје/. Истото: Според сеќавањата на Васко Макриевски...
226 “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 9, с. 23.
227 Според сеќавањата на Сотир Тимиовски, од село Добролишта; секретар на НОМС за Полето, Костурско во периодот 1945-1947 година. Од мај 1947 година учествува во редовите на ДАГ. Во јануари 1948 година стана член на Народниот одбор во Костурско.
Во текот на 1945 година, грчката влада на сила ги мобилизираше младите регрути за отслужување на воената обврска. КПГ и ЕАМ, имаа заземен став сите регрути да стапат во грчката монархофашистичка армија, додека организацијата НОФ зазеде спротивен став и апелираше посебно до македонската младина таа да не стапува во грчката армија. Тоа беше направено поради следните причини; По воспоставувањето во земјата на стариот буржуаски режим како резултат на предавничкиот договор во Варкиза, грчката монархофашистичка влада почна да организира масовен терор и геноцид против македонското население. Во тој терор учествуваа и единиците на грчката армија. Во ваквата ситуација, организацијата НОФ не можеше да дозволи, македонската младина, во составот на грчката монархофашиситичка армија да се бори против својот народ.
Пандо Трповски доследно и со голем успех ги извршуваше како поранешните, така и оваа задача на организацијата НОФ.
На 31 март 1946 година во Грција беа одржани првите повоени парламентарни избори. КПГ и ЕАМ не зедоа учество во нив.
Исто така и организацијата НОФ се солидаризира со ставот на КПГ и апстинира на изборите. Пандо Трповски и тука покажа голема активност. Тој одеше по селата на Полето и го агитираше народот да не гласа. Благодарејќи на неговата неуморна агитација мнозинството од македонското население во неговата околија не се јави на гласање.
Во почетокот на јуни 1946 година, Пандо Трповски и Сотир Тимиовски добија задача да подготват услови за формирање на пошироки партизански групи на НОФ. За успешното извршување на таа задача, од главната јавка на НОФ на планината Малимади, пристигнаа во Полето другарите Васил Христовски од с. Добролишта и Сотир Костовски-Дирекот од с.
Стенско. На заедничкиот состанок, одржан во месноста
“Слабишта”, близу с. Чука, тие решиле командир на партизанскиот одред на НОФ да биде именуван Васил Христовкски, а политички комесар, Сотир Костовски-Дирекот.
Пандо Трповски и Сотир Тимиовски ги запознаа другарите Васил Христовски и Сотир Костовски-Дирекот со селските раководни лица на нивната територија, кои ќе му помогнат на одредот во снабдувањето со храна. Исто така тие ги запознаа своите другари и со тешката положба на народот во Полето. А каква беше таа во тоа време, најдобро може да се види и од извештајот на Пандо Трповски, испратен до главното раководство на НОФ. Во него меѓу другото се вели:
“...Нашиот народ, со исклучок на шпионите, во целост е на наша страна. Тој и верува на нашата организација НОФ, а организации имаме во повеќето села: Жупаништа, Тиквени, Манјак, Изглибе, Рупишта, Желегоже, Желин, Брештени, Галишта, Четирок, Нестрам, Стенско, Радигоже, Чука, Граче, Дреновени, Доборлишта, Света Недела, Лудово, Езерец, Оловради, Марчишта, Мангила, Долени, Бухин, Нестим, Жужелци, Либишево, Шкрапари, Семаси, Бела Црква, Марковени и Песјак...” “...Вооружена реакција има во околијата: Четирок 35 пушки, Добролишта 24 пушки, Дреничево 7 пушки, Желегоже 25 пушки, Желин 10, Цакони 12, Забрдени 40 пушки и еден пушкомитралез, Вичишта 25, Љанга 30, Шкрапари 3 пушки, Рупишта 12 томсони и 6 пушкомитралези, Света Недела 12, Горно Папрацко 25 пушки, Трстка 7, Шак 25 пушки, Ревани сите /се вооружени/, Грлени 35, Калевишта 15, Чарчишта 7 пушки...”
“...Гонењето на демократскиот народ од бурандарите го достигна својот врв, посебно против словенскиот елемент.
Пример, во селото Граче се фатени тројца, на 4 и 5 јуни, и се држат во костурските затвори. Се гонат уште девет лица кои се кријат по планините. Во селото Шкрапари се затворени две жени, во селото Тиквени тие ја остригле Евергенија, член на НОМС. Во селото Дреничево се натепани четири лица, затоа што не гласале. Во селото Доболишта бараат дванаесет лица, за кои не знам дали избегале во планините. Се гонат еласовци и комити. Во селото Желин го натепале Христо, неговиот брат Томе и сестра му, како и други четворица. Од селото Брештени сите од 14-годишна до 90-годишна возраст се отерани во Костур, каде што ги испитуваат дали соработуваат со НОФ. 228 На 1 септември 1946 година во Грција беше одржан плебисцит, во кој народот требаше да се изјасни по пат на гласање за државното уредување на Грција, односно за република или за монархија. Атинската влада, сакајќи да ја врати монархијата во Грција, со помошта на англоамериканските империјалисти и својата жандармерија, настојуваше да ги принуди Македонците да гласаат за монархијата. Но благодарејќи на активноста на НОФ, мнозинството од населението во околијата со која раководеше Пандо Трповски се определи за демократијата.
За сето време се до 5 октомври 1946 година Пандо Трповски-Бунтовски е неуморен и со самопрегор го организира населението во НОФ, го поднесува суровиот режим на терор, мобилизира борци за оружените групи на НОФ, го бодри народот и му го покажува патот на слободата преку борба.
На 5 октомври 1946 година Пандо Трповски заедно со Ташко Ивановски од с. Рупишта и Вангел Делевски од с. Чука, се најдоа по борбена задача близу селото Реван, и на албанската граница. Тука тие беа забележани од селскиот говедар и предадени. По кратко време беа обиколени и заробени од грчките граничари, а потоа одведени во пограничната караула.
Тука Пандо беше мачен на ѕверски начин. Џелатите со кундаци и војнички чизми го тепаа по главата за да ја предаде оргаинизацијата. Но и покрај мачењата, монархофашистите не успеаја да извлечат ниту еден збор од Пандо.
229 Истиот ден, попладне, заробениците беа доведени во монархофашистичкиот штаб во с. Нестрам. Наредниот ден тие беа префрлени во Костур. Пандо Трповски-Бунтовски и неговите другари беа осудени на смрт. Ташко Ивановски, 228 Езвештај од Пандо Трповски, до Главното раководство на НОФ, во кој се изнесува политичката ситуација на теренот во Костурско и активноста на организацијата НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 143, с.
324-326.
229 Според сеќавањата на Агнула Фотева-Атанасопулу, која заедно со Пандо Трповски исто беше заробена од грчките граничари.
најверојатно беше стрелан во Костур, а Пандо, заедно со други другари, по месец и пол беше пренесен во Кожани. По неколку дена, од Кожани беше префрлен во Солун во затворот Еди Куле. Тука престојуваше скоро еден месец. Од Солун беше однесен во островот Ѓура каде повторно беше ѕверски измачуван.
Пред да биде стрелан, Пандо ги охрабруваше своите другари да не се плашат... Еден од очевидците на неговото херојско држење, пишува: “...Тогаш дојде едно младо момче од другарите на Пандо и ми рече: Киро, ние утре се делиме... Ќе не носат во Атина на стрелање... Јас веднаш отидов во шаторот на Пандо и таму ги најдов другарите како разговараа за нивното заминување... Пандо ми се доближи и ми рече: “Дојди Киро, за последен ден...” Во тој момент телото ми се стресе, а очите ми се наполнија со солзи... Пандо продожи: “Киро, ние овде во затворов сме најблиски, но сега се делиме засекогаш... Те молам многу, ако некој од вас остане жив, нека се загрижи за моите деца сирачиња. Кажете им дека нивниот татко го стрелаа затоа што веруваше во идеалите на револуцијата... Сакам тие да бидат горди со мене и да не ме жалат...” На овие трогателни зборови не можев да останам рамнодушен... Почнаа солзи да ми течат од очите...”
“...Следниот ден рано повторно отидов кај Пандо. Тој и неговите другари вишокот на алишта им даваа на оние затвореници што останаа во заробеништво. Истовремено се облекоа оние што одеа на стрелање и се поздравивме за последен пат... Тогаш Пандо ја дигна тупаницата и викна: “Да живее народната демократија”, “Смрт на фашистите...” Во тој момент дојдоа полицајците и со синџири веднаш ги врзаа другарите. Ги однесоа засекогаш... ”
230 Ни ден денес не е позната точната дата кога беше стрелан Пандо Трповски. Од досегашните истражувања и од искажувањата на неговите соборци се претпоставува дека тој 230 Според сеќавањата на Киро Талев, од село Кономлади, Костурско;
учесник во НОБ. Истиот има одлежано 12 години по грчките затвори.
беше стрелан кон крајот на 1947 година, во затворот Авероф, во Атина. 231 Револуционерното дело на Пандо Трповски не треба да се цени само по тоа што тој преставуваше еден од организаторите и носителите на македонското антифашистичко и демократско движење во егејскиот дел на Македонија, туку и посебно го истакнуваме неговото херојско држење во време на судењето во Костур. Имено, тој ја покажа својата храброст и хероизам непосредно во затворите и за време на стрелањето, одбивајќи дури да му се врзат очите.
Пандо Трповски-Бунтовски со своето дело како голем патриот и како македонски активист на НОФ спаѓа во плејадата на најистакнатите револуционери Македонци кои го дадоа својот живот за национално и социјално ослободување на македонскиот народ.
231 Според сеќавањата на Маљо Ламби,од гратчето Рупишта, еден од осудените на смрт на островот Ѓура. Според неговото тврдење, Пандо бил стрелан на 19 февруари 1948 година.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/bright-figures-mac/12 le 29 octobre 2026